|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Интервју :)
8.6.2010 18:14:50   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Dali planirate odmor ?
Годинава не, а ако се решиме секако тоа ќе биде Дојран
Sto te pravi srekna?
Многу ситници од секојдневието, здравјето на децата, најсреќна сум кога ќе успееме да отпечатиме нова книга од татко ми
Tvoja omilena destinacija?
Истамбул и Рим


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Интервју :)
8.6.2010 18:24:19   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Дали некогаш чувствуваше дека освен Марио друго дете нема да можеш да сакаш и како ја делиш љубовта меѓу двете деца сега со оглед на тоа дека многу долго само Марио го имаше?
Долго време, цели 14 години, мислев дека нема да сакам друго дете колку Марио. Понекогаш и додека бев бремена ја прашував мајка ми дали исто ќе ја сакам и Миа. Во првиот момент кога ја видов сфатив колку бескрајно ја сакам и знаев дека е точна изреката "Единствено мајката и Бог можат да ја поделат својата љубов кон сите свои деца,и пак секое да ја добие целата! "
Кога би можела да го вратиш времето дали повторно би се омажила толку млада?
Не
Знае ли свеки дека ја рекламираш со слика на форум и која е нејзината реакција на тоа или која би била доколку  не знае?user posted image
Не знае. Ако дознае ќе и објаснам дека ве убедував колку е убава и млада, а вие не ми верувавте, па морав да ви покажам. Ќе и кажам и дека сите сте воодушевени од нејзината убавина.
Дали имаш некое хоби  и кое?
Плетам венчиња од свежо ливадско цвеќе.
Кого ни под точка разно не би земала на пуст остров со тебе, па макар и живот да е во прашање?
Мистер Президентuser posted image
Што ќе правиш кога ќе израснат децата и ќе тргнат секое по свој пат?
Ќе ги гњавам нивните децаuser posted image




_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Интервју :)
8.6.2010 18:25:52   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817

планираш ли да најдеш друга работа откако ке потпорасне Мила?
Да. Не ја сакам својата работа.
каква свекрва ќе бидеш, а каква баба?
Поднослива свекрва и прекрасна баба user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Интервју :)
8.6.2010 18:33:54   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Дали сметаш дека си строга и сурова??user posted image
Можеби сум строга, понекогаш, сурова не сум никогаш


< Поракaта ја уредил Палешка -- 8.6.2010 18:34:10 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Интервју :)
8.6.2010 18:46:03   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

на кого не би му простила ако те навреди?
На подалечни, или на познаници. Не само што нема да му простам туку ги бришам комплетно. На моите ќе му простам, сигурно нема навредата да биде којзнае колкава.
како би се однесувала ако дознаеш дека најдобрата пријателка го изневерува сопругот?
Би ја прашала зошто го прави тоа, дали е несреќна, што ли? Би и помогнала да му се врати на семејството, се разбира, моето влијание би било со граница.
што се би сторила за среќата на твојот сопруг?
Ништо посебно. Би го сакала секој ден, секој час, секоја минута, во сите тешки моменти, искушенија, падови..
дали марио и миа ќе ги оставиш да се градат самите како личности или ќе влијаеш на тоа?(мислам на друштво, музика, бонтон спрема постари...)
Би влијаела додека се мали..и подоцна, но умерено, чисто да не скршнат од патот.


засега толку


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Интервју :)
8.6.2010 18:53:34   
tereza
ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza

Ајде и јас да прашам нешто,да не останам покусоuser posted image
Дали би ја сменила бојата на косата и би станала плавуша?user posted image
Кој прилепски актер би го издвоила како најдобар или омилен?
Кое место во Прилеп те релаксира најмногу?
Доста сеuser posted image



Палешке,мене зарем ме заборавиuser posted image

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Интервју :)
8.6.2010 18:56:01   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka


