|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  56 57 [58] 59 60   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Адаптирано млеко
15.5.2015 23:37:45   
Hopeful RR
Девојки, уште пред породување една другарка ми подари Аптамил за новороденчиња, и истото и ни го препорача педијатар кога дојдовме дома. Бебињата го пијат без проблем после секое цицање, така што ок сме.

Прашањето ми е од сосема друга природа - во кутијата што ми ја даде другарка ми едното пакување беше неотворено, и го потрошив цело, а другото е отворено и само еднаш или двапати црпнато, и стои така цело, бебето на другарка ми го надраснало или отсакало. Според упатството, треба да се потроши во рок од 4 недели по отворањето, а ова е отворено и подолго време. Што мислите, дали е ок за користење или не? Јас се некако си мислам дека ориентациони се тие датуми, сепак не е вакумирано па да му делува воздух, штознам... не сум им дала од него се уште, па си викам да прашам user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1426
   RE: Адаптирано млеко
16.5.2015 0:01:02   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Otvorenoto pakeetce ne go davaj.Jas so F mnogu paketcinja isfrliv.Ke go kupevme,ke proba,nema da go prifati I gi cuvav 4-5 kutii vo frizder.Potoa neskoe sakav povtorno da mu davam,no mi bese strav.Prasusav drugi majki I site so istot odgovor posle propisaniot rok da ne se dava.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1427
   RE: Адаптирано млеко
16.5.2015 12:58:22   
Melanija RR
Hopeful RR и на самата кутија мислам пишува по отварање на кесата рокот е 3 недели.Сега брзо се троши но понатака најдобро е да си запишеш кога е отворено

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 1428
   RE: Адаптирано млеко
16.5.2015 15:46:47   
Ilina87
Hopeful, подобро фрли го, не ризикувај. Обично откако ќе се отвори за 3 недели треба да се потроши.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1429
   RE: Адаптирано млеко
19.5.2015 16:09:16   
Hopeful RR
И мене ми е шубе, ама пусто дека е стварно скапо... Инаку не сум го дала уште, а од новите тешко да издржи кај нас три недели - со две бебиња, трошиме по една цела кутија неделно, плус и цицаат.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 1430
   RE: Адаптирано млеко
19.5.2015 22:50:30   
Melanija RR
Ад за една година е рамно на колаuser posted image ох што се мора се мора само нека ручкаат и растатuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1431
   RE: Адаптирано млеко
20.5.2015 14:16:12   
Ilina87
Браво Меланија за муабетот ☺Баш колку за една кола е трошокот во една година. Нас по едно пакетче неделно не ни стигаше. Кога ќе му речев на мм земи млеко косата му се креваше ☺ Само да се здрави и живи, се крати на други работи.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1432
   RE: Адаптирано млеко
24.5.2015 16:29:28   
marchi
nie koristevme hipp.takvo pocnaa od bolnica da mu davaat i ni rekoa deka ne e preporaclivo da se menuva po nasa zelba.pisuvase 3 nedeli po otvaranje na kesata. kako sto vika ilina87 Баш колку за една кола е трошокот во една година. user posted image samo neka rastat i neka se zdravi user posted image

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 1433
   RE: Адаптирано млеко
24.5.2015 18:08:58   
lukajana RR
Тетка ми чува близначиња колку Л значи во септември ке одат во школо а уште пијат Аптамил и им стерилизираат шишиња,луда работа педијатарот им рекол дека слабо јаделе може уште да пијат адаптивно млеко.Јас и викам како ке јадат кога пијат по 4 шишиња млеко во денот.user posted image
Тоа е веќе премногу, јас на Л му давав до 9 мес. и со оглед на цената и тоа е многу а не до 6 години,ќе купеле 12 коли до сегаuser posted image не една

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 1434
   RE: Адаптирано млеко
24.5.2015 20:45:45   
marchi
abe.....do 6 godini adaptiranouser posted image user posted image sto i da recam ke zgresam

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1435
   RE: Адаптирано млеко
19.7.2015 12:50:07   
Hopeful RR
Девојки, не гледам дека е дискутирано ова прашање, но бидејќи го размислувам интензивно периодов, еве да споделиме мислења и искуства - како го подготвувате АД, со каква вода? Дали користите обична од чешма, превриена, или купечка, или специјална за АД?

Јас користам обична вода од чешма, која ја вријам во електричен бокал и потоа ја чувам во метален термос за да биде топла подолго време. Проблемот е што водата е преполна со бигор, кој не исчезнува ни по вриењето. Ја прецедувам пред да ја ставам во термос, но гледам дека и таму пак се собира бигор... Купечки води (тука мислам на Хип и слични води за АД) не ми се опција, искрено, бидејќи се прескапи. Дали може да правам со купечка вода од типот на Јана, без да ја вријам?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 1436
   RE: Адаптирано млеко
19.7.2015 13:27:06   
lukajana RR
Можеш зашто да не,јас не сум превривала ни за пиење ни за Ад .Правев најчесто со Ладна или Горска само затоплена до степен да се направи млекото ,превриената вода и мене ми е некако неубава на изглед и ми беше шубе таква да ја давам.

