Anushka -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (10.5.2010 15:38:22)
|
за 10 дена со бебе кое не проодело: КОЗМЕТИКА: павловиќева х 2 (за торба и за соба), вл.марамици х 2 (за торба и соба); стапчиња за уши, памук, газа; пелени, крема со јак заштитен фактор, ножички. АПТЕКА: јекодерм, синопен, парацетамол, дијазепам, линекс, физиолошки раствор, какпи за уши, капки за нос, аутан, алкохол, топломер, ханзапласт, Д3 капки, Ц витамин, камилица КУЈНА: плинско, тенџерче, хумана/хип вода х 2, шишенца, цуцли, лажливки, кашички кои ги сака, млеко во прав, лажички за ранење, лажички за готвење, сјај, четка за шише, 2 кујнски крпи, тањирче, сад за чување храна. ХИГИЕНА: лаворче за перење алиштенца и/или мало кадиче за бебето (кое го собира во куфер, а во него да може да се пополни со алишта или ствари, детерџент за перење, купка за бебе, тоалетна ГАРДЕРОБА: чорапчиња х 7, хеланчиња/панталони х 3, бермуди/сукњички х 3, маички х 10, бели маички х 3 за на плажа да не се изгори (за капење), боди х 10, блузички х 3, џемперче/јакничка тексас х 1, капчиња за сонце х 2, сандалчиња, патичиња, купаќи. ОСТАНАТО: пешкир за плажа, пешкир за капење х 2, мрежа против комарци/инсекти, неколку терта пелени за припокривање, чаршавчиња х 3, 1 кебенце, 1 фротирка, играчки, гума са пливање, чамче кое може да се користи и како базенче ЗА ВО АВТОМОБИЛ (ПО ПАТ): торбица со пелени, храна, вода+вода загреана во термос за млекце и сл., играчки, фротирка, хартиени брисачи-ролна, влажни марамици, крема/павловиќева, 1-2 најлон кеси за ѓубрето/повраќаници/валкани пелени и сл. за мама и тато е друг список, ама не заборавајте и двајцата да си земете со себе МНОГУ, МНОГУ ТРПЕНИЕ, ТОЛЕРАНТНОСТ, да броите до сто, многу ЉУБОВ и да се сетите дека за сите невољи (кои со бебе сигурно се случуваат) утре ќе се смеете и ќе ги пишувате во Радосницата.
|
|
|
|