|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Интервју :)
10.6.2010 14:53:47   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki


Доста од мене овој пат, а сега на Тањичка да и поставам неколку прашања:

Се каеш ли што ја отвори темава?
Ни најмалку. Баш ми е мило што одлучив да го сторам тоа иако се премислував неколку пати пред да ја отворам.

Дали си сеуште вљубена во сопругот или те помина тоа чувство и сега само многу многу го сакаш?
Само многу го сакам. Вљубеноста поминува, мислам нездраво е постојано да се чувствуваш како во облациuser posted image

Колку години имаш и дали ги кажуваш вистинските или криеш по некоја?
Имам 25 (скоро 26) и сеуште не сум почувствувала потреба да скријам некоја.

Колку деца планиравте пред брак и дали сега плановите се променија, колку планирате сега?
Јас и пред бракот планирав да имам само едно дете но мм сакаше две. Бидејки работите излегоа такви какви што излегоа, Јана се роди предвреме од непознати причини и со сопругот поминавме низ една агонија која никому не му ја посакувам, решивме дека не би можеле да поднесеме уште еднаш да го доживееме истото. Мм сеуште се надева дека некој гинеколог ќе не убеди дека со второто дете нема да се случи истото, но јас не би ризикувала. Господ нека ни ја чува Јана жива и здрава, јас ќе бидам задоволна.

Дали би се иселила од Мк, каде и зошто?
Немам особена желба да ја напуштам Македонија, но ако тоа некогаш се случи ќе биде заради исполнување на мојот животен сон да работам на некое научно истражување. Никогаш не би се отселила за да ја работам истата работа како и тука само за поголема плата.

Имаш ли хоби и кое?
Ако читањето се смета за хоби тогаш имам. Читам многу уште од мои 12 години.

Што е константа во твојот живот, што никогаш, никој и ништо не може да го смени?
Љубовта кон ќерка ми е единствената непроменлива работа.


Каква мајка си и каква ќе бидеш кога ќе стасате до пубертет?
Многу се трудам да бидам добра мајка и ќе продолжам да го првам тоа. Не знам дали е можно да бидеш добар родител за дете во пубертет но ќе се обидам да бидам тука за ќерка ми секогаш кога ќе и притреба некој за да разговара. Ако успеам да и се најдам толку колку што моите ми се најдоа мене, ќе бидам задоволна.

Осум прашања со подпрашања, доволно те измачив.user posted image
Фалаuser posted image





_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 201
   RE: Интервју :)
10.6.2010 15:09:49   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Тања,

Колку години се забавувавте со мт пред да стапите во брак?
6 години еден месец и еден денuser posted image

Дали ти е прва љубов?
Не. Пред тоа бев вљубена ама платонски user posted image

Имаш сестра или брат?
Брат, само 13 месеци помлад од мене.

Дали повеќе се расправаш со мама или со свеки?
Со свеки воопшто не се расправам, не ја чувствувам доволно блиска за да и кажам што ми пречи кај неа. Тоа го оставам на мм.user posted image Со мајка ми многу сум поврзана, се слушаме секојдневно, па разбирливо е понекогаш и да се скараме.

Дали мт секогаш и без поговор е на твоја страна пред неговите родители?
Мм вели дека секогаш е на страна на правдата. Ако јас сум во право не се двоуми да застане зад мене ама ако според него грешам тоа ќе ми го даде на знаење и пред неговите а подоцна и насамо.  Не ми останува долженuser posted image

Си била ли некогаш засрамена од мт?
Баш ме замисли. Се засрамив пред моите пријатели кога на веридбата се појави со УЖАСЕН букет цвеќе и кога на дипломската се појави без никаков. Едноставно не обрнува внимание на вакви работи за разлика од мене. Ништо сериозноuser posted image



_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 202
   RE: Интервју :)
10.6.2010 15:19:16   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Tanja

Dali ti se dopaga rabotata koja ja rabotis ?
Не е тоа што би сакала да го работам, но се трудам да се посветам максимално.

