|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   На одмор со бебе - што да се земе?
7.5.2010 17:28:36   
brineta88
Кои се работите што се најпотребни кога ќе појдете на одмор со вашето малечко. Што се ви е потребно вам? Дали правите список или??? Какви се вашите искуствата.


< Поракaта ја уредил Julie -- 9.5.2010 13:53:31 >


_____________________________

Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
7.5.2010 17:45:00   
riba79
Vaka izgleda mojot spisok za malata i za nas:
hrana,obleka,kniski i lekovi(lineks,vitamin c ,paracetamol, kamagel,sinopen)kremi za soncanje i protiv komarci autan,igracki,pasosi,pari ,kartici...mislam deka ne zaboraviv nistouser posted image

< Поракaта ја уредил Julie -- 9.5.2010 13:53:42 >

(Одговор на членот brineta88)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Што да се земе
8.5.2010 5:34:52   
Annabel
Обавезно земам и антибиотик (ерсстворен, во прав).

(Одговор на членот riba79)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
9.5.2010 13:45:16   
brineta88
Ајде пишете што земате со вас на одмор, на плажа. Помогнете на мамичките што летово прв пат ке одат на одмор со нивните малечки. И јас спаѓам во нив и некако страв ме фаќа од ова пакување, што ако неземам нешто уффф.
Знам дека безпотреба се грижам, ама кога се во прашање најмалите мора на се да се мисли

< Поракaта ја уредил Julie -- 9.5.2010 13:53:57 >


_____________________________

Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

(Одговор на членот Annabel)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
10.5.2010 15:38:22   
Anushka
за 10 дена со бебе кое не проодело:
КОЗМЕТИКА: павловиќева х 2 (за торба и за соба), вл.марамици х 2 (за торба и соба); стапчиња за уши, памук, газа; пелени, крема со јак заштитен фактор, ножички.
АПТЕКА: јекодерм, синопен, парацетамол, дијазепам, линекс, физиолошки раствор, какпи за уши, капки за нос, аутан, алкохол, топломер, ханзапласт, Д3 капки, Ц витамин, камилица
КУЈНА: плинско, тенџерче, хумана/хип вода х 2, шишенца, цуцли, лажливки, кашички кои ги сака, млеко во прав, лажички за ранење, лажички за готвење, сјај, четка за шише, 2 кујнски крпи, тањирче, сад за чување храна.
ХИГИЕНА: лаворче за перење алиштенца и/или мало кадиче за бебето (кое го собира во куфер, а во него да може да се пополни со алишта или ствари, детерџент за перење, купка за бебе, тоалетна
ГАРДЕРОБА: чорапчиња х 7, хеланчиња/панталони х 3, бермуди/сукњички х 3, маички х 10, бели маички х 3 за на плажа да не се изгори (за капење), боди х 10, блузички х 3, џемперче/јакничка тексас х 1, капчиња за сонце х 2, сандалчиња, патичиња, купаќи.
ОСТАНАТО: пешкир за плажа, пешкир за капење х 2, мрежа против комарци/инсекти, неколку терта пелени за припокривање, чаршавчиња х 3, 1 кебенце, 1 фротирка, играчки, гума са пливање, чамче кое може да се користи и како базенче
ЗА ВО АВТОМОБИЛ (ПО ПАТ): торбица со пелени, храна, вода+вода загреана во термос за млекце и сл., играчки, фротирка, хартиени брисачи-ролна, влажни марамици, крема/павловиќева, 1-2 најлон кеси за ѓубрето/повраќаници/валкани пелени и сл.
за мама и тато е друг список, ама не заборавајте и двајцата да си земете со себе МНОГУ, МНОГУ ТРПЕНИЕ, ТОЛЕРАНТНОСТ, да броите до сто, многу ЉУБОВ и да се сетите дека за сите невољи (кои со бебе сигурно се случуваат) утре ќе се смеете и ќе ги пишувате во Радосницата.

(Одговор на членот brineta88)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
10.5.2010 15:40:45   
matushka
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Anushka mnooogu detalno objasnila.
Bash bukvalno se... Lani kako sto bevme na odmor mesec ipol, ne moze ni da zamisliet sto se nosevme, od krevet, kolicka, milion kashi, igracki, lekovi, alishta... ne ni pamtam veke.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
10.5.2010 15:47:30   
brineta88
Фала Анушка на исцрпниот одговорuser posted image . Ќе ни биде од помош

_____________________________

Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

(Одговор на членот matushka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
11.5.2010 10:27:16   
Zlatka
А од колку месеци user posted image  би ми препорачале да го носам бебето на одмор. Краен термин ми е 29 Јуни а крајот на Август , почеток на Септември планирам да отидеме со мм до Охрид или слично какво искуство имате со многу мали бебиња на одмор.

