|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  31 32 [33] 34 35   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Одвикнување од пелени
12.6.2015 14:32:04   
vanessa30
Син ми ги откажа пелените 3 месеци пред да наполни 3 години. Ке ги откажевме и порано да не правевеме напред назад со одвикнувањето.
Значи постапката одеше, го чував по гаќички, дома дневната само на паркет и на секои саат време го терав да седнува на нокширчето и го помолував да мочка. Ако завршеше работа во нокшир го пофалував, му ракоплескавме, му дававме награда и така да добие чуство дека направил нешто спектакуларно. Неколку пати се измоча во гаќи - некажа, ама кога почна по нозете да му се слива се подисплаши и почна пополека да кажува. Само што не кажуваше многу време однапред, туку веднаш требаше да се реагира. Е после 10-тина дена само што се поднаучивме требаше да трегнам на раб, а син ми во градинка. И таму повторно го вратија на пелена, а дома го држевме по гаќички и му правевме забуна на детето.
Со какањето малку потешко ни идеше, па малку и се каравме, дека е голем дека се срамота, дека е гнасно, а ако кажеше пак истата финта со фалбите и наградите. Е сега во периодот додека се одвикнувавме место пелени користев и гаќи-пелени ( такви видов кога бевме Австралија, а тука ги најдов во ДМ од марката baby love). Овие гаќи -пелени не им даваат такво чуство на сувост како обичната пелена, а се практични бидејќи ги смкнуваш како гаќи и го ставаш на нокшир и пак го облекуваш. А воедно се доста практични и ако сте излезени за брзо да реагираш кога ќе му се примоча или ако му се згреши да не ти се направи утпоп на улица или на гости.
Целокуниот процес ни траеше до месец- два за целосно да почне да негреши и редовно да кажува. А навечер етапно го видов дека до сабајле е сув или знаеше да се разбуди кога му се мочкаше и пополека му ги тргнав скрос гаќите-пелени.

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 801
   RE: Одвикнување од пелени
12.6.2015 15:39:09   
princessa
Машките се потромави од женските барем поголем процент од нив, да не ме сфати некој буквалноuser posted image . Со ќерка ми целиот процес траеше 2 дена а таа беше 25месеци. Син ми е посебна приказна. Еве и јас го наградував, му плескавме, глумевме со неговите омилени играчки кои кобајаги се радуваа кога ќе се измочкаше во нокширот. Го носевме во купатили и сестра му да ја гледа како таа си ја завршува работата во нокширот ама ништо не биде. Беше мачење и затоа мислам дека бев во право што се вративме на старо. Еве и сега кажува кака кака кога му се кака ама го одбива нокширот, нема шанси да го седнеш. Ама вториот пат кога ќе му ги извадам пелените нема да му ги вратам повторно зашто го испуштам ова лето треба наесен со пелени да го пратам во градинка и ќе не најде третиот роденден дури се одвикнеме.

(Одговор на членот vanessa30)
Непосредна врска до пораките: 802
   RE: Одвикнување од пелени
17.6.2015 13:20:02   
Malecka23

ИЗВОРНА ПОРАКА: Malecka23

M veke dva dena probuvam da ja odviknam od peleni.Posle 100000 neuspesni prethodno obidi stignavme do moment kade se kazuva deka vesterkata i gi zemala pelenite i nema da i gi vrati.Sto se slucuva.KOga saka i na nejze i e interesno si sednuva bez problem si mocka i na kraj si vika na sebe bravo arno ama koga nejke ke se sokrie ke se izmoca i samo ke dojde da ti kaze posle nekoj period deka se izmockala.Za kakanje e dr prikazna.Dva dena se stiskase i placese deka ja boli gazeto pusti i malku vo gaki i ne se iskaka na noksirce.Zborevme ubaduvavme ama dzabe.I vidov ne vidov i ja vrativ vcera pelenata za 2min bese iskakanauser posted image ,Znae se znae da kontrolira ama ne saka.Ne mi e jasno kako da ja nateram da ja ubedam deka veke e golema.Za spienje i imav izvadeno da vidam do kade e i mislam deka ne e spremna posto se pomockuva mnogu i ne oseka pa mokra spie.Ama pa za preku den....Uf od cucla sise i se sto trebase za 1min sum odviknuvala ama od ova leleee.Mnogu e edno malo bebe vo peleni edno golemo.Za golemovo trosam mesecno po 4pak peleniuser posted image .Duri dobiv komentar od nejze kolku bila slatka pelenatauser posted image user posted image user posted image


