Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Само ти одмори се убаво Палче, ти треба енергија и тоа многу. Ние сме тука и секогаш расположени за дружба. Кога можеш пиши ни и известувај не за сите промени кај Миа. А кога ќе си дојдете ќе направиме една убава журка во нашиот бар, па ќе се почастиме за убаво добредојде на нашата Миа дома
Zdravo Palce, bravo za tebe i malata Mia,i Vie ste golemi borci.Nie makedoncinjata sme mnogu jaki i izdrzlivi, eve vie ste uste eden primer za tao.Znam niz sto se pominuvas,no zelbata za edno vakvo malo koe go drzam sega vo race ne moze da se zameni so nitu edna druga.ti si silna zena i toa go pokaza so odlukata da se zamine vo druga drzava. Iako velat deka tuginata e teska, no nas ni stana vtor dom, so iskreni prijateli i luge vo koi ja gledame nasata nadez.Vi posakuvam brzo vrakanje doma i drzenje vo race, beskrajni baknezi i slatki maki vecerni.pozdrav od mene do tebe samo hrabro i ke vidis deka se se zaborava kako maki,i pozdrav od Teodora do Mia.
Jas sum nova na forumot i ve pozdravuvam site. I jas imam bebence koe e pred vreme rodeno vo 26-ta nedela so tezina od 980gr. Bese vo inkubator 2,5 meseci na GAK na Neonatologija i golema blagodarnost do personalot i posebno dr.Elizabeta Petkovska i dr.Jadranka Zivkovik za nivnoto zalaganje i grizata sto ja pokazaa za zdravjeto i negata na moeto zlato. Nikola sega ima 1 godina, odlicno napreduva i e mnogu e temperamentno i veselo dete koe so svojata smea ni go razveseluva domot. Palce, na tebe i Mia vi posakuvam se najubavo i sto poskoro da si se vratite doma da si se raduvate site zaedno.
мамасане прекрасно што ни се придружи..ете да зне теодора дека има другарчиња кои поминале низ тоа што и сама поминала...Какви борци се нашиве деца, да се чудиш..Само вие растете здрави и силни, еден ден ке се смеете на сите потешкотии низ кои сте поминале
Sega odnovo gi procitav po neznam koi pat site razgovori na ovaa tema, i da nadopolnam deka mnogu e tocno toa sto go ima napisano Eca za pustanjeto muzika, jas redovno i mnogu i pustav muzika, mnogu reagirase na muzikata i mislam deka i taa mnogu pomaga.So mobilniot redovno bev na stomakot, potoa vrz inkubatorot , a sega od sabajle do vecer. ima mnogu znacenje, Palce dokolku si vo moznost pustai i muzika, taa ke ti vrati so osmeh, kako mene sto mi pravese i mnogu zboruvaj i za vas i sto se ke pravite zaedno, taa slusa i razbira. Pa koga ke si dojdete ke se slusneme.
Пресреќна сум што ни се јавуваат уште мајки кои поминале низ еден тежок период, но сепак ја добиле битката и сега имаат најголемо богатство - своето ангелче дома.
Палче мамасане вие сте мајки борси затоа и родивте такви дечиња,борци.ме расплакавте и разнежнивте од вашите стории.Ви праќам уште ногу сила да ги пребродите сите пречки.На миа и посакувам да ги победи и надмине сите бариери и конечно да си дојде дома.Се ќе помине и ќе видиш како еден ден и ти гордо ќе се радуваш на твоето злато како што мамасане гордо пишува за нејзината битка и победа со нејзиниот никола.Имај верба и таа верба ќе го победи секое зло.Ви праќам гушки и бакнежи за побрзо надминување на проблемите.Цела рингераја е со вас.
