|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Што кога мајката не го сака детето?
30.9.2015 0:18:18   
vezilka RR
Што ако мајката не си го сака детето? Што ако не сакала дете, а родила, од било какви причини? И сега и е товар, мисли дека и смета во животот? Што мислите за такви ситуации? Што мислите зошто се јавуваат такви ситуации, како последица на што? Дали познавате некоја таква мајка?

Ме потикнаа муабетите од форумов последниве денови, и некако добив впечаток дека повеќето мислат дека е незамисливо мајката да не си го сака детето. И го поврзуваат тоа со некоја моментална состојба која ќе помине и потоа таа ќе си го засака и се „ќе си дојде на место, и ќе биде нормално“. А што ако не си го засака?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Што кога мајката не го сака детето?
30.9.2015 1:26:18   
Bella28
Moe mislenje e deka takva "zena" nikogas nema ni da go zasaka. Pa zarem moze za edno malo bespomosno sustestvo koe e del od tebe da pomislis deka ti e tovar vo zivotot I kakov bi ti bil zivotot podobar da go nema? Dodeka mnogu zeni sekojdnevno se borat na sekakov nacin da dojdat do bebe, a na nekoi I'm pretstavuva tovar da ne si ja gresam dusata ama mislam deka BOG ponekogas gresi kade dava a na mnogu od nas im go oteznuva patot do najybavoto nesto da se bide MAJKA!!!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Што кога мајката не го сака детето?
30.9.2015 8:37:28   
tincule
Некако кај нас не можноста некој да се грижи или да се снајде во ситуацијата и улогата на мајка го поврзуваме со не сакање. Јас мислам дека ниедна жена кога веќе го родила не може ама бар малце да не го сака своето дете. Значи одбивноста ај така ќе ја наречам кон детето мислам дека доаѓа од страв на мајката, случај како што имавме на форумов желба за стариот живот, детето може ја потсетува на некоја грешка или некој период кој сака да го заборави а секој пат кога ќе го погледне ја враќа назад. И така мислам дека се ствара некоја одбивност кон детето од страна на мајката па таа не сака да се грижи а и не може. Во таков случај според мене доколку стручна помош и оние околу нејзе не можат да и помогнат и не може таа да ја прифати ситуацијата каква што е тогаш е подобро и воопшто да не биде во близина на тоа дете. Ниедно дете не треба да расте со родител кај кого ќе буди сеќавања на каење, презир и за кого ќе претставува некаква си грешка од минатото. Кој сака да слуша од својот родител такви зборови или секојдневно да наидува на игнорирање и отпор. За подобар и здрав психички и социјален живот на детето подобро таа и да не е дел од тоа. А за ниедна мајка според мене не е лесно да си го напушти детето и да се реши да продолжи со животот без него. Мислам дека секоја според мене барем некогаш се запрашала како е и што е и дали има нормален и живот исполнет со љубов. Јас дури мислам и дека онаа мајка која не може да му ги пружи на своето дете сите овие работи и која тоа го препуштила на некој друг сепак го прави од некаква си љубов кон детето не за себе. Таа која го оставила и повеќе можам да кажам се грижела за среќата на детето отколку онаа која останала дома по секоја цена и емотивно, физички и психички му го загорчила животот. Барем јас така мислам.

(Одговор на членот Bella28)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Што кога мајката не го сака детето?
30.9.2015 9:36:52   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Што ако мајката не си го сака детето? Што ако не сакала дете, а родила, од било какви причини? И сега и е товар, мисли дека и смета во животот? Што мислите за такви ситуации? Што мислите зошто се јавуваат такви ситуации, како последица на што? Дали познавате некоја таква мајка? Ме потикнаа муабетите од форумов последниве денови, и некако добив впечаток дека повеќето мислат дека е незамисливо мајката да не си го сака детето.


Мислам дека ако не е породилна депресија, што секако е сериозен проблем и може да се надмине, можни причини се лошо детство, несаканост од страна на родителите, напуштеност како дете, па кога тие ќе станат возрасни личности, не знаат да се снајдат или не можат да ја почувствуваат улогата на мајка, па не ги сакаат децата ако останат несакајќи бремени. А има и такви кои сакаат цел живот да живеат кафански, да се чувствуваат без обврски и таквите навистина е подобро да ги дадат на посвојување, отколку децата сами да пораснат со сериозни трауми во понатамошниот живот.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Што кога мајката не го сака детето?
30.9.2015 13:55:29   
Палешка РР
Ниту насловот ми е чуден, ниту темата ми е чудна, ниту таква појава ми е чудна.
Познавам личност која во одреден период од својот живот не го сакаше своето дете и сакаше да го даде на посвојување.
Личноста имаше во тој момент психички проблеми. Нејзиниот сопруг знаејќи каква мајка и сопруга е, знаеше дека тоа се психички проблеми.
Детето го зеде на чување 3 месеци сестрата на личноста. Личноста се излечи и си го побара детето назад.
Бев сведок на оваа случка и знам дека ниту една мајка која е здрава и стабилна личност, не може да го отфрли своето дете.

