|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Не сака да јаде!
5.1.2010 16:57:10   
Еца
Еве информација од прва рака, се јавив кај една пријателка аптекаркаuser posted image бекомплекс гранули, се дава од 4 години па натаму и тоа се почнува со половина мала лажичка, а за бебиња кои немаат апетит се дава Пиковит сирупче, но мора да биде по препорака на педијатар. Затоа најдобро да поразговараш со педијатарот па да го слушнеш и неговото мислење околу тоа дали навистина на твоето бебе му треба нешто вакво.

< Поракaта ја уредил Еца -- 5.1.2010 16:58:52 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот MOJA DUSICKA)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Не сака да јаде!
5.1.2010 17:10:14   
nutelizza
Душичка мора да бидеш упорна малите бебиња не така лесно ја прифаќаат веднаш цврстатат храна.

Ние имаме годинка се јадеме буквално се, ама јас почнав од 6 месеци по малку,плус доење и се зголемуваше до полн оброк. Сега немам никаков проблем се јаде од 10-11 месеци веќе не му ни пасирам сака сам да си жвака

Мислам дека сите деца брзо ги прифаќаат млечните кашички на ХИПП и ХУМАНА почни прво со тоа

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Не сака да јаде!
5.1.2010 17:12:48   
mami
Бекомплекс, ама апче, пиеме од пред некој месец, а имаме 18 веќе...а твоето е мало, можеби одбива бидејќи му е полесно да цица или пие сок...биди упорна, макар и значело да гладува цел ден..ке видиш како ке прифати кога ке му се јаде..ние и сега одиме на тој принцип- кога е гладен да видиш сам како трча накај маса.
Биди упорна, те тестира само,децата знаат да бидат многу лукави

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Не сака да јаде!
5.1.2010 17:21:13   
caci20
Nie pievme od 10 meseci. Gi rastvarav granulite vo voda ili sokce od jabolko. Posle toa pred godinata pocnavme i so pola lazice pikovit, onoj 1+. Ako treba 2.5 ml ti mu davas pomalku. Koga bevme kaj Vidoevski ni rece ribino maslo mesto se drugo. Petar ima godina i 8 meseci

(Одговор на членот MOJA DUSICKA)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Не сака да јаде!
5.1.2010 17:40:06   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Еве информација од прва рака, се јавив кај една пријателка аптекаркаuser posted image бекомплекс гранули, се дава од 4 години па натаму и тоа се почнува со половина мала лажичка, а за бебиња кои немаат апетит се дава Пиковит сирупче, но мора да биде по препорака на педијатар. Затоа најдобро да поразговараш со педијатарот па да го слушнеш и неговото мислење околу тоа дали навистина на твоето бебе му треба нешто вакво.


е зашто нашата матична не советуваше да му ставам б-комплекс гранули уште кога имаше 7-8 месеци, кога почна да пие сируп за хемоглобинот ми кажа да му ставам 1 мала лажичка б-комплекс и 1 таблета пливит Цuser posted image
Ептен ме замислиuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Не сака да јаде!
5.1.2010 18:04:15   
mami
И нас матичната ни рече гранули не, туку апчето за да полесно го голтнел (малку не ми е логично кога гранулите се поинтересни за детето и полесни за голтање ама ај)и сега сме на апчиња, а од понеделник купувам рибино масло

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Не сака да јаде!
5.1.2010 18:07:46   
Natali061
Фала Еци,Мис,Јована...ќе пробаме за празнициве цо путер па ќе ви кажам потоа како поминавме.На сите членови ви посакувам да имате најубав помин за празнициве,за многу години,честит Божиќ!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Не сака да јаде!
5.1.2010 19:44:41   
bambi
Nie sme pak na istiot problem, nekolku dena ubavo si jadevme, ne po mnogu ama jadese, eve sega pak nesaka, a vesela e, super e ama nesaka, mi vrti so glavata i mi vika NE, i dadov sosila nekolku lazicki i tolku,posle pluka, cicanjeto e glavno, a imame godinka i eden mesec. Nekade procitav za nekoj sirup za podobruvanje na apetitot, sto mi preporacuvate?

