|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Абортус - да или не?
30.3.2009 7:03:22   
Еца
Кои се вашите размислувања за абортусот? Дали би се решиле за абортус или не? Како гледате на абортусот.Во минатиот период се изнаслушав на тв, секакви дебати, мислења и не знам што за тоа дали жената треба или не треба да прави абортус. Па со закон ќе се забрани абортусот, па нема да се забрани, па сешто... Зарем жената не трева сама да одлучи што е најдобро за неа во одредени мигови од нејзиниот живот? Мојот став е неутрален, ниту го подржувам абортусот, ниту па пак ги критикувам тие што се решиле некогаш на такво нешто, зошто верувам не им било лесно. Животот е толку непредвидлив, што никогаш не знаеш што утре те чека...

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Абортус - да или не?
17.4.2009 19:12:08   
niki
Prasanjeto abortus e licen izbor i smetam deka nikkako nesmee da se resava vo ramki na nekakov zakon. Sto ako se zabrani, sto so toa se postignuva? I sto ke se slucuva so tie deca sto ke se rodat a roditelite ne se vo moznost da gi odgleduvaat?
Nikogas ne sum bila vo situacija da biram abortus ili ne pa nemozam da kazam sto bi odbrala ama toa zavisi od faktori koi se validni vo odredeniot moment i nemoze nikako da se pretpostavuva od ovaa pozicija.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Абортус - да или не?
20.4.2009 9:24:15   
mila
Ova e mnogu tesko prasanje,ne bi sakala da se najdam vo situacija da moram da odlucuvamuser posted image user posted image user posted image tesko...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Абортус - да или не?
20.4.2009 9:28:08   
biba
Lele za prvata bremenost se najdov vo situacija da razmisluvam za abortus, ama cela sreka sto se predomisliv,ponekogas duri osekam i vina...no ne znaes zivotot sto ke ti donese.Nema p[ravo nikoj da gi osuduva onie koi ke se resat na toj cekor zasto pricinite mozat da bidat milion!

(Одговор на членот mila)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Абортус - да или не?
9.7.2009 9:13:01   
vezilka RR
„Мое тело, моја одлука! Држи ги законите надвор од моето тело!“

Ова е моето мислење на оваа тема. Таа одлука треба да ја донесе сама жената без никакви притисоци..особено не под притисок на државата и законите..

(Одговор на членот biba)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Абортус - да или не?
9.7.2009 9:18:03   
mami
јас сум против абортусот, го оправдувам само доколку има некоја медицинска причина, доколку е опасно по живот на мајката или бебето, ама да се абортира при здрава мајка, здрава бременост и да се прекине?!мене тоа не ми е јасно

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Абортус - да или не?
9.7.2009 9:46:52   
vezilka RR
...можеби има здрава мајка и здрава бременост...но, нездрава средина во која ќе треба да расте тоа дете-ни криво, ни должно...неисе, зборот ми беше друго...во принцип како што сега стојат работите во нашето (патријархално) општество, па горе-долу и секаде, мајката е таа која е одговорна за квалитетот на животот на детето...и затоа таа треба да одлучи дали ќе го роди...

Како е можно државата да го решава прашањето на абортусот (кое знаеме дека се дефинира како прекинување на несакана бременост)со закон, а воопшто не обрнува внимание на прашањето на контрацепција.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Абортус - да или не?
9.7.2009 9:51:48   
mami
епа зошто тогаш не мислела на време, прд да го зачне тоа бебе за средината во која ке живее?или ако веќе неможе да го чува, нека го роди па нека го даде на посвојување, мислам има толку многу семејства кои неможат да имаат деца а некоја таму, која не внимавалаи сакала да ужива без заштита убива уште нероден живот, епа не е фер.
Сепак тоа е мое мислење, да не бидам погрешно сфатена, не напаѓам никого и не осудувам, едноставно мислам дека не е во ред