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1437
   RE: Адаптирано млеко
19.7.2015 13:38:27   
lolla RR
Жени, имам АПтамил 1 една кесичка, тој за 0-6 месеци неотворена. Ако некоја е во центар и и треба нека ми пише пп.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1438
   RE: Адаптирано млеко
19.7.2015 14:45:03   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Девојки, не гледам дека е дискутирано ова прашање, но бидејќи го размислувам интензивно периодов, еве да споделиме мислења и искуства - како го подготвувате АД, со каква вода? Дали користите обична од чешма, превриена, или купечка, или специјална за АД?

Јас користам обична вода од чешма, која ја вријам во електричен бокал и потоа ја чувам во метален термос за да биде топла подолго време. Проблемот е што водата е преполна со бигор, кој не исчезнува ни по вриењето. Ја прецедувам пред да ја ставам во термос, но гледам дека и таму пак се собира бигор... Купечки води (тука мислам на Хип и слични води за АД) не ми се опција, искрено, бидејќи се прескапи. Дали може да правам со купечка вода од типот на Јана, без да ја вријам?

Јас на Ф му спремав Ад со Ладна вода,ја загревав до одредена тт според упатството на млекото и го растворав.Така правев од кај 2 месеци.До тогаш водата ја зовривав.Инаку за А водата за зовривав во електричен бокал,и си го расипав од бигорот.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1439
   RE: Адаптирано млеко
19.7.2015 15:35:43   
Defne90 RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Девојки, не гледам дека е дискутирано ова прашање, но бидејќи го размислувам интензивно периодов, еве да споделиме мислења и искуства - како го подготвувате АД, со каква вода? Дали користите обична од чешма, превриена, или купечка, или специјална за АД?

Јас користам обична вода од чешма, која ја вријам во електричен бокал и потоа ја чувам во метален термос за да биде топла подолго време. Проблемот е што водата е преполна со бигор, кој не исчезнува ни по вриењето. Ја прецедувам пред да ја ставам во термос, но гледам дека и таму пак се собира бигор... Купечки води (тука мислам на Хип и слични води за АД) не ми се опција, искрено, бидејќи се прескапи. Дали може да правам со купечка вода од типот на Јана, без да ја вријам?

Му имам правено и со вода од чешма на синко адаптирано млеко и со Ладна.Онаа од чешма секогаш сум ја провирала додека купечката само ја загревав според упатството и му го правев млекото.Така да ако користиш од купечките води за подготвување на ад се согласувам и јас со останатите членки,воопшто не треба да се проврива.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1440
   RE: Адаптирано млеко
19.7.2015 15:44:44   
Hopeful RR
Супер, ми олесна user posted image Ќе пукнам колку ме мрзи ова превривањево... ќе почнам и јас со флаширана вода, каде-каде поедноставно е.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 1441
   RE: Адаптирано млеко
19.7.2015 16:52:38   
gina
devojki jas na sinko pocnav da mu davam hipp takvo mu davaa i vo bolnica i zatoa zedov takvo eve deneska mu dadov mislam deka ne cica po kolku ml. mu davate ako cica jas mu dadov 70ml.sto malku i ostavi e sega pedijatarot mi rece na 4 sati
sakav da ve prasam i za teermos za voda kakov koristite posto se se kineski neznam kakov da kupam

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1442
   RE: Адаптирано млеко
20.7.2015 11:10:20   
Gardenia
Hopeful,јас користам Ладна вода,ја превривав до кај 6 месеци,ама сега не само ја топлам до степен кој сакам и си ставам во термос и кога ми треба само правам
gina термос може да земиш било каков има по поголемите маркети,само гледај да не е некој што многу мириса

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1443
   RE: Адаптирано млеко
20.7.2015 11:27:33   
Milicka 30
Мене од болница ми рекоа дека најубаво со превриена вода и оставен а на собна температура, кај нас водата е полна со арсен и затоа и купувам роса ја превријувам во бокал и изладена ја чувам на собна температура не ја топлам и така сме веќе 4 недели.

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 1444
   RE: Адаптирано млеко
21.7.2015 14:38:28   
lukajana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

kolku vreme moze da stoi nedoispenoto AD vo sisenceto

ИЗВОРНА ПОРАКА: vanessa30

Ako ti e vo stakleno sise i vo frizider, ke moze da ti trae i do sleden obrok posle 3-4saati. Samo stavi go siset___o vo podlaboka casa so zeska voda , malku da go zamlacis posle frizider-da dojde kako na sobna temperatura, i slobodno daj mu go.
Na toplo taka ne go cuvaj i vo plasticno sise.
Jas so prvoto koristev Hipp probiotic i taka pravev, ali dodeka nepocna sam da drzi sise samo stakleni koristev.Otkako gi iskrsi sin mi staklenive, si kupiv od onie plasticnite.

