RE: Козметика за новороденче (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


profesorica -> RE: Козметика за новороденче (25.9.2009 14:22:13)

И мене мајка ми ме миела со косили[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] јас не сум го пробала за Дамјан ама еве сега ме потсети мис[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] , баш ќе го пробам.




mis. -> RE: Козметика за новороденче (26.9.2009 13:13:24)

Гледам mother 29си купила шампон косили па едно предупредување до мамичките
По продавниците сум сретнала многу копии на оригиналното косили од невена лесковац.Едното е од андрос охрид и едно од некоја скопска фирма.Имаат исто шишенце само пишува дека друг го произведува а не невена - лесковац.




nadica -> RE: Козметика за новороденче (26.9.2009 17:23:54)

од првиот ден ја користиме колекцијата на бекутан(пенливо, шампон, млеко за тело, крем за лице, витаминска крема, во летниот период и крма за сончање) и сапунчето на еуцерин и немаме никакви проблеми [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif]




Весна -> RE: Козметика за новороденче (26.9.2009 20:37:01)

Хм, во врска со косили шампончето еве што и' се има случено на свекрва ми и тоа пред 20 години.
Додека ги бањала близнаците и' капнало од косили на килимот и откако ги стокмила малите, земала да го забрише капнатото место на килимот и што да види, цела бела дамка оставило!!!
А еве само што ми кажа дека мајка и' ги бањала со јајце, едно јајце кршеле во коритцето со вода, и само така, го миеле бебето и толку




Sara -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 12:32:33)

Кажете ми што стававте на лицето бидејќи на Матеј му се појавија црвени бубулички на лицето а јас до сега користев павловичева.
За препоните што се нафрлани од пелена ми рекоа да земам црвена вода и одма му се изгубија а за лицето?
Ја има ли некој користено Мустела кремата за лице и од кога може да се користи?
Исто така ми рекоа само 1 месец да го мачкам цело тело со павловичева/јекодерм и понатака не. Дали да земам некое млеко за тело и кое го препорачувате. Матеј има 33 дена да не е рано за тоа?




profesorica -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 12:37:26)

јас до 2 месеци Дамјан го мачкав со јекодерм и павловичева а таа црвената вода ако мислиш на Еуцерин јас само на телото го мачкав со таа.Но еве гледам други рингерајки користеле Еуцерин црвена и за лице па види прочешлај на првата страница од темава.




Sara -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 12:39:03)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

јас до 2 месеци Дамјан го мачкав со јекодерм и павловичева а таа црвената вода ако мислиш на Еуцерин јас само на телото го мачкав со таа.

Не е Еуцерин се вика Еозин и во болница го мачкаа со тоа од памперсот му се појави како алергија кај стомачето.
Ние кога го носевме на вакцина на 1 месец д-р ни рече да не го мачкаме веќе со павловичева да диши кожата.




mother 29 -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 12:41:36)

никако млеко за тело!само со јекодерм,а и не е препорачливо да го мачкаш секој ден,по цело тело...му се затвараат порите,не диши кожата!само на критичните места,газе,препони,онаму каде му е посува кожата!
еозин(црвената вода) може и на лице да ставаш!




Sara -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 12:44:53)

Мислиш воопшто да не го мачкам со млеко за тело или покасно да почнеме?
Сега не го мачкам веќе цело тело само на газето му ставам павловичева оригиналната, а за мустела се мислам дали да ја земам оваа кремата за лице би требало да е добра?!




profesorica -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 12:46:14)

Луѓе не зборам за еозин има енда црвена линија на козметика за новороденче од Еуцерин.Има и за тело и за лице.




mother 29 -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 12:50:27)

не мислам воопшто да не го мачкаш,само немој цело тело,секојдневно.

еве на пр. јас, Марко (така ми кажаа во ре-медика),2 пати во неделата го мачкав цело тело со јекодерм, а др. денови само критичните место за зацарвување што се!газето го мачкав и до ден денес го мачкаме со павличева со перу балсам(онаа црната)..така го третираа во ре-медика ,така јас продолжив!
а за млеко за тело е рано!има врема...сега нека му се исчисти кожата ,убаво!