Мајката која ја споменав имаше разбирање и помош од околината. Тој период помина. Откако си го зеде детето назад, никогаш повеќе не помисли да го даде. Оттогаш има поминато повеќе од 20 години, мајката се уште има грижа на совест.

Затоа, во повеќето број случаи треба да се сфатат овие мајки и да им се даде помош.
Секако, постојат и такви кои ги отфрлаат своите деца.
Инаку домовите ќе беа празни........

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Што кога мајката не го сака детето?
30.9.2015 15:05:27   
miana
И мене не ми е ни малку чудна темава.. Хормони се во прашање..Кај некои хормони а кај некои се карактеристики, себичност и избегнување на одговорност..Па не за џабе се полни домовите за деца без родители.. Мене ми е несватливо, ако една жена е заљубена во некој маж и ако забремени од него, како може да не го сака детето кое е плод од неа и него.. Па нели кога сте се заљубиле во сопрузите, сте си помислиле - какво би било детето кое би го имале ние двајца?
И како може ако го сакате сопругот и сте имале убав живот пред да родите дете. сега да не го сакате тоа дете? Според мене само жени со психички и патолошки проблем можат да го одбијат детето. Јас завршив ветеринарно училиште ( средно ) и сум учела дека многу често животните ( најчесто свињите ) во недостаток на хормонот ( за мајчинство - окситоцин ) ги одбиваат своите бебиња и при пораѓање на животните им се вбризгува од овој хормон за да ги прифатат малите...Епа исто е и кај нас луѓето...
ХОРМОН Окситоцин- го потикнива мајчинскиот инстинкт...Затоа секоја мајка која има проблем со одбивање на детето, треба да си побара совет од лекар...Инаку ако е жена што не се замислувала никогаш како мајка, тогаш не требала ни да го прави а ниту пак да го раѓа тоа дете....



_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Што кога мајката не го сака детето?
30.9.2015 18:42:36   
niki
jas ne poznavam nitu edna majka koja dala dete na posvojuvanje, no vo momentov mozam da se setam na barem 3 slucai na deca koi bile napusteni od roditelite
prviot slucaj e devojka koja ja odgledale nejzini cicko i strina, taa do den denesen ne znae koi se nejzini vistinski roditeli, majka i zaminala dodeka taa bila bebe i se nema pojaveno ottogas, tatkoto e ziv no i pokraj toa ne e del od nejziniot zivot iako bi mozel no e tolku propadnat da taa znae deka toj i e dalecen cicko, inaku napustenovo bebe e sega e vo nejzini 40 godini
vtoriot slucaj e eden 60 godisen covek koj kako bebe bil frlen vo reka, go nasla nekoja komsivka i go vratila kaj roditelite so zakana deka ako ne se grizat zac deeteto ke gi prijavi, rezultat e deka go zemale nazadt no cel zivot mu go zagorcuvale dokazuvajki mu na razni nacini kolku bil neposakuvan, sega se sudat za imot, tatkoto saka da go lisi od se sto ima i se da ostavi na drugiot sin koj ete bil posakuvan, zosto ovoj ne go saka nikoj ne znae
tret slucaj mi e segasnata mi koleska na rabota, nejzinata majka se razvela od tatko i gi zemala decata i potoa se omazila za drug maz koj fizicki gi maltretiral decata od prethodniot nejzin brak, za da se spasi mojata koleska izbegala od doma ja sobrale socijalni sluzbi i pokrenale sudska postapka protiv majka i na sud koga go prasale devojceto dali saka da se vrati kaj majka i taa rekla samo ako taa prestane da zivee so ocuvot, na sto majkata odgovorila deka saka da si ja odrzi vrskata so mazot bidejki nejzinite deca ke porasnat i ke zaminat i onaka a taa ne saka da ostane sama
mojata koleska sega ima 50 godini majka i se kae no e predocna za kaenje, koleskava veli majka mi sega ne mi treba, togas koga mi trebase taa odbra da me napusti,
nikogas nema da i prosti

zosto im se slucuvale ovie raboti na lugevo ne znam
znam za sebe deka me mava depresija vo situacii koga rabotite iskliznuvaat od moja kontrola koga razresavanjeto na nekoj problem traba da go ostavam na visa sila
mojot odgovor na depresija e koncentriranje na dijagnosticiranje na problemite koi mi go zasenuvaat umot i iznaoganje na resenija za niv
nikogas ne mozev da se nateram sebe si da mislam deka na moeto dete ke mu e podobro bez mene, no mnogupati imam pomisleno deka ja rodiv vo pogresen moment, vo pogresni uslovi, vo pogresna drzava, duri i so pogresen maz
i nemam problem so tie moi misli, problem imaat onie koi ocekuvaat od mene postojano da bidam happy go lucky, demek se vo mojot zivot e sovrseno i edinstveno cuvstvo koe treba da go cuvstvuvam e sreka