Oficijalno sme odviknati od peleni.Mama se naluti i od petokot i gi trgna pelenite i za zivo cudo nikakov otpor nisto dete odma prifati bez greska.Edinstveno sto moram da ja potsetuvam koga e zaigrana posto se zaborava i trpi i na kraj malku ke pusti i trca nakaj noksir.Isto taka ne saka bilo koj da ja soblekuva i da ja stava i ne nadvor nego mama ili tato ili baba na noksirce ama nekade poskrisno:).Za kakanje malku buntuvase ama ne i popustiv pa ete ja vcera saka nejke mora da se iskaka i si se olesni bez problem,E sea za navecer i tie peleni i gi trgnav ama mi se mocka.Pocnav da ja skorivam i si vrsi rab ama malku potesko ni odi.Ama mora da izdri stom do tuka stignavme.Ja testiravme i vo park i na gosti i za setanje nema problem.Mnogu sum kejfovi sea:))) I mama budala i kupuva na kraj gakicki od 150-200den od par posto M sakala takauser posted image

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 803
   RE: Одвикнување од пелени
17.6.2015 15:02:54   
princessa
Браво малечка за васuser posted image user posted image user posted image . Јас ќе пробам пак за месец дена и ќе сум упорна овој пат. Син ми и сега кажува кога му се кака ама се лути кога му носам нокшир и затоа не го присилувам. Со сила убавина не бидува. Се надевам дека и јас во најскоро време ќе го споделам постигнатиот успех.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 804
   RE: Одвикнување од пелени
17.6.2015 19:54:52   
Defne90 RR
Браво малечка,што конечно сте им рекле збогум на пелените.user posted image И јас ова лето обавезно морам да го одвикнувам од пелени малиот,еве веќе две години и 8 месеци направи.Ама некако како што гледам ќе имаме многу тешкотии со одвикнувањето.Со поголемиот син за два дена успеавме да ги тргнеме без никаков проблем или негодување.Ама малото не сака ни да чуе за да мочка или да кака на друго место освен во пелена.Ќе го донесам нокширот да кака во него а тоа како попарено бега и плаче и за жива глава не сака да седне.Пробав и на шолја да го ставам ама исто изреагира.Не сакам да го присилувам,ама сепак голем е веќе и крајно време е да им кажеме и ние збогум на пелените,барем преку ден.Ај се надевам и јас во скоро време ќе пишам тука.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 805
   RE: Одвикнување од пелени
17.6.2015 22:12:09   
Melanija RR
Јас сум од тие ,,луди мајки,, па еве почнавме конечно три дена.Со цели 22 месециuser posted image ех 2 месеци не одеше во градинка и се некои безвезе ситуации и изгубено време.А идната недела или потаа ќе мора во градинка.
И незнам дали вреди процесот.Најдобро е на топло па запнав сега пролет ми е многу далеку. Незнае да каже па се обидуваме да покаже и со гратки зборчиња.