Dali planirate vtoro dete ?
Веќе одговорив на ова. Не. Можеби некогаш ќе се премислиме ама којзнае.

Sto te privlece kaj tvojot soprug?
Тој е се што барав во некој маж. Одговорен, истраен, амбициозен, доследен, допадлив....

Dali bi go izneverila sprugot?
Никогаш! Не би можела да живеам со таков товар.

Dali bi otisla na odmor sama ?
Не. Не сум човек кој лесно се спријателува со непознати па би била осамена.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 203
   RE: Интервју :)
10.6.2010 15:21:36   
big_mama817
дали ја сакаш својата работса?
планираш ли второ дете или?
дали си скромна?
дали се чувствуваш среќна и исполнета во моментот?

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 204
   RE: Интервју :)
10.6.2010 15:22:22   
big_mama817
sega zabelezav deka nekoj prasanja se povtoruvat izvini

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 205
   RE: Интервју :)
10.6.2010 15:26:51   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

ајде тањичка да започнеме со испрашување!!user posted image

кога би можела да го вратиш времето назад, што би сменила во својот живот?
Мислам дека многу работи би сменила. На пример би запишала друг факултет, би учела помалку, би живеела повеќе....

каква свадба имаше - голема, помпезна или мала, интимна?
Многу мала и интимна, таква каква што отсекогаш зборував дека ќе имам.

што работиш?
Работам како фармацевт.

што имаш завршено (факултет)?
Види погореuser posted image user posted image

дали би сменила нешто на твоето тело?
Ооооооооооо да! Стомакот примарно.

дали знаеш да црташ?
Не би рекла дека можам да живеам од цртање.

ајде доста за денес, да оставиме место и за другите



_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 206
   RE: Интервју :)
10.6.2010 15:33:43   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: elle

Тања
1.Кој е за тебе најубавиот град во Македонија?
Охрид, интимно сум врзана за него.

2.Кој е највозбудливиот момент во твојот живот?
Моментот кога прв пат ја зедов ќерка ми во прегратка.

3.Дали би можела да живееш во минатото на пр. 18 век (без техника)?
Би можела и би сакала. Не сум зависна од техника, само интернетот би ми недостигал, заради РРuser posted image

4.Дали си плачка?
Многу плачам, во последно време дури премногу.

5.Дали се самосожалуваш?
Се трудам да не се самосожалувам ама понекогаш многу тешко ми оди.



_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 207
   RE: Интервју :)
10.6.2010 15:57:55   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Тања,

Што те инспирира да отвориш ваква тема? Како доби идеја 1-ва испитаничка да бидам јас? user posted image (можеби дружбата во Битола user posted image user posted image )
Сакав да отворам некоја тема која ќе ни помогне да се запознаеме подобро за да се чувствуваме повеќе како едно семејство. Мислам дека колку повеќе знаеш за некого толку поблизок го чувствуваш а на РР и е потребна таа близина за да продолжи да биде моќна заедница. Тебе те избрав за прва интервјуирана затоа што забележав дека секогаш си позитивна и со посебен жар подготвена да одговараш на прашања. Знаев дека успехот на темата многу зависи од првиот испитаник па ти ми се виде како идеална за таа улога. Воопшто не згрешив со изборот, можеби само со тајминготuser posted image

Што најмногу ти недостига во брачниот живот од периодот пред брак?
Ми недостигаат кафе-муабетисувањата со моите родители кога ќе си дојдев на викенд дома. Таа интимна атмосфера во која разговаравме, планиравме, организиравме многу ми недостига. Ми фалат и излегувањата со мм ама не премногу.

Дали мт ти е романтичен тип и ти приредува изненадувања? Дали ти си романтична душа?
Ниту мм е романтичен тип ниту јас сум романтична душа, се погодивмеuser posted image

Дали отсекогаш си живеела во Скопје?
Битолчанка, мила, јас не живеам во Скопје, во Струмица сум. Учев средно во Штип а студирав во Скопје.