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Абортус - да или не?
9.7.2009 15:08:50   
milijana
Jas sum protiv abortusot. Od tuka mislam deka pocnuva zdravjeto na sekoja zena. Sekoj sto se resil na takov cekor (abortus) normalno ima svoi pricini, svoi stavovi i ke si gi brani..normalno.Tie sto abortirale imaat golema pricina..za toa.Toa ne e taka lesno.Barem taka mislam..oti koga se resile na takov cekor sigurno..se drugo im se gledalo po ispravno, odosto da rodat dete.Od druga strana..imase edna debata na TV sitel bese(ako ste ja gledale) dve zeni bea, ne se sekavam bas najdobro..ama zapametiv deka ednata go branese abortusot ,a drugata bese protiv takviot cin.Taa sto abortirala izjavi ,,Kerka mi mi rece fala mamo sto si abortirala, oti jas nemalo da se rodam,, Taa izjava tolku mnogu ne mi se dopadna..mi bese nevkusna..ama ajde..neli e toa TV pa sega stom e zenata tamu..verojatno nekoj ja pokanil..neli? Narodot koj go gledal toa..sekako imal za sto da razmisluva ili da se podeli, dali e ZA ili PROTIV. Mojot stav e protiv ovoj cin.Nema da se branam zosto i kako, sekoj od vas ima svoe mislenje i gledam deka site ste tolerantini.Sekoja cest na razmisluvanjata.Bas sakam da pise nekoj so vakvo iskustvo(abortus) mozebi site koi sme protiv, ke go smenime mislenjeto??Pozz devojki..

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Абортус - да или не?
9.7.2009 15:41:31   
Anonimen
Еве јас на оваа тема ќе настапам анонимно..
Можеби некој и ќе ме препознае, ама сепак сакам да заштитам други луѓе..
Во 1999 година, значи скоро пред  10 години, имав абортус.
Имав дечко со кој бев заедно една година. Јас врската не ја рачунав за којзнае колку серизона.
Имав само 21 година, сеуште студирав. А и тој беше студент.
Дојдена во Скопје од друг град. Со само еден невработен родител.

Не внимавајќи, односно рачунајќи плодни и неплодни денови, останав бремена.
Дознав многу рано и веднаш решивме дека ќе абортирам. Имав близнаци.
Но јас не ги третирав како живи суштества..тоа беа пред се фетуси за мене..

Со дечкото се разделивме после неколку месеци, едноставно не ни одеше.

И денес често пати се прашувам какви би биле тие деца..Би имале веќе по 9 години..Како би била јас со тој човек..

И не се каам што го направив тоа.
Белег ќе ми биде цел живот самата мене, ама според мене јас го направив вистинскиот избор.


(Одговор на членот milijana)
  Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Абортус - да или не?
9.7.2009 15:45:57   
Anonimen
i jas sakam da ostanam anonimna, se nadevam nema da mi zamerite. Imam drugarka koja ostana bremena i srekna mu kaza na decko i, ama toj nesakase da slusne za toa da se zemat ili pak dete da imaat. Ona razocarana i sogleduvajki ja situacijata vo nasata drzava i nasiot mentalitet resi da abortira. Spored mene toa e pravilna odluka poradi nea i nejzinata idnina. Posle se omazi i sega ima dva sina.

(Одговор на членот Anonimen)
  Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Абортус - да или не?
9.7.2009 15:48:39   
Julie1
Здраво Анонимен, Драго ни е што се уклучи во разговорот на оваа тема. Би сакала да потенцирам дека не е добро да учестуваваш понатака како Анонимен, бидејки во иднина може да дојде до вклучување на повеке анонимни и би дошло до забуна, и ке дојдеме во ситуација да сите тие се блокираат. Убаво би било да смислиш некое интересно име кое нема да те опишува тебе и да го користиш во разговори. Благодарам на разбирањето и пријатно дружење.

< Поракaта ја уредил Julie -- 9.7.2009 15:49:17 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Абортус - да или не?
9.7.2009 15:50:42   
Julie1
Еве веке се случи да имаме уште еден анонимен корисник. Ве молам поставете име кое нема да Ве отсликува како не би дошле во ситуација која ја напоменав.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Абортус - да или не?
9.7.2009 15:52:18   
Anonimen
да..да ама веќе сум регистрирана на РР и многу сум активна, имам и мои слики user posted image ..
Затоа вака настапив.Само за оваа тема, затоа што многу малку луѓе знаат за мојот случај.

