Saturn -> RE: Агнес ги очекува близнаците! (8.11.2010 10:12:32)
|
Агнес, биди упорна во твоето барање. Проверувај до каде е твојот предмет, каде се наоѓа, кој терба да одлучива, кога. Понекогаш мора на „глава да се качиш“ за работа што им е во описот на работното место. Може да не е за барање мито, туку едноставно нефункционална администрација. Еве еден пример (не е за посвојување дете, но за администрацијава, во социјално). Првиот пат породилното ми доцнеше со месеци, јас бев веќе вратена на работа, а ни пара не ми префрлаа. Сите документи уредно однесени, придонеси платени. Е проблемот бил во тоа што тој од трети спрат во социјално немал принтер и на тој од први спрат не можело да му се даде испринтан лист со жени на породилно кои теба да добиваат паричен надоместок. Значи причината беше НЕМАЊЕ НА ПРИНТЕР!!! Не ми се веруваше, од работа колегите од сметководство по 100 пати одие и баш тоа им го кажуваа како причина, нај дрско, без чувство. Не може сега тој од трети спрат за секоја трудница да се симнува доле и да му кажува на колегата, тоа морало да се испринта... Ајде, веќе очекувам убави вести и стискам палци за тебе, сопругот и девојчињата!!!
|
|
|
|