|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  32 33 [34] 35 36   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Интервју :)
6.7.2010 11:10:33   
Martins mom
Каква музика слушаш?
Која ти е омилена песна?
Зошто стана член на РР, која е твојата цел на РР?
Омилен дел од денот? И зошто?
Каков парфем користиш?
Колку години имаш?


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 826
   RE: Интервју :)
6.7.2010 12:38:50   
Bitolcanka
Гари68,

Твојот хороскопски знак е стрелец, а подзнакот?
Колку време се забавувате со сопругата пред бракот?
Како ја запроси жт? Каква беше вашата свадба? Најинтересна случка од истата ...
Колку време си во брак? Опиши го кратко.
Што ти недостига од ергенскиот живот? Дали имаше ергенска вечер?
Дали по природа си романтичен? Кое е најромантичното нешто што си и го приредил на жт?
Кое е твое хоби?
Дали живеете во заедница? Ако да - колку имате приватност? Како се согласувате/излегувате на крај со постарата генерација?

Засега толку. Подоцна уште нешто user posted image



_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 827
   RE: Интервју :)
6.7.2010 13:43:15   
majka 79
GARI 68

dali si roden 1968?
GARI kako gari kuper ili ?
kako bi se opisal sebe si na slep covek?
sto te pravi tazen?
koga bi se rodil povtorno sto bi smenil?
neostvarena zelba?
dali si imal golema neostvarena ljubov?
dali zt ti e uste ubava i privlecna (fizicki) kako sto bila pred bremenosta?

aj dosta e.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 828
   RE: Интервју :)
6.7.2010 17:14:31   
Bogdancanka
Гари68

Што те исполнува?
Што те нервира?
Што би променил кај жт?
Дали веруваш во судбина?
Дали би сакал да живееш на друго место и каде?
Каде на одмор?
Колку често излегуваш сам со своите другари?
Како би се опишал себе со три збора?



_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 829
   RE: Интервју :)
6.7.2010 18:26:31   
betpet
Gari 68

дали се ожени со девојката што ја сакаше или од тоа што мораше?
колку деца сакаш да имаш?
веруваш ли во игрите на среќа и дали се обложуваш?
сигурно и помагаш на сопругата во обврските околу детето, но сметаш ли дека тоа е доволно?
што посакуваш и мислиш дека лесно можеш да го добиеш?
твое хоби?
сакаш........,мразиш...........
што највеќе ти се допаѓа кај жт, а што не ти се допаѓа и би го сменил?




_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 830
   RE: Интервју :)
6.7.2010 22:04:56   
Gari68


После првиот татко активен член на РР, следен првиот татко модератор на РРuser posted image
ја обожавам темава јеееее

Ќе ми го кажеш сега никот на жт?user posted image user posted image user posted image user posted image (се зезам, секако дека можеш да го скокнеш ова прашање)
Да ама после 00.00h,ако до тогаш и самите не откриете по моите одговори.Мислам дека и до сега лесно ќе погодевте само ако убаво ги прочитавте моите постови. user posted image user posted image user posted image
Наброј се што правиш за да и помогнеш на жт околу одгледувањето на детето и одржувањето на домаќинството?
Последно време најмногу околу успивањето,двајцата имаме различни стилови на успивање.Кога беше помала го приготвував и ја ранев со млеко од шишенце бидејќи од раѓање е на адаптирано млеко,сега жм и прави кашички а мојата улога е давање на тие кашички,поретко менување пелени,заеднички од почеток ја капеме,...Од домаќинството усисување со првосмукалката

