|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Напади на бес кај мали деца
6.12.2011 14:14:02   
lilicka
Без паника.....Опистотонус се појавува кај деца што се наоѓаат често во таа положба С!!!
Се консултирав со неколку лекари исто и мајки скоро сите ја имаат оваа фаза поминато,ништо страшно!
Либра немој да паничиш ќе помине!!!

(Одговор на членот libra.n)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Напади на бес кај мали деца
10.12.2011 15:36:24   
AnnaMolly RR
Денес го крена Џамбо во воздух! Се шетавме во количките за пазарење и кога запна да се симне, па ај го симнав сам да оди. Ама почна се да фаќа, да фрла... Го кренав во раце и се дереше колку што го држи глас и ме тепаше user posted image
Ова е прв напад на бес и многу се изнервирав. Отсекогаш сум мразела кога ќе видам некое дете како се треска од земја во продавница, а еве сега и мене ми се случи...



_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот lilicka)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Напади на бес кај мали деца
11.12.2011 13:59:36   
Pepelaska *
Мартин се повеќе добива напади на бес, значи ако не добие она што ќе му текне нему вриска писка и заоѓа од плачење, вчера бевме кај моите и го искрши стаклото на масичката.Не е тој крив татко му му даде стаклена чаша и ја фрли.А му реков не му ја давај знаеш каков е .Фрла ама баш се немам сила веќе многу ме нервира, многу мразам разгалени деца кои се дрецкаат за се , а најмногу ме боли што не е детето криво,вчера за прв пат го удрив, ми се налути плачеше, срце ме заболе никогаш нема да си простам ама не можев веќе

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Напади на бес кај мали деца
11.12.2011 17:17:54   
AnnaMolly RR
isto i filip vreska ako ne dobie nesto. eve ovie dva dena stom vrisne od bes, go dopiram po usta i ne komentiram nisto, ne mu vikam nemoj. a vrisne, jas rakata mu ja stavam na usta. i stopati taka, dodeka ne prestane. eve pocna pomalku da vreska. a se nauci i da tepa, da grize i da pluka. neka place kolku saka, go karam ako pravi taka. ama mora od mal da se nauci, posle ke ne znam kaj mi e glavata. zver e stanat.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Напади на бес кај мали деца
11.12.2011 19:17:26   
Annet
ве читам и се подзамислив па и Ива последнава недела се врти наназад и се тегне ,а само лежи и се врти се искривува скрос ама не вришти??????????
ауу божееее

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Напади на бес кај мали деца
11.12.2011 20:35:17   
libra.n
Annet, i jas se grizev ama svativ deka im e period, mojata namali so toa vrtenje glava nazad i tegnenje, sega pocna da izleguva od  relaksator...odnosno sediste za vo kola e toa ama jas vo toa ja cuvam koga ke treba da srabotam nesto...go kreva stomaceto i se obiduva da se izvrti i da stane. I koga ja legnuvam na grbce, ja kreva glavata za da stane. I place deka ne moze.. se nervira...koj znae sto e slednouser posted image neka se zdravi i zivi

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Напади на бес кај мали деца
16.12.2011 16:57:45   
vezilka RR
И Никола почна да манифестира напади на бес ако нешто не му дозволиме, а тој го намислил. Вреска и замавнува со рачињата и точно не гледа во очи да види како ќе реагираме. Сум се чудела како тоа тој интелегентно не тестира..И патем речено некогаш и со некои и му успева user posted image