Sara -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 12:58:52)

[image]http://mbeans.com/images/items/baby-skin-care/main/MUSTELA-hydra-bebe-face-visage-1202.jpg[/image]
Ок сфатив за Еуцерин дека зборуваш, ама јас мислев на Еозин дали смее да се користи на лице, бидејќи баш тоа е функцијата за третман на алергии и слично.
Еве за оваа крема мислев дали некој ја има користено за лице и како сте задоволни?




profesorica -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 13:07:06)

оваа ја користеше братучетка ми за малата ама најубаво да си се консултираш со педијатар.




mami -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 13:09:22)

Еозин на Лице никако..тој има функција да суши и ако ја ставиш на лице каде кожата е сепак понежна можеш само да му ја воспалиш. Јас на лицето му мачкав по сосема малку јекодерм или сега му ставам од бекутан кремот, ама сосема малку, не мрсен слој, колку да добие влажност кожата




profesorica -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 13:11:30)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29


еозин(црвената вода) може и на лице да ставаш!


јас не сум ставала на лице, мотхер 29 така ти препорачаа во ремедика или?




mother 29 -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 13:14:37)

кај нас немаше потреба,ама цимерката од соба во ре-медика на бебето нејзино,да.
го мачкаа на тампонче малку од еозинот и на брумчињата од лицето....имаше малата некаква контактна алергија два дена , и 100 % сум сигурна дека ја мачкаа со еозин(незнам сега само колку промилен)




mami -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 13:14:40)

мене во чаир најстрого ми ја забранија за лице..му го мачкаа телото - тоа да, дека имаше некоја инфекција, иритација фатено таму ама за лицето ми рекоа никако ставање од тоа..може само да му го исушиш




mother 29 -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 13:17:02)

сега пошто ,има различни искуства,да си пита педијатар,најдобро!
мегутоа и ги мазнуваа само брумчињата,не цело лице.




mis. -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 13:24:58)

Вака сега кај Мартин после неколку дена од раѓањето на лицето му се појавија брунчиња и педијатарот ми препорача еозин.Ставав со памукче но не помина џабе му ги исфарбав само алиштата.Потоа патронажната сестра ми кажа во водата кај што го бањам да ставам хиперманган тоа е како средство за дезинфекција на кожата.Верувајте за еден ден му се исчисти кожата.А креми,лосиони за новороденче никако.После секое бањање само павличева на газето а јекодерм на вратчето,позади ушите,под пазувите таму кај е набрана кожата кај се собира нечистотија.Се друго е одвише ако се разбира немаш некој проблем дополнителен.




mami -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 13:27:13)

да, ама и со хиперманганот треба да се внимава со дозирањето, да не се направи некоја беља..незнам, не сум го користела и малку сум скептик во врска со неговото користење[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mis. -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2009 14:33:41)

 Јас го користев и не видов некоја штета од него сако корист.А плус сите бебиа и немаат проблеми со сува кожа.




Sara -> RE: Козметика за новороденче (19.10.2009 11:37:03)

Ние до сега се бањавме со Мерима сапунче и сега се мислам која купка да ја земам, дома имам од Бекутан пенливото ама знам дека имаше една купка и за глава и тело ама не ми текнува чија беше. Исто се мислам кое млеко за тело да го земам, кое го користите вие и од кога почнавте да ги користите?




mis. -> RE: Козметика за новороденче (19.10.2009 11:52:07)

Бекутан пенливото ти е доволно и за коса и за тело па твоето сара е малечко така да е супер избор.За млеко за тело почекај малку да порасне а до тогаш користи јекодерм.




STRUMFETA -> RE: Козметика за новороденче (19.10.2009 13:39:48)

ја користиме колекцијата не jonsons и сум презадоволна,посебно млекото за тело од лаванда.А сапун, мислам дека е најдобар Еуцерин.Кога се роди до 40, само со чиста вода  во која истурав сварен чај од  камилица.




Sara -> RE: Козметика за новороденче (22.10.2009 19:30:48)

Две мои другарки кои се породија во Систина ми рекоа дека д-рката таму им препорачала мачкање на телото на бебето со рибино масло - резултатите биле невидени, и тоа до 3 месец после може да се користи некоја колекција од бебешките.
Дали некој од вас има користено рибино масло?
А инаку за лицето што му беше нафрлано ми помогна крема Пантексол - пробајте нема да згрешите, тоа е наменета за нега на врат и лице на детската кожа.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>