< Поракaта ја уредил bambi -- 5.1.2010 19:45:42 >

(Одговор на членот Natali061)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Не сака да јаде!
5.1.2010 22:26:24   
MOJA DUSICKA
fala ti mnogu

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Не сака да јаде!
5.1.2010 22:31:02   
MOJA DUSICKA
nie isto pocnavme prv pat na 6mes so kasickite na hipp i jadese dobro sega poslednive 10tina dena ama bas nisto ne jade edna kasicka na hipp ja molime dva dena i nemame sila da ja izedime go odnesiv i kaj maticnata mislejki da ne e bolen ama mi kaza deka e ok i deka moze da mu e perod ama period da trae 10dena mi e malku cudno

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Не сака да јаде!
5.1.2010 22:37:54   
BEBICA
Site postovi gi procitav i stvarno neznam sto da napisam, posto nie nemame problem so nejadenje.
Od pocetokot pa do sega a Monika ima 15 meseci a pocnavme od 5 meseci so nemlecna hrana odlicno jade.
Normalno e deka na pocetokot odbivase no se navikna.Edinstven sovet od mene vi e da prestanete so gotovite kasicki, pravite domasni povkusni se.Jas veke imam diskutirano na slicna tema spravuvanje so (ne)jadenenje

http://www.ringeraja.mk/forum/m_15526/mpage_2/key_/tm.htm


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот MOJA DUSICKA)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Не сака да јаде!
5.1.2010 22:55:53   
niki
Бидејќи ќерка ми ја сметам за ненадминлив махер во нејадење и се имам помирено со тоа, единствен совет кој го имам е да престанете да се вознемирувате поради тоа, да мерите во грамови, теглички, лажички и да ги оставите децата да јадат колку сакаат бидејќи ако несакаат нема начин ни милом, ни силом да ги натерате тоа да го прават. И погледајте малку во себе и во својот однос кон храната за да си најдете одговор за нејадењето на вашето дете или бебе. Сигурно и вие не сакате се да јадете, било како спремено и имате јадења кои ви се вкусни и би можеле да се удавите во нив и такви кои ги јадете на сила и радо би ги прескокнале. Истото важи и за децата, со таа разлика што тие сеуште го немаат совладано говорот па неможат да ви кажат што им се допаѓа, а што не. Трпеливо и без нервоза, радувајте му се на секој залак што ќе го изедат, наместо да се жалите дека изеле пола тегличка, а не цела. Ниту се сите деца исти, ниту се секојпат исто гладни и навистина не ми е јасно зошто таа тегличка е мерка за оброк. Што ако детето посака да изеде две теглички, нема да му дадете?


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Не сака да јаде!
5.1.2010 23:13:57   
mami
потполно се сложувам со тебе Ники..прекрасно напишано..ретко кревам паника, но затоа ја имам тука свекрва ми која му виси над глава на Лука и по цел ден само збори дека ништо нејадел

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Не сака да јаде!
12.1.2010 13:59:55   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Матеа

Мис вели кажи што си направила со user posted image па еве да ви кажам до каде сме. Јади со лажичка ама само 10 лажички и толку не сака повеќе. Почнав да и го намалувам млекото ама сега почна да се буди навечер со плачење, гладна е сака да јади. Едноставно user posted image обожава млеко. Со лажичкава имаме проблем ја врти главата настрана мафта со рацете се врти насекаде само не каде што треба. И давам сама да фаќа и пак си продолжува со гмечење на храната а в уста ништо не клаваuser posted image Имам вака пробувано од 6 месеци ама некако нема многу голем успех. Не знам дали вака да продолжам зошто почна да му слабее и на 100 умишта сум што да правам дали вака да продолжам со изгладнување или нешто другоuser posted image Вчера ќе полудев ништо не сакаше да јади само кемкаше и пискашеuser posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: bablgam

