|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  29 30 [31] 32 33   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Одвикнување од пелени
10.8.2014 6:12:17   
AUMAMA
Zdravo, mojot sin ima 3 godini i 2 meseci, probav vo 2 navrati uste pred 1 godina da go sednam na nokshir, totalen neuspeh.
Pred dva dena pocnav pak. Sedi na nokshir sekoj saat i ne pravi nisto, samo sto ke stani se mocka vo gakite.Pelenite gi stavame samo za spienje na vecer. Ne pomaga nisto, probav so dobro, so zboruvanje, probav so lutenje, so zzemanje igracki pak nisto.Samo sto ke stani od nokshir nekogas i polse 2 saati sedenje, odma se mocka vo gakite i ne mu e neugodno.Ve molam za sovet

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 751
   RE: Одвикнување од пелени
11.8.2014 11:46:01   
sandriana RR
Aumama, треба трпение и упорност, и нерви, секако.
Оставај го без пелени преку ден, колку и да е напорно и досадно перење и чистење по 100 пати на ден. Сепак, после неколку дена вршење нужда во гакички, очекувано е да сфати дека така не е пријатно и убаво, и сам ќе каже кога ќе му се оди по нужда. Обиди се со стимулации на секој успешен обид, со награди и пофалби, и биди трпелива навистина. Обиди се и со пуштање клипчиња од деца кои мочкаат во нокшир.
Ви посакувам успешен процес, и чекаме да ни пишеш резултати user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот AUMAMA)
Непосредна врска до пораките: 752
   RE: Одвикнување од пелени
14.8.2014 10:09:37   
Snowhite RR
Јас еднаш пишав ама ми појде по вода постотuser posted image
Значи мојот метод би го сместила во категорија „Не го правете ова дома“user posted image ама кај мене се покажа успешно
Значи обично за овој процес не се препорачува карање, тепање и слично, ама јас баш така го одвикнав. Една пријателка ја сретнав и ми кажа дека така успеала и јас бидејќи пробав на повеќе начини и безуспешно, па решив и јас да пробам. Значи, кога ќе направеше беља во пелена ќе го плеснев по газето и со така сериозна фаца, налутено ќе го искрав и ќе му речев дека уште еднаш ако се покака во пелена ќе го тепам по газето и тој ќе се расплачеше и ќе ми речеше нема повеќе, ама следниот пат пак ќе направеше беља и јас пак истото и вечерта ми вели Мамо ми се кака и јас одма го седнав на нокшир и одма стана и јас помислив нема ништо пак и кога гледам се измочкал, леле која радост беше тоа за мене и така го испофалив и следниот ден веќе кажуваше и многу ретко правеше грешки. Значи ете со карање мене ми успеа, ама сега се разбира не па ептен силно карање или тепање, ама така да сфати дека си сериозна

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 753
   RE: Одвикнување од пелени
14.8.2014 10:43:43   
Malecka23
Минатиот месец пробував да ја одвикнам М од пелени.Но имавме еден огромен проблем.Кога е гола без гакички сама седнуваше на нокширче и мочкаше без проблем но кога ќе и облечев гакички одма бојкотираше се мочкаше и какаше во гаки.Пробував со се со зборење со малку карање со лажење ама без успех и и ги вратив пелените.Имал ли некој вакво искуство и како постапувал?

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 754
   RE: Одвикнување од пелени
14.8.2014 14:32:58   
deluxe
Malecka23 и тоа е успех,не си требала да ги враќаш пелените.Сепак има осет дека треба да се мочка и седнува на нокширче.Секако времето е топло,па и без гаќички сте можеле,фустанче одозгора и нека си шетка низ дома.Понатаму кога ќе можете со бермудки,исто без гаќички.Кога ке се навикне да ги турка и да седнува самата на нокшир,веќе и гаќичките нема да бидат проблем.Не е касно,може да продолжите со истите методиuser posted image Кај нас ситуацијата е поинаква,тој не сака да седни на нокшир,како кученце низ соба мочкаuser posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 755
   RE: Одвикнување од пелени
21.8.2014 21:41:45   
Snowhite RR
И јас Јана почнав да ја оставам без пелена и знае дека треба на нокшир да седи да мочка, ама ако е гола не седнува, а ако е облечена тогаш седнува. Еднаш така ја оставив и ми се измочка на ламинат и после пак ја оставив и ја прашувам каде се измочка Јана и таа отиде да ми покажи и пак клекна се помочка, значи иако не зборува, разбира што и зборувам јас, ама никако не сака на нокшир да седи и на шоља пробав и таму не сака плачи. Па ја оставив за понатаму посекако е мала има 19 месеци