Каде се гледаш себеси по 10 години?
Навистина не можам да претпоставам. Имам многу желби и многу надежи.
Доволно се user posted image



_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 208
   RE: Интервју :)
10.6.2010 16:25:10   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Мир, мир, мир, никој не е крив user posted image
Одам понатаму со втора тура прашања за Тања user posted image

Што најмногу мразиш да работиш по дома?
Да мијам чинии.

Што те нервира кај мт?
Тврдоглав е, никогаш не попушта. И јас сум иста па кога ќе почнеме да се расправаме можете да замислите како тоа изгледаuser posted image . Лав и лав е опасна комбинацијаuser posted image user posted image

Одиш ли на годишнина од матурска забава?
Пет годишнината се поклопи со апсолвентската а голем дел од класот продолживме на ист факултет па може да се каже дека беше 2 во 1. До 10 годишнина не сум стасала ама планирам да ја прескокнам.

Дали би ја сменила верата, ако љубениот е од друга вера?
Немам предрасуди во врска со мешаните бракови но јас мојата вера многу ја почитувам и не би можела да ја сменам. Не гледам зошто двајцата партнери не би си ја задржале сопствената вера. Малку е покомплицирано но не е неизводливо.

Сурфаш преку Mozilla или Internet Explorer?
Mozilla.



_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 209
   RE: Интервју :)
10.6.2010 16:28:28   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

А каде си Тања што не одговараш на  прашања?


Oд сабајле ме разбуди свеки, пиевме кафе, се истуширав и ја однесовме Јана на физикална. Кога се вратив мм беше дојден од дежурство па јадевме, го налегнав да спие, ја успав Јана и седнав на РР.
Обврски, ники, обврски user posted image user posted image


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 210
   RE: Интервју :)
10.6.2010 16:33:00   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa

Тања:
  • Кој вкус на сладолед ти е омилен?
Јагода
  • Гледаш ли цртани филмови?
Да, обожавам убаво направени цртани филмови.
  • Веруваш ли дека постојат вонземљани?
Не верувам ама сепак ќе цитирам една реченица од филмот „Порака“ која ми се чини неверојатно вистинита:
„Вселената е бесконечно голема па ако некаде таму нема друг жив свет тоа навистина би било залудно трошење на просторот“






_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 211
   RE: Интервју :)
10.6.2010 16:40:13   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: majka 79

mnogu interesna tema, no nikako da stignam da postavam prasanje.
pa zatoa prasanjevo neka vazi za site koi bile na zeskoto stolce.

kolku ste zadovolni od sebesi (fizicki izgled, od toa sto imate postignato vo zivotot na profesionalen plan, semejstvo...) ?
Мајка 79, едно ама вредноuser posted image user posted image user posted image
Јас сум човек кој тешко се задоволува, мислам дека секогаш може повеќе и подобро. Со физичкиот изглед не се преоптеретувам премногу, не го сметам за пресуден во начинот на живот кој јас сум го избрала. Се разбира ако сакав да се занимавам со манекенство, нема да бев задоволна, сега сум. На професионален план ЗНАМ дека можам да дадам многу повеќе ама се тешам дека „моето време допрва доаѓа“. За семејството немам што да кажам. Го имам најубавото user posted image user posted image user posted image user posted image

dali si se sakate sebe si?
Во разумни граници.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 212
   RE: Интервју :)
10.6.2010 16:45:53   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817

дали ја сакаш својата работса?
планираш ли второ дете или?

Да не се повторувам, ќе станам досадна.


дали си скромна?
Имам скромни барања и нескромни очекувања.

дали се чувствуваш среќна и исполнета во моментот?
Би излажала ако кажам ДА. Не сум несреќна но чувствувам дека нешто ми фали за да бидам среќнаuser posted image


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 213
   RE: Интервју :)
10.6.2010 16:48:46   
Snowhite RR
Ајде и од мене уште една тура, можеби малку болни ама...

Како се чвствуваше кога Јана се роди предвреме?
Како мт реагираше на тоа?
Колку(тежина) се роди Јана?
Дали кога забремени помислуваше дека тебе ќе ти се случи тоа?
Дали другите од страна ве сожалуваа и како ти реагираше на тоа?
Кој најмногу ти помогна во тој период?
Дали тоа ти е најтешкиот период од животот?

