Палешка РР
|
Абортус - НЕ! Абортусот е најпопуларна метода за прекин на несакана бременост меѓу Македонките. Наместо да побараат контрацептивни средства или на друг начин да се заштитат од непланирана бременост, девојките и жените во земјава забременуваат, па потоа бараат начин да ја сменат таквата состојба. Податоците од Републичкиот завод за здравствена заштита покажуваат дека во 2005 година се регистрирани вкупно 6.436 абортуси, што претставува 28,3 абортуси на 100 породувања. Бројката за прекини на бременост минатата година е речиси приближна, но точните статистики се уште не се готови. Од РЗЗЗ велат дека во 2005 година во советувалиштата за планирање на семејство се издадени вкупно 12.286 контрацептивни средства, од кои 56 отсто се за орална контрацепција, а 28 проценти се други локални средства. Она што загрижува е дека само 9,9 отсто од вкупно регистрираните први посети на гинеколог се од девојчиња на возраст до 19 години. Тоа значи дека жените над оваа возраст на гинеколог одат дури кога ќе имаат некаков проблем или дури откако ќе забременат. Некористењето на услугите за планирање на семејството во рамките на диспанзерите за жени на адолесцентната популација укажува на фактот дека за оваа популација ваквите сервиси се недоволно атрактивни или несоодветни за користење. Во 2005 година, објаснуваат од РЗЗЗ, стапката на смртност на мајки - родилки изнесува 13,3 на 100.000 живородени. Во Македонија годишно се извршуваат околу 30.000 абортуси. Точната бројка, велат лекарите, не се знае, зашто само една третина од нив се вршат во легални медицински установи. Особено се алармантни бројките на абортуси во внатрешноста на земјава. Статистичарите предупредуваат дека ако продолжи таквиот тренд, за 10 години дури 90 отсто од жените ќе имаат сериозни здравствени проблеми како последица на абортусот. Јавна тајна е дека најголем број од девојките, сакајќи да ја скријат својата несакана бременост, одат во приватни и нерегистрирани амбуланти. Во нив операциите на „чистење“ најчесто ги вршат нестручни лица и можни се компликации. Не се ретки случаите што завршуваат фатално или, во подобрата варијанта, животот на пациентката се спасува со нејзино итно префрлање во медицинска установа. Во Центарот за хумана репродукција потврдуваат дека се намалува општата бројка на извршени абортуси, но наспроти тоа, расте процентот на млади девојки под 18 години што се решаваат на овој чекор. За половина година на Клиниката за гинекологија абортирале повеќе од 300 жени, од кои една третина се помлади од 18 години, а другите се меѓу 30 и 35 години. - Бременоста се пресметува во недели и оваа операција е дозволена до десеттата недела. Пациентките со наполнети 16 години потпишуваат изјава дека самите сакаат да ја прекинат бременоста, но мора да донесат и согласност од нивните родители. Во последните две години е се поголем бројот на адолесцентки кои се решаваат насилно да ја прекинат бременоста - вели Слободан Здравевски, приватен гинеколог од Скопје. Причина за тоа, според него, се незрелите години, неподготвеноста за брак, за породување и за одгледување на детето. Голем број од нив се уште се ученички во основно или во средно образование. Од Центарот велат дека во сите здравствени установи каде што законски е дозволено да се изведуваат операции за прекин на бременоста се води точна евиденција за операции за прекин на бременоста. Но, во приватните и во нелегалните ординации не постои таква евиденција, зашто пациентките инсистираат на дискреција и на анонимност. Законот дозволува абортуси само до 10-та недела на бременоста, а од 10-та до 13-та недела абортусот треба да го одбори комисија од интернисти, социолози и гинеколози. За по 13-та недела, жената мора да има силни аргументи, а за тоа решава комисија од втор степен. По овој период абортусот е забранет и се смета за злосторство. Лекарите, пак, што вршат абортус во немедицинска установа се соочуваат со затворска казна од шест месеци до три години. Сепак, во практиката во подем е бројот на жени што абортираат во приватните гинеколошки ординации, не мислејќи на своето здравје, туку на забелешките на соседите. Бројките на абортуси во помалите гратчиња во земјава се особено алармантни, како и последиците од нестручно изведен абортус.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
|