Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 8.5.2016 23:19:56
mimidjon
Тaкa е Миличкa ништо лoшo немa дa се случи,мисли позитивнo,јaс нa 14 денa прoверувaм a бaш ке видaм сега и нa кoнтрoлaтa шo резултати нa делo ке има,кoлку ти е дозата 0,4 нa ден ли?Oпуштенo.и.пoзитивнo,мисли си штo ке купиш зa бебушoт кaкo ке гo oблечеш ...се ке се среди сегa медицината е нaпреднa не оставаат нa случајност дoктoрите
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 9.5.2016 0:23:29
nina.darko
Здраво мешиња :) Не сум пишала до сега во оваа тема но редовно ве следам.. Сега сум 28+2 втора бременост и со многу компликации кои ми се јавија откако влегов во 24та недела.. Од тогаш па наваму константно јас крварам а овие денови баш интензивно како прв ден менструација.. До сега три или четири пати сум била да видам од каде е е крварењето.. Се си е супер со бебето, плодова вода супер, плацента супер, абдоменалниот серклаж си држи, затворено се, а јас си крварам... Стварно не ми е јасно... Дали на некоја рингерајка и се има вакво нешто случено? Нека сподели некоја искуство.. Поздрав и чувајте се мешковци
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 9.5.2016 10:12:50
LoveableMe RR
нина.дарко, една моја другарка го имаше тој проблем и истера бременост, се породи без никакви проблеми... е сега после години кога отиде кај добар гинеколог, и кажа дека има мал септум и миоми на матката....не знам дали е кај тебе тој случај, но консултирај се со квалитетен доктор....
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 9.5.2016 12:22:49
nina.darko
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR
нина.дарко, една моја другарка го имаше тој проблем и истера бременост, се породи без никакви проблеми... е сега после години кога отиде кај добар гинеколог, и кажа дека има мал септум и миоми на матката....не знам дали е кај тебе тој случај, но консултирај се со квалитетен доктор....
Фала ти многу за одговорот LoveableMe, малку ме утеши затоа што јас не сум слушнала дека има и ваков случај. А другаркати имаше баш пбилно крварење или? Извини вака што те гњавам ама ептен сум уплашена.. Инаку одам кај Др. Панчевски во Систина и он ме гледаше на ехо и вагинално и се си е ок.. Поздрав
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 9.5.2016 18:20:36
LoveableMe RR
nina.darko, дa, имaше oбилни крвaрењa вo текoт нa бременoстa. Вo дoбри рaце си, дoктoрoт е супер стручен штo требa ќе нaпрaви. А ти слушaј гo штo ти кaжувa, пoзз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 10.5.2016 23:20:15
Kvisko
Ivoni4ka бебето сњ збуцкува со повеќе протеини. Јас за да го збуцкам јадев по едно јајце дневно. Кај мене беше помало за околу недела до две во 27/28 недела за во 32 да си биде таман. Продолжив до крај со јајцата и родилната тежина му беше 3360.
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 12.5.2016 11:27:48
kuklicka30
Mamicki eve me i mene krvnata slika ne e bas najdobra piam panklav za nekoa si bakterija vo mokraca,plus mi dadoa i apcinja za zelezo piam caj od kopriva i brusnica i sakam da ve prasam imam uste 4 kleksan inekcii i pak treba da ispitam dimeri kaj nas ne sjm zadovolna imam razlicbi rezultati pa zatoa sakam vo skopje vo drzavna da ispitam dimeri na transfuzija me interesira dali se plaka tamu i kolku ako znae nekoa od vas i dali odma posle trrapijata so kleksan ispituvavte pak dimeri
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 12.5.2016 11:39:18
scared RR
Не се плака ништо со упат од матичен гинеколог и шифра за бременост. Само спреми се да чекаш, невидени гужви се и трудници немаат предност. Еве денес мајка ми ми носеше крв за д димери и срека што имаме познати сестри што работат таму, инаку...две трудници викале дека чекаат со саати, а таа од шалтер прво ги вика другите место трудници. Така да ако доагаш немој сама да си.
