Anushka -> RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти (23.6.2010 15:52:19)
|
Niki, темава ти е супер!!! Си ме изнасмеала ептен, како добро ги раскажа случкиве, алал да ти е! Еве јас имам многу, а ќе почнам со тие што први ми паѓаат на памет: 1. Ми доаѓа братучетка од Хрватска. Тогаш бевме малецки. Одиме да си играме кај сосетката, а таму бабата на другарка ми, од што и` била слатка братучетка ми, и` вика: „дојди, дојди, баба да те баци!“ А таа се фати во бег и да плаче. Објаснување: „баци“ на српско-хрватски е да те фрли некој... 2. Имам другарка од Валандово. Еднаш ми вика: „ти се аресе ли диско?“ Јас ја гледам и си викам: а бе, не сум била во диско, Што и е на оваа Што ме прашува?! објаснување: „диско“ или „диск“ го користат како поим за послужавник 3. Одам јас на разговор за работа во една грчка фирма. Еден куп Грци, а само еден Македонец (прилично згоден и претставителен). И сега, сите ме интервјуираат, ме тестираат. Се` ќе беше супер да не ми го грешеа презимето. Цело време ми викаа: "Miss Kurova this..., miss Kurova that..." а јас сирота, менувам бои, го гледам дечконо, се смее во себе, а бе во земја да пропаднеш. 4. Уште едно со презиме: мм се презива Веселиновски. Грците редовно го викаат „Mr. Vazelinovski“. 5. Имав еден директор Кореанец. Имаше голем проблем во изговорот на англиски (иако совршено го знаеше). Ги мешаше буквите „К“ и „П“ и „Ф“. Така, еднаш бевме да бираме простор за под наем, гледаме, гледаме, а тој мртво ладен му вика на газдата: "and, where is your fucking (факинг) department" Газдава прашалници и гледа во мене неверувајќи. А мојот директор сакаше да праша: "where is your parking department"...
|
|
|
|