(Одговор на членот libra.n)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Напади на бес кај мали деца
26.12.2011 12:09:18   
SkCura77
Дали е можно бебе од 5 месеци да манифестира бес? Син ми убаво го научив да лежи во релаксатор, сега ве сака да седи мирен, сака во раце и тоа го манифестира како голем човек кога е бесен, испушта звуци на викање, се грчи со рацете и нозете и бесно мафта со газето за да се исправи, а уште не знае ни да седи!
Или мафта со рачињата и ноџињата и испушта звуци на кркорење и се пени во муцето.
Кога ќе го кренам, веднаш престанува со тоа. Како вашите бебиња се лутат, како манифестираат?
Многу сум засекирана да не му прејде во агресивност и да му стане карактерна црта user posted image
А се почна откако сестрата лошо му стави вакцина, го болеше рачето, плачеше и го криеше рачето и оттогаш не престана да се лути на секое легнување user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Напади на бес кај мали деца
4.3.2012 13:35:34   
AnnaMolly RR
Денес Филип имаше четири напади на бес и мислам дека од кожа ќе излезам.
Бевме во двор и поседовме едно 30 минути, па влеговме внатре. Кога почна да плаче, да липта, да ме тепа... Пробав со убаво да го смирам, да му го одвлечам вниманието со нешто... Џабе. Додека не излеговме пак надвор зајде од плачење и липташе, не можеше да зборува. Ајде пак поседовме во двор, па пак влеговме за да јаде. Иста песна! Плачење, тепање, зајдување...
После запна да гледа песни на јутуб, а мониторов ми се исклучи. Море пискање, ронење крокодилски солзи... Страшно!
И видов не видов, го оставив да се исплаче. Едно 20 минути плачеше. Срцево ми се кинеше, сакав да го смирам ама не попуштив. И ете го сега мирен седи, гледа цртани и јаде.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот SkCura77)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Напади на бес кај мали деца
4.3.2012 14:08:36   
Pepelaska *
Во таа возсраст Анамоли , мислам дека е нормално тоа, ќе му помине.Инаку и М. знае да побесне ако не добие во моментот ама за среќа брзо му врви.Едно време беше многу расбеснет пискаше врискаше ама сега да не го подречам како друго дете дома да имам , ептен е мирно

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Напади на бес кај мали деца
4.3.2012 14:10:38   
Pepelaska *

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

Мартин се повеќе добива напади на бес, значи ако не добие она што ќе му текне нему вриска писка и заоѓа од плачење, вчера бевме кај моите и го искрши стаклото на масичката.Не е тој крив татко му му даде стаклена чаша и ја фрли.А му реков не му ја давај знаеш каков е .Фрла ама баш се немам сила веќе многу ме нервира, многу мразам разгалени деца кои се дрецкаат за се , а најмногу ме боли што не е детето криво,вчера за прв пат го удрив, ми се налути плачеше, срце ме заболе никогаш нема да си простам ама не можев веќе


Да не е за подрек, ова веќе го немаuser posted image сега е мирно и послушно дете

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Напади на бес кај мали деца
4.3.2012 14:42:44   
AnnaMolly RR
Филип во суштина е многу мирен и послушен. Ова е првпат вака да ми направи. Вторпат, всушност, првиот пат беше во Џамбо, ама кратко траеше.
Еве откако го напишав постот пак ми направи сцена и ми заспа во раце по 15 минути плачење. Дури и почна да добива нагони за повраќање.
Ништо не е јаден цел ден, само пола парче леб и варено јајце со кашкавал. Откако заспа преморен од плачење му тутнав млеко, испи едно 100 мл и толку. Се надевам дека кога ќе стане ќе биде подобар.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Напади на бес кај мали деца
4.3.2012 18:32:50   
Snowhite RR
Леле и М, вчера и денеска добива напади, вчера само што се разбуди, почна да плачи да се измолкнува од креветот и на земја да лежи да се прпела, буквално за ништо, денеска исто така правеше, ама не кога стана, туку покасно. Ај си вика дека не е арен затоа така прави

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Напади на бес кај мали деца
4.3.2012 20:20:04   
AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Филип во суштина е многу мирен и послушен. Ова е првпат вака да ми направи. Вторпат, всушност, првиот пат беше во Џамбо, ама кратко траеше.
Еве откако го напишав постот пак ми направи сцена и ми заспа во раце по 15 минути плачење. Дури и почна да добива нагони за повраќање.
Ништо не е јаден цел ден, само пола парче леб и варено јајце со кашкавал. Откако заспа преморен од плачење му тутнав млеко, испи едно 100 мл и толку. Се надевам дека кога ќе стане ќе биде подобар.