(Одговор на членот brineta88)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
11.5.2010 10:30:27   
matushka
I da go nosis, i ic da ne zamaras koj ke ti kaze dali e malo. Pa i bebinjata sakaat da shetaat i sakaat vozduh. Jas go rodiv Mateja vo April a go nosev na odmor vo Juli pa site fativme stomacen virus, a nego ama bukvalno nisto ne mu bese. Duri go shlapkav vo voda so nidzinjata.

(Одговор на членот Zlatka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
11.5.2010 10:43:13   
Zlatka
Супер user posted image  и ќе го носам и така ќе поминам цело лето дома па ќе побудалам ако не излезам некаде надвор.
Фала user posted image

(Одговор на членот matushka)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
11.5.2010 11:14:48   
profesorica
анушкабаш убаво си пишала како што еuser posted image user posted image user posted image

јас за бебе носев се но сега сакам да знам што да понесам за 2 годишно- бидејќи лани некои работи џабе ми тежеа во торба.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Zlatka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
11.5.2010 11:43:56   
viksa
Анушка, секоја чест за напишаниот пост. Подобро не може да бидеuser posted image . Искрено, ваква исцрпна информација, ми беше многу потребна. Петар ќе има 10 месеци во август, па планираме да одиме некаде на море. За првпат со дете...user posted image . Ќе биде интересно.......user posted image

_____________________________

Насмевката е единствена крива линија која исправа многу работи.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
19.5.2010 13:55:19   
Anushka
искрено се надевам дека мојот список од погоре ќе ви биде од помош, затоа го надополнувам:

- пижамки (а и не мора, ако е летен одмор, може и боди)
- наместо ќебенце, ако бебето користи вреќа за спиење, тогаш вреќа
но, ако можете да си заперувате на одмор, тогаш не „мкнете“ толку алишта. Иако, најголемиот товар се пелените, кашите, шишињата, пешкирите. А тие мора да се носат.
И за крај, освен количка и дубаче, не заборавајте (јас заборавив да пишам погоре!?).
- здравствена книшка со сини картони (за странство и осигурување)
- пасош, по потреба

(Одговор на членот viksa)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
19.5.2010 14:28:50   
brineta88
user posted image user posted image user posted image анушка
Секако дека ни е од голема помош. Ако ти текне уште нешто слободо додади на списокот

_____________________________

Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
28.6.2010 22:35:20   
Snowhite RR
Ај да ја активираме оваа тема повторно, затоа што се ближат годишните одмори, па да си помогнеме со тоа што се ќе ни треба да понесеме. Инаку мм пред некој ден ми спомна да одиме ова лето на одмор, тука во мк, иако јас не бев за, заради бебушот,некако ми е мал, а најмногу заради се она што треба да земам со нас за него и за нас, а особено затоа што немаме наша кола, па да се тормозам по автобуси, нема шанси...,а од друга страна па може убаво ќе поминеме баш дека е мал, зошто наредната година кога ќе почне да трча и да е немирен тоа ќе биде замор, а не одмор, тогаш би одела само заради него, па си мислам уште оваа година по раат да отидеме на одмор. Дали некоја од вас има искуство со носење на бебе помало од 6 месеци на одмор и како сте поминале, дали носевте многу работи со вас

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот brineta88)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
29.6.2010 10:21:19   
niki
Ја читав темава кога беше активирана и секоја чест на постовите на Анушка, ама жени мои драги, ако треба камион да понесам на одмор кога одам не би одела жими сеuser posted image
Кога беше ќерка ми 6 месеци јас и таа се преселивме од Скопје во Грција и тогаш донесов само два куфери, со нејзина и моја гардероба, а овде за одмор од 10 дена се збори да се земе цело домаќинство.user posted image Сигурно никој со бебе не планира да оди на пуст остров и да живее таму од лов на риба и берење плодови од природата. user posted image
Она што сметам важно за одмор со бебе е да се одбере место кое во близина има амбуланта со педијатар, добро снабдена аптека и супер-маркет. Да се понесе облека, приборот за јадење на бебето и неговите омилени играчки и количка. Да се понесе храна и пелени доволно за по пат, а се останато што ќе притреба за престојот да се купува кога ќе се стаса на местото согласно со потребите.
Сосема безпотребно сметам да се носат, кадички, лавори, тенџериња, плинско... Бебето може да се тушира во туш-кабината, само една пелена да се стави долу да не се излизга, едниот родител го држи, другиот го капе и така, малку импровизирање... за подгревање на млеко да се користи кујната на сопствениците каде престојувате. А готовите кашички извадени на собна температура половина час може слободно да се конзумираат без подгревање.
Особено треба да имате предвид ако патувате некаде со авион, ограничувањето на багаж е 15 кг. по возрасен човек, а бебињата бидејки не плаќаат карта со багажот се вклопени во родителскиот, така да треба да бидете доста рационални и да земете она што навистина ќе ви треба.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
29.6.2010 10:31:26   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Ја читав темава кога беше активирана и секоја чест на постовите на Анушка, ама жени мои драги, ако треба камион да понесам на одмор кога одам не би одела жими сеuser posted image