Pozdrav Matea.Golem problem e za edna majka koga nejzinoto bebe ne saka da jade.Nie nemame takov problem no ne se znae, znaes kako rastat se nesto izmisluvaat i menuvaat.Mozes da pocnes so voveduvanje red vo ishranata.Pocni da i davas cvrsta hrana sekogas vo isto vreme a posto ona e pogolemka mozes i da i pravis razni oblici od hranata na pr.vareniot morkov iseci go na stapcinja,kompirot na kocki i taka povece vidovi na zelencuk stavi vo edna cinija.Ce i bide sareno pa mozebi i ce se izlaze da proba nesto.Posto nejce da jade nudi i pocesto ne go sveduvaj dnevnoto meni na tri obroka.Davaj i pomalku tecnosti za da ne ja zasituvaat,gledaj da i davas da jade koga i vie jadete na primer vo hranilka i so vas na masa.Isfrli od menito gricki ako i davas na pr.smoki,cokoladki i slicno mesto toa napravi i sutlias ili nekoe ovosje.Sekoj zalak sto ce go kasne povece pati vo den ce i bide plus.Akoga ja hranis mozes da i dades edna lazicka da drzi taa a ti so druga i davaj.Ete mozebi nekoja od ovie raboti ce ti pomogne samo bidi uporna sepak ti najdobro si go poznavas  svoeto dete..pozdrav


(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Не сака да јаде!
12.1.2010 14:47:53   
topce
Генерално јас не сум имала проблеми со нејадење на моето дете. Ама секогаш имала 1 недела во месецот кога јаде половина од се што ќе и дадам. И на почетокот се нервирав и со сила ја терав кога видов дека само ја нервирам и дека тоа и се повторува секој месец, без разлика дали цицаше или јадеше кашички, си реков ок може па не е гладна може сака малку и она да паузира user posted image . Е сега имаше едно 2 месеци после висока температура дете не сака да јаде и точка. Ма вака пробај ма онака ма ова дај и ма она ништо нејќе да јаде. И случајно извадивме зелка салата, кисела и свежа, и дете се изнајаде ние останавме зачудени. И еве пак почна се да си јаде ама со салатка user posted image и од 11 месеци не сака да јаде пасирано сака залци да џвака, ама има бајаги заби, 1,2,4. А тоа дека според бабите детето е нон стоп ненајадено и дека ние родителите немаме појма дека детето е всушност цело време гладно тоа е прикаска од едно уво влегува од друго излегува. ако ја оставам на нив само ќе ја товат user posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Не сака да јаде!
12.1.2010 15:30:02   
mis.
Матеа ја разбирам твојата ситуација битејќи бев во остата со Мартин.Кога нешто не сака нема шанси да го убедиш во спротивното.Не можеше да замисли да има тврда храна или било што друго во устана.Ако случајно касне нешто веднаш го повраќање.Мислевме дека има некој проблем и на 2 години го однесовме на гастро во детска клиника.Го снимаа и му правеа некои испитување и докажаа дека немаме никаков проблем.Крвта одлична тој пие само млеко од шише без ништо во него.Како совет добивме само да го намалиме млекото на 500 мл и тоа исклучиво ако е потребно за заспивање.Го намаливме млекото но ништо немавме резултати.Искрено дигнав раце од се и постепено почна да каснува откако почна да оди во градинка.И сега е од нејадачите но имаме големо подобрување.Не знаеше ни чоколади ни смоки ништо да јаде.Тоа беше многу големо разочарување за мене но го надминав со тоа што се помирив дека тој е таков.и еве израсна само со млеко.Искрено пробав се и сешто и немав нокакви резултати.
Давам потпис на постот на баблгам истиот совет можам и јас да го дадам и колку помалку бидете оптеретени со ваквиот проблем или колку почесто нудите или претерано настојувате вашето дете да јаде тој се повеќе ќе одбива.Така беше кај нас.Моето молење него го тераше на одбивање.