П.С.Ако не сакаш не мора да одговориш на прашањава


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 214
   RE: Интервју :)
10.6.2010 17:19:48   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Ајде и од мене уште една тура, можеби малку болни ама...

Како се чвствуваше кога Јана се роди предвреме?
Беше многу болно стресно. Ми се чини дека остарев за 10 години. Додека беше во инкубатор а јас бев дома не знаев дали сум жива или мртва. Не јадев, не спиев, плачев постојано. Заспивав во 6 наутро и се будев во 14 затоа што тогаш смеев да се јавам и да прашам како е. Не сакав да бидам будна пред 14 бидејки чекањето беше неподносливо.  Една недела после породувањето брат ми правеше свадба на која не присуствував, па следеа Нова Година и Божиќните празници кои не ги почувствував. Лекарите од ГАК воопшто не се потрудија да ми дадат и ронка надеж. Постојано велеа дека состојбата е неизвесна, дека ништо не се знае.  Не знам како преживеав.

Како мт реагираше на тоа?
Се обидуваше да остане прибран иако му беше исто тешко како и мене. Три дена откако се породив се разболе, цела недела имаше температура 39,5 а се трудеше да остане на нозе заради мене. Тој беше пооптимист од мене. Цело време ме убедување дека се ке биде во ред.

Колку(тежина) се роди Јана?
Се роди 1460 г. а намали на 1290г.

Дали кога забремени помислуваше дека тебе ќе ти се случи тоа?
Човек не може да го очекува тоа. Забременив на првиот обид и се надевав дека и се друго ќе оди така глатко, но се излажав. Наспроти сите мои контроли, 4Д скрининзи, скапи прегледи, никој не предвиде дека ќе се случи такво нешто.

Дали другите од страна ве сожалуваа и како ти реагираше на тоа?
На таква вест тешко е човек да остане рамнодушен, јас го разбирав тоа и е обидував да не реагирам. Карантинот кој ни беше препорачан откако ја донесовме ќерка ми дома ни помогна да ги избегнеме сожалувањата во голема мера.

Кој најмногу ти помогна во тој период?
Сопругот. Тука беа и нашите родители на кои им беше скоро исто тешко како и нам.

Дали тоа ти е најтешкиот период од животот?
Дефинитивно. Се надевам дека така и ќе остане.

П.С.Ако не сакаш не мора да одговориш на прашањава
Нема никаков проблем.



_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 215
   RE: Интервју :)
10.6.2010 18:21:44   
Snowhite RR
Навистина жално, и јас се надевам дека тоа ќе биде најтешкиот период во твојот живот и дека така ќе остане

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 216
   RE: Интервју :)
10.6.2010 19:06:07   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Ники е уникатна user posted image user posted image user posted image Ники, такви се бараат на пазарот на трудот user posted image user posted image user posted image Ги прочитав сите прашања по ред, пред да поставам некое и јас, за да не се повторувам...

Благодарам, сите сме си уникатни на свој начин, а од кај го извади ова за пазарот на трудот да ми е да знамuser posted image




user posted image user posted image user posted image Не знам Ники - така ми дојде во тој момент user posted image Мислев - такви "свои", цврсти личности се барани и за пријателство и за работа - секаде.


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 217
   RE: Интервју :)
10.6.2010 19:19:49   
Bitolcanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Тања,

Што те инспирира да отвориш ваква тема? Како доби идеја 1-ва испитаничка да бидам јас? user posted image (можеби дружбата во Битола user posted image user posted image )
Сакав да отворам некоја тема која ќе ни помогне да се запознаеме подобро за да се чувствуваме повеќе како едно семејство. Мислам дека колку повеќе знаеш за некого толку поблизок го чувствуваш а на РР и е потребна таа близина за да продолжи да биде моќна заедница.