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 14.5.2016 9:26:42
scared RR
Еве не и нас тука 26+2 Мажето мое пораснало и е 950 грама Свртено е карлично, ама има време ке видиме како ке е понатаму, само да издржиме до крај. Стандард срамежливо си беше, раце па дури овој пат и нозе пред лице, нејке да се слика никако
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 23.5.2016 12:24:03
*devojce*
zdravo trudnickiii eve stignav i jas do 27 nedela pa da se prijavam.Konecno go doznavme polot pak e masko :) na poslednata krvna slika imav seker 6 ama ic ne mi se odi na ona ispituvanje...
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 1.6.2016 22:00:26
bebea
Јас сум веќе 40 недела , денес добив слаби болки, бев кај матичниот гинеколог ми рече да почекам да добијам јаки болки и на помали интервали ... веќе цел ден ја имам истата таа болка не знам уште колку да чекам за да одам во чаир , на 20 минути сњ болките и не многу јаки . Збунета сум не знам што да правам :)
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 19.7.2016 11:28:38
Sanjita
ИЗВОРНА ПОРАКА: nina.darko
Здраво мешиња :) Не сум пишала до сега во оваа тема но редовно ве следам.. Сега сум 28+2 втора бременост и со многу компликации кои ми се јавија откако влегов во 24та недела.. Од тогаш па наваму константно јас крварам а овие денови баш интензивно како прв ден менструација.. До сега три или четири пати сум била да видам од каде е е крварењето.. Се си е супер со бебето, плодова вода супер, плацента супер, абдоменалниот серклаж си држи, затворено се, а јас си крварам... Стварно не ми е јасно... Дали на некоја рингерајка и се има вакво нешто случено? Нека сподели некоја искуство.. Поздрав и чувајте се мешковци
Можеби имаш матка бикорнус (две матки), и јас крварам, ако не ти ја нашле до сега сега па ич нема да ти се гледа. Јас сум 23+2 и не ми се гледа втората матка, а си крварам секој месец. Можно е и од полип да крвариш, јас го имам и тој проблем , па си крварам и од едното и од другото.
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 6.8.2016 14:02:43
Neurotoxin RR
Еј како сте големи стомачиња? јас еве многу голема влагам во 35-та недела. Немам многу време за на нет и компјутер, сега искубав 5 мин, од 15-ти земам боледување па можеби ќе имам повеќе време да пишувам и да ве читам. Јас бев на контрола, пак иста песна високи леукоцити, па мораше антибиотик, отоци и мнооооогу голем стомак. бебето несака да се сврти сеуште со нозете ме копа долу што искрено некогаш страв ме фаќа. Пишете како одат ваште контроли, како на жешково?
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 6.8.2016 16:11:54
scared RR
Здраво и од мене. 38+2 денес, со помош на медицината и господ успеавме до навидум невозможното. За некој ден се гледаме со синко. Првото цтг го имав на 35+1 потоа еднаш неделно, сега на два три дена правам и стандард ехо. Стандард до пред три недели испитував комплет крвна слика, д димери и хемостаза превентивно, уринарен статус и уринокултура. И така :) со лесно да ни е на сите
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 9.8.2016 11:02:29
Neurotoxin RR
Scared баш те милсев тебе, ептен супер сте дотуркале, браво. Ти посакувам лесен и брз пораѓај, а за после се знае дека следи најубавиот период. Се најдобро. Мене сега ми следат тие испитувања штом влезам од наредна недела во 36-та, почнувам и јас на клиника со прегледи таму.