Дали твојата сопруга манипулира со тебе, дали и дозволуваш да манипулира со тебе и дали таа се има јавено со коментар на темата манипулаторки?user posted image
Дали ти некогаш манипулираш со сопругата?
Ниту јас манипулирам со неа,ниту пак она со мене.(Можеби и сум манипулиран од нејзина страна ама толку стручно што не ни сеќавам дека е така ) Нема коментар на темата,а денес помислла да напише нешто.
Што мислиш за (не)активноста на машката популација на РР и како модератор што планираш да направиш за да го промениш тоа?
Премалку не има  активни.Со премалку постови.Имам неколку идеи но за жал одкако станав модератор имам малку време да спроведам нешто.(на работа ми го укинаа интернетот)Мислам дека тешко ќе оди,мажите се позатворени,мислат дека се ова само женски работи,се плашат дека ќе бидат препознаени.
Омилена книга, филм, песна?
Слабо читам книги;Беше еднаш во Америка;Wicked game(Cris Isak)
Хоби со кое се занимаваш во слободно време?
Водење на спортски виртуелни екипи на интернет
Дали гледаш фудбал?
Во последно време многу слабо
Што работиш и колку си задоволен од својот избор, работното место, финансиската сатисфакција?
Работам како раководител на транспорт во П.И. Благој Ѓорев,да речеме дека не си ја мразам работата,а пари никогаш не ни се достаuser posted image user posted image
Што би променил кај себе?
Па физички ништо,а од карактерот би си го сменил инатот
Неостварена желба?Кога ќе размислам и немам баш некоја желба што не ми се остварила,ако се рачуна тоа што сум сакал две ќерки а засега имаме само една user posted image
Животно мото?
Што е наше само ќе си дојде,ама и ние треба малку да му помогниме за да дојде

ај доста еuser posted image да оставам некое прашање за другитеuser posted image
е ај доста нека е,имате фора да поставувате до 00.00h







(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 831
   RE: Интервју :)
6.7.2010 22:12:41   
Gari68
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Дали си од Скопје? Не
Колку деца имаш?Едно
Зборуваш ли на дијалект?
Па мислам дека во Македонија никој не зборува литературно,туку секој си зборува на дијалект карактеристичен за својот град,е сега за нас кажуваат дека зборуваме најчисто во Македонија хехехе
Рече дека одамна не читаш, но подоцна си се приклучил? Од кога не читаш?
Па мислам дека има точно една година
Што работиш? Веќе одговорив погоре
Колку имаш време за семејството? И помагаш ли на жт во домашните обврски?
Па мислам дека сосем доволено.Помагам колку што ми е дозволеноuser posted image user posted image

Не сум завршила user posted image
Е ако де user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 832
   RE: Интервју :)
6.7.2010 22:30:18   
Gari68
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Каква музика слушаш?Секаква,само не можам да слушам рап,тежок рок
Која ти е омилена песна?Па бидејќи слушам повеќе правци:поп-рок,мак. стара народна музика не можам да одберам само една .Ама ако морам тогаш би ја одбрал Wicked game
Зошто стана член на РР, која е твојата цел на РР?Па во прво време како и сите други членови поради добивање одредени информации,а потоа поради топлината и искреноста што се шири низ порталот(барем кај поголемиот број на членови)Целта?Па да се едуцирам а воедно со искуството што сум го стекнал да помогнам на другите членови кој ќе се сретнат со слични проблеми
Омилен дел од денот? И зошто?15.30h кога се враќам од работа и ќе си го здогледам сонценцето моеuser posted image
Каков парфем користиш?Онаков каков ќе ми купи жмuser posted image user posted image .Тука имам голем проблем поради мојот хендикеп со носот кој не распознава никаков мирис.
Колку години имаш?Уште малку 42


(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 833
   RE: Интервју :)
6.7.2010 22:55:08   
Gari68
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Гари68,

Твојот хороскопски знак е стрелец, а подзнакот?Искрено појма немам ,не следам многу хороскопиuser posted image user posted image user posted image user posted image
Колку време се забавувате со сопругата пред бракот? Една година
Како ја запроси жт? Каква беше вашата свадба? Најинтересна случка од истата ...
Па немаше некоја приказна со просењето,двајцата одлучивме дека треба да отпочнеме заеднички живот.ПА мислиме дека беше супер свадба на која сите си поминаа за мерак.Па најинтересното се слуци пред да отидеме по невестата кога сите веќе беа спремни и мене ме чекаа,а јас што од брзање ,што од возбуда тргнав во колата со влечалки.Среќа на време сетив дека нешто не ми штимаuser posted image user posted image user posted image user posted image
Колку време си во брак? Опиши го кратко. 7 години.Па исполнет со љубов,разбирање,едноставно со бракот го добив она што ми требаше за животот да ми биде потполн
Што ти недостига од ергенскиот живот? Дали имаше ергенска вечер?Па не би рекол дека нешто ми недостига,кога ќе бидеш ерген некои 20 години едноставно ќе ти здосади и не ти фали ништо од неготие денови.Немав ергенска вечер
Кое е твое хоби?Моментално водење кошаркарски екипи на интернет,а предходно играње кошарка додека не си го повредив коленото
Дали живеете во заедница? Ако да - колку имате приватност? Како се согласувате/излегувате на крај со постарата генерација?ДА,па тесниот простор секако дека не ни дозволува некоја поголема приватност,но прва наредна инвестиција ќе ни биде обезбедување поголем простор за живеење.Па мислам дека добро балансирам со постарата генерацијаuser posted image user posted image

