Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Сакам да јадам само -Finger food 12.11.2015 10:32:15
sandriana RR
Што е Finger food за бебиња? Секоја храна во големина на залче, мали парчиња храна кои бебето може да ги фати и само да ги внесе во уста и да ги џвака се нарекува finger food, или во слободен превод Храна за јадење со раце (поравете ме во преводов, доколку има посоодветен термин). Овој вид храна е забавен начин за хранење на бебето и важен чекор кон независност, кој му помага и да ги развива фините моторички вештини и координација. Најсоодветен период за воведување на овој начин на хранење е некаде после 8от месец, кога и самото бебе најверојатно ќе покаже дека е заинтересирано и подготвено да се храни само, посегнувајки да ја земе лажицата со која го храните. Можно е на почеток да се посега по храната во чинијата и да ја размачка низ рацете, обидувајки се да ја донесе до устата. Најсоодветна храна за ваков начин на консумирање се парченца банана, авокадо,лубеница, праска житарки во соодветна форма, парченца тостирано лепче, парченца меко сирење, парченца тврдо варено јајце, и соодветно обарен/сварен зеленчук - морков, брокула, компир.
Какво е вашето искуство или став за Finger food?
Моите деца токму од таа возраст- околу 8 месеци покажуваа интерес за сами да се хранат, и јас го дозволував и применував овој метод, секако во комбинација со дополнително хранење на потечната храна во меѓувреме од моја страна.
RE: Сакам да јадам само -Finger food 12.11.2015 16:44:18
mommy_angels RR
Не знаев дека има ИМЕ ,ама ја применувам.Откако покажа желба сама да јаде,никогаш се немам спротиставено.Секогаш ја поттикнувам сама да јаде,па може и затоа гледам резултати,еве уште малку ќе направи 4 години и никогаш немам одено со лажица по нејзе.Баш како што кажува и Сандриана,дури беше помала јас ја хранев со манџи ,а еве сега и тоа сама го прави. Сецкано овошје,сецкан зеленчук,компирчиња,мевцинја итн се е на принцип finger
RE: Сакам да јадам само -Finger food 12.11.2015 17:33:49
lolla RR
Ех, јас имам пробано неколку пати, само да посега, посега но ништо не завршува во уста. А имам дадено парченца трошка храна и повраќа од парченца Имаме 9+ месеци
RE: Сакам да јадам само -Finger food 22.11.2015 13:47:14
vezilka RR
Јосиф има година ипол и само така јаде парченца храна. Доколку тој ја држи во раче и сам да јаде. Доколку во лажицата има парченца од храна, неизблендирани, одма се дави и добива нагони за повраќање. И бидејќи така не може да изеде цел овброк или поточно ќе му треба три дена да ги изеде оброците од еден ден, хранењето ни е сеуште како каша, и потоа дојадува со грицкање.
Никола не сакаше така да јаде, да држи сам во раче и да јаде, пробувавме, но не сакаше. А Јосиф почна пред да наполни годинка. Најчесто јаде така краставица, брца во тањирот со салата си ја одбира краставицата и јаде. И во последно време и тостирано лепче, и нормално, глупостите од бато ..
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Сакам да јадам само -Finger food 4.12.2015 21:33:56
lolla RR
Да пријавам напредок и тоа со корка лепче. Му ја дадов да ја игра а тој си ја искрка, без гадење, засркнување си ја цицаше и гризаше. Не ми се веруваше, лебар мајкин, прва проба на лепче му беше. После му дадов банана да држи во рака демек да ја јаде ама ништо, само ја изгмечи и размачка околу.
RE: Сакам да јадам само -Finger food 9.12.2015 11:54:19
sandriana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla
Да пријавам напредок и тоа со корка лепче. Му ја дадов да ја игра а тој си ја искрка, без гадење, засркнување си ја цицаше и гризаше. Не ми се веруваше, лебар мајкин, прва проба на лепче му беше. После му дадов банана да држи во рака демек да ја јаде ама ништо, само ја изгмечи и размачка околу.
Бананите се навистина незгодни за почеток на самостојно хранење. Обидете се со тостирани лепчиња намачкани со соодветен намаз- млечен или путер или што веќе јаде, во тенок слој, и исечени на мали коцки. Резанчиња јаболче, но строго под надзор. Парченца кашкавал се исто соодветни (ако го јаде), и исчистени парченца риба.
RE: Сакам да јадам само -Finger food 8.2.2016 10:58:50
lolla RR
Да ја размрдаме темава и да пријавам напредок. Покрај лепче корка која е омилена, во раче држи и оние оризови галети и слатко си ги крцка со заби. Некои денови е расположен само за пробување ново па јаде и жвака буквално се што јадам јас, житарки, макаронки, булгур. Почна и банана сам да одгризнува, портокал, парче јаболче... Само требало упорност и многу хартиени марамици и не џабе викаат старите ,,се во свое време,,.
RE: Сакам да јадам само -Finger food 13.5.2016 12:26:44
lolla RR
Само јас си пишувам на темава. Л од пред две недели почна да одбива се од каши ипробав со сервирање на парчиња на послужавник. И г-динот сакал сам да јаде со прсти па сега си се чудам секој ден како да сервирам за да јаде. Количински треба многу повеќе спремање бидејки поголемиот дел завршува околу. И самиот бира што сака да фати. И јаде далеку помалку од кашичка.
Дали знае да се најаде???? Колку време трае оваа фаза? Ајде мајки идеи давајте.
RE: Сакам да јадам само -Finger food 1.10.2016 15:09:57
Kvisko
Ј веќе некое време пробува сам да се храни паралелно со кашите што му ги давам. До сега сосема добро јаде бананс круша и бисквити (со ова прво почна) а за ручек обожава сам да јаде брокула и морков.