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 756
   RE: Одвикнување од пелени
7.10.2014 9:08:09   
tincule
Малиот што го чував мајка му никако не можеше да го научи да мочка во нокширче, имаше купено од оние што кога ќе се измочка свират user posted image user posted image и еден ден го седнав ама гледав да е во време обично кога оди по нужда значи некои 10 15 минути после одмор, го седнав на нокшир јас карши него му измислив песничка за мочкање user posted image го чекав едно пола саат и кога се измочка песната засвири јас се радував аплауз му давав го бодрев пофално да го стимулирам за следниот пат. Дете беше толку радосно што после не сакаше да стане од нокшир user posted image user posted image . Восекој случај и капка да е и капка самп со стимул зависи од детето какво е, и пофалби после секое мочкање. Објаснување дека сите го прават тоа и полека. Треба многу трпение а за карање па и не знам баш може да има контраефект покасно да се плаши од вас ако се измочка во гаќи па да не кажува да се крие. СЕга тоа е мое мислење. Во секој случај најубаво после оброк или време кога врши нужда и стимул во зависност што сака детето. Никако со играчки ќе ги седнува нив нема да сака оно да седи ќе си игра нема да свати дека тоа е наменето за него. Позз

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 757
   RE: Одвикнување од пелени
5.11.2014 11:08:20   
ostoun
Nie pred tri meseci se odviknavme od pelenite, se navikna i kazuvase.
No pred dve nedeli pocna povtorno da se pomocuva, na pocetok mislev da ne e nastinat pa ne moze da dodrzi, no vekje nekolku pati i se iskaka. Nekoi golemi promeni se nemaat sluceno, ne znam sto da pravam, nekoj sovet?

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 758
   RE: Одвикнување од пелени
5.11.2014 14:49:55   
mamita83
Ostoun moj sovet e samo koga kje se sluci da se izmocka ili pokaka, da ne se dramatizira odnosno da ne se vika po deteto, tuku samo da mu kazes deka ti kje sredis se, a toa da ti donese gakjicki, znaci samo smireno, so toa sto kje go ohrabris sledniot pat da kaze na vreme ili samoto da otide do noksirceto, da se soblece i mocka - kaka. Na kjerka mi i se slucuvalo da se pomocka megutoa dokolku se zanese vo igra. I pocesto prasuvaj go dali mu se mocka ili sednuvaj go - na nekoj nacin potsetuvaj go bidejki so igranje decata znaat da se zanesat.

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 759
   RE: Одвикнување од пелени
5.11.2014 22:38:01   
ostoun
Благодарамuser posted image

(Одговор на членот mamita83)
Непосредна врска до пораките: 760
   RE: Одвикнување од пелени
20.11.2014 13:52:06   
Anuska14
Ние на оваа тема имавме вистински проблем. За навечер сеодвикнаме од пелени многу рано мислам веднаш по првиот роденден ама за преку ден леле лелееее...Направи 2 години абер немаше, не сакаше на нокшир, мочкаше во гаќи, пробав апсолутно се со клипчиња од интернет, со кавгање, со убаво и никако не успеавме се додека нејзе не и дојде денот Д. На 2 години и 5 месеци конечно ги фрливме пелените.
Мислам дека и сега се фаќам себе си како ја прашувам дали и се мочка и мн ја нервирам.
А јас бев 100% сигурна дека штом се одвикна за преку ноќ толку рано сигурно ќе се одвикне целосно брзо.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 761
   RE: Одвикнување од пелени
20.12.2014 12:10:20   
AneLav RR
Не ми оди воопшто и не знам што да направам се оддадовме веќе од пари за пелени 2,5 години имаат. Додека бевме у ск со парно мајка ми се обидуваше ама не кажуваа после. За какање кажуваат ама да ги седнеш на шолја или во нокшир нема шанси. Полудувам веќе не знам кој начин да го изберам.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Anuska14)
Непосредна врска до пораките: 762
   RE: Одвикнување од пелени
20.12.2014 12:30:05   
elenak
Не носиме пелени преку ден уште од летоска ама не можам да кажам дека се одвиканвме скроз. На спиење и дење и навечер уште ставаме пелена, некогаш е сува некогаш полна, до кога ќе биде вака и јас не знам, ама се тешам дека барем само на две пелени дневно сме. Инаку за каање кажува и какаме на нокшир многу одамна, уште не ни знаеше да зборува ама мочкањето некако поголем проблем излезе. Сеуште не кажува сама, морам да ја прашувам по 100 пати и одговорот секогаш е НЕ, се додека не дојде до степен кога веќе не може да држи и се случува и да се подмоча малку па после да каже.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 763
   RE: Одвикнување од пелени
22.12.2014 10:44:00   
bucko mal
Nie pred edna nedela pocnavme da se ucime da sedime na sholja. Si sedi dete ama nishto ne pravi,koga ke mu stavam pamper si zavrsuva rabota.Uffff nekako teshko mi izgleda.Kolku od prilika trae procesot -odviknuvanje?
Vo gradinka gi gledam mnogu deca nad 3 godini so pampers,rabotava e na uciliste so pampers ke se odiuser posted image
Vakov drzac mu kupiv,epten e prakticen.

user posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 764
   RE: Одвикнување од пелени
11.2.2015 2:48:11   
marchi

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

 
Da zivee Youtubeuser posted image user posted image user posted image user posted image

A sega ke vi kazam i zosto.
Vcera imavme strasno tezok den so kerka mi, se nalevase so voda celo utro i mockase na sekoj polovina cas, do pladne ja preslekov 10 pati korpata so alista polna iako prethodniot den perev nejzini alista. Bev iznervirana i ocajna i skoro resena da i gi vratam pelenite i da cekam koga ona ke izrazi sama zelba za koristenje na noksirot. Da ne se maltretiram veke.
Ama pusto kako da frlis vo voda 3 i pol meseci obidi, pa samo tepisite vo dnevna i trpezarija gi perev 4 pati, a za prekrivaci i gakicki da ne zborime. I si sednav na internet pak da procitam uste nesto sto ostanalo za citanje na temava pred konecno da se otkazam. Popladneto vo gakickite i piknav tetra pelena i citav i citav i citav. Vo princip istite raboti sto i prethodno gi imav procitano vo nekoe poinakvo svetlo.
No mi ostavi vpecatok eden odgovor od pedijatar koj veli deka ne moze da dade nikakov sovet kako da se nauci edno dete na noksir bidejki sekoe dete e razlicno i samo roditelot koj go odgleduva moze da go iznajde praviot nacin na koj ke nauci bidejki toj najdobro go poznava deteto. Mi se vide arogantno na prv pogled, ama koga se podrazmisliv vo pravo e covekot.
Si pojdov na Youtube i pocnav da baram bilo kakov video materijal povrzan so nasava maka i na moja sreka si najdov bezbroj video klipcinja od decinja i animirani isto taka so pesnicki, se na angliski dodusa, ama nema veze ke uci i angliski detevo moe. Odbrav 10 sto mi se vidoa najinteresni i gi simnavme i i gi pustiv. Vednas na prvoto gledanje sama izrazi zelba da sedne i da mocka i napravi ko sto posaka... potoa imavme edna nesrekna okolnost ama veke bese mnogu docna i bese premnogu umorna.
Utrovo stanav so plan da i gi pustam klipovite po nekolku pati na den a vo meguvreme da bide so tetra pelena za da kurtulam tepisi i kreveti. Ama ne ide sekogas ko jas sto sakam. Otkako se vrativme od park mockaase i se frlivme na gledanje klipcinja, po nekoe vreme jas vo kujna gotvam a ona simnala se od sebe se izmockala i odi so noksirot u race vo WC. Odam da vidam sto pravi, a ona sama go istura i pusta voda i mene me ignorira. Si vikam slucajnost. Arno ama istovo ova se povtori uste 3 pati so taa razlika sto celo vreeme si setkase gola i na klipceto sto najmnogu i se dopaga si sednuva sama i si vrsi rabota.
Abe zlato na mama mnogu me napravi srekna denes duri i kakase dodusa pocna na tepih ama ja uloviv na vreme.

Ako za vas bil toa lekot mora da se proba user posted image sto klipcinja se tie, kako da gi baram t. e pod koe ime?

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 765
   RE: Одвикнување од пелени
1.4.2015 9:47:43   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: rici

Prvoto porano pocna da kazuva koga mu se ode vo VC a ova pomaloto uste ne kazuva....care????



