RE: Козметика за новороденче (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


Felly RR -> RE: Козметика за новороденче (5.2.2016 10:52:42)

Во Зегин има, околу 100ден 50 марамчиња, а се прилично големи.




lolla RR -> RE: Козметика за новороденче (5.2.2016 11:07:45)

Bea nie i den denes koristime pamuk toto. Vlazni samo za nadvor. Nikogad ne se nauciv da mu mijam gaze pod tush sama. Sega veke stoi i podrugo e. Pavlovikeva samo prviot mesec koristevme i mnogu loso pomina so nea. Imas i na weleda za pelenska regija izbor ima eheeee.




Bea -> RE: Козметика за новороденче (5.2.2016 11:15:38)

Гледав дека има и крема за пеленски осип и за лице, ама во Еурофарм кога бев имаше само масло, млеко и тврдо сапунче :)




bitolcanka82 -> RE: Козметика за новороденче (5.2.2016 19:14:21)

Jas odluciv i zedov Mustela kozmetika duri i vodicka od mustela za cistenje na gazinjata barem na pocetok so gazicka ili kako tupferi da ne se so vlazni isto i krema za lice vo slucaj na osip od mustela i bpanthen krem za gazinjata..




lolla RR -> RE: Козметика за новороденче (5.2.2016 20:16:59)

Беа, за тврдо сапунче не знам дали би користела за новороденче. Да не те предомислувам само си размислувам гласно. Ние на почетокот додека падне папочето го мачкавме со гелче па го плакневме а потоа многу малку ставав во водата и само го мев со раце. Да ми е овој памет, би го минела со насапунета тетра или меко сунѓерче (подоцна купив на Бебионо) а не со чист гел. Мада тоа е з акратко па не е страшно. ОСвен да ги насапуниш рацете па да го банкаш бебуш. Ајде ке пишеш искуство.

Не знам дали сум пишала, користам и на Авене термална вода онаа што се шприца, исто е многу добра за лице газе итн...




Bea -> RE: Козметика за новороденче (5.2.2016 21:23:14)

Лола, така планирам со насапунета рака, не директно сапунче на тело.
Идејата ми е од другарка ми, она малиот го бањаше само со тврдото сапунче на Мустела и ептен ми го испофали.
Јас за Веледава само позитивни искуства слушам и читам, плус органска, а и невенот ме бендисува, па ќе видиме дали ќе одговара.




Estera -> RE: Козметика за новороденче (5.2.2016 22:21:26)

Беа од моето искуство Веледата е прекрасна колекција, Јас за се користам од Веледа и кожичката му е многу нежна и мека. На почетокот
имаше брумчиња поо лицето и со кремата за лице што е го мачкав и му помина за бргу време. Јас сум задоволна од Велеедата. [sm=smiley1.gif]




Bea -> RE: Козметика за новороденче (7.2.2016 11:03:03)

Купив козметика, целата линија на Веледа ја има во Зегин во Сити Мол. Земав сапунче, крема со цинк за газе и шампонче. Млеко не земав бидејќи ќе користам кокосово, се мислам за лице кремата дали ја земам.
Ги најдов марамиците на Тосама, фала ви девојки, а на Тосама си земав и влошки за гради (дај боже да ми требаат :) ), 130 денари, многу поевтини се во однос на другиве на Нук или Кико што се по 300 и кусур.
Исто крпчиња за миење со вода најдов во ДМ. Малку поголемки се 21х25, ама мислам дека ќе бркаат и тие работа - 65 ден/30 парчиња.
Шишенце Авент земаве стаклено, маж ми техноманот запна дека Philips[sm=smiley36.gif], па да не му го кршам ќефот.





lolla RR -> RE: Козметика за новороденче (7.2.2016 11:10:59)

Беа, браво за колекцијата, со здравје да си ја користите.





Kvisko -> RE: Козметика за новороденче (7.2.2016 19:17:15)

Bea со убаво да си ја користите колекцијата и да си имате супер кожичка. Од моето скромно искуство ен знам сапунчето дали ќе го користите зашто е потеко со сапунче да се бања барем на поечток. ќе ти покаѓат како се бања во Ремедика пред да падне папчето, а и потоа полесно барем мене ми е со купка(шапонче). Сега ставам малку во водата и малку на косичката и така се бањаме. Педијатарот исто така ми рече да не му ставам масло на кожата додека е ептен мало да не се ифрли зашто маслата биле потешки за кожата па користиме лосион сега за сега. За газе не знам дали секој ден да го мачкаш со таа со цинк оксид, таа е обично за црвено газе).




Bea -> RE: Козметика за новороденче (7.2.2016 19:59:10)

Дечки фала за советите, ќе си докупам и купка. А за кремата со цинк би ја користела по потреба, за осип.
Секако ќе имам во предвид што ќе ми кажат во ремедика, а и самото дете ќе покаже што му одговара што не.
Не знам за маслото, 100% природно е и органско, нели е потешко синтетички креми да се мачкаат?




Hopeful RR -> RE: Козметика за новороденче (7.2.2016 22:18:21)

Беа, нас ни препорачаа да ги мачкаме со рибино масло, ептен е добро за кожата, башка поприродно од тоа - здравје. И мене не ми имаше логика на тазе новороденче да му се стави лосион или крема, така што маслото го користевме може два месеци.