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 9.8.2016 12:02:32
tanjakr
Мамички ја сум 26+3 и ептен како да ми се смени организмот како да неможам воздух да земам,како да се гушам,болки на брадавиците на дојките и нагло клокотење на цревата и покрај тоа не сум гладна. Дали некој имал слични симптоми ? А у меѓувреме до четврток морам да чекам за преглед кај матичниот ми рекоа од болницата дека имам инфекција бидејќи чуствувам печење,болки во долниот дел и зголемен секрет.Дали е можно да е до тоа ? Многу се плашам за малово да не му биде нешто ...позз
< Поракaта ја уредил tanjakr -- 9.8.2016 12:03:34 >
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 11.8.2016 12:28:49
em43
zdravo mamicki kako ste? jas sum 36+3 dena i sakam edno mislenje i od vas pred dva dena bev na kontrola kaj maticniot ginekolog i mi kaza deka bebusot e tezok 2.380 i rece deka za nedelata e pomal sto mislite vie? dali e vo red tezinata ili?///?a i dolu osekam peckanje i cesanje i mi prepisa nekoi vagiletitki i mi rece deka ne bilo nisto stasno i nemalo da mu nasteti na bebeto pozdravvvv
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 12.8.2016 9:30:15
Neurotoxin RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: tanjakr
Мамички ја сум 26+3 и ептен како да ми се смени организмот како да неможам воздух да земам,како да се гушам,болки на брадавиците на дојките и нагло клокотење на цревата и покрај тоа не сум гладна. Дали некој имал слични симптоми ? А у меѓувреме до четврток морам да чекам за преглед кај матичниот ми рекоа од болницата дека имам инфекција бидејќи чуствувам печење,болки во долниот дел и зголемен секрет.Дали е можно да е до тоа ? Многу се плашам за малово да не му биде нешто ...позз
Tanjakr во однос на симптомите што ги имаш пишано погоре сметам дека е до положбата на бебето, најверојатно се обидува да се сврти (ако не е веќе свртено) па така притиска на дијафрагмата (неможноста да змееш воздух) болките на брадавиците се нормални, се спремаат. Во однос на инфекцијата, мора што побргу да се реши, ако не стигнеш кај матичниот оди кај замената и објасни ја ситуацијата, не дека нешто страшно одма може да се случи, сепак треба да се санира.
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 12.8.2016 9:38:15
Neurotoxin RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: em43
zdravo mamicki kako ste? jas sum 36+3 dena i sakam edno mislenje i od vas pred dva dena bev na kontrola kaj maticniot ginekolog i mi kaza deka bebusot e tezok 2.380 i rece deka za nedelata e pomal sto mislite vie? dali e vo red tezinata ili?///?a i dolu osekam peckanje i cesanje i mi prepisa nekoi vagiletitki i mi rece deka ne bilo nisto stasno i nemalo da mu nasteti na bebeto pozdravvvv
Em43 овој начин на мерење на тежина на бебето не е прецизен и точен, има варијации секогаш, а тежината е супер, и да е точна, не е тоа големо отстапување. Мене на пример прошлата недела во 34-та ми вика дека тежи 2320, а по димензии е помало за една недела, а до тогаш беше со некој ден понапред. Неможев да си објаснам како детево престанало да расте, а килажава е баш ко за неделата. Но и тој ми рече дека во таа недела, неможе прецизно да ги земем мерките, бебето е активно, стуткано, нема убав преглед и да не се секирам, секако дека ме прати на испитување на трансфузиологија, мада јас и онака си имам мака со отоците, па ќе видиме дали се храни доолно, иако јас сметам дека се е во рд и дека тоа се грешки кои мора да се земат предвид при овие испитувања. Не се секирај во однос на килажата, јас сметам дека е ок. За инфекцијата штом си покриена со вагиналетки биди мирна, само следи ситуација за понатаму зашто си при крај. А брисеви не ти зема? Нели во 36-та треба брисеви да се земаат?
RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ... 14.9.2016 10:57:37
tanjakr
Стомачиња,сега сум 31+5 и неможам да спијам од киселини,гадење дури до повраќање.Ова не ми се случуваше на почеток и сега мака мачам со тоа и ми се намалува апетитот.На крвната слика се покажа дека железото и хемоглобинот се под нормална граница и ми препишаа хеферол капсули.Дали некој до сега ги пиел и има искуство со нив ? А стравот е секако присутен,што,како ќе биде ...