|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Пумпица за измолзување
29.8.2009 12:43:23   
BEBICA
Profesorice mislam deka ke ja isplasime Sarauser posted image user posted image .I jas mislam deka netreba da kupuvas ako nemas poreba bitno e da se masira redovno, ne da se mazis nego bas da se masiras i da ja naucat sestrite da se izmolzuva racno.jas mislam deka se slozuvas so mene profesorice.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Пумпица за измолзување
29.8.2009 12:48:01   
profesorica
Мене демек ме научи сестрата како да се молзам ама толку многу ми надојде млеко што џабе беше рачното измолзување.Инаку и облоги помагаатладни со ациди борици.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Пумпица за измолзување
29.8.2009 12:54:17   
Sara
ОК фала за советите, инаку јас не планирам да купувам сега, здравје боже ќе пратам некој, мајка ми до сега ми беше од голема помош за се, инаку да се информирам јас унапред да знам барем кај да ги пратам и каква е најпрактично да земат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Пумпица за измолзување
29.8.2009 13:00:42   
BEBICA
E da nezaboravam mene setrite vo bolnica mi preporacaa veruvale ili ne sveza zelka da stavam.namate pojma kako pomaga kako samo ja izvlekuva temperaturata.Moze izgleda smesno no efikasno 100%.Zelkata se staka okolu na celata grada sem na bradavicata i ako se ima crvenilo mene mi preporacaa a ja s stavav i FLUGOCID mast.i ona pomaga 100%


(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Пумпица за измолзување
29.8.2009 13:13:13   
Еца
Еве еден совет од нашите баби, но неверојатно ефикасен.Доколку имате многу млеко, градите ви се преполни, ќе си наполните две шишиња со топла вода(колку што можете да издржите топла) соблечете се нагоре гола и ставете по едно под мишките, ќе видите како млекото само ќе истече(нормално ова ќе го правите во купатило над кад или што и да е). 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Пумпица за измолзување
30.8.2009 23:02:20   
Natasha5
Леле читам што сте пишувале и се прашувам како може некои мајки да имаат толку млеко а некои не,почнувам да мислам дека јас самата имам направено грешка што не ја дојам керка ми.Сите ми викаа дека имам млеко а кога ке цицаше керками дури на двете гради и пак не се нацицуваше.и како да речам дека имам млеко user posted image user posted image user posted image Демек немало мајка која нема млеко.user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Пумпица за измолзување
30.8.2009 23:16:35   
lidijas
fala za sovetite, se mislev dali da kupuvam pumpica, pa ke ve poslusam i ke si kupam nekako mi se cini najbezbolno neli?

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Пумпица за измолзување
30.8.2009 23:25:47   
jovanka
Mene i so dvete deca mleko kolku sakas.Sega bebusot e skoro 10 meseci ako ne me iscica mleko znae da potece ako cica od ednata grada znae od vreme na vreme od drugata da potece. Do 6 meseci sekoe izlaganje od doma mi bese so vloski za gradite. Eden sovet prvite 40 dena nemoj da nosite prsluk,gradite zastitete gi so peleni koi prethodno se vrieni i peglani i sekojpat nosete pamucni maici taka ke se zastitite i sebe i bebeto od eventualna infekcija.Dokolku dobiete vo prvite denovi pokacena temperatura samo izmolzuvanje a od dozvoleni tableti samo DALERON od 500 mg na sekoi 4-5 casa.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Пумпица за измолзување
30.8.2009 23:29:21   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: Natasha5

Леле читам што сте пишувале и се прашувам како може некои мајки да имаат толку млеко а некои не,почнувам да мислам дека јас самата имам направено грешка што не ја дојам керка ми.Сите ми викаа дека имам млеко а кога ке цицаше керками дури на двете гради и пак не се нацицуваше.и како да речам дека имам млеко user posted image user posted image user posted image Демек немало мајка која нема млеко.user posted image user posted image user posted image user posted image


Nemoj da mislis na toa i da se nerviras, site zeni se razlicni, nekoja ima nekoja nema, nekoja vednas znae da doi instiktivno, druga se maci so denovi i nedeli dodeka se navikne.
Jas prviot mesec se izmolzuvav, a potoa prestanav i i kako prestanav taa pocna poslabo da napreduva pa mi vikaa slabo mi bilo mlekoto. Sekoja zena e razlicna prikazna pa taka i ti, ne si napravila greska imas prekrasno bebe koe e dobro i raste, nisto tuka ne e pogresno.

