|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Козметика за новороденче
24.8.2010 10:01:07   
saskicka
Pozdrav do site mamicki i nivnite najmili.pa vaka na site ni e poznato deka kozata na sekoe novorodence se ciste so sekojdnevno kapenje do 40dena pa me interesira dali uste so prvite kapenja treba da koristam kupki za kapenje.mleko za telo,ili maslo,li samo samponce.Gi procitav site vasi soveti i ne mi e jasno za stto se koristat kremite eucerin/ eozin.mislam deka voa ke gi interesira site idni mamicki caouser posted image

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 151
   RE: Козметика за новороденче
24.8.2010 10:16:30   
elle
јас користев и сеуште користам само шампонче за бањање и не ставам ниту млеко за тело ниту масло сум употребувала, во првиот месец имаше појавено црвени брумчиња на лицето само и и помина од павловиќевата маст оригинал шо е, за газето користам витаминска крема и тоа е сета козметика што ја користам за user posted image

_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот saskicka)
Непосредна врска до пораките: 152
   RE: Козметика за новороденче
24.8.2010 11:04:51   
BILE.F
Првите два месеца го бањав само со водичка, по препорака на педијатарот, зашто се роди многу чисто, а еве веќе 1 ипол месец, се бањаме со
Мустела, и не ставаме никакво млеко за после бањање! Кожата на лицето и телото му е доволно влажна и чиста и нема потреба за дополнителна козметика!
За газето користиме Бекутан влажни марамици и Бекутан витаминска крема!
Значи доколку нема потреба, убаво е да се пушти кожата да дише, а не да се затвараат порите со млека и креми, посебно на овие високи температури!

< Поракaта ја уредил BILE.F -- 24.8.2010 11:05:40 >


_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 153
   RE: Козметика за новороденче
24.8.2010 11:13:54   
blue_blue
Еозин не е крема, тоа е течност со розева боја и главно се користи како да смири воспаление на кожа, делува антисептички, а на база на вода е. Нешто слично како хиперманган кој се раствара во вода. Обично ког адеца имаат црвенило на газе, на лице се дава ова, да се мачкаат.

Еуцерин е козметика за возрасни ама има линија за осетлива кожа, па некои дерматолози ја препорачуваат кремата и млекото од црвената Еуцерин линија за деца со осетлива кожа на кои често им излегува црвенило или брумчиња. Јас ја имам пробано, на ќерка ми не и помогна...Еозин и помага секогаш кога има црвенило

ИЗВОРНА ПОРАКА: saskicka

Gi procitav site vasi soveti i ne mi e jasno za stto se koristat kremite eucerin/ eozin.mislam deka voa ke gi interesira site idni mamicki caouser posted image


(Одговор на членот saskicka)
Непосредна врска до пораките: 154
   RE: Козметика за новороденче
24.8.2010 12:44:17   
arh_diz
Na nas pedijatarot ni rece da se banjame vo kamilica ili vo margancovka nemalo potreba od samponi se rodi cist . Posle mesec dena ke koristime samponi

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 155
   RE: Козметика за новороденче
24.8.2010 13:04:38   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: saskicka

Pozdrav do site mamicki i nivnite najmili.pa vaka na site ni e poznato deka kozata na sekoe novorodence se ciste so sekojdnevno kapenje do 40dena pa me interesira dali uste so prvite kapenja treba da koristam kupki za kapenje.mleko za telo,ili maslo,li samo samponce.Gi procitav site vasi soveti i ne mi e jasno za stto se koristat kremite eucerin/ eozin.mislam deka voa ke gi interesira site idni mamicki caouser posted image