Засега толку. Подоцна уште нешто user posted image
Ајде само побрзо до 00.00h,оти ќе треба малку и да поспијамuser posted image



(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 834
   RE: Интервју :)
6.7.2010 22:58:59   
niki
Гариииииииии

Како ти се вика ќеркичката?
Колку е стара?

user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 835
   RE: Интервју :)
6.7.2010 23:03:48   
Палешка РР
Гари,

Дали го имавте свадбарскиот обичај мавиле?


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 836
   RE: Интервју :)
6.7.2010 23:08:35   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Гари,

Дали го имавте свадбарскиот обичај мавиле?



user posted image user posted image user posted image Тактички сосем коректноuser posted image user posted image

Гари, Гари, од колку компјутери си пишувал на РР? Крај не може да ти се фатиuser posted image
Како ја прославивте последната годишница со сопругата?


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 837
   RE: Интервју :)
6.7.2010 23:15:24   
Maca25
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања


Како ја прославивте последната годишница со сопругата?




user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image ај сега да те видам

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 838
   RE: Интервју :)
6.7.2010 23:19:22   
Gari68
ИЗВОРНА ПОРАКА: majka 79

GARI 68

dali si roden 1968?ДА
GARI kako gari kuper ili ?Не,како Гари Каспаров
kako bi se opisal sebe si na slep covek?Многу сум слаб со опишување,кога би прогледал слепиот сигурно нема да ме препознае
sto te pravi tazen?тажни детски судбини,(болни,беспомошни,оставени сами)
koga bi se rodil povtorno sto bi smenil?Ништо не би менувал,верувам дека она што ни се случува предходно ни е предодреденои не можеме да го измениме
neostvarena zelba?веќе одговорив
dali si imal golema neostvarena ljubov?Ај малку поопширно да ти одговорам.Едно е да се биде заљубен а друго е се љуби.ДА, сум бил заљубен што не резултирало со љубов ако мислиш на тоа.Ама никако не може заљубеноста да се карактеризира како голема љубов.Ако било љубов значи дека имало и врска што значи дека љубовта се остварила ама можеби не се задржала.Затоа не можам да се согласам со терминот"голема неостварена љубов"(ептен го изфилозофирав прашањево нели?user posted image user posted image )
dali zt ti e uste ubava i privlecna (fizicki) kako sto bila pred bremenosta?Па иако има некое килце фазла мислам дека е сеуште доста привлечна,иако она мисли дека има малку повеќе ставеноuser posted image .А убавината човек ја поседува и не се губи,уште помалку се губи со бременоста.Море си имам најубава и најпривлечна рингерајка до мене,барајте ја најубавата на сликите и ќе знаете која е жм  user posted image

aj dosta e.


(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 839
   RE: Интервју :)
6.7.2010 23:35:47   
Gari68
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka

Гари68

Што те исполнува?насмевката на мојата ќерка
Што те нервира?подлоста кај луѓето,кои се спремни за сопствено богатење да уништуваат други луѓе
Што би променил кај жт?Би го сменил нејзиниот маж,хехехе.Па единствено ми смета нејзиното преголемо ангажирање околу нејзината работа,мисли дека без неа ништо нема да оди во фирмата.
Дали веруваш во судбина?ДА,во последно време ми се случија работи кои ме натераа да верувам потполно во судбината
Дали би сакал да живееш на друго место и каде?Па би сакал да живеам на некој егзотичен остров ,каде ќе уживаме во сонцето,плажите,морето,кокосов орев............
Каде на одмор?Годинава не планираме нешто поголемо,можеби продолжен викенд во Дојран или викенд во Охрид
Колку често излегуваш сам со своите другари?Па пред да се роди ќерката тие излегувања беа почести,сега многу ретки се излегувањата
Како би се опишал себе со три збора?Искрен,срамежлив,секогаш спремен за помош



(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 840
   RE: Интервју :)
7.7.2010 0:08:02   
Gari68
ИЗВОРНА ПОРАКА: betpet

