Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
RE: Што себе никогаш нема да си простите? 9.7.2010 10:47:58
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања
Ok, back on topic
Никогаш нема да си простам што не излегував во Штип како средношколка
Е Тања многу имаш пропуштено ...А зошто не излегуваше??? п.с Која генерација си, може се знаеме?? Јас сум 85 ама гимназија учев, ама имав мнооогу другарки од медицина
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
RE: Што себе никогаш нема да си простите? 21.11.2010 11:56:16
Octavia
Никогаш нема да си простам што немам отидено уште кај сестра ми (живее во странство) . Таа редовно доаѓа, моите редовно одат, а јас кога бев слободна и без обврски не отидов (слушајќи ги моите, кои со најдобри намери верувам ме убедија дека прво тука да средам се па после да шетам ) и еве уште средувам... И ми доаѓа да пукнам од мака што уште кај неа дома немам стапнато . Се срамам од себе за тоа
RE: Што себе никогаш нема да си простите? 21.11.2010 16:04:20
misticia
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Vo zivotot mi se slucile i sum napravila raboti za koi ne sum gorda, no se sum si prostila, smetam deka se se slucilo so nekoja pricina i verojatno da sum postapila poinaku bi bila druga licnost sega, a jas sepak si se sakam vakva ko sto sum.
Се што има зошто има и затоа, се си има причина. Сепак целта не ги оправдува средствата, и причините не ги оправдуваат нашите грешки
И јас си се сакам себе си, не дека не... Ама да се вратам назад не би направила некои работи Енергијата во човека е како топка, ако примаш позитивна енергија од околината позитивна енергија ќе зрачиш Со години подложена на негативна енергија со лоши луѓе наоколу, јас се трудев да бидам добра, ама тоа што го насочуваа другите кон мене бес презир омраза се насобра во мене - тоа е причината
Дискриминирав, генерализирав цел еден сој луѓе и дискриминирав некого и навредив некои луѓе ни криви ни должни, што повеќе навредив многу добри и пристојни луѓе, не бев при себе како некој друг да ме владееше - целата лошотија што си ја имав со години собирано ја исфрлив врз некој трет... и после тоа си се врати старата јас како ништо да не било пак со отворено срце за цел свет...
Вистината е дека од таа негативна енергија не си сакав себе си многу, имав комплекс на намалена вредност, мислев се што ќе имам околу мене умира и се уништува и станува сиво. Некои од овие луѓе ми беа посебно драги и не сакав да останат во моето сивило. Потсвесно ќе направев се да ги избркам и да ги видам посреќни од мене.
Иако ни причината ни целта не го оправдуваат она што се случи, некои од тие луѓе ме разбраа преминаа преку тоа и пак ми се пријателки/и Јас лично никогаш нема да си простам. Мислам дека постоеше и друг начин да се ослободам од тој товар. Ако ништо друго барем да го вратев тоа сивило онаму од кај што дојде.
Си се сакам себе си, имам образ да си се погледнам во огледало има што да видам. Веќе се согледав себе си онаква каква што другите ме знаат - и да ви кажам ретка глетка сум
RE: Што себе никогаш нема да си простите? 22.11.2010 10:29:30
misticia
ИЗВОРНА ПОРАКА: strelec 8
dodeka bev na fakultet ne se iznasetav i iznauzivav vo skopje.se pravev dobro vospitana i bev glupa.ah se sto ne ispustiv.
не си испуштила многу ни од Скопје ни од било кој град си пропуштила еден куп „пријатели/ки“ што чекаат само слаба точка да те искористат и што се кријат зад тоа шетање- шетање што се одвива претежно во истите три загадени места кај што страда плуќата и сонот и ништо друго
да ти е жал што не си се вклучила во спортски активности па да се изнашеташ на најубавите места кај што има натпревари и дружење со искрени луѓе - а од ова ако го проживееше како мене на пр ништо немаше да ти недостига верувај
RE: Што себе никогаш нема да си простите? 11.6.2013 9:29:43
Yummy Mammy
Ednas imav nesredeni nokti, i slucajno ja izgrebav kerka mi na celoto dodeka se banjase. Mese minimalno, no ona go kopase, i kopase, i kopase... i sega ima dupka, nikogas ne i se povlece belegot. A ima tolku nezna, bela koza, bukvalno nema nitu edna bemka na teloto, kako svilena e, i ova morase bas na celo da i se napravi belegot. Imam griza na sovest i od togas ne mi se desilo da ne isturpijam nokti.
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!