Фала во на сите за убавите зборови и се надеваме дека набрзо ќе си одиме дома..Ќе видиме што ќе кажат докторите...И мене ми е мило дека се јавуваат мајки што бебчињата им побрзале да излезат порано..Мамасане мене ме интересира како помина ти на клиника со толку рано родено бебе...Нас ни кажаа дека најдобро било после 30 недела за кај нас и затоа ние отидовме во Љубљана...Какви беа др и сестрите, те пуштаа ли да го посетуваш Никола...Ние овде буквално сме по цел ден со Миа...ја држиме,повиваме,се не учат.Ај баш пиши ми сакам да знам.. Инаку бетпет јас постојано и пуштам музика,уште во стомак кога беше а и сега секој ден...Од интернет симнав Моцарт за деца а и други композиции и постојано си слуша,и јас и пеам,и и зборам цело време... Ја правевте ли вие во Бугарија методата кенгур...да ти ја ставаат на гради голичка само по пелена..да те осети..Овде се применува таа метода..и многу е убаво чуството... Ве поздравуваам сите најмногу на свет и ќе се читнеме утре пак... Фала ви уште еднаш за подршката...
Draga Palce,me rasplaka so tvojava prikazna...Sekoja majka e hrabra na svoj nacin,ama ti si navistina pohrabra od site nas ovde,momentalno prisutni...Od srce vi posakuvam sto pobrzo da si se priberete doma,da se guskate i da rastete vo eden zdiv...Sto bi rekla baba mi-Kako da ste kasnale kvasec,pa ste narasnale...A za Mia samo
Mila Palce, za zal jas nemav moznost da bidam sekoj den so Nikola zasto pet dena posle poroduvanjeto me otpustija od bolnica a Nikola ostana tamu vo inkubator na intenzivna na GAK. Poseti bea dozvoleni dva pati nedelno po 30 minuti i veruvaj toa bea i najubavite i najteskite momenti vo mojot zivot, zasto mozes samo da si go gledas bebenceto niz staklo a dusata te boli sto ne mozes da si go zemes vo pregratka. Prv pat mi dozvolija da go dopram po nodzeto posle mesec i pol i od pregolema vozbuda ne mozev da stojam na noze. A sto se odnesuva do doktorite i sestrite jas bev navistina zadovolna od odnosot i grizata sto ja pokazuvaa za bebinjata, samo sto nikoj ne mozese da mi dade garancija deka se ke se zavrsi vo najdobar red iako velea uste od samiot pocetok deka Nikola e golem borec. Navistina doktorkite bea krajno posveteni na svojata rabota, barem takvo e moeto iskustvo i uste ednas golemo blagodaram do site niv.Non stop mu pravea ispituvanja, bese i anemicen pa tri pati primase transfuzija na krv. Isto taka ni rekoa deka otkako ke si go zememe doma treba da se izvrsat pregledi za vidot, sluhot, na ortoped i da go nosime na redovni kontroli vo Centarot za razvoj na visokorizicni deca vo sklop na Poliklinika Bit Pazar za da se utvrdi da ne ima nekoi ostetuvanja predizvikani od predvremenoto ragjanje. Posle site tie pregledi ustanovija deka Nikola nema nikakvi problemi i skoro vo se gi ima stignato svoite vrsnici. Ne znaes kolku sum mu blagodarna na Gospod sto mi gi uslisi molitvite i mi go podari ova prekrasno detence da ni go razubavi zivotot na mene i maz mi. Istoto so celo srce ti go posakuvam i na tebe, da bidete dobri so Mia i da si dojdete pobrzo doma. Se sto te interesira slobodno prasaj me i ke ti odgovoram kolku sto mozam pobrzo.
Со солзи во очите ги читам вашите постови. И јас се наогам во слична ситуација. Пред три недели се породив во 31 недела. Бебето се роди 1460 г на ГАК во Скопје иако јас сум од Струмица. Ја видов само неколку пати и по три дена ме отпуштија дома. Заради грипот посети не се дозволени така што од тогаш ја немам видено а татко и ја нема видено ниеднаш. Секој ден се јавувам да прашам како е и верувале или не смислата на мојот живот се состои во исчекување на тие неколку минути кога докторката ми кажува колку тежи денес и дали сеуште има потреба од кислород. Првите две недели само намалуваше и секој ден ми велеа дека се наога во критична состојба и дека сеуште ништо не се знае. Сега почна да качува, а од пред два дена и го исклучија кислородот па јас се надевам дека ќе биде добро. Јас немам можност да и пуштам музика или да поминувам време со Јана но секој ден се молам Господ да ја чува за да може да си дојде дома и да ставиме крај на оваа агонија.