pa ne odat taka rabotite

neodamna gledav eden crtan so kerka mi na Disney
Grcive go prevetoa naslovot Τα μυαλά που κουβαλάς sto bukvalno znaci Mozokot sto to vleckas
Vprocem idejata e da im se pretstavi na decata deka vo zivotot nasite cuvstva se nasite vodilki i deka sekoj covek cuvstvua radost, taga, strav, zavist gadenje
deka site tie cuvstva go pravat zivotot kompleten i uravnotezen
posebno e vazno cuvstvata da ne se zanemarat koga ni se slucuvaat golemi zivotni promeni
site nekako pravime greska da niz losite migovi se trudime da pomineme so nasmevka na lice, gordi izdignati, lazno srekni
i ne retko se slucuva da potisnuvjki ja tagata i pricinite za taga da ne odvedat do tamu da se izgubime sebe, da so nas zavladee bes i lutina i na kraj otupenost kon se

ne znam dali majkite koi ne si gi sakaat decata mozat da gi zasakaat, ne znam dali treba da se otkazat od niv i da ne se obidat da bidat majki
ne znam dali na tie deca ke im e podobro bez majka
navistina ne znam

ne znam ni dali bilo koj od nas ima pravo da si dade za pravo da razmisluva za neciv tug zivot, da razgleduva necii tugi problemi da dava sud za necii tugi cuvstva

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Што кога мајката не го сака детето?
30.9.2015 21:20:01   
Hopeful RR
Се потресов од случаиве што ги наведе... Жалосно.

Мајчинството сите некако го сфаќаме по дифолт, дека тоа е вродено кај секоја жена и дека не е можно да не си го сакаш своето дете, но за жал, мислам дека не е вродено... Зависи од контекст, карактер, животна ситуација, биологија, физиологија, психа на човек и куп други фактори, и едноставно, се стекнува и се учи, порано или подоцна. Некои пак, никогаш не успеваат во тоа и искрено мислам дека не се сите за да бидат мајки. На секое дете му треба љубов, внимание и топлина, и ако тоа не може да го добие од биолошката мајка, треба да му се даде шанса за друг дом и вистинска мајчинска љубов. Знам и јас примери на сомнителни мајки - едната, првата жена на чичко ми, ги остави децата со него, се премажи и има други деца, а овие ги игнорира. Другата е од поширокото семејство, го нема оставено синот, но го имаат изгледано бабата и дедото, додека таа не знам што правела наоколу, а сега се тужи со него и му прави толку проблеми што човекот, иако возрасен, искрено се плаши кога ќе ја види...

За мене е незамисливо да не си ги сакам децата, но гледајќи ги лужето во мојата поширока околина, апсолутно родителството треба да биде свесен и одговорен чин, а не акт на спонтаност и слепило само затоа што "така треба". Не треба да се раѓа дете без да се посакува, а ако се случи тоа, да се биде доволно свесен и одговорен да му се обезбеди на тоа дете зрав и нормален живот, сеедно дали со оној што го родил, кој би се превоспитал себе си, или со некој друг што копнее по дете, а не може...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Што кога мајката не го сака детето?
5.10.2015 10:26:57   
vezilka RR
Јас познавам мајка која никогаш не си го засакала детето на начин на кој ние сме навиканти да го гледаме тоа. Таа се омажила рано бидејќо останала трудна, во тоа време така иделе работите, немало друга опција. Не знам многу за бракот, каков бил, да ли се сакале или слично, но, знам дека се развеле после 4 години. Мајката никогаш не била многу, многу посветена на детето, го исчувала бабата. Цел живот живее заедно со детето, кое сега е на 40 години отприлика, но сеуште не го сака така како што очекуваме. Сто пати во текот на животот му кажала дека да не бил тој живото ќе и бил поинаков, дека се уптопастила заради него. Нормални и детето не ја сака како што едно дете си ја сака мајката. Тоа што го чувствува кон неа е повеќе одговорност, бидејќи таа сега нема никој и ништо, отколку љубов. Мајката има психички проблем, сега веќе сериозен, но почнал како помал, не се третирал никогаш оти повторно во тоа време кога таа останала трудна, морала да се омажи и се развела потоа, за тоа не се зборело. Тоа било срам кој требал да се сокрие. Сето тоа ја довело мајкава до некоја психичка состојба и со текот на годините таа само се продлабочувала.

Во случајов патријархалните услови биле причина за ваквата ситуација, уништиле животот на една жена, на едно дете и понатаму оставаат последици некакви врз потомсвото на детето, сега веќе маж и татко.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 9
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?