|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  26 27 28 [29] 30   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Доење
21.1.2016 16:26:29   
Kvisko
Женски мене ми треба совет и веројатно охрабрување. Имено во моментов имаме две недели и комбинираме доење и дохрана. Почнавме со 30 милилитри дохрана па 45 па од вчера 60. Прбо беше да надојде млеко па после ај заради жолтицата а од вчера демек сме на долна граница со качување килажа па да се збуцка.
Јас сум ептен збунета и не знам веќе што да правам. Не сум сигурна дали имам доволно млеко а он не може да исцица или немам доволно. Пијам чај и од Хип и од Алкалоид за доилки и сокови и вода прилично. Не знам што друго. Инаку денес ако пие само дохрана е ок а ако цица па пие дохрана брзо после тоа остава дел во шишето и прилично бљуцка после тоа (како фонтана млаз од уста му лета). Дајте некој совег или охрабрување.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 701
   RE: Доење
21.1.2016 16:58:11   
blue_blue
Kvisko, пробај на еден подој само да цица и тоа ако може од двете гради, а на следен дохрана, ако веќе ти рекле дека мора со дохрана. Можеби уште бема сила да цица доволно или пак брзо заспива. Ќе видиш сама дал ќе му треба дохраната по некое време. Јас колку што знам колку повеќе цица бебе толку повеќе имаш ти млеко. Не се секирај ќе фатите ред. Исто јас не би се замарала премногу со тоа колку качува на тежина, ако бебето си е смирено, си напредува, си јаде ...ич не би го носела по контроли. Тоа со млазот не знам зошто сите толку ги секира ама мене едново ми повраќаше така млаз после секое цицање +дохрана до некои 4-5 месеци и мене тоа не ме вадеше од памет, го сметав за нормално...па еве ја здрава права 7 ипол има ден не била отсутна од школо...така да не му се секирај..знам дека се во тоа ти е паметот и се правиш ко што треба. Детето само ќе си каже а ти ќе се прилагодиш.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 702
   RE: Доење
21.1.2016 19:05:34   
lolla RR
Kvisko, тоа што блуцка во млаз по дохрана зачи дека и е вишок. До 6 недели млекцето се регулира, дотогаш те ке чувствуваш дека ке ти пукнат градите, те дека нема млеко. Најважно е да го ставаш бебето секогаш кога ке покаже, даја врти глават према цице, да прави звук на шмукање, да пика раче, да е вознемирено. Бебе од 2 кг па и помалку се научува на цицање, може и твоето, верувај. И има финта како дохраната да ја укинеш многу брзо, после секој подој домолзувај се. Во фриз имај две шишиња, едно за млеко кое ке се лади и едно за оладено млеко. Гарант ке измолзеш и преку 100мл денеска така, па дохраната ке ја замениш со одмолзено млекце. Нема ништо похранливо од твојот колострум сега. А со зголемување на мл дохрана само ке се намалува твоето млекце. Тоа се совети од мене, со бебе од 2кг и дохрана од 1 недела.

И само упорно, на почеток е тешко но вреди. Само упорно на града и нека поцица добро од неа, помасното млекце доаѓа по некоја минута цицање.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 703
   RE: Доење
21.1.2016 22:19:04   
Hopeful RR
Квиско, се согласувам со сите овие совети. Две недели се многу малце за да се регулира лактација, и без нервози, ќе си дојде се на место. Само ставај го почесто на цице, менувај страни секогаш кога ќе ти изгледа дека е готов, пробувај и кога не си сигурна дали е гладен, не чекај ни да заплаче. А тоа што остава во шишенцето е добро, тоа значи дека е најаден.

Одмолзувај се после секој подој и тоа млекце дај му го после следното цицање. Јас така правев, и исто како Лола - двајца со по 2кг и нешто, со дохрана, па стигнавме до период во кој цицаа по пола саат секој и им беше доволно. Е сега кај мене дека двајца, кога пркнаа секако мораше дохрана, но тоа е друг муабет user posted image

Исто така, додека да се научи солидно да цица, не му ставај цуцла - ако си почнала, тргни ја овој период.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 704
   RE: Доење
22.1.2016 10:41:39   
sandriana RR
Дајте некој совег или охрабрување.