Gari 68

дали се ожени со девојката што ја сакаше или од тоа што мораше?Зарем смеам нешто друго да одговорам кога знам дека интервјуто го чита и жм.Секако дека се оженив затоа што ја љубам.
колку деца сакаш да имаш?отсекогаш ми била желба да имам две ќерки
веруваш ли во игрите на среќа и дали се обложуваш?Па верувам дека има многу наместени работи на игрите на среќа,нарочито на обложувалниците.Можеби затоа од пасиониран обложувач сега сум една година неактивен
сигурно и помагаш на сопругата во обврските околу детето, но сметаш ли дека тоа е доволно?Искрено мислам дека треба повеќе помош од моја страна.
што посакуваш и мислиш дека лесно можеш да го добиеш?Па посакувам конечно да се решиме да подигнеме кредит и да си го решиме станбеното прашање,а мислам дека тоа лесно ќе го оствариме
твое хоби?веќе кажав
сакаш........,мразиш...........Ги сакам ќерка ми и жм,ама мислам дека не мислиш на тоа.Па сакам искрени,вредни,поштени луѓе а мразам спротивност од таквите,знаци се ежам од лицемери,егоисти,лажговци....
што највеќе ти се допаѓа кај жт, а што не ти се допаѓа и би го сменил?Нејзиниот карактер,па ми пречи нејзината претерана опсесија од чистота.




(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 841
   RE: Интервју :)
7.7.2010 0:09:27   
Gari68
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Гариииииииии

Како ти се вика ќеркичката?
Колку е стара?

user posted image user posted image user posted image user posted image


Ова ќе го одговорам покасно user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 842
   RE: Интервју :)
7.7.2010 0:09:58   
Gari68
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Гари,

Дали го имавте свадбарскиот обичај мавиле?Не


(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 843
   RE: Интервју :)
7.7.2010 0:14:30   
Gari68
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања



user posted image user posted image user posted image Тактички сосем коректноuser posted image user posted image

Гари, Гари, од колку компјутери си пишувал на РР? Крај не може да ти се фати.Се уклучувам од кај ќе стасамuser posted image  user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Како ја прославивте последната годишница со сопругата?Ептен скромно,со парче торта,неколку бакнежи и убав муабет.


(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 844
   RE: Интервју :)
7.7.2010 0:26:44   
Gari68
ИЗВОРНА ПОРАКА: Gari68

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Гариииииииии

Како ти се вика ќеркичката?
Колку е стара?

user posted image user posted image user posted image user posted image


Ова ќе го одговорам покасно user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

еве сум, ќерката ми се вика Божидарка, ама на грчки звучи поинаку и така е запишана и во крштеничето
и на 07.06.2010 г. наполни 1 година.



(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 845
   RE: Интервју :)
7.7.2010 0:31:04   
Палешка РР
Ех што маки ни зададоа родителите на Божјиот дар! user posted image Борецот наш!user posted image
Еж родивме, дури погодивме user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 846
   RE: Интервју :)
7.7.2010 0:35:25   
Julie1
user posted image user posted image user posted image user posted image Ех конечно многу работи се јасни

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 847
   RE: Интервју :)
7.7.2010 0:51:12   
Gari68
Толку од мене,се надевам дека и понатаму ќе ме знаете како Гари68 а не мм на Бетпетuser posted image user posted image


Следна на жешкото столче е

мajka79

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 848
   RE: Интервју :)
7.7.2010 8:15:49   
Bogdancanka
Каде на одмор?Годинава не планираме нешто поголемо,можеби продолжен викенд во Дојран или викенд во Охрид


ajde ako doagate vo dojran ke ve cekam i kaj mene na gostiuser posted image


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 849
   RE: Интервју :)
7.7.2010 8:21:25   
Bogdancanka
за мајка 79

На колку години се омажи?
Дали се каеш за нешто?
Неостварена желба?
Омилен спорт?
Дали обожаваш да готвиш?
Како те запроси сопругот?
Што те нервира кај мт?
Што би променила кај себе?
Светот би бил подобар без?
Како реагираш на дволични луге?
Дали држиш лутина или брзо ти поминува?

мислам дека е доволноuser posted image


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 850
Страница:   <<   < Претходна страница  32 33 [34] 35 36   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  32 33 [34] 35 36   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?