Завчера со пелена и една почање на тепих,за надвор пак пелена.Вчера на нокшир кога знам дека ќе кака,а за мочкање нема осет. ДЕнес ,,машки,, го соблеков по гакички, резиме 5 пара измочани панталонки user posted image ,2 какања во коншир и 4 мочкања во нокшир user posted image user posted image и тоа и јас и мм дома инаку тешко.Последниот пар покажжа но веќе се измоча,на пола ден веќе почна со плачки дека несака во нокшир па церемонии коцки,маша и сличноuser posted image Кога ќе заврши во нокшир е пресреќен вика Браво и плеска user posted image

Можно ли е паралелно во градинка пелена дома по гаки.И како правите за шетање?user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 806
   RE: Одвикнување од пелени
18.6.2015 8:37:20   
AneLav RR
Јас сум во фаза на одвикнување на ќеркичкава. Синко веќе подолго време си кажува и за какање и за мочкање само за спиење му ставам пелена ама ретко се случуа да му е помочана. Ќеркичкава е чудо некое, за мочање еве една недела кажува а за какање не сака да чуе оди во вц на шолја ама мисли дека само ќе и падне гомцето и се мачи трпи и навечер кога ќе и ставам пелена за спиење на сабајле е покакана. Чудо. Со синко за 3 дена мислам дека се одвикнавме, дунда ме изнамачи. Првиод ден кога почнавме 6-7 пати може ми се помоча и сега пак и се случува да згреши додека нема пелена. Знам дека е глупаво што ги споредувам ако се близнаци секој си е различен карактер и посебна личност ама само што наполнија 3 години доста е веќе.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
Можно ли е паралелно во градинка пелена дома по гаки.И како правите за шетање?user posted image

Може Меланија, за надвор и јас и ставам пелена и на синко му ставав можеби една недела ама тој си кажуваше и покрај тоа што имаше пелена за надвор и потоа престанав. Е сега без пелена е глупаво надвор кога ќе побара да мочка ама се навикнавме ќе го свртам некаде и ќе се помочка , не е страшно. Не ми побарал до сега надвор да кака ама ако ми побара ќе го клекнам на некое најлонче и ќе си го фрлам во канта така планирам.user posted image



_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 807
   RE: Одвикнување од пелени
18.6.2015 9:00:12   
Neurotoxin RR
Меланија разговарај со воспитувачките во градинка, мене ми излегоа во пресрет, тогаш она беше во јасли и тие ептен се позамараа, дури еднаш откако веќе беше одвикната една од нив, и ставила пелена цел ден, зашто мојава се подмочкала на гаќичките, излезе дека е поднастината имала некој цистит и нормално дека се подмочкала, дента, откако месец дена ми кажуваше нормално за мочкање, си ги рашири само ноџињата и се измоча во гаќи, мислеше ја има пелената уште. Мене коса ми се крена, и им реков во градинка, да не и ставаат пелена по никоја цена. И така беше. Ама со ова сватив дека се прави збунка, искуството од други мајки, ми покажало дека ако ја вадиш, ја вадиш пелената скроз. Е сега, можеби доаѓа до забуна кај помали, мојава тогаш беше година и осум месеци, на година и нецели девет месеци она беше одвикната. Само мораш да се координираш во градинка, они нека ти помогнат, нека ти кажат начини, они знам дека ги седнуваат на нокширчиња пред спиење, по спиење, кога си иде едната кај 3... имаше дечиња што ете така одлучиле дома да ги одвикнуваат, и им ги носеа со пелена, и овие во градинка им се дереа, ако мсилите да го одвикнувате не го носите ич со пелена, пак пелена сте стваиле.... така да они се поупорни од нас :) ќе му ставиш три четири промени и пушти го, не се секирај

