Папа тест (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


Еца -> Папа тест (15.7.2009 0:11:46)

Со оглед на тоа дека имаме и прилично млади членови на нашата рингераја, би сакала малку повеќе да им објасниме колку е важен папа тестот и да дознаат нешто повеќе за него.

Папа тестот е метода за рано откривање на ракот на грлото на матката. Овој тип на рак стана еден од најчестите малигни заблувања на женскиот репродуктивен систем. Особено на нашите простори, стана 2 најчеста болест кај жените, после ракот на дојката.

Потекло?
Тестот го добил името според неговиот создавач, американски лекар со грчко потекло, Papanicolau (1883- 1962), со цел да се провери грлото на матката. Грлото е долниот дел од матката (uterus), а после него продолжува вагината.

Што покажува?
Преку папа тестот се покажуваат сите инфекции, абнорамални клетки на грлото на матката или веќе развиен рак.

Зошто е потребен?
Многу е едноставно, може да ви го спаси животот. Ги открива најраните знаци за појава на рак. Детектира било какви абнормални клетки, кои подоцна можат да се развијат во канцерогени. Раното откривање значи и полесно лекување и спас од смрт.

Кој треба да прави папа тест?
Во склоп на редовниот гинеколошки преглед, треба да ви биде рутина да правите и папа тест. Не постои старосна граница за тестот. Не значи дека ако сте во менопауза сте ослободени од правењето папа. Особено редовно трба да пактикуваат девојки кои наполниле 21 година но, и помали кои имаат секс.

Колку често треба да се прави?
Правилото е индивидуално за секоја жена, во зависност од нејзиното здравје и возраст. Доколку генерално размислуваме, тогаш еве ги правилата кои ги дава Американскиот универзитет за гинеколози и акушери:
Ако сте помлади од 30 год, треба секоја година.
Ако имате 30 год. или сте постара, конуслтирајте се со вашиот докотр да го правите тестот на секои 2 или 3 години, доколку претходно сте имале три нормални папа тестови во изминатите 3 години.
Ако имате 65 до 70 год. и веќе сте имале три нормални тестови, а ниту еден абнорамален во изминатите 10 години, можете да се консултирате за прекинување на тестирањето.

Задолжително треба да прават!!!
Жените со намален имунитет поради трансплатација на орган, оние кои примаат хемотерапија или кортикостероиди.
Ако вашата мајка користела DES ( Dietilstilbestrol), за време на бременоста.
Ако сте инфицирани од ХПВ и ХИВ вирусот.

Потполно се ослободени.
Оние на кои докторите ги советувале дека е време да престанат, поради староста. Другата група се оние жени кај кои оперативно е отстрането грлото на матката. Но, секако претходно со консултација со гинекологот.


Ваши размислувања и искуство,на колку време го правите?




mis. -> RE: Папа тест (15.7.2009 0:16:10)

Пап тест правев пред десетина дена и очекувам резултати секој ден.Па ќе видиме што ќе каже.Последниот беше пред 2 год пред да забременам и резултатите беа супер.




Еца -> RE: Папа тест (15.7.2009 0:24:33)

Многу фактори влијаат на резултатите од гинеколошкиот преглед. Некои се вон ваша контрола, но постојат неколку врз кои можете да влијаете со неправилното однесување.

Испланирајте прегледот да се случи после менструацијата, освен ако многу крварите и тоа ве загрижува. Менструалниот секрет може да влијае на лабораториските испитувања.

Два до три дена пред тестот избегнувајте сексуален однос. Течностите кои се разменуваат за време на сексуалниот чин може да ги затскријат абнормалните клетки на цервиксот.

24 саати пред прегледот избегнувајте употреба на било какви дезодоранси или други продукти наменети за нега на вагината. Одредени дамки може да се протолкуваат како мали тумори или да скријат некои нерегуларности.




mis. -> RE: Папа тест (15.7.2009 0:27:44)

Најубаво да се прави пап тест е времето на овулација.




simona -> RE: Папа тест (16.7.2009 15:06:09)

vcera bev na zadolzitelen pregled za zemanje na bris za infekcija i vo edno pravev i papa test.Malku se dvoumev da go napravam papa testot vo bremenost no so konsultacija na dr.prifativ.Ako nekoja od vas mili moi go napravil ova sakam vase razmisluvanje,i od drugive.Sega nestrplivo gi cekam rezultatite





mami -> RE: Папа тест (16.7.2009 15:08:04)

мила се е тоа дел од процедурата. јас правев еден на почеток на бременост и еден при крај...се беше во ред, мислам тоа е сосема нормална постапка како што се и земањето брисеви и анализа на крв..