Сите совет погоре се на место.
Блуцкањето е и резултат на рефлукс, и е сосем нормално, ќе се регулира за некој месец.
Охрабрување од моја страна - УПОРНОСТ. Нека цица и на пола саат ако сака. нека траат и пократко, но често подоите - прилагоди се на неговите потреби и знаци.
Доењето е досадно и мачно за мајките, да бидеме искрени, но е најдобар избор за децата - така да само истрајност и упорност.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 705
   RE: Доење
22.1.2016 11:43:09   
lolla RR
Samo уште ова да додадам и мислам се е кажано, кога цица стискај ја градата како да се одмолзуваш додека цица, на тој начин ке му помогнеш да му тече поубаво млекцето. Те мислиме пишувај како оди.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 706
   RE: Доење
23.1.2016 12:50:46   
Kvisko
Фала ви на советите. Сега за сега гледаме што почесто на града иако не ни одговара постојано дс сме на града зашто тогаш мислимр дека градата е за спиење не за цицање па гледам на саат саат и пол да се доиме. Цица од едната па од другата града и дохраната сеуште не буни. Кога пие дохрана после не е мотивиран да цица па дојките се преполнуваат па му се тврди и не може убаво да фати зашто имам рамни брадавици и сеуште од време на време користиме силиконска брадавица. Ќе се научиме деновиве. Сега сум на мисла да мунпотскратам мулилитража од дохраната за повеќе да цица.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 707
   RE: Доење
23.1.2016 13:58:47   
Hopeful RR
Да, пробај намалувај малце по малце количина на АД со надеж да цица повеќе.

А ако градите ти се тврди, пробај одмолзи малце пред да му понудиш да цица. Јас имав таков проблем, огромна количина на почеток и се загрцнуваа, не можеа да цицаат. По кратко време, се поднамалува протокот и може нормално да цица.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 708
   RE: Доење
23.1.2016 14:07:19   
sandriana RR
Макар и да заспие на граада, мало е уште, има време за ред.
Ако забележиш дека е нацицан и заспан, само спушти го на кревет/креветче/релаксатор...што и да користите.
Досадна сум, ама пак ќе потенцирам - дур се воспостави ред, водете се по потребите на бебето, нека е често на града.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 709
   RE: Доење
23.1.2016 14:35:47   
lolla RR
И јас сум да си го оставиш да дремуцка на града, и јас го правев тоа, нема ништо лошо, важно е беб да е мирно задоволно. Никогаш немој да си помислиш дека градата е лажливка или цуцла за бебето, мајката си е поврзана со бебто баш преку градата. Градата не е само извор на храна, туку место каде бебе е безбедно, таму е топло, мириса на мама и го овозможува надлабокиот мир кој може бебе да го осети. Ред... тоа кога ке потпркне, дете се тренира не бебе.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 710
   RE: Доење
24.1.2016 16:16:36   
Kvisko
Lolla не е дека сакам да го тренирам туку кога го оставив на града цел ден до вечерта веќе не беше заонтересиран за јадење па самл се будеше ќе фати еднаш два пати и спиеше. Тогаш изеде и најмногу дохрана затоа решив да сменам малку пристап. Ќе видам што и како му одговара. Сега кига заспива му давам пет минути време да спие па го кревам да подригне па пак назад и ако пак заспие брзо го тргам од града и може да спие кожа на кожа на мене.
Трикот со одмолзување малку пред да цица пали сега за сега. Така и подобро ја фаќа градата.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 711
   RE: Доење
24.1.2016 20:43:15   
alexx87
здраво мамички.имам бебе 2 месеци и три дена user posted image .имам млеко премногу и се измолзувам и со шише му го давам на господинот мал ,оти несака да цица.До пред некој ден цицнуваше по малку и со градата се успиваме.но од вчера штом го ставам на града вришти страшно несака ни да ја мирисни а не па да цица а е гладен.а јас толку сакам да цица пробав и силиконски грепки,го оставав и гладен,пробав и со лажичка да давам, неуспешноuser posted image помагајте како да се научиме да цицаме.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 712
   RE: Доење
27.1.2016 16:43:53   
lolla RR
alexx би ти советувала да посетите педијатар кој ке види дали е правилна положбата на доење. Исто да знаеш дека во третиот месец имаат бебињата скок во развој и знаат недела две да одбиваат цицање. Пробај полузаспано или нерасонето да го доиш, пробај некоја друга положба и следи ги пелените дали се полни.

(Одговор на членот alexx87)
Непосредна врска до пораките: 713
   RE: Доење
27.1.2016 18:42:46   
lukajana RR
И јас би те советувала да пробаш да доиш додека спие и пробувај секако со лежење ,во рака било како и битно нека не те фаќа паника штом имаш млеко ке фати и ке цица сигурно што вика Lolla rr се работи за скок во развој

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 714
   RE: Доење
29.1.2016 3:08:52   
alexx87
vi blagodaram mnogu,pocnavme pak da cicame najverojatno bese skok vo razvojot koj traese 4-5 dena a mozebi i tekovnite nastani pravevme krstevka,pa vakcinata i se mu se izremeti t.e.i sega cicnuvame, se podlazuvame po nekoja minuta i odma zapivame:(...vtor den od koga ja kupiv el.pumpa i sum malku poodmorena zosto so racnata po cl den samo toa pravev...ama se sto mora ke pravime za nasite dusicki

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 715
   RE: Доење
29.1.2016 16:00:18   
Kvisko
Еве и од мене update. Вчера бевме на мерење и добро сме напреднале. Кажавме дека не сме пиеле многу дохрана и ни ја укинаа. Сега само цицаме.