Сите вие ме знаете, ама сепак не би сакала сега да се кажувам..
А да направам уште еден USER NAME - ќе го заборавам user posted image

(Одговор на членот Julie1)
  Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Абортус - да или не?
9.7.2009 16:06:36   
milijana
Mojata majka imase edna prijatelka koja ostana bremena.Deckoto nejzin i raskina.taa nemase pari za abortus pa se stegala doma, se vrzuvala i gi terala vnucite od 3 i 5 god da i ripaat na mevopt. Tesko krevala,ama ne se pustila.Rodila doma.Snai se preplasila, tatko i ke ja otepal..ama koga dosla brza pomos..ajde..se rodilo masko dete.Tatko i edna nedela ne i zboruval,posle od vnuceto ne se delel. Toj ergen denes e vo Kanada, so svoe semejstvo, ozenet.Majka mu potajno i rekla na majka mi..fala bogu sto ne abortirav..sega sama ke bev..eve ne dade gospod da se omazam..a vaka uteha mi e sinot.Razni prikazni po narodot..neli??Prijatelkata na majka mi denes zivee sama vo stanot od nejzinite roditeli.Ima mnogu prijatelki so koi se druzi i izleguva, vika bila srekna zena! Sinot ja posetuval ednas godisno od Kanada so zenata i decata.Vika..,,Mnogu lici na tatko mu..eden den on razbral deka e tuka, pa go pokanil da izlezat.Se prestavil prijatel na majka mu,ama sinot svatil..se videl sebe si.Ne mu rekol nisto.Ispiele po edno kafe..i prasal sto mu treba.Si dosol doma i i kazal na majka mu deka se videl so tatko mu.Taa nisto ne mu rekla.I rekla na majka mi..Eee..kolku go sakav toa gubre.I tuka se zavrsuva.Toj nabrgu pocinal ..ama barem mu priznal na sinot deka se kael cel zivot sto ne rastel so nego. Eve edna prikazna od zivotot.Ne e kritika protiv nikogo..samo ja napisav oti taa prijatelkata na majka mi e mnogu pozitivna zena..sekogas nasmeana, kazuva smeski, se smee..ama taka zarazno..i ti da se nasmees.Mnogu mi e mila..i koga i da dojde kaj majka mi..tolku mnogu zraci.Ima takvi luge?Neli?Pozzz do site...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Абортус - да или не?
9.7.2009 17:17:29   
Maca25
Јас мислам дека абортусот е право на секоја жена, таа треба да одлучи за својот живот. Што ако некоја девојка била силувана ?!?! И таа останала трудна. Таа треба д го роди тоа дете? Дете што ќе ја потсеќа на нешто грозно? Нормално дека таа ќе одлучи што ќе прави понатаму. Затоа за мене е чиста глупост тоа да има закон кој ќе го забрани абортусот.  

(Одговор на членот milijana)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Абортус - да или не?
9.7.2009 18:19:53   
biljanaM
И јас мислам дека секоја жена има право да одлучи дали ке го роди детето или не....од друга страна пак знам многу мајки кои оостанале бремени и поради некои причини абортирале, а сега и ден денес мака мачат да останат бремени но сепак тоа од страна на докторите изгледа невозможно....како и да е секој има право на свој живот и да одлучува за својот живот...но што ако последиците се грозни....???

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Абортус - да или не?
14.7.2009 14:45:25   
haley
Нормално  и јас сум ЗА абортус , тоа е една од најголемите битки на жената во 20век како и на медицината.

Секако, ете повторно не се сложувам со конзервативната мами :)  која ги осудува жените од старт.
Абортусот мора да постои во нашето општество затоа што е една од солуциите да девојката/жената не биде жртва на својата состојба, да таа самата одлучи дали ќе го роди детето или не, а не да мора да ја трпи неправдата на природата.   Секако , свесни сме и самите дека живееме во средина во која една млада мајка(или постара) има проблем да најде работа , а ако има работа не оти е тоа доволно за кирија+трошоци и плус БЕБЕ ??..  а околината како и секогаш едвај чека да фати сеир, го завика тоа дете копиљ и ред глупости кои одат со тоа.