_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 766
   RE: Одвикнување од пелени
19.4.2015 17:10:58   
Snowhite RR
Јана почна деновиве да ми вика кака и се фаќа за газето и некни така кога ми рече ја соблеков и ја седнав на шоља ама ништо. Вчера сабајлето кога се разбуди ми рече кака, ама не реагирав, беше уште рано, носи вреќа за спиење, а сабајлето е рано да ја соблекувам и да пробувам да ја ставам на нокшир за ништо, ама по 2 мин навистина се покака. После тоа го извадов нокширот за да го измијам и да го гледа, да се учи. Кога го виде повтроно кака, го измив, ама не сакаше да ја соблечам, туку седна така по тренерки, по 2 мин пак беше какана. Вечерта ми вика мота, ајде брзо ја соблеков и ја седнав на нокшир и и велам, ајде измочкај се и ќе ти кажиме браво и таа одма стана и почна сама да си вика браво и така уште неколку пати седнуваше и за 1 секунда стануваше и браво сама си правеше и сабајлево пак кога се разбуди ми рече мота и пак одма ја соблеков и ја ставив на нокшир и истото пак по 1 секунда стана и си направи браво. Сега не знам ова како игра,што да правам не знам, а и ако веќе ја одвикнувам ќе морам и одмор да земам некој ден, зашто во градинка не верувам дека ќе соработуваат.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 767
   RE: Одвикнување од пелени
19.4.2015 18:52:44   
Neurotoxin RR
Зависи каде ја носиш, јас кога им спомнав дека сакам да ја одвикнувам, ми рекоа, нема проблем, за се сме тука, побарај инструкции и од нив, договорете се како ќе правите за да не се збуни детето. Види што ќе ти речат па организирај се. Можеш сега полека да ја запознаваш нокширчето да стане некое секојдневие, па кога убаво ќе затопли да почнете се до одвикнување. Штом има интерес не застанувај само, иди до крај.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 768
   RE: Одвикнување од пелени
19.4.2015 20:16:06   
Melanija RR
Од искуство кажете ми ,дали е рано сега мај месец на 21 месец да му покажам нокширче. Он има многу очигледно какање и знам кое време е тоа после јадење.Но за мочкање не верувам.Сега прашањето ми е да не го брзам кога ќе биде и за мочкање и за какање тогаш да почнам со нокширче,или и да е само за какање да искористам прилика и да знае што е нокшир?
user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 769
   RE: Одвикнување од пелени
19.4.2015 22:54:47   
lukajana RR
Melanija RR не е рано јас Л ги одвикнав скроз и дење и ноќе на 2 год. пред тоа само какаше во нокшир од една година ,а Ј и сега ја ставам на секое соблекување на нокшир,знам дека е мала ама сама сакаше да седи па решив да ја ставам и на секое седнување мочка,а ако и кажеш моч дудо со поглед го бара нокширотuser posted image .Не дека разбира ама посуви и се пелените кога ја соблекувам и мислам дека многу во нив не мочка,а за какање само во пелена во нокшир никогаш не се покакала

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 770
   RE: Одвикнување од пелени
20.4.2015 9:53:41   
Snowhite RR
Да Меланија ако точно знаеш кога кака седнувај го на нокширче, дури и да не се научи сепак ќе биде плус, ќе се запознае со нокширчето и може до крајот на летото да ги фрлите скорз пелените

А јас да овој период ќе пробам да ја ставам на нокшир секој ден, макар и ништо да не прави, барем да и стане секојдневие што викаш, па да се надеваме дека ќе ги тргнеме пелените за брзо

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 771
   RE: Одвикнување од пелени
20.4.2015 11:55:54   
Neurotoxin RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Од искуство кажете ми ,дали е рано сега мај месец на 21 месец да му покажам нокширче. Он има многу очигледно какање и знам кое време е тоа после јадење.Но за мочкање не верувам.Сега прашањето ми е да не го брзам кога ќе биде и за мочкање и за какање тогаш да почнам со нокширче,или и да е само за какање да искористам прилика и да знае што е нокшир?
user posted image


Не е рано Меланија, мојата на таа возраст во Јули месец веќе беше целосно одвикната од пелени. Сега почни па ќе видиш како ќе биде. Ви посакувам да бидете и вие од оние кои се фалат дека лесно ја завршиле оваа работа user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 772
   RE: Одвикнување од пелени
21.4.2015 16:19:23   
marchi
nie 25 meseci imame i skoro mesec dena probuvam da go naucam stefan da koristi noksitr ama mnogu tesko mi odi.pojke vo gakjicki se moca i posle toa place deka demek ne trebalo taka,otkasno mu teknalo.zivci iskinav ama toa e.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 773
   RE: Одвикнување од пелени
21.4.2015 19:25:58   
Felly RR
Marchi, а тргнати ви се пелените и цело време е во гаќички? АКо треба купете уште едно нокширче и нека ви стои во собата во која го поминува денот, па да може веднаш да седне на нокширче кога има потреба, да не губите време до WC. Само треба трпение, и никако немој да го караш кога ќе згреши.
Меланија и јас мислам дек а е ок време да почнете, ако мај веќе се затопли времето, тргајте теписи од дома, и вадете пелените. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 774
   RE: Одвикнување од пелени
21.4.2015 22:41:02   
Melanija RR
Теписи тешко дека е вадимеuser posted image каде што е поголем дел од денот се стuser posted image ава нокширок,или од одма да се учи каде треба?
Уште нешто а некои гаќички имало за оваа намена или слично?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 775
Страница:   <<   < Претходна страница  29 30 [31] 32 33   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  29 30 [31] 32 33   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?