Дали живеете во заедница со свекорот/свекрвата? Колку имате приватност? Колку се сложувате со нив - помлада и постара генерација?
Живееме сами
Дали сопругот е постар од тебе? Дали би била со него ако беше помлад? (Дали би била со помлад од тебе-порано во врска, па брак?)
Постар е 2 и пол години. А за ова немам размислувано дали би била со помлад..мислам дека не
Колку имаш време за себе и како го поминуваш?
Кога спие Миа само. Се разонодувам на РР, или кубам веѓи. Друго слободно време немам, работни обврски еден тонuser posted image
Дали вака го замислуваше бракот и семејството? Дали е онаков каков што си посакувала?
Не сум замислувала многу, задоволна сум со ова што го имам, бидејќи го сакам мм.
Што околу подговотките за свадбата и самиот ден на свадбата би променила (отфрлила, додала)?
Леле одамна беше user posted image Па мислам дека ништо не би отфрлила, би додала само свирачи кај делегацијата на мм, оти по невеста без музика не се оди.
Дали правевте веридба (поголема прослава) или само си дадовте збор и ја озаконивте вашата врска со потесното семејство-најблиските?
Дадовме збор и за скоро направивме свадба, бидејќи бев бременаuser posted image user posted image
Дали мт поседува особини и квалитети кои си ги барала од еден маж?
Поседува, секако. Добар е, внимателен, чувствителен, не пие, не се коцка, не оди по женски (барем мисламuser posted image ), ме нервира што многу спие и што не го нервира и ако бомба паднала дома.




_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Интервју :)
8.6.2010 18:57:42   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza

Палешке,мене зарем ме заборавиuser posted image



Леле, никако мила тереза, одам по ред, овие прашања се пред твоите user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Интервју :)
8.6.2010 19:06:55   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

како го поминуваш денот (од утринското будење, па до легнување што се правиш-хронолошкиuser posted image user posted image user posted image )???

Станувам, пуштам рингла па одам во ВЦ..се мијам, варам кафе и седнувам на РР user posted image седам, седам, додека се разбуди Миа, ја пресоблекувам, ја хранам и ја држам в раце. Ако биде мирна в количка местам кревети, ако не попосле, но секако поручувам user posted image Откако ќе заспие почнувам да чистам, средувам алишта, кревети, спружувам, собирам алишта, бришам прашина, мијам чинии, варам чај, млеко, ставам да се вари овошје за кашичка, стерилизирам шишиња. Се враќа Марио од училиште гладен, јаде и разговараме.
Станува Миа user posted image ја пресоблекувам и јаде. Му ја давам на Марио да ја подржи и правам ручек, ручаме, ги оставам чиниите за кога ќе заспие. Ги пеглам исушените алишта и до вечерта се занимавам со Миа. Потоа гледам вести, пијам кафе и цеееело време ѕиркам на РР user posted image




_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Интервју :)
8.6.2010 19:09:37   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Rossana

-Kako bi izreagirala ako na pat te sretne pitacka so malo bebe vo raka i ti pobatra pari? Ti i davas 10 denari i taa ti veli:- Malku se. Sto bi napravila vo toj slucaj?
Ништо, би си заминала
-Sto ke napravis ako nenamerno ostanes bremena?
Незнамuser posted image



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Интервју :)
8.6.2010 19:10:53   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: elle

На кого сакаш да личат вашите деца на тебе или на маж ти?
Децата испаднаа како што сакав, Марио на татко му, Миа на мене + Марио е на мене во карактерот


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Интервју :)
8.6.2010 19:15:13   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: brineta88

За што се радуваше последен пат?
Најмногу се радував кога ја родив Миа, мислам ќе полудев од радост!
Омилено јадење?
Руска салатаuser posted image
Што најмогу мразиш да правиш?
Да закачувам перде..затоа мм стално си го однесува
Кои работи те нервираат во домот?
Неред ме нервира страшно
Дали се кажуваш отворено и во лице доколку за некого имаш лошо мислење
Не, не сум толку директна.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот brineta88)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Интервју :)
8.6.2010 19:19:57   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Која ти е неостварена желба?
5 дена во Рим
Што би променила, доколку можеш да го вратиш времето назад?
Би ја спречила смртта на татко миuser posted image
Дали би се пријавила на Милионер?
Не
Дали доколку би била на Милионер, би се откажала на некое прашање или би одела до крај?
Зихераш сум user posted image , не би одела до крај
Дали пазаруваш ти или мт?
Мм пазарува и негодува
Дали мислиш дека си добра домаќинка?
Да...знам буквално да готвам се, не заоставам домашни работи
Дали мислиш дека си професионалец во работата?
Што и да работам ќе го завршам беспрекорно.
Дали ја сакаш работата или работиш колку да не седиш дома?
Работам колку да не седам дома, воопшто не си ја сакам работатаuser posted image



