Исти зборови на различни јазици и анегдоти (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто

Порака

niki -> Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 13:06:37)

Деновиве форумов ми е инспирација за отварање нови теми, немој да ми замерите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

ИЗВОРНА ПОРАКА: Gari68

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Dobredojde veda
Da ti se zivi i zdravi cicinjata golemi da rastat

Arh_diz sigurno si bila seuste sonliva koga si go pisuvala ova,zatoa sto ovaka izgleda sosem nesto drugo deka i posakuvas na Veda

A na veda i jas i posakuvam toplo dobredojde i da go ubedi i soprugot da se zacleni da ni prenesuva i toj iskustva so decata

Ова што го цитирал Гари го видов утрово, но ич не го размислив вака бидејќи во српскиот јазик цица се користи за нешто слатко и мало, како цица-маца, многу често и за убави девојчиња, така да мене ми е секојдневно и нималку чудно.
Но бидејќи живееме кај што живееме (зборувам за мене, мм и ќерка ни) и потекнуваме од кај што потекнуваме многу често ми се случуваат анегдоти со зборови кои на некој друг јазик значат нешто друго.
Еве примери:
Одиме да шетаме ние тројцата и ко што е ќерка ми љубопитна и жива ќе се фати за некоја глупост што ќе ја види на пат. Јас ко и секоја добра и загрижена мајка, која сака да си го заштити детето од микроорганизми, често на српски викам: Пусти то! И опс сите Грци околу нас се вртат и ме гледаат вака [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley3.gif[/image]. Мм ми вика пази што збориш, а јас упс[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zardeva.gif[/image]
Е сега да ви кажам во што е проблемот. Пустис на грчки значи педер. И сосема оправдано ме гледаат чудно, кога на моето слатко девојче му се дерам на глас, без срам и перде: Педеру![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] А да се избегне тој збор за мене е невозможно, еден ден ќе ме пријават во полиција за малтретирање на детето[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Друга ситуација е кога одиме во Србија кај свекрва ми. И тогаш пак кога е непослушно моето дете јас почнувам со моите говори: Ај да не се караме..... Нормално и таму ме гледаат со чудење, а оние кои ме знаат од кај сум и го добија објаснувањето на зборот ми се смејат секој пат кога ќе го изговорам, а тоа ама ич не е ретко[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] И таму на улица сум во опасност да ме пријават за педофилија[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Најново ни е со кучето дома и една Французинка. На секој негов немирлук ние фуј, фуј, фуј, фуј. Французинкава прво чудно не гледаше, па потоа свати што тоа значи и на крај ни објасни дека фуј на француски било кога нешто бараш, и претураш и бараш. А ние на кучето барај, барај, што да бара јадното бебе од 2 месеци[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Па ајде странци и сите кои често патуваат и оние кои користат дијалекти, раскажете ги своите анегдоти со јазиците со кои се среќавате!
Повелеле!

elle -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 13:41:24)

Ај да не се караме.....

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
скоро гледав опуштено со Тони и Део и Тони ги прашува гостите колку често посетуваат театар,а гостинката(не е важно која) вика- јас сум за карање многу ретко посетувам театар.
А Тони во негов стил -и јас мислам дека си за карање, но сега оти заврши сезоната може во септември да дојдеш на некоја претстава, а до тогаш јас и ти ќе се караме.
гостинката сигурне не знаеше што значи зборот и со задоволство се согласуваше на поканата на Тони

Bitolcanka -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 15:29:23)

[sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif] за темата Ники. Јас немам некое такво искуство, штом имам би го изнела [sm=smiley1.gif] Малку ми било чудно толкувањето на нашето чао (збогум), со српското (здраво) порано, како помала [sm=smiley1.gif]

arh_diz -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 15:33:31)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Деновиве форумов ми е инспирација за отварање нови теми, немој да ми замерите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

ИЗВОРНА ПОРАКА: Gari68

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Dobredojde veda
Da ti se zivi i zdravi cicinjata golemi da rastat

Arh_diz sigurno si bila seuste sonliva koga si go pisuvala ova,zatoa sto ovaka izgleda sosem nesto drugo deka i posakuvas na Veda

A na veda i jas i posakuvam toplo dobredojde i da go ubedi i soprugot da se zacleni da ni prenesuva i toj iskustva so decata

