Hopeful RR -> RE: Утрогестан за подршка на бременоста (5.3.2016 0:12:00)
|
Анамама, не се грижи, ништо страшно, на многу од нас ни се има ова случено. Дабростон и утрогестан се вид на прогестерон, кој е поддршка за бременоста и плодот. Голем дел од трудниците до крај на бременост се на некаква форма на прогестерон, така што без гајле. Во однос на крварењето, веројатно е од некаков напор па пукаат крвни садови. Дали те видоа на ехо и што ти кажаа, од што е крварењето? Кај мене на пример беше од хематом. Најдобро што можеш да направиш е да мируваш, ама буквално во хоризонтала, со јадење легната и со станување само за до тоалет. Досадно е, ама се издржува. Исто така, се што правиш прави го полека и избегнувај каков било напор - станување, седнување, одење во тоалет, ... се нека биде мнооогу полека и без стискање и напнување. И секако, биди оптимист и верувај во бебулето, посилно е отколку што мислиш [sm=smiley1.gif] Ајде со среќа и пишувај ни!
|
|
|
|