незнам што да кажам освен дека сите сме со тебе...ти ја пракам сета сила за овој кошмар побрзо да ви помине и да си се гушкате дома со Јана...нека расте здрава и голема
Тања еве една прегратка за тебе да ти даде уште поголема сила од сите нас тука на рр да издржиш и да ни напишеш за моментот кога ќе ти го дадат ангелчето дома, а едната за неа да се опорави што побрзо за да може мамичка да ја земе во својата топла прегратка. И тогаш се ќе биде добро!
Dobro ne mozam da razberam zosto ne im dozvoluvaat na majkite da bidat so nivnite bebinja...Jas veruvam deka Tanja bi bila vo sostojba da stoi 24 casa na noze samo da e pokraj svoeto malecko sonce...Mislam deka toa bi go pocustvuvale i bebinjata...Majcinata toplina ne ja zamenuva nisto...
Фала ти Еца :) Во право си pacuvce во состојба сум и да стојам пред инкубаторот по цел ден за да бидам со моето дете. Не можам да ви опишам какво е чувството да седите дома кога знаете дека дел од вас е на 200 км и се бори за живот. Навечер не можам да заспијам мислејки на неа, цел ден чекам да дојде 14 ч за да се јавам и да ми дадат некоја оскудна информација и по јавувањето започнуваат нови бескрајни 24 часа до наредниот повик.
Тања не можам да ти кажам дека знам како се чувствуваш, кога не знам, но со тоа што сум мајка разбирам барем малку како е да не можеш да си до своето малечко да го гушнеш, да му шепнеш дека мамичка го сака и секогаш ќе биде тука за него. Но верувај дека и покрај се ја чувствува твојата енергија, ја чувствува твојата мака и затоа се бори. Не смееш да тагуваш, мораш да бидеш силна и за тебе и за неа, а и за сопругот кој нема сили да ти опише како му е... Еве Божиќ е, вечер на Бадник може паричката ќе се падне во неа, како и да е бидете благословени и од се срце посакувам во најбрзо време да ни напишеш дека конечно сте дома и сите заедно се гушкат.
Овој Божиќ мојата мисла ќе биде насочена кон Вас и сите мали борци кои секојдневно се борат да успеат да стигнат до прегратките на мамичка и желбата за побрзо доагање дома на сите вас!
Тањичка мила, се расплакав кога ја прочитав твојата приказна зашто знам низ што поминуваш и се уште свежи ми се сеќавањата на тие најтешки два и пол месеци во мојот живот кога бевме разделени со Никола. Ама те молам биди силна и имај верба дека се ќе биде во ред зашто и мене само вербата ме одржуваше. Знам дека ти е многу тешко што сте разделени и што не можеш да ја видиш, само мисли на тоа дека таа е таму за да зајакне за да може што побрзо да си дојде домче кај мама и тато. Ви праќам многу бакнежи на двете, да бидете силни и што побрзо да си се гушкате дома.
Не можам да ви опишам какво е чувството да седите дома кога знаете дека дел од вас е на 200 км и се бори за живот. Навечер не можам да заспијам мислејки на неа, цел ден чекам да дојде 14 ч за да се јавам и да ми дадат некоја оскудна информација и по јавувањето започнуваат нови бескрајни 24 часа до наредниот повик.
Драга Тања,како е твоето бебенце...Кажи ни некоја нова информација...Те нема неколку дена ,па помислувам дека можеби веќе си се гушкате дома...Или???Ајде чекаме да не израдуваш!!!
Драги мои фала ви за грижата. Сакам да се пофалам дека Јана си дојде дома . Ја пуштија многу мала, само 1730 г и кога дојде дома за три дена намали 120г но сега е добро и почна да напредува. Полека се приближуваме кон 2000 .
Сакам да им кажам на сите мајки со прематурни дечиња дека не треба да губат надеж и вера. Иако на моменти изгледа безнадежно сепак по дождот доаѓа сонце а тоа сонце ќе биде најсветлото во нивниот живот.