Ова што го цитирал Гари го видов утрово, но ич не го размислив вака бидејќи во српскиот јазик цица се користи за нешто слатко и мало, како цица-маца, многу често и за убави девојчиња, така да мене ми е секојдневно и нималку чудно.
Но бидејќи живееме кај што живееме (зборувам за мене, мм и ќерка ни) и потекнуваме од кај што потекнуваме многу често ми се случуваат анегдоти со зборови кои на некој друг јазик значат нешто друго.
Еве примери:
Одиме да шетаме ние тројцата и ко што е ќерка ми љубопитна и жива ќе се фати за некоја глупост што ќе ја види на пат. Јас ко и секоја добра и загрижена мајка, која сака да си го заштити детето од микроорганизми, често на српски викам: Пусти то! И опс сите Грци околу нас се вртат и ме гледаат вака [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley3.gif[/image] . Мм ми вика пази што збориш, а јас упс[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zardeva.gif[/image]
Е сега да ви кажам во што е проблемот. Пустис на грчки значи педер. И сосема оправдано ме гледаат чудно, кога на моето слатко девојче му се дерам на глас, без срам и перде: Педеру![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] А да се избегне тој збор за мене е невозможно, еден ден ќе ме пријават во полиција за малтретирање на детето[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Друга ситуација е кога одиме во Србија кај свекрва ми. И тогаш пак кога е непослушно моето дете јас почнувам со моите говори: Ај да не се караме..... Нормално и таму ме гледаат со чудење, а оние кои ме знаат од кај сум и го добија објаснувањето на зборот ми се смејат секој пат кога ќе го изговорам, а тоа ама ич не е ретко[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] И таму на улица сум во опасност да ме пријават за педофилија[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Најново ни е со кучето дома и една Французинка. На секој негов немирлук ние фуј, фуј, фуј, фуј. Французинкава прво чудно не гледаше, па потоа свати што тоа значи и на крај ни објасни дека фуј на француски било кога нешто бараш, и претураш и бараш. А ние на кучето барај, барај, што да бара јадното бебе од 2 месеци[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Па ајде странци и сите кои често патуваат и оние кои користат дијалекти, раскажете ги своите анегдоти со јазиците со кои се среќавате!
Повелеле!

mesto cucinja (sum napisala ) cicinja
Inaku na mene cesto mi se slucuva da imam greski vo pisuvanje

Bitolcanka -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 15:42:55)

Се случува и тоа мила [sm=smiley1.gif] Како инаку ќе [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] И јас не кажувам многу смешки, ама кога ќе тропнам нешто ненамерно [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif]

Bitolcanka -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 15:45:26)

Битно - се разбравме, не си замеруваме за вакви случајни грешки [sm=smiley1.gif] 1 буква или 1 цифра = 1 тон - така доаѓа [sm=smiley1.gif] Мала промена, а многу важна [sm=smiley1.gif]

Anushka -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 15:52:19)

Niki, темава ти е супер!!!
Си ме изнасмеала ептен, како добро ги раскажа случкиве, алал да ти е!
Еве јас имам многу, а ќе почнам со тие што први ми паѓаат на памет:
1. Ми доаѓа братучетка од Хрватска. Тогаш бевме малецки. Одиме да си играме кај сосетката, а таму бабата на другарка ми, од што и` била слатка братучетка ми, и` вика: „дојди, дојди, баба да те баци!“ А таа се фати во бег и да плаче.
Објаснување: „баци“ на српско-хрватски е да те фрли некој...
2. Имам другарка од Валандово. Еднаш ми вика: „ти се аресе ли диско?“ Јас ја гледам и си викам: а бе, не сум била во диско, Што и е на оваа Што ме прашува?!
објаснување: „диско“ или „диск“ го користат како поим за послужавник 
3. Одам јас на разговор за работа во една грчка фирма. Еден куп Грци, а само еден Македонец (прилично згоден и претставителен). И сега, сите ме интервјуираат, ме тестираат. Се` ќе беше супер да не ми го грешеа презимето. Цело време ми викаа: "Miss Kurova this..., miss Kurova that..." а јас сирота, менувам бои, го гледам дечконо, се смее во себе, а бе во земја да пропаднеш.
4. Уште едно со презиме: мм се презива Веселиновски. Грците редовно го викаат „Mr. Vazelinovski“.
5. Имав еден директор Кореанец. Имаше голем проблем во изговорот на англиски (иако совршено го знаеше). Ги мешаше буквите „К“ и „П“ и „Ф“. Така, еднаш бевме да бираме простор за под наем, гледаме, гледаме, а тој мртво ладен му вика на газдата: "and, where is your fucking (факинг) department" Газдава прашалници и гледа во мене неверувајќи. А мојот директор сакаше да праша: "where is your parking department"...

niki -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 15:56:14)

ИЗВОРНА ПОРАКА: elle

Ај да не се караме.....