А, бе, луѓе, едно отварање очи и почна да вреска, да бара надвор, да работел со татко му (чукаше со мало чеканче во двор)... Не ми дава во ве-це да одам, да јадам... Се испокарав и со мм и со сите околу мене, многу ми е тешко од внатре, мислам дека ќе експлодирам. Едвај чекам да го успијам вечер и да влезам да се избањам, малку да се опуштам.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Напади на бес кај мали деца
24.4.2012 13:25:43   
AnnaMolly RR
Еве пак јас на оваа тема user posted image

Вчера многу непријатно ме изненади Филип. Си играше во двор со мачката, па зема една играчка пила и оди накај мачево, вика: „Сечам главата“. И фати да му ја сече главата на мачето.

После тоа шетаме со количка, здогледа едни гугутки и вика: „Земеме стап, тепаме пилињата. Бам, бам!“ user posted image user posted image user posted image

Не знам од каде му е ова. Телевизија не гледа за да видел од таму, со тепање не го плашам, никогаш рака му немаме кренато...
Ама ептен ме загрижува, не сакам да биде така насилен.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Напади на бес кај мали деца
24.4.2012 17:14:28   
kikicka
Ана Моли од градинка да не му е тоа ? Оти еве и внук ми како почна со градинка ,е сега и не оди толку често ама доволно за да научинекои раб.од др. деца...па така и он ТЕПАМ Тепам и ке те тресне кога не очекуваш.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Напади на бес кај мали деца
14.8.2013 0:20:05   
vezilka RR
Еднаш го фати таква фаза околу втората година и траеше неколку недели. Еве го сега пак после нешто повеќе од пола година. Значи ако не му нешто како што тој замислил во секундата почнува да вреска, не се ни обидува смирено да побара или да праша, веднаш, вреска. Исто така од време на време, и тоа најчесто откако ќе си дојдеме од работа да го земеме од кај сестра ми, нешто ќе му се случи и почнува, сакам ова, ако му дадеш тоа што посакал, вреска дека не сакал, земи му го, вреска дека сакал, и тој така може и цел саат без престан. Ми требаат коњски живци да го прегрмам тоа. Се обидувам да чекам самостојно да се смири да не го карам во тој момент. После две премислувања, сакам, не сакам, му велам нема ниту едното, нирт другото дури не се смириш и да кажеш.што сакаш смирено. Некогаш успевам цела игра смирено да ја одиграм, некогаш, не. Ако ми е скратен фирилот дента, не додржувам и ќе го искарам. Којзнае колку ќе трае овој пат. Ако е пак неколку недели, мислам ќе го прегрмиме, ако потрае, не знам што ќе биде хи, хи.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Напади на бес кај мали деца
14.8.2013 9:57:52   
Martins mom
Абе ако е недели добро е, ама кај нас трае и трае...се скапав од смирено објаснување дека со врескање и плачење ништо не се постигнува, ама џабе е. Некогаш и ќе подвикнев, пак ништо и сега не го ни приметувам врескањето, го игнорирам и воопшто не ми смета. Не се препознавам ни самата, ама мртва ладна сум. А и тој има напади во најблаг облик тогаш, кога знае дека не е интересен никому. Е сега кога сме собрани повеќе луѓе, имаме вистински циркус...тоа е...ќе се издржи.user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Напади на бес кај мали деца
14.8.2013 11:07:29   
Bethany
не за џабе американци имаат термини terrible two's, па сега слушам има и terrible tree's user posted image user posted image

Тоа е кога детето испитува граници, можности, кога само се вришти, писка, треска од земја.
Мислам дека многу зависи од темпераментот на децата. Имам видено деца на година и пол и порано почнуваат со трескање од земја за да добијат нешто, а еве син ми е можам да речам релативно мирно дете, со мил карактер, и досега немавме такви епизоди. Се разбира, има моменти на плачење кога сакал нешто, ама многу брзо се смирува и се уште се разбира од збор.

