Snowhite RR -> RE: Пиво фест во Прилеп (17.7.2012 18:55:32)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR Snowhite еве кај што работи, имаат соби. Само нека пише дали има празни, ако не, може и кај нас да ни дојдете на кафе, па да одморите од шетање. Да, имаме соби, ама немаше ништо слободно за време на пиво фестот затоа и не пишав ништо, се надевам дека се снајдовте и убаво поминавте. Ние за време на пиво фестот освен за Влатко Стефаноски, за другите не сакав ниту да ги слушам, ниту да се туркам низ гужвите. Трите вечери излегувавме, ама рано и рано се прибиравме, зашто и Михаил го носевме. Во саботата излегов само поради него да го повозиме со вовчето. За тие што не знаат еве да појаснам за време на пиво фестот од Кина донесоа воз (кој се разбира и понатаму останува во градот), нормално не воз на шини, еколошки, на струја и возеше на една кратка релација низ градот, како паорамско разгледување. Додека траеше пиво фестот, возењето беше бесплатно и наменето претежно за децата. Мене не ми беше нешто посебно, ама за децата беше закон
|
|
|
|