|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  25 26 [27] 28 29   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Доење
25.1.2015 20:16:39   
Slonceo1
Mamicki vaka vcera ne opustija od bolnica. Momata mi ima namaleno 180grama. Sega se doime no odma posle 5 min 10 doenje pocnuva da spie. Prima li dovolno mleko? A koga ja doam me boli malku. Kupiv mast lea mamma no nz dali ke ima efekt od nea ili od nes drugo user posted image

(Одговор на членот sonc90)
Непосредна врска до пораките: 651
   RE: Доење
26.1.2015 10:42:50   
Felly RR
Слонче, за тоа што намалила во тежина, не се секирај, сите кога ги пуштаат од болница имаат намалено, мојата мислам дека и повеќе од 200 гр дури. Е сега ако дома си спие и е мирна, најверојатно и е доволно. А на колку време ја доиш? И колку време си спие одкако ќе ја надоиш? Ако сметаш дека е кратко времето на доење, подразбуди ја, размрдај ја малце. НО ако не и е доволно, сама ќе ја сетиш, ќе биде разрдазлива, плачлива и сл.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Slonceo1)
Непосредна врска до пораките: 652
   RE: Доење
27.1.2015 16:34:44   
Slonceo1
Ja doam okolu 15 min, posle zaspiva i posle 15 min pak se budi, Denes bevme na doktor se e vo red, od sabotata do sega ima kaceno 125 grama. Non stop ja doam, ama ne mi e problem user posted image eve zaspa pred 2,3,saata i ja nema da se razbudi user posted image se izmorela sigornouser posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 653
   RE: Доење
27.1.2015 22:58:09   
lukajana RR
Штом ти спие толкав период значи е најадено и плус ти качила на килажа.На почетокот така ке цица па ке заспие па пак ке бара да цица ама со време ке дојдете то тие три часа размак меѓу цицањето,кога ке стекне брзина и рутина сега е уште мало нема доволно сила

(Одговор на членот Slonceo1)
Непосредна врска до пораките: 654
   RE: Доење
6.2.2015 9:02:02   
Felly RR
Постовите за тетрапак млеко се префрлени во соодветната тема. КЛИК

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 655
   RE: Доење
30.3.2015 20:32:50   
hopeless
Ќерка ми е 12 месеци и уште се доиме и планирам до 18, ако не и повеќе.
Кога се роди, скоро две недели не напредуваше бо килажа и една недела давав АД, два пати на ден.
Но бев упорна и продолживме да цицаме, го исфрливме АД, и почна да си напредува супер.
Така да мајки само упорно, не се откажувајте.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 656
   RE: Доење
12.4.2015 9:52:56   
kokicekokice
Mamicki, dali bez iskluchok posle sekoe doenje gi potkrevate bebusite da zdrignat? Nekako imam chustvo deka go budam koga go pravam toa...I dali ako ne e zdrignato I go legnam, a toa bljucne mlekce znaci deka e najadeno I go isfrla visokot ili deka ne e zdrignato?

(Одговор на членот hopeless)
Непосредна врска до пораките: 657
   RE: Доење
12.4.2015 12:38:45   
Snowhite RR
Не мора после секое доење, ако е заспано остави го не го буди, тоа ако му дојде за ждригнување ќе се разбуди само, тогаш поткрени го и после пак легни го да си продолжи со спиење. Само легни го малку на повисоко со главчето, за ако поврати да не го голтни да се закашла

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот kokicekokice)
Непосредна врска до пораките: 658
   RE: Доење
12.4.2015 13:13:23   
lukajana RR
Kokicekokice јас не ја кревам да ждригне на секое цицање посебно ноќе пробав така ама ми се буди и се откажав ама нема некој проблем да ја боли меше или така ама сепак моево е поголемо незнам твоето колкаво е .
А кога се породи не си пишала или јас не сум видела?

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 659
   RE: Доење
12.4.2015 14:17:54   
kokicekokice
Se porodiv pred dve nedeli, ama nemam mn vreme da pusuvam od moevo zverche :) Sega borba vodime dalI imam dovolno mleko da go najaduvam ilI ke odime so dohrana...

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 660
   RE: Доење
12.4.2015 23:34:27   
Neurotoxin RR
Пиј вода и ставај го често на града, ќе имаш млеко, ако го ставиш на дохрана уште помалце ќе биде, дури пробувај да се измолзуваш со цел да се лачи повеќе, не се откажувај, целото доење е природен процес, само кај стресена жена и дете кое нема „желба“ да го доразвие рефлексот за цицање може да се случи да се намали количината на млекото. Колку повеќе цица, толку повеќе млеко ќе имаш, само пиј вода и јади благо за енергија.