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Интервју :)
8.6.2010 19:24:31   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza

Дали би ја сменила бојата на косата и би станала плавуша?user posted image
Додека бев средношколка го сторив тоаuser posted image и бев како плава Циганкаuser posted image , повеќе не user posted image
Кој прилепски актер би го издвоила како најдобар или омилен?
Џумерко не го давам за 100 образовани актери, а од младите Игор Трпчески
Кое место во Прилеп те релаксира најмногу?
Ако во прашањето влегува и поблиската околина, најмногу се релаксирам во нашата куќичка во Мариово




_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Интервју :)
8.6.2010 19:48:05   
nadica
што работиш што толку не го сакаш?

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Интервју :)
8.6.2010 19:55:39   
tereza
Да ти дојдам ли утре на гости?user posted image
повторно сум ПП по работа

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Интервју :)
8.6.2010 21:35:27   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

што работиш што толку не го сакаш?

Работам како оператор на безбедносен систем и вршам мониторинг на 32 камери. Истовремено работам и како референт за набавки во одделот за комерција. Работата е напорна, бидејќи се две работни места. Не е креативна туку рутинска, што многу ме оптеретува. Најмногу од се ме нервира што земам многу мала платаuser posted image


< Поракaта ја уредил Палешка -- 8.6.2010 21:36:08 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Интервју :)
8.6.2010 21:36:36   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza

Да ти дојдам ли утре на гости?user posted image
повторно сум ПП по работа
Те чекамuser posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Интервју :)
8.6.2010 22:30:40   
Палешка РР
Лелелелелеллееее кого го спремам за жешкото столче user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Интервју :)
8.6.2010 23:50:43   
Палешка РР
Скоро па чукна дванаесет.
На жешкото столче нека седне ники user posted image


Мислеше ли дека ќе бидеш трет испитаник?user posted image
Дали живееш покрај море?
Дали си размислувала да се вратиш во Македонија со семејството?
Имаш ли пријателки гркинки?
Дали добро го познаваш Грчкиот јазик?




_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Интервју :)
8.6.2010 23:56:41   
Maca25
честито никиuser posted image

да почнеме:

1. што вика маж ти во врска со македонско-грчкиот спор?
2. колку време поминуваш пред компјутер?
3. колку часа во денот и посветуваш на ќерка ти?
4. дали би родила уште едно детенце?
5. која е твојата најголема мана?


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Интервју :)
9.6.2010 0:28:46   
Тања РР
Ники:

1. Маж ти грк е?
2. Како се запознавте?
3. Заврши ги речениците:
Јас верувам________
Јас се надевам____________
Јас се плашам__________
Јас сум__________
(Поздрав до класната која на првиот час ни даде ваква задача, само со повеќе јас____user posted image )
4. Како поднесуваш авторитети?
5. Би можела ли да бидеш лидер на политичка партија?
6. А директор на казино?
7.Која е твојата работа од соништата?


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Интервју :)
9.6.2010 0:38:22   
Rossana
Neznam sto da prasam user posted image user posted image user posted image

Ajde...
*Koja boja vi se ocite?
-Na tebe?
-Na mt?
-Na kerkavi?
-Na kogo lici vasata kerka?
-Sto mislis za karakterot na mt?
-Gi sakas li domasnite milenicinja?

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Интервју :)
9.6.2010 0:44:18   
Snowhite RR
Грчка или македонска музика?
Кога има евровизија, навиваш за мк или за грција?
Колку време си во Грција?
Дали би живеела во Македонија?
Кое ти е омилено место во Македонија, а кое во Грција?


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Интервју :)
9.6.2010 0:52:55   
Nade
BRAVO za idejata, pozdrav do site budni :)

_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?