ИЗВОРНА ПОРАКА: vanessa30

A voedno ne se sekiraj AD-to e po otoprno na rasipuvanje od obicnoto kravjo mleko i majcinoto.

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 21.7.2015 14:40:37 >

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 1445
   RE: Адаптирано млеко
21.7.2015 14:44:09   
lukajana RR
Јас не сум ставала ад во фрижидер,Гина мој совет ти е да правиш помалку од вообичаената доза и имај вода спремна за да приправиш ако треба.
Така е подобро отколку да пие старо млеко

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1446
   RE: Адаптирано млеко
21.7.2015 15:47:23   
vanessa30
Jas ja prevrivav vodata (i toa od markata Ladna) i posle pravev mleko ama toa do kaj 3-4 meseci na bebus, a posle samo ja zagrevav (bez prevrivanje) i go pravev mlekoto. Bidejki do taa vozrast treba veke da ima oformena mikroflora vo orgabnizamot.
Inaku za cuvanje na AD vo frizider 3-4 casa od iskustvo kazuvam, narocito za navecer, si piese edna doza i edna doza si imav spremena vo frizider, samo ke ja zagreeev vo zeska voda do sobna i ke mu ja dadev. Znaci nisto ne mu se sluci.

Inaku eve na primer za majcinoto mleko, se izmolzuvate, a bebeto vi cicalo, i sto mu pravite na visokot majcino mleko, go frlate ili go stavate vo frizider ????
Jas imav koleska koja imase mnogu mleko i otkako ke go nadosese, morase da se izmolzi i posle toa mleko duri i go zamrznuvase.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1447
   RE: Адаптирано млеко
21.7.2015 15:52:01   
vanessa30
Прашањето ми е од сосема друга природа - во кутијата што ми ја даде другарка ми едното пакување беше неотворено, и го потрошив цело, а другото е отворено и само еднаш или двапати црпнато, и стои така цело, бебето на другарка ми го надраснало или отсакало. Според упатството, треба да се потроши во рок од 4 недели по отворањето, а ова е отворено и подолго време. Што мислите, дали е ок за користење или не? Јас се некако си мислам дека ориентациони се тие датуми, сепак не е вакумирано па да му делува воздух, штознам... не сум им дала од него се уште, па си викам да прашам

Definitivno - frli go.
Znaci ako e otvoreno, poveke vreme od rokot na traenje, mlekoto vo prav e hidroskopno, bezrazlika kako si go cuvala, prima vlaga, plus vo kontakt so vozduh ima moznost za razvoj na bakterii koi mozat da mu napravat problem na bebeto.

(Одговор на членот vanessa30)
Непосредна врска до пораките: 1448
   RE: Адаптирано млеко
21.7.2015 16:00:12   
vanessa30
Inaku sto se odnesuva na sisinjata, jas na pocetok dodeka bebus e uste mnogu mal, koristev isklucivo stakleni sisinja, od pricinja sto kaj plasticnite kakvi saka neka se (braa free), sepak doaga do migracija na komponentite od siseto vo tecnosta koja se naoga vo nego, narocito pri podolgo stoenje. Ova naucno go ima ispituvano prof od TMF i e labaratoriski dokazano, isto kako i kaj plasticnata ambalaza za ksi.voda, sok...

(Одговор на членот vanessa30)
Непосредна врска до пораките: 1449
   RE: Адаптирано млеко
21.7.2015 16:06:24   
Hopeful RR
Фрлено е од одамна user posted image
Инаку, јас по препорака на педијатар, по заспивање, си правам од вечер две дози АД, за секое бебе по една, и ги ставам во фрижидер. Кога им доаѓа време за јадење, ако не им е доволно ноќното цицање, го стоплувам под млаз топла вода или во чаша со топла вода и веднаш се смлачува. Ако не се допие таа количина, пак во фрижидер за следен оброк. Ова го практикувам веќе неколку недели и функционира ок. На мм му е поедноставно да меша АД по потреба ноќе, но јас сум толку поспана што многу ме мачи да гледам на дозерки, милилитража на шишенца...

А за измолзено млеко, имаме посебна тема, но на кратко - сега на топлово, седи на собна температура 3 часа, во фрижидер 3 дена, во замрзнувач 3 месеци.

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 21.7.2015 16:07:45 >

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот vanessa30)
Непосредна врска до пораките: 1450
Страница:   <<   < Претходна страница  56 57 [58] 59 60   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  56 57 [58] 59 60   Следна страница >   >>
Оди на:

Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?