misticia -> RE: Што себе никогаш нема да си простите? (21.11.2010 16:04:20)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki Vo zivotot mi se slucile i sum napravila raboti za koi ne sum gorda, no se sum si prostila, smetam deka se se slucilo so nekoja pricina i verojatno da sum postapila poinaku bi bila druga licnost sega, a jas sepak si se sakam vakva ko sto sum. Се што има зошто има и затоа, се си има причина. Сепак целта не ги оправдува средствата, и причините не ги оправдуваат нашите грешки И јас си се сакам себе си, не дека не... Ама да се вратам назад не би направила некои работи Енергијата во човека е како топка, ако примаш позитивна енергија од околината позитивна енергија ќе зрачиш Со години подложена на негативна енергија со лоши луѓе наоколу, јас се трудев да бидам добра, ама тоа што го насочуваа другите кон мене бес презир омраза се насобра во мене - тоа е причината Дискриминирав, генерализирав цел еден сој луѓе и дискриминирав некого и навредив некои луѓе ни криви ни должни, што повеќе навредив многу добри и пристојни луѓе, не бев при себе како некој друг да ме владееше - целата лошотија што си ја имав со години собирано ја исфрлив врз некој трет... и после тоа си се врати старата јас како ништо да не било пак со отворено срце за цел свет... Вистината е дека од таа негативна енергија не си сакав себе си многу, имав комплекс на намалена вредност, мислев се што ќе имам околу мене умира и се уништува и станува сиво. Некои од овие луѓе ми беа посебно драги и не сакав да останат во моето сивило. Потсвесно ќе направев се да ги избркам и да ги видам посреќни од мене. Иако ни причината ни целта не го оправдуваат она што се случи, некои од тие луѓе ме разбраа преминаа преку тоа и пак ми се пријателки/и Јас лично никогаш нема да си простам. Мислам дека постоеше и друг начин да се ослободам од тој товар. Ако ништо друго барем да го вратев тоа сивило онаму од кај што дојде. Си се сакам себе си, имам образ да си се погледнам во огледало има што да видам. Веќе се согледав себе си онаква каква што другите ме знаат - и да ви кажам ретка глетка сум [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
|
|
|
|