Инаку евтини влошки за гради има и во ДМ, на Baby Love, и супер се. Користев и од поскапите, и воопшто нема зошто да се фрлаат пари. И да, ќе ти требаат, за тоа позитивен став е најбитен! Биди сигурна во себе [sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: Козметика за новороденче (7.2.2016 23:50:37)

Постовите за пелените ви ги префрлив Клик=тука за попрегледно [sm=smiley1.gif]




Kvisko -> RE: Козметика за новороденче (12.2.2016 13:53:03)

Не знам за маслото веројатно се си зависи од типот на кожата. Мене лично дерматолог ми забрани масла зашто имам тенкамосетлива кожа која не е субжва и е склона кон дерматити и алергии. Синко е скроз на мене може затоа ми рекоа не масло. Наводно ги затворало порите и не ја влажни кожата туку ја масти.
Секој со свое искуство на крај. На пример јас сега открив дека за тие брумчињата на лицето што си ги има пошто е осетлив најдобро му одговара лосион од Бекутан (го пробав тестерот што ми го дадоа во Ремедика), а сите сме се запнале де органска козметилз де ова де она. Бебчо сам ќе покаже што му одговара. Сега си купив големо пакување и со тоа ќе го мачкам.




lolla RR -> RE: Козметика за новороденче (12.2.2016 16:36:47)

Квиско, има разлика помеѓу беби масло како Бекутан, хип итн... и чисто масло од природата.Не се сложувам дека не се впива, напротив, на тазе избанкана бебешшка кожа кокосово масло се впива за милина (некои мајки користат и маслиново и невеново но мене кокосовото ми е бр1). Бекутан лично не го сакам (иако мирисаат боженствено) заради присуството на парабени од секој тип. Искрено, најголемиот орган наш е кожата и на новороденче не би мачкала лосиони кои се впиваат во кожата и ги јаде епителот. Тоа е мое мислење, секој си одлучува за себе.

Доколку бебето не толерира толку масла, може истото да се става со масажа пред капење па да се исчисти со капењето но нема споредба меѓу природно масло и лосион.




Bea -> RE: Козметика за новороденче (12.2.2016 17:06:56)

Kvisko, јас наидов на доста имформации дека токму состојки како парабени, парафин или силикони ја "маскираат" кожата, не дозволуваат да дише и ја задржуваат вештачки влагата.
Ај да не паметувам пред време, којзнае моево како ќе прифати ова што сум купила.




Melanija RR -> RE: Козметика за новороденче (12.2.2016 20:35:33)

Чисто бебе избањато е чисто бебе и тоа за мене е доволно.Масла,млека и сл само некогаш не како козметика за бебе




SOLE -> RE: Козметика за новороденче (28.3.2016 23:10:09)

Мамички ве читам и гледам како најдобри од бебешка колекција ги споменувате мустела, виледа и еуцерин, а мене ме интересира што мислите за козметика на Chicco??? Пошто во Италија најмногу ја преферираат, маш ми моментално е таму и рече купил купка па ме прашува што уште треба, јас искрено уште небев одлучена се мислев каква да земам...




marchi -> RE: Козметика за новороденче (29.3.2016 12:58:32)

tie na eucerin se medicinski obicno gi preporacuvaat za deca so problematicna koza, istoto go imam slusano i za proizvodite na mustela. za tie Chicco i ovde gi koristat mnogu gi falat,jas samo na bekutan sum ama imam prijatelki koi koristele Chicco i se zadovolni.




Neurotoxin RR -> RE: Козметика за новороденче (30.3.2016 18:04:42)

Мустела има и линија за секојдневна употреба, и по цена е сосема ок, затоа што пакувањата се далеку поголеми, кога ќе видиш дека ќе ги купиш еднаш годишно се исплати ептен, а за квалитетот не правиме муабет, мене само не ми се свиѓа мирисот на мустела, премногу е јак за мало бебе




marchi -> RE: Козметика за новороденче (31.3.2016 12:14:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin RR

Мустела има и линија за секојдневна употреба, и по цена е сосема ок, затоа што пакувањата се далеку поголеми, кога ќе видиш дека ќе ги купиш еднаш годишно се исплати ептен, а за квалитетот не правиме муабет, мене само не ми се свиѓа мирисот на мустела, премногу е јак за мало бебе

sto znam mene pa mi e do nekade vazen mirisot pa zatoa sum i ljubitel na becutan,bas mi miririsa na bebesko [sm=duda.gif] [sm=smiley1.gif] mustela ne sum koristela ama stom ima jak miris ko za malo bebe malku ke podrazmislam,mie uste go koristime evy baby sto go dobov na nagradnata igra koja bese pred okolu 1 god tuka.kolicinski e 400 ml zadovolna sum,so neutralen miris e pa za sleden pat ke vidam koj ke go kupam.




Hopeful RR -> RE: Козметика за новороденче (31.3.2016 13:12:09)

Се е релативно, за мене Еви Бејби беше прејак мирис и воопшто не ми се допадна, ни купката, а поготово не пелените. Мустела си мириса убаво, а Бекутан џабе што мириса супер, кога производите им се со парабени...




Neurotoxin RR -> RE: Козметика за новороденче (31.3.2016 13:36:04)

За мирис, квалитет и нормална цена веќе три години ги користам хипп козметиката, ама сега со бременоста и тој мирис ми засмета, здравје ќе преминам за малата нешто друго и онака и треба убав шампон за косата веќе и е голема, а за бебушот ќе размислам искрено, ќе ве читам вас [sm=smiley36.gif] и ќе одлучам




Milicka 30 -> RE: Козметика за новороденче (31.3.2016 23:53:42)

Ние до 7 месеци користевме мустела, искрено презадоволна сум, мирисот ми е неутрален и пакувањата се големи и траат. Сега користиме хипп и задоволна сум а се и многу поефтини. Нам од болница ни препорачаа на адерма ама неуспеав кај нас да најдам се.




Страница: <<   < Претходна страница  28 29 30 31 [32]