Боцко -> RE: Што себе никогаш нема да си простите? (8.7.2010 8:46:48)
|
значи само физички е ок да не седи и не трпи?! е браво бе, супер. никому ли не му е јасно дека психичкото малтретирање и честите кавги без физичко насилство се некогаш далеку пострашни? ама, изгледа на маж од 19 век му одговара жена од 19 век и тоа совршено. но да не се лажеме, и мажи и жени има добри и „лоши“. има многу случаи каде мажи трпат насилство од жени, значи нема совршен свет ниту совршени луѓе. а она „маж што ќе реши...“ исто е релативно од човек до човек. многу пати жм и ме премислила или решила по свое. па сега што? жените се далеку поинтуитивни од мажите и треба да им се признае. освен тоа, и таа е возрасна личност способна да носи одлуки. во бракот сме двајца, не е еден сам. фрижидер полн и сметки платени а тој нека работи. ете ти - тој надвор по цел ден, таа дома по цел ден не се гледаат, нема ниту комуникација а за друго да не зборуваме. децата трпат зашто како веќе да имаат само еден родител, нема близина... не знам, мене тука нешто не ми штима. јас како маж па тоа не можам да си го замислам. се разбира, и ние имаме кавги и кризи, но никој никого не уценува. кога ќе ги изладиме главите разговараме како луѓе и гледаме да биде се во најдобар интерес за стефан, да има компромис ако може. понекогаш ќе побарам и стручен совет ако ми треба, рр, интернет, средба со психолог и семејна терапија ако треба само за да го задржам она што најмногу ми значи стефан и жм. но, тоа е само мое мислење...одлуките ги донесува секој сам.
|
|
|
|