meU87 -> RE: Утрогестан за подршка на бременоста (24.4.2012 9:07:05)
|
Јас сметам дека треба да се чита на нет, но умерено и со доза на резерва, зошто секој организам не е ист. Јас имам познати околу мене кои неодамна си износеа здрави прави деца, без ниту еден хормон, па цела бременост се беше во ред. Мене ми дадоа Утрогестан од почеток на бременоста, па се до 13та недела, зошто ми беше утврдена касна овулација, а со тоа неможеше жолтото тело само од себе да си произведува доволно количество на прогестерон. Сега веќе 4дена како ми е прекинат утрогестанот, од оричина што се утврди дека постелката е во ред и почна сама да си произведува прогестерон. Така да, сепак сметам дека лекарите гледаат и знаат што и како, неможеме ние за ништо да не им веруваме, кога они и школо завршиле за тоа(има исклучоци нормално). Јас малку бев исплашена во почетокот, баш поради тоа што многу читав низ нет и се осеќав посигурно со употребата на утрогестанот, па сега демек како ќе биде, но сфатив дека како треба и што треба тоа ќе биде. Сега планирам по релаксирано да си ја продолжам бременоста и максимално да уживам.
|
|
|
|