|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  54 55 [56] 57 58   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Интервју :)
25.1.2013 10:26:36   
dostickage
Tenks Andriance user posted image

Da sednuvam jas na stolce, ili se sum si kazala prethodno user posted image

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 1376
   RE: Интервју :)
25.1.2013 11:23:28   
sandriana RR
Ајде Достич, сигурно има нешто некажано user posted image
- сметаш дека си прилагодлива личност, или си држиш строго до свои правила, перцепции и сл.?
- омилен автор (писател, композитор, сликар, што веќе преферираш)?
- сопртуваш ли (ако да, што)?
- колку е лесно да те насмее човек?
Доволно од мене user posted image

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 1377
   RE: Интервју :)
25.1.2013 11:34:37   
dostickage
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana

Ајде Достич, сигурно има нешто некажано user posted image
- сметаш дека си прилагодлива личност, или си држиш строго до свои правила, перцепции и сл.?
- омилен автор (писател, композитор, сликар, што веќе преферираш)?
- сопртуваш ли (ако да, што)?
- колку е лесно да те насмее човек?
Доволно од мене user posted image


- prilagodliva - se trudam da bidam. ne e lesno vo denesno vrme na se da se prilagodis. drzam do stavovi maksimalno samo poslabo vleguvam vo diskusii i objasnuvanja zasto si trosam nervi a ne sakam.
- slikar: Paul Kle. Pisatel:vo posledno vreme Bobek Suklev -pola knigi od postiplmski mi se od nego user posted image
- za zal ne sportuvam aktivno. rekrekativno vo potopli denovi trcam na kej te se trudam da trcam kokolku sto mozam.
- mnogu lesno e da me nasmee. vo princip tie sto me znaat me kvalifikuvaat kako non stop nasmeana user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1378
   RE: Интервју :)
25.1.2013 12:20:53   
elenak
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Eve od mene za Andriance:
1. Dali spored tebe crnoto e sekogas crno ili moze da bide i belo ako tebe taka ti odgovara?
2. Imas li vistinski prijatel/ka?
3. Dali nekogas si dobila/postignala nesto so "vrski"?
4. My veruvas li bezrezervno na mt?
5. I na kraj kako Andrej gi "zaraboti" koncite na glava :)

Андрианчееее рипашuser posted image Навалија жениве на столчето што поскоро да ти го зематuser posted image Абе стварно ако не поминало времето од 24 часа на играчот (нели така беа правилата) немојте да се брзате друг да седне. И плус мислам дека оној чие време истекува го бира следниот за на столче, нели, вака некако мешаница се прави.

< Поракaта ја уредил elenak -- 25.1.2013 12:21:10 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 1379
   RE: Интервју :)
25.1.2013 12:30:53   
Andriance
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Cekajte more zeni,Andriance vekje sedi na zeskoto stolce.Samo ja nema da dade odgovori. Malecka zastani vo redica ili pa odgovarajte i dvete.
Eve od mene za Andriance:
1. Dali spored tebe crnoto e sekogas crno ili moze da bide i belo ako tebe taka ti odgovara?
2. Imas li vistinski prijatel/ka?
3. Dali nekogas si dobila/postignala nesto so "vrski"?
4. My veruvas li bezrezervno na mt?
5. I na kraj kako Andrej gi "zaraboti" koncite na glava :)


1. Апсолутно може..тоа што чинело кај мене, не значи дека ќе чини и кај тебе и vice verse. Абе бик сум у хороскоп па ајде тоа нека ти каже некои работи,
2. Имам и за тоа сум најсреќна на цел свет. Не сакам да звучи како клише, ама ја нема шанса да преживеам, без другарките мои.. не знам да живеам без пријатели.
3. Да, положив историја на право преку врски аахахха има и уште некои работи.
4. Абе знаеш како викаат, левото на десното око не му верува..ама ја најискрено неможам да се замарам со такви работи..мене ме боли глава од такви работи. Да, му верувам. не велам безрезервно ама да муверувам мноогу. И ич не сум љубоморно човече.user posted image
5. Оф мојата болна тема: моето дете одкога прооде, не оди туку трча. И како трчаат како мува без глава си паѓа дете.. Баб и дедо го носеа за Нова Година да го сликаат со дедо мраз, и овој трчајќи од радост паднал директ на ивица од излог и расцепил глава. ете...среќна нова година user posted image

< Поракaта ја уредил Andriance RR -- 25.1.2013 12:33:44 >


_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 1380
   RE: Интервју :)
30.7.2013 11:12:22   
miana
АЈде кој ке седне на жешкото столче?
Јас предлагам мамичка 85 или Еки82..
Што викате ? Ке се пријави ли една од вас за интервју од рингерајките?