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Пумпица за измолзување
2.9.2009 8:47:18   
mami
Мене пумпицата ми се најде многу...си се измолзував и складирав во кесички и во замрзнувач за после кога ние одевме некаде да има тој што го чува да му даде да јаде

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Пумпица за измолзување
20.11.2009 6:52:05   
Mila na mama
Немам пумпица. Никогаш не ми требала. во 13 месеци доење ниеднаш не сум се измолзила а немав никаков проблем со градите. Не мислам дека пумпицата е задолжителна опрема за доење.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Пумпица за измолзување
20.11.2009 7:37:47   
ripce
Еве еден совет од нашите баби, но неверојатно ефикасен.Доколку имате многу млеко, градите ви се преполни, ќе си наполните две шишиња со топла вода(колку што можете да издржите топла) соблечете се нагоре гола и ставете по едно под мишките, ќе видите како млекото само ќе истече(нормално ова ќе го правите во купатило над кад или што и да е).


user posted image Елена супер совет... мене 2-3 ден во болница сестрата ми полнеше шишиња со топла вода и ги држев така покрај градите, и многу ми помогна. Инаку готова бев да качам температура... млекото ми надојде, не знаев сеуште како да дојам, бебушот не можеше да ја фати брадавицата, и ете проблем. Значи сите овие проблеми околку доењето се апсолутно нормални во првите неколку дена по породувањето. Рефлексот за цицање е вроден, ама секое бебе не може веднаш да почне да го исцицува целото млеко од градите зашто и самиот колостриум нели е многу погуст од "вистинското млеко", а и секоја мајка не може уште во старт да знае како да дои. Па мајки немојте да се разочарувате ако по породувањето доењето не оди како што треба. Бидете упорни, немој да се нервирате! Моето така не сакаше да цица, ама не се откажував. Во почетокот се измолзував, ми донесоа моите пумпица, останавме уште некој ден во болница на предлог на сестрите да ми помогнат да почнеме да се доиме, почна да цица на едната града, и кога си отидовме дома си почна и на другата.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Пумпица за измолзување
9.12.2009 18:13:50   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: medela

Jas trgnav na rabota i morav da prevzemam nekoi merki .Mleko imav na pretek i zatoa si kupiv Medela Mini Electric pumpa za izmolzuvanje.Super e ja ima vo aptekite na Eurofarm cini okolu 4.000den.Toplo Vi ja preporacuvam.Za site oni koi imaat problemi so doenjeto ili predvreme trgnale na rabota.
Pozdrav


(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Пумпица за измолзување
5.1.2010 21:12:31   
Тања РР
Moже ли некоја да ми каже колку милилитри млеко е нормално да се добие од едно молзење.
Мојата Јана не е со мене но и наспроти советите да го прекинам млекото јас решив да пробам да го додржам додека си дојде од болница за да може после да уживаме во доењето.
Се измолзувам рачно затоа што рачната пумпица воопшто не ми помага а електричната што ми ја препорачаа чини 6700 денари и сеуште се предомислувам дали да ја купам.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Пумпица за измолзување
5.1.2010 21:20:51   
niki
Мислам дека тоа е релативно Тања. Јас на почетокот измолзував и по 100 мл иако малата ми цицаше, но мене градите ми беа полни, а потоа колку што растеше не можев ни 10 мл да измолзам. Најдобро е целото млеко да го измолзуваш бидејќи велат дека колку повеќе се троши повеќе се произведува, не се малтретирај со бројки, важно е да го одржиш, а потоа со малата кога ќе почне да цица ќе се изрегулира.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Пумпица за измолзување
5.1.2010 21:27:51   
mami
се сложувам со Ники, јас на почетокот измолзував само по едвај 50 мл, а подоцна и по 350..се е релативно, јас комбинирав рачна  пумпица на Чико и со свои раце..и задолжително додека се измолзуваш масирај ги градите со кружни движења