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
скоро гледав опуштено со Тони и Део и Тони ги прашува гостите колку често посетуваат театар,а гостинката(не е важно која) вика- јас сум за карање многу ретко посетувам театар.
А Тони во негов стил -и јас мислам дека си за карање, но сега оти заврши сезоната може во септември да дојдеш на некоја претстава, а до тогаш јас и ти ќе се караме.
гостинката сигурне не знаеше што значи зборот и со задоволство се согласуваше на поканата на Тони

а, можеби и знаела и и се допаѓала идејата, они си се сепак големи[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

mesto cucinja (sum napisala ) cicinja
Inaku na mene cesto mi se slucuva da imam greski vo pisuvanje

ништо страшно секому се случуваат грешки[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Тања РР -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 16:02:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

Niki, темава ти е супер!!!
Си ме изнасмеала ептен, како добро ги раскажа случкиве, алал да ти е!
Еве јас имам многу, а ќе почнам со тие што први ми паѓаат на памет:
1. Ми доаѓа братучетка од Хрватска. Тогаш бевме малецки. Одиме да си играме кај сосетката, а таму бабата на другарка ми, од што и` била слатка братучетка ми, и` вика: „дојди, дојди, баба да те баци!“ А таа се фати во бег и да плаче.
Објаснување: „баци“ на српско-хрватски е да те фрли некој...
2. Имам другарка од Валандово. Еднаш ми вика: „ти се аресе ли диско?“ Јас ја гледам и си викам: а бе, не сум била во диско, Што и е на оваа Што ме прашува?!
објаснување: „диско“ или „диск“ го користат како поим за послужавник 
3. Одам јас на разговор за работа во една грчка фирма. Еден куп Грци, а само еден Македонец (прилично згоден и претставителен). И сега, сите ме интервјуираат, ме тестираат. Се` ќе беше супер да не ми го грешеа презимето. Цело време ми викаа: "Miss Kurova this..., miss Kurova that..." а јас сирота, менувам бои, го гледам дечконо, се смее во себе, а бе во земја да пропаднеш.
4. Уште едно со презиме: мм се презива Веселиновски. Грците редовно го викаат „Mr. Vazelinovski“.
5. Имав еден директор Кореанец. Имаше голем проблем во изговорот на англиски (иако совршено го знаеше). Ги мешаше буквите „К“ и „П“ и „Ф“. Така, еднаш бевме да бираме простор за под наем, гледаме, гледаме, а тој мртво ладен му вика на газдата: "and, where is your fucking (факинг) department" Газдава прашалници и гледа во мене неверувајќи. А мојот директор сакаше да праша: "where is your parking department"...

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Анушка ме скина од смеење. Ќе го разбудам мм.

niki -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 16:14:08)

Анушке и твоиве се супер[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]ме боли стомак од смеа
А кореанецот твој ме потсети  на мене кога дојдов првпат тука.

Во обид на туристи да објаснам која плажа е песоклива, која со камчиња ги збркав работите. Наместо да кажам врахакиа, што значи карпички, погрешно, но ќе ме разбереа, јас реков вракакиа што значи гаќи.
Ме изгледаа чудно, а јас пак им се  чудам што ми се чудат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Кога си го премотав филмот у земја ќе пропаднев, па им се извинував. Една буква резил ме напраи.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]

Anushka -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 16:20:20)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
добра си.... еве јас се сетив на уште:
1. Една Азијатка се омажила за Македонец. И, напишала книга за нејзиното среќавање со овој народ (мислам дека се викаше „Автостопирање“ или така некако). За да биде фина, кога дошла во МК, ги прашала другарите на мажот и`, како да каже на мк „мило ми е што Ве запознав“. Ај погодете тие што ја научиле?!
Да вика „да ви се испрдам на јазикот“ (ова буквално го пишуваше во книгата, затоа, модератор не го симнувај)

nadica -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 16:20:47)

е жени од смеење ја разбудив надица [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] па сега неможам да ве дружам [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]

Anushka -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 16:27:22)

sorry, Надица баш ми е жал, ама добив инспирација, МОРАМ да продолжам:
Одам на службен пат во Загреб, а како Хрватка по баба, се „правам“ дека им го знам јазикот. И така јас нешто „брилирам“ во говорот, а еден од претпоставените ме прашува како сум дошла (со кое превозно средство). Јас наместо да му кажам со воз - „Влак“, јас му викам со „Тлак“ - притисок... [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
Ај пак за мојот директор Кореанец: ми вика "Bring me КОПИ“. Му носам копии од документите, тој ме гледа зелено. Ми вика „ај уонт то дринк копииии“, всушност "I want to drink coffee!"

nadica -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 16:36:56)

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] анушке [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] ме изнасмеа

а дали виде дека денес ти си на жешкопто столче?