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 1381
   RE: Интервју :)
30.7.2013 12:23:39   
miana
леле фуфкаџикииии
ајде која ке седне на столот?

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 1382
   RE: Интервју :)
30.7.2013 12:52:19   
Bethany
Ајдееее, еве јас user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 1383
   RE: Интервју :)
30.7.2013 12:59:11   
Bethany
Е ај сега, Миана ја снема user posted image
Никој ли нема ништо да ме праша додека сум тука или се ви е јасно хехе user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1384
   RE: Интервју :)
30.7.2013 13:03:53   
bucko mal
Tuka mi e mnogu interesno user posted image user posted image
Bethany RR
Od kade si?Kade si izrasnata kako dete?
Kolku godini si vo brak?
Kako te zaprosi soprugot?
Sto si po profesija?
Imash li zivotno moto?
tolku zasega ako neshto mi tekne pak ke pishamuser posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1385
   RE: Интервју :)
30.7.2013 13:10:40   
rina13
Ајде и од мене прашања
1. Дали се каеш за некоја голема одлука во животот која би те одвела на друго место(животна околност) од она на кое се наоѓаш сега?
2. Ти недостигаат ли некои нешта од порано?
3. Дали си екстровертна/интровернта личност?
4. Што е она што од секогаш си сакала да го направиш во животот а никогаш не си собрала храброст?
5.Опиши ја суштината на твојата личност во неколку збора?

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 1386
   RE: Интервју :)
30.7.2013 13:17:21   
Bethany


Od kade si?Kade si izrasnata kako dete?-
родена во Србија, таму израснала и живеела се до пред 6 и пол години
Kolku godini si vo brak?-
толку, 6 и пол user posted image
Kako te zaprosi soprugot?
хехехе, и немаше некој званичен момент на запросување, му фали таа романтична жичка, бевме оддалечени, јас таму, тој во Мк, пред да се разделиме некако кроз разговор си заклучивме и договоривме дека ќе се земеме и така остана, само да се поработи на планот.
Sto si po profesija?
административни работник (ако така се вика), и сега тоа правам на некој начин од дома, сум вклучена во активностите на невладина организација
Imash li zivotno moto?
Верувај во Божјата добрина и милост, биди благодарен за се нешто и се ќе дојде на своето user posted image



_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 1387
   RE: Интервју :)
30.7.2013 13:25:21   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR

Ајде и од мене прашања
1. Дали се каеш за некоја голема одлука во животот која би те одвела на друго место(животна околност) од она на кое се наоѓаш сега?- имам донесени погрешни одлуки, и тоа неколку големи, ама не се каам затоа што сум токму тука каде што треба да бидам сега.

2. Ти недостигаат ли некои нешта од порано?- не до таа мера да чезнем по тоа, било па прошло user posted image има нови и ќе има нови убавини во животот

3. Дали си екстровертна/интровернта личност?- Мислам повеќе интровертна, во смисла дека батериите ги полнам кога сум сама со себе, а се трошам кога сум со луѓето.

4. Што е она што од секогаш си сакала да го направиш во животот а никогаш не си собрала храброст?- се сум пробала што мислев дека треба во минатото user posted image , освен можеби банџи џампинг или параглајдинг, а имав прилика, е тоа сакам а немам храброст и мислам дека нема да ја имам. А да, како помлада сакав тетоважа, а немав храброст, а сега ми е драго што ја немав user posted image

5.Опиши ја суштината на твојата личност во неколку збора? - хммм, ќе мора да ме запознаеш user posted image
праведна, сакам да ја имам контролата и прилично меланхолична user posted image




_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 1388
   RE: Интервју :)
30.7.2013 14:38:38   
Еки82
Јас ќе се пуштам прва, но на забар сум сега таман спремајте прашања ќе одговорам поручек user posted image

_____________________________

If you can dream it you can do it. Always remember that it all started with a dream and a mouse! Walt Disney

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1389
   RE: Интервју :)
30.7.2013 15:09:56   
miana
Ајде ЕКИ се пријави а Бетани ја пропуштив..
Прашања за ЕКИ

1. Каде живееш?
2.Дали имаш хоби?
3.Што си во хороскоп и дали веруваш во хороскоп?
4.Што те исполнува?
5.Дали си љубоморна?
6.На кое место прв пат водеше љубов? ( локација user posted image )


Ај доста ти е user posted image

(Одговор на членот Еки82)
Непосредна врска до пораките: 1390
   RE: Интервју :)
30.7.2013 16:42:40   
Felly RR
Ама вие поставувајте прашања за Бетани, таа е 24 часа на жешкото столче. Штом се вклучи ќе ги одговори. Такви се правилата на играта.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 1391
   RE: Интервју :)
30.7.2013 17:05:19   
Еки82
Ајде хехехе