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Пумпица за измолзување
6.1.2010 23:07:00   
Весна
И јас купив пумпица на Чико. И ептен ми помага, зашто Јана обично се најадува само од едната града, па другата ми останува полна и ми истекува. Затоа по кратка постапка, му ја давам пумпицата на мм и тој ала час ме средува :) А здравје, само млеко да имам што подолго, како што планирам да лутам ваму-таму, таман би се измолзувала и на раат главата да ми е. user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Пумпица за измолзување
15.3.2010 13:49:25   
Snowhite RR
Јас не успеав со пумпица да се измолзувам, дали јас не знам како или што беше работата не знам, а еднаш кога имав рагади, пробав рачно и измолзив само 30мл од двете гради, затоа се чудам како вие успевате по 100 и повеќе да измолзувате

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Пумпица за измолзување
15.3.2010 19:53:13   
topce
јас додека ја доев Анастасија се измолзував рачно и тоа додека се туширав 2 пати во денот, свекрва ми ме научи како бидејќи таа имала многу проблеми со градите заради неизмолзување.Имав многу млеко ама малото во трети месец само почна да се одбива и ја користев пумпицата за рачно измолзување на Chicco, по препорака на аптекарката која исто имала сличен проблем.Ама да ви кажам не е исто кога дете цица и кога се измолзувате, за 2 месеци јас снемав млеко и многу ми беше криво зашто сама така се одби кога педијатарот ми викаше дека имам млеко за 2 деца да ранам, ама ете моето не сакаше веќе. Инаку измолзував по 150гр само од една града. Па и со ХИПП порасна user posted image

< Поракaта ја уредил topce -- 15.3.2010 19:54:40 >

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Пумпица за измолзување
15.3.2010 22:09:09   
Leonida
И јас имам од Chicco пумпица рачна, но не ми оди измолзувањето со неа. Еднаш ми се направија и рагади од неа. Рачно ми е малку по добро, но и така не можам да се измолзам асално. Најубаво е само да цица user posted image

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Пумпица за измолзување
16.3.2010 8:40:50   
vektor
За измолзување во ЕУ, посебно во Швајцарија има посебен правилник... бебето штом се роди и и се даде на мајката за прв подој, веднаш до неа се поставува и пумпица...особено за бебињата кои се помрзеливи и немаат сила да цицаат во почеток...
Со бебето на гради мајката може да почне да се измолзува за да се почне лактацијата како што треба...
Исто така, доколку е бебето во инкубатор (предвреме родено и сл.) мајката треба да се измолзува за да му овозможи на бебето правилна исхрана и побрзо опоравување... user posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Пумпица за измолзување
16.3.2010 8:43:28   
mami
Јас сум против пумпица за мрзливи деца...Познавам случај каде родителите си го научија детето на шише само за да они отспијат некој саат плус и после мајаката си имаше проблеми со градите, мастит и сл глупости.
Пумпица да- но само откако детето ке се нацица убаво, за да се извади вишокот млеко. Или ако веќе бебето е во инкбатор или слично.

(Одговор на членот vektor)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Пумпица за измолзување
16.3.2010 8:46:37   
mis.
Пумпица да- но само откако детето ке се нацица убаво, за да се извади вишокот млеко. Или ако веќе бебето е во инкбатор или слично.

се согласувам во целост

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Пумпица за измолзување
16.3.2010 11:59:51   
Палешка РР
Јас имам пумпица, ја чувам уште од Марио, но никогаш не ја употребив. Досега не ми притребала

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Пумпица за измолзување
16.3.2010 12:06:53   
matushka
Jas se izmolzuvas racno, se mislev dali da kupam pumpica, ama mi kazaa deka bilo bolno izmolzuvanjeto so nea, a mislam deka i ne e nesto tolku neophodno

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?