Bitolcanka -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 16:37:52)

Леле Анушке, сите се, ама ова последното - кој жив би го разбрал - Bring me copy [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif]

Gari68 -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 23:37:36)

Еве една згода од средношколските денови : професор по македонски скорива една ученичка и ја испрашува,оваа почнува да одговара, а професорот така постар малку занесен.Ученичката запира во еден момент и професорот и вели : Сврши ли? а ученичката како од топ:  Свршив,a професорот и вели : Е не ме задоволи. И тогаш ние сите во класот патос од смеење, а тие се чудат што е работава.
Човекот мислел да рече : Заврши ли со одговорот?

Anushka -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 23:53:48)

ах, бе Гари, добри ви биле и професорот, ама и ученичката, хе, хе, хе. Цепки, ме изнасмеа. Еве нешто слично од искуството на мајка ми (прфесорка по француски):
Некое девојченце имало мал недостаток во говорот, па многу течко изговарала зборови, особено кога ќе се возбуди. Мајка ми морала да ја стане да чита. И така, ученичката чита, ама како да не чита, буква по буква, слог по слог... д`ткала цело време, се` додка не стигнала до зборот „Ла Кур“ (двор). Зборот го прочитала одеднаш, без билокаков проблем. Сите се изнасмеале, а мајка ми ја прашала како тоа токму тој збор го прочитала убво (срам да и` е).
Ученичката, возбудено д`ткајки и одговорила: „пппа, пппрофессорке, Ла Кур ми се лизна пппо јјазззикот“

Боцко -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (24.6.2010 0:46:23)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka
... до зборот „Ла Кур“ (двор). Зборот го прочитала одеднаш, без билокаков проблем. Сите се изнасмеале, а мајка ми ја прашала како тоа токму тој збор го прочитала убво (срам да и` е). Ученичката, возбудено д`ткајки и одговорила: „пппа, пппрофессорке, Ла Кур ми се лизна пппо јјазззикот“

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

лудило од смеење, а моиве спијат. ц ц ц што ми правите.

- туку, еве нешто од средно школо: одговара еден на табла физика и решава некоја равенка со коментирање. во еден момент вели: и сега ова можеме да го извадиме пред заграда. а професорката: еми извади го деее
- оние што знаат не руски, како ли ќе реагираат на дај спичку да закурим. ќе го изгледаат човекот мнооогу чудно, нели?
- уф мене ми се случи кај една страшна професорка по историја од минатото да кажам соц. Педеративна реп.југ.
[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

Боцко -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (24.6.2010 0:49:09)

бугарски СВРШИ е заврши а ПОЧИВА е се одмора. најголемиот апсурд на бугарите е ВРЕДЕН е всушност штетен.
кај италијаните MORBIDO е вслушност нежно.
кај словенците ŠKODA е штета.

Боцко -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (24.6.2010 1:04:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka
Ај пак за мојот директор Кореанец: ми вика "Bring me КОПИ“. Ми вика „ај уонт то дринк копииии“, всушност "I want to drink coffee!"

таму во индонезија и филипини, мислам дека кафе е КОПИ. поточно постои посебен вид кафе KOPI LUWAK кое се смета за најскапо на светот. даваат сирови зрна на посебен вид мачки да го јадат, да им помине низ желудник, а понатаму [sm=smiley35.gif] не би објаснувал. како и да е тоа е КОПИ. си знае човекот. ама кило е 300 евра.
[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

niki -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (24.6.2010 9:22:08)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
дојдов на утринска доза смеење, супер случки[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
и да ви раскажам уште нешто[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Седи нашава французинка со ќеркичката и, а Снуки растрчан, весел си игра. И малава израдувана вика: Снуки кур! Снуки кур! Во моментот излегува од спална мм[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zaspan.gif[/image] целиот подуен од спиење, не знае кај се наоѓа и ја слуша малава, кога ме погледна[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/grrr.gif[/image] демек што си го научила детето, срам да ти е. А всушност малата на француски кажуваше дека Снуки трча![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]

mama26 -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (24.6.2010 9:24:55)

niki kur na francuski e dvor.malata vikala cnuki dojdi o dvor.hahahaah

mama26 -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (24.6.2010 9:27:58)

na francuski kur e dvor .znaci snuki e vo dvor ili trca vo dvor.vikala malata.hahaha me iznasmea i mene malata

niki -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (24.6.2010 9:45:09)

courir  - трчање
Snookey court (куур). - Снуки трча.
la cour - двор
исто се чита

Anushka -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (24.6.2010 9:49:27)

еднаш кога вадев виза, госпоѓата пред мене имаше гарантно писмо за деловна посета во Италија од фирмата „Курва“ (Courva - крива, облина, форма)
или пак, ние соработуваме со фирма чиј бренд е „Меца Серла“ (Mecca Serla)

Страница: [1] 2   Следна страница >   >>