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 808
   RE: Одвикнување од пелени
18.6.2015 9:00:23   
blue_blue
Меланија, се е можно, нормално...само според мене тоа не е паметно решение зошто така самиот процес многу ќе ти се развлече бидејќи го буниш детето. Ако веќе си решила да го одвикнеш од пелени, а мислам дека ти е на таман возраст зошто инаку ќе треба да чекаш до следна година, тогаш вади пелените и не враќај...имаш 2 недели да го навикенш а тоа е доста време ако извадиш пелени и не му ги враќаш. Ставај му пелена само за спиење...и надвор и дома нека е по гаќи. не го носи некаде многу далеку од дома и имај со тебе гаќи, панаталоники. Јас цело лето со мене и нокшир си носев кога идев на шетање...ќе видиш дека ќе се одвикне многу брзо, ако ги извадите скроз пелените и не ги враќаш. Во градинка кога ќе тргне ќе им кажеш дека е одвикнат и дека само за спиење (ако до тогаш и таа не ја фрлите) треба да му ставаат пелена и тоа...и ако се бунат ќе бидеш упорна дека не смее да му враќаат пелена....

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 809
   RE: Одвикнување од пелени
18.6.2015 9:58:21   
Andriance
Melanija, so pomos na vospituvackite mnogu pobrzo kje go odviknes..vozrasta vi e idealna..a i oni sakaat sto pobrzo da go namalat brojot na decinja koi nosat peleni..samo naoruzaj se so mnogu trpenie, gakji :-) i najbitno...ne stavaj pelena vo nieden moment.znaci nemoze da izezete nadvor i da reces aj kje stavam peleni kaj kje moca..toa e mukata stol treba da ja izdrzis dver nedeli...kje dosagjas i prasuvas na 10 min da ne mu se mocka..kje nosis eden kup rezerva i nema da karas koga kje se izmocka..samo bifdi uporna i ne pravi zbunka so vadi stavi pelena..

_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 810
   RE: Одвикнување од пелени
18.6.2015 11:01:12   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR


Можно ли е паралелно во градинка пелена дома по гаки.И како правите за шетање?user posted image


Јас кога ги тргнав пелените, ги тргнав скроз, и за дома, и за надвор, и по една недела и за спиење. Надвор, ако му се мочкаше, ќе го свртев некаде, или носев нокширче со мене. Особено ако идевме подалеку, за какање, носев нокширче. Хихи еднаш какаше на сред плоштад во нокшир.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 811
   RE: Одвикнување од пелени
18.6.2015 12:24:05   
pepuska
Ние за прв патпо чнавле уште лани летото дасе одвикнуваме но безуспешно нокшир не прифати идене дненешен не прифаќа по ниедна цена . Се качува сама на шоља но не врши работа . За чудење е што не греши знае да каже меѓутоакога ќе осети нагон за мочкањеи какање нејќе ни на шоља да се качи туку упорно барапелена и еднаш не и ставиви ја качив на шоља почна да плаче - хистерично се измоча во неа и се смири потоа разговаравме каде се врши нужда( бидејќи има 2 полни годинии разбира ) но и понатаму безуспешно и цел ден дома гола да седи нема да се измоча никаде туку ќе доаѓаи ќе бара пелена, а ако не добие тоа се хистерични напади после сосила качувањена вц шоља кои траат подоцна со саати и повторно неприфаќање на шољата . Во градинка се децидни сами да ги одвикнеме зашто имале многу деца, ине можат да се знаимаваат со тој процес на што нормално реагиравно повторно безуспешно . Така да ако има некој совет би ми бил добредојден

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 812
   RE: Одвикнување од пелени
18.6.2015 16:23:56   
Neurotoxin RR
Пепушка кај мене ако нешто мора да направи малата, претходи најавување со возбуда, демек сега ќе правиме нешто многу јако, и така го прифаќа и она се радува после. На пр. вчера ми дојдоа со татко и на работа, во близина има една слаткарница и си побара сладолед, и јас и викам, сега дома те чекаат едни многу убави жолти топчиња, повкусни од сладолед, кога ќе влезете дома, да му речеш на тато да ти даде. Јас купив кајсии сабајлето и дома ги јадела со возбуда. И не само за ова, кога ја одвикнував обавезно ја носев со мене во купатило, ја седнував и нејзе на шоља со адаптер, најдовме убав розев адаптер, чепкавме околу по шминки, креми, разгледуававме...се да и биде интересно, па и раскажував, сега мама ќе мочка, па сега ајде да пуштиме вода, па ајде рачиња да миеме... пробај со нешто такво, некогаш се изненадувам како сум научила да глуамм user posted image

