Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Вештачко оплодување VIII дел 20.6.2016 22:15:02
Hopeful RR
gordana123, се е нормално. Бременост може и да има, и да нема симптоми, посебно после ивф, така што опушти се. Биди оптимист и чекаме тест! Ајде со среќа
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
RE: Вештачко оплодување VIII дел 21.6.2016 11:56:55
LoveableMe RR
gordana123, ништо не е сигурно дури не го видиш тестот, немој џабе да си бараш симптоми, многу се различни кај сите. Те чекаме кога ќе правиш тест, позз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Вештачко оплодување VIII дел 23.6.2016 19:50:42
Soned1
gordana 123 треба да се јавиш кај докторот што ти правеше ин витро или кај сестрата, може и кај матичниот и да им кажеш дека имаш розово истекување. Би требало да ти дадат прогестерон инјекција. Ако било смо тоа, без обилно крварење, може да не е страшно. Како што прочитав имаш 3 ембриони, можеби еден од нив отишол но другите два се тука, а може и сите три се уште тука..не паничи туку веднаш бво такви ситуации јавувај се и оди на лекар. Се надевам се е ОК..со среќа
RE: Вештачко оплодување VIII дел 24.6.2016 13:15:14
kik@
Gordana123 bas mi e zal ama eden naj prijatelski sovet da go smenis doktorot,od moe licno iskustvo ti kazuvam, vidi pobaraj I razgovaraj I so drugi doktori, sovetuvaj se. Od srce ti posakuvam se najdobro.
_____________________________
Ne pravi im go na drugite ona sto ne sakas tie da ti go napravat na tebe.
RE: Вештачко оплодување VIII дел 24.6.2016 13:47:25
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: gordana 123
RR se javiv kaj sestrata od plodnost i mi rece da ja prekinam terapijata posto napraviv test negativen bese i mi rece bidi zdrava i ziva pak ce dojdis
gordana123, дали правеше домашен тест или преку крв? Ако си правела домашен тест, рано ти е и можно е да не ти е точен, бидејќи според списоков мислам дури на 28-ми треба да правиш тест.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Вештачко оплодување VIII дел 24.6.2016 18:18:18
gordana 123
Dasen test pravev ne e zq na 28 tulu za na 25 oti na 14 mi bese transero i fvanase dena od transvero mi tekoja posto mi dojde ko kafeno a uste eve nejci da mi probija sestratai rece terapijata da ja prekinam oti nalo nisto
RE: Вештачко оплодување VIII дел 25.6.2016 0:32:30
Soned1
gordana 123, јас мислам дека треба да направиш и тест преку крв за да биде 100 % сигурно дека е негативно. Не сакам да ти давам лажна надеж, можеби навистина нема бременост, но ми изгледа малку неодговорно од страна на сестрите така да те советуваат преку телефон, без тест преку крв да прекинуваш терапија...види ако не отиди кај матичниот, он нека ти даде упат за бета или пак отиди провери приватно. На крајот на краиштата, ќе видиш и колкава е бетата, тоа може понатака како информација да користи, доколку нема бременост да се знае на пример дали имало биохемиска или немало воопшто...
Јас секако повеќе сакам да се смени целата ситуација и да излезе дека имало покасно имлантација и дека си бремена, но секако мислам дека треба да направиш тест преку крв.
RE: Вештачко оплодување VIII дел 25.6.2016 10:05:43
Bebusko3
Здраво ,ве следам веке подолго време ми помогнавте за многу прашања,пред се на сите да ви посакам да си бидете со Бебушки во рацете .Да се представам веке 4 години се обидуваме за бебенце со мм но никако до сега не сум останала.Ова ми е прово инвитро денес ми е 6ти ден од трансфер инаце правев со замрзнати ембриони заради тоа сто имав полип кој бесе многу мал на поцетокот но потоа се зголеми и морасе да се одстрани хистероскопски.Месец мај ја примав терапијата и правев пункција а овај месец бесе трансферот.Со терапијата немав проблем бев со долг протокол примав прво по еден фостимот 2 дена потоа по 2 и последниот ден по 3 заедно со суперфакт по 0.5.Имав 14 јајцеклетки од кои 8 се оплодија и на крај 7 останаа и сите ги замрзнаа.Ми вратија само 2 а 5 останаа замрзнати.За дијагноза имам висок пролактин за кој пијам бромергон веке 4 години кој е во нормала со него,потоа некои ми викаат дека имам полицистицни јајници некои не,мажот ми е добар имасе некоја инфекција на поцеток но ја излечи.Имам правено од испитувања ХСГ ,брисеви хормони,офисхистероскопија,сега и хистероскопија 4 инсиминации.Пред да почнам со постапката ми казаа дека овие 2 недели се најтешки и навистина биле во право,јас не верував оти сепак секој ден се боцкаш па јас од Битола доагавме Скопје во систита кај ДР Митко Ивановски од кој сум многу задоволна..не верував оти имам многу страв од игли мислев дека тешкото помина но ова е потешко .Извинете на долгиот пост ама сакав колку што мозам повеке да напишам за моето искуство...
