Maca25 -> RE: Драги Бремена сум! А тој ...? (28.9.2010 14:09:47)
|
Ми доцнеше, ама поради нередовната менст. не ни помислував на бременост. Некако заборавив кога треба да добијам, се додека не почна да ми се лоши, да повраќам, да мокрам многу често... мислев дека имам стомачен вирус [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. мм една вечер отиде во аптека по витамини за мене и се враќа со 2 или 3 теста за бременост. ЈАс се изнасмеав. `ајде` ми вика, `направи ги, да знаеме дали е тоа или не`. Ги направив двата одендаш, тоа двете цртки бликаа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozacrtici.gif[/image], јас го препрочитував упатството и не можев да поверувам, и тогаш мм влезе во купатило и ги виде тестовите. Почна да скока од радост и да ме гушка. Јас уште бев во шок и отидовме да купиме уште еден тест. И тој [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozacrtici.gif[/image]. Уште не ми се веруваше. Утредента бев на преглед и ми потврдија дека сум 7 недела бремена. Мм цела недела имаше испади на среќа.
|
|
|
|