Секоја мајка прави различно, секоја како што мисли дека е најдобро за нејзиното малечко, јас на пример до 3 месеци го капев само со сапунче Мерима, а потоа почнав да користам бекутан шампонче и пенливо, а после капење го мачкам со млеко исто од бекутан, но не секоја вечер, за да може кожата да му дише, чист се роди и се уште е чист, ама ете мене ми е мерак да си го намачкам со млеко, едноставно си го масирам така, а имам прочитано дека бебињата треба да се масираат. И исто нели за газето користам витаминска крема од бекутан.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот saskicka)
Непосредна врска до пораките: 156
   RE: Козметика за новороденче
24.8.2010 13:22:27   
vezilka RR
Ве читам некои од вас напишале дека бебето чисто им се родило..извинете за неупатеноста user posted image user posted image ама зарем има разлика, некои се раќаат чисти некои не? Не разбирам user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 157
   RE: Козметика за новороденче
24.8.2010 13:51:52   
blue_blue
Везилка и ја ова прв пат слушам, чист, прљав...абе јас колку што знам детето не може прљаво да биде, од кај се испрљало? Има секако на него слуз, вода, можда крв, ама фино ќе го забришат кога ќе го извадат и ќе ти го покажат и чисто е кога ќе ти го покажат. После тоа не приметив јас дека било кое дете во собата кај што беа бебињата беше прљаво, сите си беа чисти и средени. Плус, они таму ги бањаа и секоја мајка ја викаа барем по еднаш да и покажат како се бања детето. А тоа како се родило каква врска има? Дома ќе се испрља од млеко што цица, од гомциња на газот, секако дека треба да го бањаш. Дал со шампон, дал не тоа твое си е, ама мислам дека одлуката дал со шампон дал без нема никаква врска со тоа како се родило детето - прљаво или не туку дали сметаш дека шампонот не му годи на нежната кожа. Јас ги бањав со шампон од Chicco за бебиња и ги мачкав првите 10 дена со јекодерм дека многу им беше сува и перутава кожата, а после со млеко од HIPP

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 158
   RE: Козметика за новороденче
24.8.2010 14:02:40   
BILE.F
Јас се најдов овде цитирана, па да појаснам: Под чисто подразбирам, без  корупки на главчето, телото, без сува кожа!
Јас уште пред да се породам си купив јекодерм, ама не ја употребив!
А секој најдобро си го знае бебето и си користи тоа што мисли дека треба и што му препорачал педијатарот!
Јас само го пишав моето искуство!


_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 159
   RE: Козметика за новороденче
24.8.2010 14:05:04   
Snowhite RR
Значи не се мисли на валкано бебе, се разбира дека сите кога ќе се родат се валкани, па ги капат и чисти ги носат на мајката, меѓутоа, на некои кожата им се лушти, имаат црвенило, брунчина и слично, на тоа се мисли кога се вели чисто бебе, значи без црвенило и брунчина

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 160
   RE: Козметика за новороденче
24.8.2010 14:21:21   
vezilka RR
O.K. сега ми е јасно user posted image user posted image user posted image Затоа реков се извинувам за неупатеноста user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 161
   RE: Козметика за новороденче
24.8.2010 14:36:29   
blue_blue
еј, супер интересна употреба на зборот “чисто“...Човек учи дур е жив..user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 162
   RE: Козметика за новороденче
24.8.2010 15:27:00   
AnnaMolly RR
Јас користев од старт Бекутан шампонче и пенливо средство од камилица. Го мачкав по цело тело со Јекодерм до 40 дена, после само лиценцето, а телото со Бекутан млеко. Од козметика користам буквално се од Бекутан. Шампон, пенливо, млеко, масло, сапунче, влажни марамчиња, витаминската крема од невен е прекрасна, на сите ја препорачувам, а исто и кремата со цинк. Ако има некаде црвенило го мачкам и буквално за 5 минути нема ништо. Само пелени од Бекутан не користам, многу се крути.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 163
   RE: Козметика за новороденче
30.8.2010 0:44:31   
Apteka VITA NEA
Најдобра козметика за бебиња и мали деца се француската Corine de Farme и германската Dr. Hauscka.


< Поракaта ја уредил Тања -- 30.8.2010 23:39:41 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 164
   RE: Козметика за новороденче
30.8.2010 9:46:55   
arh_diz
ИЗВОРНА ПОРАКА: BILE.F

Јас се најдов овде цитирана, па да појаснам: Под чисто подразбирам, без  корупки на главчето, телото, без сува кожа!


potpis

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот BILE.F)
Непосредна врска до пораките: 165
   RE: Козметика за новороденче
16.9.2010 16:52:47   
AnnaMolly RR
Не знаев каде да го поставам прашањево, па еве тука некако најмногу ми одговара темата :) Дали сте вклучувале освежувач (озонер) во собата каде што го чувате бебето? Ние имаме таков Глејд што си прска сам, ама не ми е вклучен. Што мислите, дали да го вклучам? Или не чини за бебето?