RE: Вештачко оплодување VIII дел 25.6.2016 10:18:17
bitolcanka82
Bebusko3 ti posakuvam sreka i pozitivna misla periodov.Daj boze da se zavrshi dobro.Ja imash mojata prikazna a sega veke imam 4 mesecni bliznacinja, vo racete na odlicen doktor si samo bidi pozitivna i se ke se zavrshi odlicno.Pozz i pishuvaj da znaeme sho i kako
RE: Вештачко оплодување VIII дел 25.6.2016 10:25:02
Bebusko3
Живи и здрави да ти се,се надевам дека и јас ко тебе ке ја имам таа срека и благослов.Ме копка една работа дали е рано да направам домашен тест на 11ти ден од трансфер сакам и од причина дека неизвесноста ми е многу тешка а и на мм му е роденден баш тогаш и правиме четири години од брак па убаво ке биде да се израдуваме на тој ден ама не знам сто да правам оти од тие тестови негативни најтешки ми биле...Дали е рано 11ти ден или?Совет..
RE: Вештачко оплодување VIII дел 25.6.2016 14:55:16
gordana 123
so sreca bebusko3 jas gotovo ja prekinuvam terapijata proveriv i bhg e 0.100 znaci nisto ne ostanalo od embrioncinjata vi posakuvam na site so pocnuvate uspeh i se razbira slenit pat povece sreca so nov doktor i vo dr klinika
RE: Вештачко оплодување VIII дел 25.6.2016 17:27:19
Bebusko3
Многу ми е жал Гордана ..Немам дури ни зборови како да те утешам.Јас ете само читам и споредувам и јас вчера сабајле кога отидов во вц па да кажам неколку дена имав запек и на тоалетната имав бело густо и многу малку розе но помислив дека е тоа од кринон гелот и дури се израдував за розевото оти нели викаат на 5 ти ден треба да има спотинг но сега некако ме фака страв дали може некој да сподели искуство слично на ова?инаку од терапија примам естрофен 4*2 аспирин 100 кринон гел навечер прогесѕерон депо на 4 дена по половина ампула и декортит 2*1/2 и бромергон 1/4..ако може некој да каже за искуство со кринон гел дали и кај вас имаше така бело оти тоа само вчера ете себес ништо немам ниту пак претходно.Ви пожелувам на сите успех...
RE: Вештачко оплодување VIII дел 25.6.2016 18:36:42
gordana 123
bebusho3 mislam deka taka treba so klinon gelo kako so citam oti jas nemam iskustvo so nego jas imav sosema promasena terapija sega i pred hodniot pat vo plodnost so proluteh ampula edna na sabajle vo stomak aspirin100 folna kiselina 1x1 proginova3x1
RE: Вештачко оплодување VIII дел 28.6.2016 0:04:44
Pinky30
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bebusko3
Многу ми е жал Гордана ..Немам дури ни зборови како да те утешам.Јас ете само читам и споредувам и јас вчера сабајле кога отидов во вц па да кажам неколку дена имав запек и на тоалетната имав бело густо и многу малку розе но помислив дека е тоа од кринон гелот и дури се израдував за розевото оти нели викаат на 5 ти ден треба да има спотинг но сега некако ме фака страв дали може некој да сподели искуство слично на ова?инаку од терапија примам естрофен 4*2 аспирин 100 кринон гел навечер прогесѕерон депо на 4 дена по половина ампула и декортит 2*1/2 и бромергон 1/4..ако може некој да каже за искуство со кринон гел дали и кај вас имаше така бело оти тоа само вчера ете себес ништо немам ниту пак претходно.Ви пожелувам на сите успех...
Imas odlicna terapija i jas ja imab istata so toa sto mesto progesterob depo primav prolutex no napravuv alergija i mi gi zameni so dabroston...za grutkite i jas imav od Crinon gelot ne se plasi jas nasabajle stavav i progesteron inekcija i crinon sabajle navecer i imav pozitiven test..zatoa glavata gore imas super terapija samo smireno i pozitivno i se ke bide...ovoj moj posleden pat bas bev pozitivna i ete uspeav no mojata srekja bese za kratko no toa e zivotot ideme ponatamu...zatoa samo pozitivno i da me izraduvas so visoka beta
RE: Вештачко оплодување VIII дел 28.6.2016 19:12:34
Bebusko3
Многу ни е жал што така испаднало но нема одкажување.Фала за подршката и убавите желби се надевам дека Бог ке не слушни сите и ке ни подари ангелчиња.Во овие 4 години мислам и цел мој живот сум си по природа позитивна дури мм ми вели дека сум премногу оптимиста за се наоѓам решение но сега се плашам само од разочарувањето ако не биде оти знам дека ке биде големо.Се распишав јас ...
RE: Вештачко оплодување VIII дел 4.7.2016 14:49:34
Hopeful RR
Bebusko3, добре ни дојде и ти посакувам среќа каква што имав јас - прво ивф успешно со здрави прави близнаци Терапијата ти е супер, се си е таман и ќе мора да бидеш потрпелива - 11 ден е прееерано за тест Мене ми рекоа на 15 ден, направив на 16 бета хцг. Проблемот со прераните беат тестови е што може да го детектираат хцг-то од стимулациите, што е големо разочарување во случај кога нема бременост. Затоа, прославете си го роденденот со голем оптимизам и позитивна енергија, а тест направете неколку дена подоцна. Така ќе бидете посигурни во резултатите. Со среќа и пиши ни!
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
RE: Вештачко оплодување VIII дел 6.7.2016 18:57:10
vaska05
i jas go imam istiot problem jas baram za mene donator na jajce kletki Ve molam dokolku nekoj ima informacii ili saka da donira neka go spodeli toa so mene.BLAGODARAM