1. Живеам во Скопје во Центар. Ќе елаборирам да не биде досадно - многу поубав беше центарот пред да го загушат со зградиве околу многу ми е жал за тоа, а батали тоа проектот 2014 нема да го начнам, ова башка. user posted image
2. Хоби хмммм, имам многу хобија (хобиња не знам множина хехе) но обично ми траат по 3 месеци и се префрлам на ново, прилично сум загреана за некоја идеа, станувам одлична правам се напредувам и после клапнувам, треба да си најдам начин да го одржам.
Сега моментално сум за јога загреана, а може да се каже и смислување на нови проекти за кои исто се загревам многу и остануваат нереализирани.
3. Хороскоп јарец - викаат сме најамбициозни но некако кај мене амбициозноста не е на ниво кое мислам дека треба да биде. А верувам до некаде, обично кога си го поврзувам со негативните карактеристики кога некој близок ќе ме изнервира
user posted image
4. Ме исполнува многу гушкање и љубов, мора да сум опкружена со тоа иначе се осеќам многу сама. Ептен сум од тие гушкалата моите многу се криви за ова. Ме исполнува кога сум зафатена со обврски макар и во моментот да ме напнуваат. Ме исполнува кога треба да смислувам нови работи за реализација. ;)
5. Да, сум љубоморна, не премногу. Моите другарки ми викаат дека сум една од најлабавите девојки во однос на љубомора и допуштање работи па не знам баш јас за мене сум си љубоморна хихи user posted image
6. (неможам да најдам срамежливо смајли) нормално во собата на мојот бивши дечко, трет обид, средношколци онаа приказна чекај да наполнам 18, се изначекавме 3 ипол години хахаха user posted image user posted image user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Ајде ЕКИ се пријави а Бетани ја пропуштив..
Прашања за ЕКИ

1. Каде живееш?
2.Дали имаш хоби?
3.Што си во хороскоп и дали веруваш во хороскоп?
4.Што те исполнува?
5.Дали си љубоморна?
6.На кое место прв пат водеше љубов? ( локација user posted image )


Ај доста ти е user posted image



_____________________________

If you can dream it you can do it. Always remember that it all started with a dream and a mouse! Walt Disney

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 1392
   RE: Интервју :)
30.7.2013 17:39:28   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Ама вие поставувајте прашања за Бетани, таа е 24 часа на жешкото столче. Штом се вклучи ќе ги одговори. Такви се правилата на играта.user posted image

Еки82, почекај, ти можеш да бидеш УТРЕ на жешкото столче. и Миана избрза, ама да не одиме многу конфузно. МОже да и поставите прашања на Бетани денес, па утре таа ќе предложи друг за интервју.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1393
   RE: Интервју :)
30.7.2013 17:57:49   
Еки82
Ајде важи, јас мислев Бетани се пријави бидејќи не се пријавивме ние две user posted image

_____________________________

If you can dream it you can do it. Always remember that it all started with a dream and a mouse! Walt Disney

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1394
   RE: Интервју :)
30.7.2013 22:56:25   
niki
Ova mi e edna od najubavite zabavni temi na forumov a Bethany mi e interesen lik pa moram da si ja prasam nekolku stvarcinja

1. Kade Srbinka zapoznava Makedonec za da se omazi so nego?
2. Na koj jazik komuniciras so sinko?
3. Dali i bog navistina e Srbin?user posted image
4. Koj srpski grad bi go preporacala za zivot i zosto? i ako ti kazam deka se selam vo Srbija sto prvo ti paga na pamet?
5. Kolku godini imas?
6. Dali si feministka ili tradicionalista?
7. Poradi koja tvoja osobina nekoj bi rekol deka si neobicna?

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Еки82)
Непосредна врска до пораките: 1395
   RE: Интервју :)
31.7.2013 12:13:07   
miana
Ајде и јас ке и поставам неколку прашаеа на Бетани

1. Каде е поубав животот? Во Србија или МКД?
2. Дали си носталгична?
3. Што најмногу те привлече кај мт?
4.Дали до сега го имаш излажано мт?
5.Дали имаш скриен фонд?
6.За што најмногу трошиш пари?
7.Која е најскапата "непотребна" работа за која си дала пари?

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 1396
   RE: Интервју :)
31.7.2013 12:51:43   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Ova mi e edna od najubavite zabavni temi na forumov a Bethany mi e interesen lik pa moram da si ja prasam nekolku stvarcinja

1. Kade Srbinka zapoznava Makedonec za da se omazi so nego?
2. Na koj jazik komuniciras so sinko?
3. Dali i bog navistina e Srbin?user posted image
4. Koj srpski grad bi go preporacala za zivot i zosto? i ako ti kazam deka se selam vo Srbija sto prvo ti paga na pamet?
5. Kolku godini imas?
6. Dali si feministka ili tradicionalista?
7. Poradi koja tvoja osobina nekoj bi rekol deka si neobicna?


