Еца -> RE: Напади на бес кај мали деца (14.7.2009 18:25:06)
|
E Биг мама, јас поминав низ ова но малата кога имаше година, таа дури кога ќе почнеше да плаче таа, и повраќаше.И нормално ние со маж ми во несвест паѓавме и се така...додека маж ми еден ден не се врати од работа и не ми кажа за ситуацијата на една негова колешка која има ќерка 6 години.Кога имала напад на бес завршувал со паѓање во несвест.Тоа траело подолго време и родителите ја однеле на клиника.Ги направиле сите можни анализи и испитувања и кога докторот, невролог го погледнал му рекол на девојчето да излезе на кратко.Детето здраво, право...Им рекол нареден пат кога ќе сака да ви направи така ке му плеснете една убава шлаканица(бидејќи и онака ја плескале и прскале со вода за да се освести) да ја заболи и нека плаче.Оставете ја и не реагирајте никако. Еднаш само го направиле тоа со шлаканицата и таа никогаш повеќе од тогаш не паднала во несвест. Ова ме наведе да поразговарам со педијатарот кој ме советуваше да ја игнорирам.Од како ми го кажа ова, набрзо имаме напад на бес, таа поврати, а јас не паничев туку само и реков ако ако повраќај, ја земав и во вц ја мијам, наредниот пат така, ако ако...трет пат немаше, ќе почнеше да плаче и кога ќе приметеше дека и се повраќа, престануваше со плачење.Така да мој совет ти е да го игнорираш па да видиш каква ќе биде неговата реакција. Децата користат се што е во нивна моќ за да го добијат она што го сакаат.
|
|
|
|