И понатаму, мислам дека нема да имаме со него такви епизоди (дај Боже да не грешам )user posted image , токму поради неговиот карактер, ама колку што гледав и слушав дека лекот е само игнорирање во такви моменти и после кога се смири со зборување.
Вистина пена на уста треба да ти излезе од зборење, и тоа ми е некогаш толку напорно, ама тоа е, кога се фативме за оро (читај кога сакавме дете) сега ќе го играме user posted image ама ќе помине.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Напади на бес кај мали деца
17.8.2013 21:00:18   
mommy_angels RR
Имам видено деца на година и пол и порано почнуваат со трескање од земја за да добијат нешто

е ете моево со неполни 17 месеци почна да го прави ова ...ако ја спречиш во намерата веднаш вриштење,пиштење,легнување на земја и сите тие процедури...незнам до кога ќе трае арно ама ако продолжи вака нема да види ни Џамбо ни било кое друго место некое време user posted image .Бевме таму минатата недла,ако била некоја од вас не слушнала сигурно user posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Напади на бес кај мали деца
18.8.2013 22:17:51   
miana
леле жени и ние сме во оваа фаза или што и да е...Ама детево на моменти и ме плаши,се исклучува..Се лупа од земја,незнае што сака...Се случува да се разбуди и во нок да вришти и да неможам да ја освестам..Вас ви се случило ли да ви се биди детето и да ври се мава од зземја вришти нерасонето? Да незнае што сака? Јас кога ми е мава од земја за нешто што сака да добие,ја игнорирам,или се обидуам да ја залажам ( а најчесто не ми успева ) ме штипе,ме мава - страшно нешто,Дај пишете искуства плис...

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Напади на бес кај мали деца
19.8.2013 9:27:06   
Martins mom
Трпение спасение миана...нема лек ја мислам, само тампони во уши и игнорирање од сите.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Напади на бес кај мали деца
19.8.2013 9:32:07   
Mihaela 2010
M sabajle dobi napad na bes,go ingorirase tatko i ,pocna da place po mene,duri ke povratese od sto placese..
Nemozev asalno da se spremam za na rabota,jas vo takvi situacii sum dosta smirena i ja fakjam so dobro,i zboram pocnuvam nesto da i raskazuvam i ukazuvam i taka ja smiruvam,ako pocnam i jas da se deram,da ja karam taa uste povekje stanuva histericna

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Напади на бес кај мали деца
19.8.2013 9:44:34   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010
ako pocnam i jas da se deram,da ja karam taa uste povekje stanuva histericna

И јас тоа имам приметено кај син ми кога почне со неговите барања или ако се бунтува за нешто, ако изгубам трпението, готово - уште полошо станува, е тоа е вежба за нашето трпение, кога е најтешко да се смириш, да бидеш трпелив и да му одвлечеш внимание со нешто друго, или едноставно без да го приметуваш, ако не функционира со убаво (бидејќи некогаш не те слуша) да го пустиш да се смири па тек тогаш да се разговара со детето.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Напади на бес кај мали деца
22.8.2013 15:56:03   
miana
Луѓе ве молам за помош - искуства...Навистина мислам дека моево дете има некаков проблем..Вчера принудно се вративме од одмор..Почна да станува се пострашно и пострашно user posted image user posted image user posted image Во сред ноќ станавме,набрзинка се спакувавме и правец назад.Ни се разбуди и по пат на среде никаде и неможевме да ја смириме. Урла вика,ме гледа и вришти. Некако ја смирив,пак ми заспа во раце.Стигнавме дома беше многу срекна,арно ама кога дојде време за спиење е бог да чува...Ме влече.ме мава,незнае што сака. И кога ке заспие почнува да се буди и да плаче. Да напоменам дека еден ден на одмор имаше и Т ( не висока ) и и се појавија афти во устата и почнаа лиги да и течат. Вчера одма ја однесов на лекар,докторката не ме свати толку сериозно за ситуацијава и ми вика дека е нервозна од афтите. Ама не може да е нервозна од афтите само кога и се спие и кога спие,а обично и си јаде и лижавче лижеше не се жали..Незнам кој крај да го фата,? Зошто е вакво детево? Ме гледа и се губи ,вришти,се корне,се мава буквално од земја. Кажувајте што да правам,многу ми е страв,не си го познавам детево??? Плачам и јас со неа,немам сили веке.Другово дете треба во школо да појде,неможеме да му се посветиме. Се плашам кога ке дојде време за спиење.Ја носев на бајачка ( кога има човек мака се ке проба ) ми рекоа дека е уплашена и дека е премногу урочена и од уроци ја боли стомаче и многу сонува.Немам сила веке,се чувствувам исто како кога се породив и имав депресија..Толку беспомошно се чувсвувам - неможам да ви опишам..Помагајте било како ве молам. user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?