(Одговор на членот pepuska)
Непосредна врска до пораките: 813
   RE: Одвикнување од пелени
18.6.2015 20:48:30   
Melanija RR
Фала ви рингерајки user posted image

Денеска со татко му биле малку послушни.Ама ладното си го направи своето па со пелена и седнување несакал си вршен работа во пелена. Вечерва еднаш одиби да седне еднаш се измочка и пак голема возбуда и БРаво и пескање со раце 100пати user posted image но не поражува секогаш ,вчера задоцни.Неможе да разбере кога треба да покаже.Па затоа и за надвор би било проблем,зошто се ќе моча.Деновиве само низ маало само времево да затопли сепак.Ме радува што нокширот го прифаќа, но некогаш е на сила.А тој си е темперамет па тоа седење му е напорuser posted image
Ако деновиве покаже повеќе дека сака на нокшир идната недела ќе остане дома.Зошто сега воспитувачките се на одмор,па он 2 месеци не бил значи ќе биде по 2 саати и со плачки,непозната една воспитувачка па и без пелена мислам нема шанси.Ќе гледаме ако не да подостане дома,сепак приоритет е ова иако по дома со дедому тешко ќе биде да се убеди на нокшир.
Но како што викате треба стварно трпение и нерви user posted image ќе пишувам ден за ден како ни оди

user posted image подршка за сите активни дечиња во одвикнување на пеленки user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 814
   RE: Одвикнување од пелени
18.6.2015 22:26:41   
Malecka23
Trpenie treba mnogu no mislam deka treba i cakata da im se najde.Sekoe dete razlicno.Moevo probuvav 1000 pati da go odviknam begase od noksir ne sakase da go vidi site kukli gi stavase samo ona ne,vikase kolku bila slatka pelena itn.Probuvav so nagradi i kazni,so uceni,so vozbuda so mito i korupcijauser posted image i so sto li uste ne ama na kraj se se svede na muabetoto NE ZBORI.Sabajleto pievme kafe na terasa ona so mene so pelena ne smeneta prepolna i vo pizami.Samo ja povikav ja izvadiv pelenata i i ja dadov da ja frli.Od sega natamu mockas kakas vo noksirce i tolku.A prethodno ja napnuvav usta pena mi fakase,I mislam deka koga ednas vadite pelena vadete za se.SO stavanje na pelena za nadvor ili za spienje samo moze da se zbunat i ljubbovta kon pelenata nema da ja zaboravat.Tezok e periodov navistina ama pak vredi:)
Znaci se odviknavme na 2god i 10meseci a ja odviknuvam uste od lani so polni 2.

< Поракaта ја уредил Malecka23 -- 18.6.2015 22:27:35 >

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 815
   RE: Одвикнување од пелени
19.6.2015 14:53:36   
DuffytheDuck
Син ми има 1 година и 7 месеци, сакам што побрзо да почнеме со одвикнување од пелени. Сум изнакупила гакички, нокширче и мислам дека од викендов ќе пробуваме.

Само, не знам како да го убедам да седне на нокшир, два три пати се обидував изминатиот месец не сака ни облечен да седне, а камоли соблечен.
Исто, ме става во мисла тоа што ако му ги извадам пелените, и ставам само по гаќички тој ќе се мочка и на кревет пример дури гледа цртан, или дури се игра. За на подот не ми е проблем ќе ги тргнам килимите. Или дури се возиме во кола пример.

