ripce -> RE: Листа на опасни играчки (28.12.2009 23:30:14)
|
Невротоксини, тешки метали, алергени, арсен, олово, ова се само некои од состојките кои се наоѓаат во детските играчки со сомнително потекло. Европскиот систем за алармирање на опасни производи покажал дека од сите производи кои содржеле опасни материи 31 процент се играчките. Од коалицијата за безбедни играчки апелираат до родителите да внимаваат што купуваат.„Според европската директива треба на секоја играчка да пишува кој е составот на играчката и пишува во кој степен таа играчка состои кадмиум, и колку е тоа дозволено. Тие се тие декларации коишто треба да ги има секоја играчка. Кај нас се уште ги нема, бидејќи нашето законодавство тоа не го бара“, вели Наташа Доковска, Коалиција за безбедни играчки.„Не е тоа на пазар или на тезга, туку во продавница во која што е направен увоз и е земена робата од некој увозник. Таму се продаваат играчки коишто буквално немаат декларација или не се знае од каде е потеклото“, рече Самуил Петрески, Коалиција за безбедни играчки.Доковска вели дека се сомнева во контролата на квалитетот на играчките од страна на надлежните. Од таму велат дека квалитетот на увезените играчки се проверува, но останува прашањето за играчките кои се продаваат нелегално на пазарите. Луѓето велат дека се свесни за опасноста.„Ги проверувам претходно, е сега колку е во моите можности да проверам тоа е друго“.„Треба да се внимава. Безбедноста на децата е најбитна. Може да биде и нешто поскромно, мало, минијатурно, нешто што ќе го израдува, а тоа не е битно дали е скапа или евтина, ама да биде безбедна, во секој случај“.„Кинески не земаме затоа што пластиката мириса“, велат анкетираните граѓани.Европскиот знак за квалитетот на играчките е латинично це, но досетливите Кинези го употребуваат истиот симбол кој означува чајна експорт.
|
|
|
|