потпис! user posted image



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
29.6.2010 10:35:22   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Ај да ја активираме оваа тема повторно, затоа што се ближат годишните одмори, па да си помогнеме со тоа што се ќе ни треба да понесеме. Инаку мм пред некој ден ми спомна да одиме ова лето на одмор, тука во мк, иако јас не бев за, заради бебушот,некако ми е мал, а најмногу заради се она што треба да земам со нас за него и за нас, а особено затоа што немаме наша кола, па да се тормозам по автобуси, нема шанси...,а од друга страна па може убаво ќе поминеме баш дека е мал, зошто наредната година кога ќе почне да трча и да е немирен тоа ќе биде замор, а не одмор, тогаш би одела само заради него, па си мислам уште оваа година по раат да отидеме на одмор. Дали некоја од вас има искуство со носење на бебе помало од 6 месеци на одмор и како сте поминале, дали носевте многу работи со вас


Не носев многу работи. Поготово не тука во МК, каде исто ми се фаќа дали ќе понесам нешто од Ск кога истото го има и во Охрид нели? Идете, прошетајте, уживајте, ич не му мисли. Не се замарај повеќе отколку што треба user posted image



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
29.6.2010 11:11:39   
mama26
isto i jas kako riba79.ama bas isto

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
29.6.2010 12:30:32   
brineta88
Snowhite немој да се мислиш, обавезно отидете си на одмор. И плус не одите надвор од мк. Супер ќе си поминете.
А јас со мојов палавко има да биде оф леле мајко. Како што е жив активен баш ќе биде замор наместо одморuser posted image


_____________________________

Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
29.6.2010 13:05:47   
Felly RR
Леле, баш убаво што ја видов темава. ЈАс се мислев моето да не е малечко, во август ќе има 8 месеци, и се мислев дали да одиме оваа година на одмор, ама сега кога читам дека и помалечки ги носите- сигурно ќе одиме. А за списокот мислам некои работи што можат да се купат секаде, како кашички нема потреба да се носат, исто и кади,ловори..user posted image

(Одговор на членот brineta88)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
29.6.2010 14:43:47   
Џесика
и резервна цуцла лажалка... јас имав уплав ако ми се изгубеше некаде,па земав две...

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
1.7.2010 13:41:08   
brineta88
A што правите за јадењето? Готвите, купувате готови кашички. 

Филип се јаде домашно на почеток му давав кашички, ама сега не ги сака, така да ќе треба да му подготвувам јадење.


_____________________________

Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
2.7.2010 0:26:14   
Snowhite RR
Па јас планирам ако одиме, значи не ти зборувам од искуство, се надевам некоја од мамичките која има искуство со одење на одмор со бебе да пише, значи јас ќе направам поголема количина од тоа што планирам да му давам таму и ќе ги замрзнам во коцки, се надевам таму ќе има замрзнувач, и по потреба ќе одмрзнувам, што знам... Ајде мамички со искуство пишете овде...

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот brineta88)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
2.7.2010 0:50:06   
Anushka
Сноувајт, сум носела дете како твоето ангелче на одмор. Верувај, најдобра бебешка возраст за на одмор. Само храбро! Сепак, не би ти советувала да правиш многу храна од дома,замрзната. Се` бидува - жештини, бактерии, салмонели. Подобро земи блендер, тенџерче и сл. па прави му „на лице место’, Најдобри во случај на патување се готовите каши....
И мамички, надополнување - мојот список е огромен, ама од лично искуство подобро е кога си со бебе да земеш се` отколку да импровизираш. Импровизацијата е возбудливо и брзо решение, ама ако не испадне како што треба (на пр. не си ги земал сите лекарства, а аптеките токму тој ден не работат заради државен празник...), ти носи многу нервози.
Кога си со мало дете, се знае: и за два дена и за два месеца, багажот е ист, во прашање се само 5 маицки + -.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?