Mammy -> RE: Папа тест (16.7.2009 15:10:34)

Мене исто така ми земаа брисеви поради кандидата, а воедно ми испитуваа и за кламидија и др. Конкретен папа тест и резултат немам, а мислам дека треба да се направи при крај на бременоста пред се поради присуство на ХПВ кој може да влијае врз начинот на породување. Инаку веќе сум 35 недела.




mami -> RE: Папа тест (16.7.2009 15:12:16)

ајде мамму уште малку[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




dani85 -> RE: Папа тест (18.7.2009 15:18:49)

jas imam zakazano za vo vtornik i ke vidime so ke kazat rezultatite




mis. -> RE: Папа тест (24.8.2009 14:31:11)

Резултатите од пап тестот ми се супер но после се што се случи на една пријателка дури се прашвам колкава е веродостојноста на резултатите.Жената во октомври правеше пап тест а пред еден месец и откриле дека има тумор на матката.Нели пап тестот треба да ги открие сите промени кои настануваат во матката?Цел месец сум како во транс откако ми кажа што и се случува.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




milijana -> RE: Папа тест (24.8.2009 16:34:12)

I jas sum malku skepticna..otkako te procitav mis..znaes..pap mi bese odlicen..a jas i ponatamu nesto si potekuvam..gen..mi veli toa bile folikuli od neuspesnoto moe in vitro vo juni...se imalo posledici..Pa sega kolku e tocno..zedov i brisevi..cisti mi bea..pa se tesam toa se bezbojnite jajni kletki..ama toa e.Belki se e vo red..ama voa podsvesta si raboti..Pozz




Еца -> RE: Папа тест (6.1.2010 1:12:02)

Може да се јави страв кога ќе слушнете дека наодите на вашиот Папа тест не се во ред. Но, абнормални наоди на Папа тест НЕ ЗНАЧАТ дека имате рак. Обично станува збор за некој помалку сериозен проблем со грлото на матката. Некои абнормални клетки можат да се претворак во рак. Но, во повеќето случаи, овие абнормални клетки ќе исчезнат сами од себе или со адекватно лекување. Ако овие нездрави клетки се лекуваат, можно е да се спречи, скоро во сите случаи, ракот на грлото на матката. Ако вашите наоди на Папа тестот не се во ред, треба да поразговарате со вашиот гинеколог.
Постојат многу причини за абнормалени резултати на Папа тестот. Ако се резултатите од Папа тестот нејасни или укажуваат на некои помали промени на клетките на грлото на матката, вашиот лекар ќе предложи да се повтори Папа тестот. Ако со тестот се откријат сериозни промени на клетките на грлото на матката, тогаш лекарот ќе предложи и други дополнителни испитувања. Тука спаѓаат следниве испитувања
*Колпоскопија
Колпоскопијата е дијагностичка метода со која се гледа грлото на матката со зголемување од 6 до 40 пати. Колпоскопијата е раширена метода на преглед на цервиксот, со која се бараат евентуално присутни лезии.

Колпоскопија е дијагностичка постапка која му овозможува на лекарот директена визуализација на слузницата на вагината и на грлото на матката со помош на колпоскоп, кој е еден вид на микроскоп со светло Лекарот прво го премачкува цервиксот со раствор на оцетна киселина, а потоа користи инструмент сличен на микроскоп т.н. колпоскоп со кој темелно го прегледува цервиксот. Лекарот може потоа да го премачка цервиксот со раствор на јод (постапката се нарекува Schiller тест). Здравите клетки изгледаат кафени, додека абнормалните се жолто пребоени. Оваа постапка може да се изведе во амбулански услови. На тој начин се гледаат и промени кои не може да се забележат со „голо око“, т.е. без зголемување. Прегледот со колпоскоп може да биде непријатен, но не е болен и трае 5-10 минути.

*Киретажа
Во мал број случаи може да биде нејасно дали се абнормалниот ПАП тест или симптомите на жената предизвикани од промени во цервиксот, или во ендометриумот (ендометриумот е внатрешниот слој на телото на матката).

Во тие случаи, лекарот може да направи проширување (дилатација) на грлото на матката и киретажа. Лекарот го шири цервикалниот отвор и со помош на специјален инструмент, кирета, го струга ткивото од површината на матката како и од цервикалниот канал.

Слично како и кај конизацијата и кај оваа постапка потребна е локална или општа анестезија и може да се изведе во амбуланта или во болница. Материјалот земен со киретажата се испраќа кај патолог за поставување на дефинитивна патохистолошка дијагноза.

Постапките за добивање на ткиво од матката можат да предизвикаат незначително крварење или вагинален исцедок, меѓутоа тие брзо исчезнуваат. Жената може да почувствува болка слична на онаа при менструално крварење, но таа може да се ублажи со лекови
Во САД неодамна е одобрен систем за сликање на грлото на матката (LUMA Cervical Imaging System). Лекарот го користи овој уред веднаш по колпоскопијата. Овој систем може да му помогне на лекарот да ги види деловите на грлото на матката во кои најчесто се наоѓаат прекарциномските клетки. Уредот фрла светлина на грлото на матката и анализира како различни делови на грлото одговараат на оваа светлина. Тој ги анализира ситните делови на грлото. Потоа, уредот креира мапа во боја која му помага на лекарот да одлучи од кои места да земе примерок за биопсија. Различните бои на мапата, му помагаат на лекарот да ги разликува здравите ткива од оние кои можеби се заболени

*Биопсија
Доколку при колпоскопијата се забележи сомнителна лезија на грлото на матката, треба да се земе материјал од таа промена (биопсија) со цел да се постави дефинитивна патохистолошка дијагноза.