Ајде искусни мајки, совети плисс :)


(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 816
   RE: Одвикнување од пелени
20.6.2015 17:15:16   
Neurotoxin RR
Постели на кревет постари прекривачи, ако реагираш одма и ги тргаш ако се измочка на нив, нема да има голема штета. Ако одлучиш терај, не се откажувај. Реално може и на таа возраст, и мојата беше толкава овој период лани и јас тогаш почнав. Седење и дремење на нокшир само со играчки околу и цртани и занимација, песни, зборување... измисли си некоја песничка за мочкање и застанувај пред него и пеј му ја :) најди најсоодветен начин. речи му ајде овде ќе си седиме и цртани ќе гледаме. Седни и ти до него и гледајте заедно, коментирај му ги... еве неколку примери, види некој дали ќе успее, па пиши.

Ако излезе некоја мочка одма радости, одма БРАВО, кажувај им на сите наоколу, ќе сака после сам.

(Одговор на членот DuffytheDuck)
Непосредна врска до пораките: 817
   RE: Одвикнување од пелени
21.6.2015 11:09:01   
Felly RR
Имаш за на кревет и непропустливи подлоги, или пак може да користиш од оние подлоги што се за преслекување, за еднократна употреба. И јас мојата ја одвикнав на таа возраст, ама од она што имам читано за машки подоцна се препорачува. Сепак може да пробате, па ќе видиш дали е спремен, или евентуално да почекате барем до кај август, секако и септември е топло,а детето ќе биде барем 2 месеци поголемо.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 818
   RE: Одвикнување од пелени
24.6.2015 15:07:17   
Melanija RR
Ете како оди user posted image ме нема да пишам од 18ти а денес е 24ти user posted image АМА 2 дена е без грешка и мочкање и какање на улица т.е. надвор без пелена веќе 3 дена user posted image
Саботата и неделата т/е/ 4-5 ден од одвикнување со по 2 грешки низ дома ,едната од смеење а за другата стои и моча user posted image ,надвор небевме поради ,,убаво,, време.
Понеделник (6 ден) попладнето 2-3 пати по ред за 2-3 часа се испомоча ,стварно незнам што му текна. Ама мајка упорна и надвор без пелена па да видиш како по зеленила се какало user posted image .Вчера (7 ден ) се помина супер и дома и надвор.Денес ( 8 ден) засега супер и дома и надвор.

Значи без пелена дома и надвор,освен за спиење напладне и ноќе, од 6 ден.Со многу потпрашувања дали му се мочка, како треба да ми каже и покаже дека му се мочка.... тоа па тоа user posted image .Очите во него цел ден.

Знам дека не е готово но се бориме, и добро се држиме.user posted image user posted image

Ајде мајки/татковци/фамилии има ли уште некоја да сподели за активностите?user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 819
   RE: Одвикнување од пелени
24.6.2015 16:51:12   
marchi
jas zivci iskinav. znaci znae sto znaci mocanje i kakanje, znae da kaze lele mama kureto mocase,znae da kaze begaj se kakam (vo pelena) no nikako da kaze da sedne na noksirce. pred spien je posle stanuvanje mu vikam ajde da mocame vo noksirceto nekogas ke sedne ke rece ajde kure mocaj ke rece ej nekje i stanuva.nekogas koga ke mu recam ajde da mocame vo noksirceto vika ne sakam stavi pampers. vekje ne znam kako da postapam.probuvavme i pred 3-4 meseci ama togas ne znaese da raspoznae custvo za fizioloski potrebi sega ete znae ama dava otpor za sedn uvanje na noksirce.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 820
   RE: Одвикнување од пелени
25.6.2015 10:27:15   
Neurotoxin RR
Леле Мрчи ме изнасмеа, „бегај се какам“ срциња се бе. Види направи нешто да му биде интересно додека седи на нокширче. Мора со нив малце дипломатски пристап, со смешкање, ајде вака ќе направиме... и сл. Мене овој совет ми е од нашата најдобра воспитувачка во градинка, на децата за некои работи кои мора да ги направат, не ги прашуваш дали сакаат, им викаш ајде сега... и во исто време го правиш нештото. Они додека да сватат што се случува, зашто слушаат во исто време, веќе ќе се заврши работата.