Во сите западни земји а и во некои држави во Америка, постои веќе 10год.  медикаментозен абортус, значи особата оди кај гинеколог , добива 2 пилули кои се земаат во текот на 24ч и така се прекинува бременоста. Ова функционира некаде до 10недела или 12.
Ваквиот абортус не е трауматичен, не е болен, нема никакви ама баш никакви ризици или опасност од инфекција или било што.
Значи , нема потреба од плашење дека леле ако абортира ќе имало шанси за стерилитет и др..  Ова се стари бапски муабети денес медицината е отидена ехеее...


(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Абортус - да или не?
14.7.2009 14:50:27   
mami
не ги осудувам- едноставно прифаќам абортус само од медицински оправдани причини...а ако не размислувала и направила дете- ке си ги сноси последиците(звучи грубо, ама ако е доволно голема да прави глупости тогаш нека си ја превземе одговорноста до крај и нека си ја чува грешката)

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Абортус - да или не?
14.7.2009 14:57:26   
haley
А зошто ?? што имаш ти од тоа што на некоја девојка и се случила несакана бременост и таа сега во незнам какви услови ќе го расне тоа дете?
Што ти добиваш со тоа што таа ќе го роди и ќе ја сноси одговорноста наспрам абортирала и ти нит знаеш нит те тангира ?

Замисли само каква е таа глупост.
Една некоја девојка/жена, самата смета дека НЕ Е во состојба да роди дете и го расне , но ете некои други , игнорираат што таа самата Не сака и не може и викаат: не ма, ќе си го родиш кој ти е крив.. сноси си ја одговорноста

како е само брутално и крајно контрапродуктивно.. и затоа во целиов развиен свет ете се нашле триста лесни солуции , ама кај нас и  во слични средини, абе одма жената е осудувана и “кој те врти мори, си ширела ноги има сега да му ја мислиш кога не си мислела тогаш“ ??  ужасно.


(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Абортус - да или не?
14.7.2009 15:00:40   
Еца
Не сме тука никому да судиме, само ги делиме нашите размислувања околу некои прашања.Сепак животот не знаеш што носи, никогаш не вели никогаш, а без разлика дали во брак или не барем на 80 % од жените им се случило да имаат абортус, било тоа од оправдани медицински или оправдани свои причини. Животот е пред нас и може за некое време токму некоја од нас ќе се реши на абортус.Тоа било и ќе биде.Секој си знае зошто и како се одлучува на тој чекор.А конзервативните размислувања немаат ама баш никаква врска со абортусот.Бидејќи ако некој е конервативен на форумот тоа сум јас.Но абортусот е понекогаш неоходен, колку ние поинаку размислувале.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Абортус - да или не?
14.7.2009 15:01:50   
srnicka
haley, mislam deka sekoj ima pravo na svoj komentar, nema potreba da se osuduvame. nie tvoeto mislenje go prifakame kako takvo, te molam prifakaj go i ti tugoto.

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Абортус - да или не?
14.7.2009 15:03:58   
mami
ме тангира моментот затоа што некој се мачи со години и години да има бебе и неможе а некоја го направила по грешка и го убива(мене тоа ми е убиство на човечки живот) подобро да го роди па ако не го сака, и нема услови да го чува нека го даде на посвојување- ке усреќи некој кој ја нема нејзината среќа

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Абортус - да или не?
14.7.2009 15:11:55   
haley
срничка, не мора да го прифатам туѓото мислење исто како што и некој не треба да го прифати моето.. ЈАс објективно само дискутирам на темата

Мами, секој од нас е индивидуалец и колку што ќе има жени што имаат проблем со зачнување толку ќе има и жени што ем лесно ќе забременуваат ем ќе имаат абортус и два и пак ќе затруднат без проблем. Едноставно , во тоа правдина нема, секој со својата судбина.

Не може јас да родам сега а немам кров над глава, дечкото фатил магла штом слушнал за ситуацијата, ужасни родители и итн.  Потоа, зошто лично да преживувам и доживувам огромна траума со тоа што ќе родам дете и го дам на посвојување , жално и за детето зошто цел живот ќе се прашува “која ми е биолошката мајка, зошто ме дала..“ и сл.  Зошто човечки трауми и фрустрации кога може и без тоа .



(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Абортус - да или не?
14.7.2009 15:15:21   
mami
па да, подобро е да се убие некој отколку да се размисли секунда пред чинот...ок..твое мислење..почитувам

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?