(Одговор на членот kokicekokice)
Непосредна врска до пораките: 661
   RE: Доење
12.4.2015 23:39:24   
Neurotoxin RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Mamicki, dali bez iskluchok posle sekoe doenje gi potkrevate bebusite da zdrignat? Nekako imam chustvo deka go budam koga go pravam toa...I dali ako ne e zdrignato I go legnam, a toa bljucne mlekce znaci deka e najadeno I go isfrla visokot ili deka ne e zdrignato?


Блуцкањето, е враќање на содржината од желудникот зашто кај нив до третиот може и до шестиот месец, не се затвора желудникот со хранопроводот и затоа може да се врати храната. Алармантно е кога враќањето е во млазеви. Пробувај вака, кога ќе престане да цица, и кога ќе го враќаш во креветче, крени го вертикално, ако за тој период не ждригне легни го слободно. Не секогаш се полнат со воздух, собено не навечер кога цицањето е посмирено.

(Одговор на членот kokicekokice)
Непосредна врска до пораките: 662
   RE: Доење
13.4.2015 22:41:41   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

Пиј вода и ставај го често на града, ќе имаш млеко, ако го ставиш на дохрана уште помалце ќе биде, дури пробувај да се измолзуваш со цел да се лачи повеќе, не се откажувај, целото доење е природен процес, само кај стресена жена и дете кое нема „желба“ да го доразвие рефлексот за цицање може да се случи да се намали количината на млекото. Колку повеќе цица, толку повеќе млеко ќе имаш, само пиј вода и јади благо за енергија.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

Пиј вода и ставај го често на града, ќе имаш млеко, ако го ставиш на дохрана уште помалце ќе биде, дури пробувај да се измолзуваш со цел да се лачи повеќе, не се откажувај, целото доење е природен процес, само кај стресена жена и дете кое нема „желба“ да го доразвие рефлексот за цицање може да се случи да се намали количината на млекото. Колку повеќе цица, толку повеќе млеко ќе имаш, само пиј вода и јади благо за енергија.

Освен што тρеба да пиеш течности моρаш и да јадеш, мене таκа ми κажуваа на болница κога се поρодив, аκо само пиеш вода таа ќе ја измочаш, моρаш и да јадеш за да водата се пρетвоρи во млеκо, таκа ми велеа. А можеш и да го земеш чајот за доилκи од билна аптеκа, мене тој ептен ми помогна. Биди упоρна и не се отκажувај ниκаκо, мене на 3 месеци многу ми се намали млеκото, ама бев упоρна и си го вρатив и ја доев до 13 и пол месеци. Исто таκа немој да се неρвиρаш зашто тоа многу влијае дали ќе имаш млеκо или не, за жибците можеш да пиеш бедоκсин
Сρеќно :)

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 663
   RE: Доење
14.4.2015 0:35:21   
Neurotoxin RR
Точно, важна е и исхраната, направи си некој редослед на внесување на храна, земај што повеќе јаглехидрати од тестенини, земај б витамини, внесувај скроб (ориз, компир) протениска исхрана но внимавај со алергиите. Чајот земи го обавезно како поддршка ем за течности ем за да неутрализира она што може да му предизвика грчеви. Претходниот одговор ми беше итна интервенција, зашто ми зазвуче на дехидрирана доилка :) башка тазе ти е се и не можеш на се да мислиш. Шишето вода, чајот и планирани оброци. И одмор, многу одмор. Сега си доилка на новородено, никој нема да замери што не е чисто, и што нема ручек. Одмарај и дои :) секое добро

Да се надополнам, чајот на алкалоид за доилки сега е достапен во сите аптеки, во лименка измешан, дури мислам дека е инстант, ама не ме фаќајте за збор, ја немам отворено лименката. А имаш и други чаеви, од сите што ги пробав на хумана чајот за доилки ми се виде највкусен и најисплатлив економски а и најмалку досаден. Сега има и таблетки, ако несакаш да пиеш чаеви, само течностите ќе мора да ги надокнадиш

< Поракaта ја уредил Neurotoxin -- 14.4.2015 0:39:04 >

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 664
   RE: Доење
14.4.2015 17:35:06   
nataly86
Околу млекото и надоагањето имам само еден совет- јади пиј течности и одмарај...за нервоза обавезно бедоксин...
јас немав многу млеко од старт а немав ни дете до мене за стимулација се трудев со одмозлување успеав 3месеци и нешто да одржам..но едно знам дека најмногу млеко ми наогаше кога ке ми кажеа добра вест за моите бебиња user posted image

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 665
   RE: Доење
14.4.2015 20:58:29   
sandriana RR
Чајот за доилки во лименка не е инстант, само е готова мешавина, за разлика од оној од билна, каде се посебни билките спакувани па треба сами да ги мешате.
Јас секогаш го препорачувам, многу благодет од него имам видено.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 666
   RE: Доење
14.4.2015 22:37:12   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
Јас секогаш го препорачувам, многу благодет од него имам видено.