1. Се запознавме во Белград, на еден курс/семинар. Никогаш порано немав дојдено тука.
2. Хаха, и јас некогаш истото се прашувам user posted image Кога сум лута или изнервирана, тогаш на српски, полесно ми идат зборовите user posted image Инаку се обидувам на македонски само, и на него прво да му биде полесно, ама не можам да контролирам секогаш така да испаѓа мешано. Прво му викам: види сине, врне дожд.. а после минута му викам: пада киша user posted image Можеби затоа јадничак се уште не зборува, не може да се одлучи user posted image
3. Хахаха, па знаеш на времето Мајкл Џексон изјави дека Србите се небески народ, па може да е user posted image
Се шалам, Бог сигурно не го ставам во калап и оградувам со патриотиски религионизам user posted image
4. Нови Сад, имаш се што ти треба, опуштени луѓе (барем на такви се сеќавам), широки улици, друштвен и економски живот итн. А ако ми кажеш да се селиш во Србија, што знам, ништо нарочито, можеби прво ќе помислам од каде сега тоа, ама може и да ми е драго user posted image
5. Во ноември полни 33 user posted image
6. Ниту едно ниту друго. Не се сврставам себеси никаде. Секој мој став, убедување, размислување е стекнато врз основа на проживеаното, па може да испадне некогаш дека сум ко феминистка, а некогаш дека имам традиционални сфаќања. Ама сум антитрадиционална, не практикувам никакви традиции, обичаи и ритуали затоа што некој кажал да треба да се прават, ниту религиозни, ниту друштвени.
7. Хммм... не знам, можеби сум прилично независна отсекогаш и помало бунтовна и тоа отсекогаш user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 1397
   RE: Интервју :)
31.7.2013 13:10:34   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Ајде и јас ке и поставам неколку прашаеа на Бетани

1. Каде е поубав животот? Во Србија или МКД?
2. Дали си носталгична?
3. Што најмногу те привлече кај мт?
4.Дали до сега го имаш излажано мт?
5.Дали имаш скриен фонд?
6.За што најмногу трошиш пари?
7.Која е најскапата "непотребна" работа за која си дала пари?


1. Не знам зошто луѓето ме тоа често прашуваат, мислам дека е скоро ист, може да биде поубав и на двете места.
2. Вероватно прашањево се однесува на моите... Многу ретко сум носталгична. На почетокот сигурно малку повеќе дека сепак се подалеку од мене, ама и порано имам живеано настрана од моите, па можеби затоа не ми паѓаше нешто претерано тешко.
Тука е мојот живот сега и моето семејство user posted image
3. Ме привлече неговиот цинизам, хахаха, сигурно чудно звучи, ама ми делуваше длабоко и интелигентно, се најдовме во разговор со слични животни приказни и очекувањата. Да, дефинитивно сакав да зборувам со него.
Малку ми омекна со тек на годините, го потсетувам дека се променил, а тој ми вика па покрај тебе мора еден да попушти user posted image
4. Искрено, го немам излажано воопшто. Можеби беа работи кои не му ги кажав веднаш, ги преќутив, ама отпосле му имам кажано. Мислам нема за што да го лажам, не поднесувам лагите и луѓето што се користат со лагите, мислам дека лагата воопшто не е потребна во комуникацијата од ниту една причина.
5. Фонд немам, а би требало да имам и тоа да го скријам од самата себе, не знам да чувам пари, никогаш не знаев user posted image
6. Сега на син ми, се нешто му треба, овакви играчки, овакви чашки, а што се однесува до мене немам некој фетиш, купувам кога ми нешто треба, или ми се допадне, ако можам наравно.
7. Немам непотребна работа, посебно ако е скапо платена, сигурно е искористена user posted image



_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 1398
   RE: Интервју :)
31.7.2013 13:21:52   
Bethany
Ете, јас мислам дека поминаа 24 саата, се надевам сте задоволни со одговори, па ја повикувам Еки82, да се врати и продолжи таму каде застана user posted image

Ете ајде од мене некое прашање:
1. Имаш некоја порака која сакаш да им ја пренесеш на своите деца/дете во иднина, како да одраснат ?
2. Сакаш да читаш, и што имаш последно прочитано?
3. Да можеш да изабереш професија со која сакаш да се бавиш до крај на животот, што би избрала?
4. Каде би сакала да живееш и зошто?
5. Како се гледаш себеси за 10 години ?

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1399
   RE: Интервју :)
1.8.2013 16:21:39   
miana
ЕКИ се испалши од интервјуата user posted image
Ајде кој е следечии???

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1400
Страница:   <<   < Претходна страница  54 55 [56] 57 58   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  54 55 [56] 57 58   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?