(Одговор на членот alexx87)
Непосредна врска до пораките: 716
   RE: Доење
29.1.2016 18:24:12   
sandriana RR
Kvisko, одлична вест user posted image . Нека си цица колку сака момчето и нека напредува.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 717
   RE: Доење
29.1.2016 23:22:11   
Hopeful RR
Квиско, браво user posted image Како ви е доењето, по распоред или по желба?

Јас сум поборник на доење по желба, не на час, со сепак, максимум 4 часа размак за да не дојде до дехидратација. Ех, ми фали периодот кога само доев, кога не готвев и не трчав наоколу со тањирчиња и лажички... user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 718
   RE: Доење
1.2.2016 12:42:04   
Kvisko
Се доиме по желба ама на некој распоред оквирен. Гледам да не се подоите поблиску од саат време еден до друг зашто тогаш му прават проблем со мешето. Ноќе гледам да не поминат повеќе од 4 саати а преку ден сам бара на некои 2 саати да јаде (некогаш саат и пол некогаш три).

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 719
   RE: Доење
1.2.2016 15:08:21   
Hopeful RR
Супер, и ние имавме таква динамика. Со тек на време се навикнаа на 2 часа, и се уште знаат така да огладнат. Уживајте user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 720
   RE: Доење
1.2.2016 18:21:21   
lolla RR
Браво Квиско што сте само на цицање, веќе, цицкајте си и уживкајте. И кај нас беше така, претежно на саат ипол цицаше ко новороденче, потоа на 2. Некогаш се само жедни, некогаш многу гладни, они си знаат.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 721
   RE: Доење
3.5.2016 13:19:48   
Bea
Мами, моево бебе е 2.5 месеци, конечно фати града, ги мафнавме силиконските брадавици и дохраната и само цица.
Не знам дали има проблем, но детево цица 5 мин максимум 10 и толку. После се трга, плаче, нејќе...
Пробав разлилни положби, менувам гради, скроз во темница, со залажување - јок.
Се прашувам дали му е доволно. Кака 4-5 пати на ден златно-жолта кака, расположен е се смее си гуга. Дење дремнува неколку пати пократко, а ноќе врзува 3 саати. Не знам како е со грамажата, на контрола сме околу 10-ти, на домашна вага го мерам - качува, но не толку како со дохрана.
Денес нешто беше кенкав после подој од 5 мин, па за да тестирам му дадов шишене ад - на сила со плукање испи 20мл, а после почна да се гнаси од шишето.
Мислите ли дека може дете да се нацица за 5 мин? Може ли да е скок во развој на 2.5 месеци?

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 722
   RE: Доење
3.5.2016 16:40:06   
Kvisko
Можно е да е сит. И мојот тука некаде почна така да прави. Испадна дека е ок зашто си е ок околу саат и пол. Кога цица подолго бара пак за пократко време. Јас пробав и со силиконска кога почна така да прави кога рикна да плаче едвај го смирив. Ако добро напредува а ќе видиш на контрола тогаш е добро. Ако е кенкав може да не му е денот или да сака да го држиш или слично.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 723
   RE: Доење
6.5.2016 13:44:28   
lolla RR
Беа баш во третиот месец има голем скок па затоа може да одбива да цица, ама штом прегладни ке си се нацица. Веќе е голем, има повеќе сила и затоа си се нацицува за кратко време. На мерење ке видат како напредува, ако е ок, немаш место за грижа. Кај нас најдрастично беше околу шестиот месец, кога ке го ставев на града се вртеше и пиштеше, ама само упорно оти кратко трае.

Исто ке почне веќе помалку да качува на килажа, не е како првите месеци, важно е да има доволно број мокри пелени, да е расположен нели итн.... мајката најубаво си го знае бебето (додека не смени хаха).

< Поракaта ја уредил lolla RR -- 6.5.2016 13:46:30 >

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 724
   RE: Доење
6.5.2016 14:32:53   
Bea
Бевме вчера на мерење, не е сјајно - за 3 недели 450 грама, на минимум сме. Педијатарката ми рече да продолжам само со доење, па ќе видиме. Бебуш како што пишав си мокри пелени, си кака, си игра, гуга. Ноќе супер цица, ама дење борба секој подој.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 725
Страница:   <<   < Претходна страница  26 27 28 [29] 30   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  26 27 28 [29] 30   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?