И јас исто таκа, отκаκо ми го κажа sandriana rr, сеκогаш го пρепоρачувамuser posted image


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 667
   RE: Доење
15.4.2015 12:26:59   
lukajana RR
И јас пиев чај за доилки од билна, многу ефикасно мене многу ми помогна и пиев многу боза ,со тоа успеав да одржам лактација до 7 месеци иако Л воопшто не цицаше но јас му измолзував млеко и му давав од шише и додека имав млеко АД не сум давала

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 668
   RE: Доење
17.5.2015 12:45:01   
blond
Јас пак имам проблем со ептен голема лактација и максимално избегнувам течности, морам да се измолзувам инаку градите ќе ми експлодираат.
Знам сега додека е мало бебе вака ќе биде, после ќе цица повеќе и таман ќе се балансира.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 669
   RE: Доење
18.6.2015 20:02:32   
marijana.ma4e
sakam da mi kazete imam 6 mesecno bebence me interesira kako da go odviknam od doenje mi e strav a go pothranuvam poleka dali ako go namalam doenjeto gradite ke mi bidat polni ili pozdrav i cekam odgovor

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 670
   RE: Доење
18.6.2015 20:21:24   
Neurotoxin RR
Маријана, ако имаш причина да го одвикнеш тогаш во ред, али ако остануваш дома, не го одвикнувај, продолжи со доењето.
Јас мојата ја оставив на 7 месеци, на осум сама ме одби, се намалија подоите зашто не бев физички присутна, на работа, ќе почувствував малку неугодност во градите кога ќе ми дојдеше млеко, ама не беше страшно. И за многу кратко време, како она престана, за една недела немав ни капка млеко, а ни проблеми. Без лекови, може да се одвикнеш само ако физички не си присутна. Така и полесно ќе си почне да си пие ад, ако не те гледа, а некој друг му нуди шише.

Уште еднаш, ако немаш некоја причина, од типот да се вратиш/тргнеш на работа, не го одбивај.

(Одговор на членот marijana.ma4e)
Непосредна врска до пораките: 671
   RE: Доење
19.6.2015 13:25:29   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Чајот за доилки во лименка не е инстант, само е готова мешавина, за разлика од оној од билна, каде се посебни билките спакувани па треба сами да ги мешате.
Јас секогаш го препорачувам, многу благодет од него имам видено.


Sandriana, me interesira mila cajot.
Kade da kupam, tokmu toj vekje izmesaniot, kako se vika?

Mi zdosadi voda i sokovi, sokovite sakam i da gi isfrlam, a da ne sum samo na voda. Dali isto cajot pomaga i pri eventualnite grcevi kaj bebeto?


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 672
   RE: Доење
19.6.2015 13:31:22   
vezilka RR
Помага Betany. Чајот го има во билните аптеки, мажле конкретно го купуваше од билана кај КЈУБИ што е, ќе побараш мешавина за доилки и тие ќе ти дадат. Прај го одвечер и нека ти се излади преку ноќ, ладен е многу убав, како леден чај. Јас лани лето се утепав од пиење. Помага и при лактација.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 673
   RE: Доење
19.6.2015 13:47:06   
Bethany
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Помага Betany. Чајот го има во билните аптеки, мажле конкретно го купуваше од билана кај КЈУБИ што е, ќе побараш мешавина за доилки и тие ќе ти дадат. Прај го одвечер и нека ти се излади преку ноќ, ладен е многу убав, како леден чај. Јас лани лето се утепав од пиење. Помага и при лактација.

Super. Fala. Poracano vekje :)


< Поракaта ја уредил Bethany -- 19.6.2015 13:53:49 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 674
   RE: Доење
19.6.2015 14:05:11   
sandriana RR
Чајот се пие 1 литар дневно, и ако пиеш 1-2 литри вода дневно, 1-2 чаши јогурт или млеко, и сосем доволно течности се user posted image
Јас сок додуша пиев по 1-2 чаши дневно, ради потребата од шеќери и енергија, ама ги откажав после некој месец. Се што е повеќе од умерено е проблем, инаку малку џусче не е на одмет user posted image .

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 675
Страница:   <<   < Претходна страница  25 26 [27] 28 29   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  25 26 [27] 28 29   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?