Меланија, па ова е супер напредок, браво за упорноста, и браво за дечкото умен :)

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 821
   RE: Одвикнување од пелени
4.7.2015 14:05:41   
Melanija RR
СЕ бориме и бориме на 4 дена само 1 ден без грешка.Не реагира на време или се заборава. Веќе 18 дена.Дали е вака нормално ,или штом неможе да не направи грешки не е тоа тоа ,само време така ќе помине?Советиuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 822
   RE: Одвикнување од пелени
6.7.2015 5:15:10   
marchi
Jas ama totalno zivci iskinv. Ajde vaka ajde onaka ajde po principot koj mi go pisa lukajana.... Ne biva nikako si se mocka vo gakjicki, samo ednas se pokaka vo noksir i tolku vise nikogas. Ke mu go izvadam pampersot sabajle i ke mu recam ajde da moclame i toj mama nejkam na noksir nekjam da mocam ili nekjam nov pampers ili ne mi stavaj gakji. Epten retko sednuva na noksir sega, ete nekjeuser posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 823
   RE: Одвикнување од пелени
6.7.2015 6:19:52   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi

Jas ama totalno zivci iskinv. Ajde vaka ajde onaka ajde po principot koj mi go pisa lukajana.... Ne biva nikako si se mocka vo gakjicki, samo ednas se pokaka vo noksir i tolku vise nikogas. Ke mu go izvadam pampersot sabajle i ke mu recam ajde da moclame i toj mama nejkam na noksir nekjam da mocam ili nekjam nov pampers ili ne mi stavaj gakji. Epten retko sednuva na noksir sega, ete nekjeuser posted image


Марчи купи му пластика за на шолја,тоа се мести за да не пропаѓа со газето,ќе му биде интересно.Кога ке заврши работа нека ја пушта само водата,па аплаудирајте и сл. Син ми има цели ритуали,кога пушта вода,јас аплаудирам а тој вика чао на мочкитеuser posted image user posted image И така му стана интересно.Мора да го пофалам веќе почна да кажува ,ретко прави грешки.Многу е важно тоа што веќе има осетuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 824
   RE: Одвикнување од пелени
6.7.2015 22:41:33   
Neurotoxin RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

СЕ бориме и бориме на 4 дена само 1 ден без грешка.Не реагира на време или се заборава. Веќе 18 дена.Дали е вака нормално ,или штом неможе да не направи грешки не е тоа тоа ,само време така ќе помине?Советиuser posted image



Меланија, живци само, трпение. Не се откажувај, подобро продолжи сега, секое дете е различно, можеби му треба друга метода, јас на пример, ја седнував на околу два саати и се правев само да седи се дури не и се примочка, и кога ќе се измочкаше одма, највпечатливо и покажував дека тоа е поентата што седела на нокшир толку време. Додека седеше многу зборував, раскажував приказни за едно умно дете што се измочкало во нокширче и после јадело чоколатце, после друга верзија, дека тато и мама ја носеле во паркот, па на гости... па нареден пат верзија за малите бебиња што се мочкаат во пелени, па тие се малечки, а не како големите деца, што се многу умни и си кажуваат кога им се мочка и си мочкаат во нокширче... многу зборував, премногу, смртно сериозна сум кога кажувам дека лани во јули јас имав ларингит.

Навивам за јунакот, верувам дека блиску е денот кога наеднаш ќе се изненадиш и ти, за секое вршење нужда, ќе ти најави на време и ти нас ќе ни се пофалиш.

Се надевам ти давам зрак светлина низ овој малце помакотрпен процес за нас родителите, но и за нив е, верувам во тоа дека за нив е потежок, се им е ново.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 825
Страница:   <<   < Претходна страница  31 32 [33] 34 35   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  31 32 [33] 34 35   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?