Кај еден вид на биопсија, лекарот користи инструмент за откинување на мали парченца на цервикално ткиво.

Друга метода која се користи за биопсија е т.н. електрохируршка ексизиона постапка (LEEP). При оваа постапка лекарот користи електична жица за да земе тенок кружен дел од ткивото.

И двата вида на биопсија можат да се изведат во амбулантски услови, со користење на локална анестезија т.е. при самата биопсија, лекарот локално го анестезира грлото на матката. По постапката можно е слабо крварење.




Еца -> RE: Папа тест (6.1.2010 1:13:57)

Папа тестот може да го спаси вашиот живот. Со помош на овој тест може да се откријат најраните знаци на ракот на матката, рак кој е многу чест кај жените. Во случаите кога ракот на грлото на матката се открива во раните стадиуми, постојат големи шанси тој целосно да се излечи. Папа тестот, исто така, може да ги открие и инфекциите и абнормалните клетки на грлото на матката, кои можат покасно да се развијат во канцерогени клетки. Лекувањето на инфекциите и на овие т.н. преканцерозни состојби на грлото на матката, можат да го спречат развојот на ракот кај голем број на пациентки. Ракот на грлото на матката најдобро ќе може да го спречите така што редовно ќе одите на гинеколошки прегледи, при кои, рутински се прави и Папа тестот. Ракот на грлото на матката е еден од најчестите малигни заболувања на женскиот репродуктивен систем. По карциномот на дојката, тој е најчест во нашата средина. Во нашата земја, инциденцата на цервикалниот карцином се движи 16/100 000 жители. Воведувањето на цитолошкиот скрининг во последниве 40 години доведе до значително намалување на инциденцата и морталитетот на инвазивниот рак на матката.




mother 29 -> RE: Папа тест (12.1.2010 15:25:13)

кога последен пат правевте?ајде еден мал потсетник?!




arh_diz -> RE: Папа тест (12.1.2010 15:27:06)

Vo poslednava godina da ne preteram no imam napraveno poveke od 5-6 testa i site fala bogu bea se super




zami -> RE: Папа тест (12.1.2010 15:32:41)

Arno, me potsetivte, jas pravev pred nova godina, ama eve ne bile seuste gotovi rezultatite.




profesorica -> RE: Папа тест (12.1.2010 15:33:54)

јас недела дена пред нова година




mother 29 -> RE: Папа тест (12.1.2010 15:36:42)

да се потсетам и самата..оти сега кај и да е поминуваат 6 мм[sm=smiley1.gif]




ripce -> RE: Папа тест (12.1.2010 15:37:33)

јас правев за првпат после породувањето, претходно не сум правела. Тоа беше некаде во април, па како што се препорачува да се прави на година дена, треба да отидам пак за некој месец.




mother 29 -> RE: Папа тест (12.1.2010 15:41:11)

или на 6 мм




Mihaela 2010 -> RE: Папа тест (12.1.2010 15:41:16)

Пред да забременам резултатите од папа тестот ми покажуваа дека имам CIN 1,наводно гинекологот ме убедуваше дека не било ништо страшно,дека секоја втора девојка на денешницава има.Од кога останав бремена, пред два месеци резултатите ми беа супер,имав само кандида..




lilit -> RE: Папа тест (12.1.2010 15:55:36)

  Правев пред бременоста и се бесе ок .Целосно си се испитав пред да останм трудна и срека го сменив и гинекологот зашто тврдеше дека имам полип [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek.gif[/image]




Maria -> RE: Папа тест (12.1.2010 16:00:44)

Pravev pred bremenosta i so prvoto dete,a i sega i se bese vo red.A pravev i posle poroduvanje vo prvata bremenost,otkako napolniv 40 dena i mnogu se pokajav.Bev mnogu siena i uzasno me bolese.Na koj i da mu kazev deka otidov na pregled na 40te dena site mi velea:ti si nenormalna.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]No od kaj da znaev,taka mi pisuvase vo otpusnata lista od bolnica,mislev deka taka treba.Aaaaa za vtorovo znam...posle 6 meseci.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Еца -> RE: Папа тест (12.1.2010 16:57:50)

И јас деновиве ке одам да направам. Баш сум малку исплашена, некако се чувствувам тапа болка ниско долу кај стомакот, па ќе видиме како ќе бидат резултатите.




alex_mo -> RE: Папа тест (13.1.2010 0:29:17)

Последен пат направив минатиот април(имав ХПВ) ,во мај останав бремена(др ме убедуваше да планирам бременост бидејки вирусот не сметал),сега сум 36 недела,за време на бременоста 2 пати правев микробиолошки брисови и беа супер (негативни) и сега ја чекам принцезава да се роди ,па потоа ке видиме.До сега се беше одлично.




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>