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Не сака да јаде!
12.1.2010 15:32:41   
mis.
Причините за ваквото нејадење мислам дека беше во касното воведување на немлечна друга храна како бебе.Затоа со Стефан со дохрана почнав на 4 месеци и нема што не јаде не избира ништо што ќе му дадеш тоа ќе јаде.Се надевам нема да смениuser posted image За жал јас многу научив и од сопствените грешки.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Не сака да јаде!
12.1.2010 16:49:06   
Матеа
Многу ми значат вашите одговори навистина ми се голема утеха, и ви благодарам на сите пренајмногуuser posted image

Инаку да ти кажам Мис јас на user posted image му ставав секогаш се во шишето не само млеко туку се она што беше дозволено за возраста и тоа си го пијаше без проблем. Само со лажичкава имав проблеми ама тоа е ќе испливам на површина ќе биди и тоа само опуштено и позитивноuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Не сака да јаде!
19.3.2010 13:29:05   
Mila na mama
Проф за да не пишувам во темата за одмор ќе напишам овде. Имам една финта која во последно време ми е многу успешна за овочје и зеленчук. Преку еден ден одиме со Мила во продавничката за овочје и зеенчук што ни е блиску и се е ставено на нејзина висина и дофат и давам кеса и и велам да купи за да јадеме што сака и таа се фаќа за она што и се чини како интерена форма и боја. Купува брокули зашто се како мали букети па и се интересни купува патлиџани, портокали, моркови, заљубена е во зелката, круши јаболка ама се. Става во кеса одиме да и дадеме парички на тетката и потоа не може да издржи до дома за да и дадам да помогне во миењето и потоа и сечкам на парчиња седи на маса и сама си јаде не ми дава да и ставам во уста. Ако и подадам нешто го зема со раче за сама да си го стави во уста. Мислам дека ритуалот околу купувањето и го прави јадењето поинтересно.
user posted image Деновиве јаде патлиџан со се.


_____________________________

love u all

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Не сака да јаде!
19.3.2010 13:32:41   
profesorica
викаш а?

ај ќе пробам-

а твојава е многу паметна цуркаuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Не сака да јаде!
19.3.2010 13:35:33   
mis.
Проф не се разочарувај девјчињата многу се разликуваат од машките во се.А за јадењеостави го сам да побара кога упорно му нудиш мислам дека кај него се ствара поголема одбојност.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Не сака да јаде!
13.4.2010 21:03:35   
elle
Незнам дали е соодветна темата на моето прашање но  ќе прашам овде-со 5 полни месеци почнавме со сокчиња но никако не сака од шише само со лажичка. Ни вода ни чајче ништо не сака од шише. Што може да биде проблемот ја гризе цуцлато но не тече ништоuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Не сака да јаде!
13.4.2010 22:42:12   
Cacko
problem nema,tuku ednostavno treba vreme za da se navikne na cuceto,da ne te razocaruvam ama nekoi ne se naviknuvaat na sise nikogas(pr vnuka mi) pa so lazice,pa posle direktno od casa pocna da pieuser posted image strplivo,samo strplivo draga

_____________________________

Think Pink

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Не сака да јаде!
13.4.2010 22:52:49   
mis.
elle сигурно ја доиш па затоа не сака да фати шише.Кај доените деца малку потешко се навикнуваат на цуцла.Трпени и упорност.Моите две деца така беа додека го доев не сакаа шише но откако ги одбив веднаш фатија.

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Не сака да јаде!
13.4.2010 23:17:02   
Maca25
а и подобро што не сака шише. не знаеш кои маки се додека го научиш па на чашка. затоа почекај уште малце, имај трпение, давај му на бебето со лажичка и потоа одма онакво шишенце со клунче. една моја пријателка воопшто не ни проба на бебето да ми даде да пие од шише. се му даваше со лажиче и коганаполни 6 месеци купија таква чашка со клунче и еве го малиот само од таква си пие, а понекогаш и од чаша. а има само 1 годинка.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?