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 166
   RE: Козметика за новороденче
16.9.2010 17:10:51   
Felly RR
Не знам AnnaMolly user posted image ама јас до сега не сум употребила озонер во истата соба каде што е бебето

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 167
   RE: Козметика за новороденче
22.9.2010 23:50:39   
ananikol
 

Nie imame Air Wick sam sto si prska ama vo bremenosta go iskluciv,mi smetase nekako i od togas imam zabraveno da go uklucam user posted image ....ke poceka  uste nekoe vreme pred da go uklucam mi godi mirisot na bebusot po doma.
A do kolku se odlucam da go pustam po nekoe vreme togas bi go pustila na minimum..da prska ednas na 36 min..barem za pocetok

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 168
   RE: Козметика за новороденче
2.10.2010 19:08:38   
marina82
Me interesira dali nekoj od vas go ima koristeno losionot na Eucerin omega 12 za atopicen dermatitis odnosno za mnogu suva koza. I istiot od Mustela kremata stelatopia. Koj e podobar za ovaa problematika. Imame mnogu suva koza na racinjata ,pojaveni ni se nekoi crveni krugovi i toa mnogu suvi. I dali imate koristeno Jekogal na galafarm?

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 169
   RE: Козметика за новороденче
3.10.2010 14:13:18   
elle

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

Не знаев каде да го поставам прашањево, па еве тука некако најмногу ми одговара темата :) Дали сте вклучувале освежувач (озонер) во собата каде што го чувате бебето? Ние имаме таков Глејд што си прска сам, ама не ми е вклучен. Што мислите, дали да го вклучам? Или не чини за бебето?


јас мислам дека на бебето му треба само чист воздух односно проветрена просторија јас лично не би ставила такво нешто во собата кај бебето

_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 170
   RE: Козметика за новороденче
13.10.2010 9:28:44   
penelopa
ИЗВОРНА ПОРАКА: elle


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

Не знаев каде да го поставам прашањево, па еве тука некако најмногу ми одговара темата :) Дали сте вклучувале освежувач (озонер) во собата каде што го чувате бебето? Ние имаме таков Глејд што си прска сам, ама не ми е вклучен. Што мислите, дали да го вклучам? Или не чини за бебето?



јас мислам дека на бебето му треба само чист воздух односно проветрена просторија јас лично не би ставила такво нешто во собата кај бебето


Да се надоврзам на горе напишаното...тука препорачуваат проветрување на просториите неколку пати во денот, а сега кога започна грејна сезона и воздухот е многу сув добро е да се купи влажилец ( не ми текнува како е во мк.) на воздух.


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 171
   RE: Козметика за новороденче
13.10.2010 9:53:40   
Octavia
Никакви озонери и слични хемикалии кај бебе во соба. Има испитувања дека никако не се препорачливи за простории во кои се престојува подолго (на пр. дома, канцеларии). Плус, докажано имаат канцерогени состојки. Чиста хемија и тоа многу штетна. Има навлажнувачи на воздух специјално за бебиња (на пр. Чико и сл).

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 172
   RE: Козметика за новороденче
13.10.2010 10:00:20   
Octavia
ИЗВОРНА ПОРАКА: marina82

Me interesira dali nekoj od vas go ima koristeno losionot na Eucerin omega 12 za atopicen dermatitis odnosno za mnogu suva koza. I istiot od Mustela kremata stelatopia. Koj e podobar za ovaa problematika. Imame mnogu suva koza na racinjata ,pojaveni ni se nekoi crveni krugovi i toa mnogu suvi. I dali imate koristeno Jekogal na galafarm?


За сува кожа на бебушот нас многу ни помогна крем Intensive Ice Plant Cream од Dr. Hauschka. Се продава во некои аптеки и е 1300 ден 50 ml. Кремот е за третирање многу сува кожа.

(Одговор на членот marina82)
Непосредна врска до пораките: 173
   RE: Козметика за новороденче
13.10.2010 12:35:19   
AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa

Да се надоврзам на горе напишаното...тука препорачуваат проветрување на просториите неколку пати во денот, а сега кога започна грејна сезона и воздухот е многу сув добро е да се купи влажилец ( не ми текнува како е во мк.) на воздух.


Не го ставив освежувачот. Шубе ми е.
А во врска со влажилецот, мене ми рекоа дека е убаво да се стави чај од камилица во соба преку ноќта. Варам чај од камилица и го ставам во мало тенџерче во соба. Демек тоа го влажнело воздухот.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 174
   RE: Козметика за новороденче
26.10.2010 9:21:52   
antonie
mamicki aj kazeti mi sto treba da kupam za prvite denovi za bebceto, so sto treba da go banjam, da go mackam, sto i sto da kupam i od koja firma da bide toa. pozdrav

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 175
Страница:   <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?