За темата само пофални зборови user posted image user posted image user posted image Целта е постигната user posted image

Тебе те избрав за прва интервјуирана затоа што забележав дека секогаш си позитивна и со посебен жар подготвена да одговараш на прашања. Знаев дека успехот на темата многу зависи од првиот испитаник па ти ми се виде како идеална за таа улога. Воопшто не згрешив со изборот, можеби само со тајминготuser posted image

Благодарам Тања за прекрасните зборови user posted image user posted image user posted image Не бев отсекогаш таква, но во последно време сум user posted image Животот е најголемо училиште - најмногу од него можеме да научиме. Сега гледам дека тој мој оптимизам се забележува и мило ми е.


Дали отсекогаш си живеела во Скопје?
Битолчанка, мила, јас не живеам во Скопје, во Струмица сум. Учев средно во Штип а студирав во Скопје.

Се си мислев дека си скопјанка, сега знам user posted image




Прекрасна личност си Тања user posted image user posted image user posted image Назад се лошите мигови, со нови сили во нови походи, пред нови предизвици и радости Се ќе биде во ред. Тешките мигови не прават посилни user posted image user posted image user posted image Минатото е зад нас, иднината е пред нас user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 10.6.2010 19:25:50 >


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 218
   RE: Интервју :)
10.6.2010 19:59:02   
Палешка РР
Јас само да ти честитам на издржливоста, волјата и трпението да го задржиш своето млеко за да го доиш своето бебенце! Ретки се мајките кои успеале во тоа!

Што те водеше? Се обидуваа ли да те поколебаат дека е неизводливо да се задржи млекото додека е бебето во инкубатор?


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 219
   RE: Интервју :)
10.6.2010 22:28:48   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Јас само да ти честитам на издржливоста, волјата и трпението да го задржиш своето млеко за да го доиш своето бебенце! Ретки се мајките кои успеале во тоа!

Ти благодарам Палешка.

Што те водеше?

Во тие тешки мигови кога бев разделена од моето чедо ми се чини најтешко беше чувството на немоќ нешто да направам за него. Измолзувањето ми помогна да преживеам, ми даваше желба и сила да станам од постелата затоа што знам дека правам нешто за неа. Тоа беше единственото нешто што во тој момент можев да го направам за неа и немаше сила што ќе ме сопре. Секоја измолзена капка млеко ме уверуваше дека сеуште не сум се предала, дека дел од мене сеуште верува дека моето дете ќе дојде дома. 

Се обидуваа ли да те поколебаат дека е неизводливо да се задржи млекото додека е бебето во инкубатор?
Единствено сестрите на ГАК ми препорачаа да ја прекинам лактацијата затоа што одржувањето на млекото во вакви случаи е многу тешко. Јас ја прашав лекарката што ја водеше Јана дали Е ВОЗМОЖНО. Нејзиниот потврден одговор беше доволен.



_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 220
   RE: Интервју :)
10.6.2010 22:29:52   
elle
Тања а што учеше во Штип и која генерација си?

_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 221
   RE: Интервју :)
10.6.2010 22:32:05   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: elle

Тања а што учеше во Штип и која генерација си?


Фармацевтски техничар, генерација 99/03


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 222
   RE: Интервју :)
10.6.2010 23:46:30   
Тања РР
Oстана ли нешто што сакате да ме прашате пред да седне друг на жешкото столче?



_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 223
   RE: Интервју :)
10.6.2010 23:52:50   
Julie1
Јас би сакала да те прашам Тања.

Кога планираш да дојдеш во Скопје да се запознаеме, или пак кога планираш да не поканиш во Струмица на дружба?

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 224
   RE: Интервју :)
11.6.2010 0:01:06   
Тања РР
Јулие би сакала да дојдам во Скопје што порано но обврските кон Јана не ми дозволуваат целодневно отсуство од дома. Покана за дружба во Струмица отварам уште во овој момент. Многу ќе ми биде мило да се запознаеме.

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 225
Страница:   <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Ime
Jana9

Ime

Sofija (50%)

Sara (0%)

Srna (50%)

Slagjana (0%)

Simona (0%)

Sandra (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!