Julie1 -> RE: колку често сексуални односи (13.2.2012 16:44:30)
|
Анонимен еве една слична приказна ја имам поставено и тука :) http://www.ringeraja.mk/forum/m_1091/mpage_1/key_/tm.htm На човекот му се смачило да оди на работа секој ден додека неговата жена секогаш останува дома. Сакал да види жена му низ што се тој поминува па се помолил: „Драги Господе: Јас одам на работа секој ден и работам таму 8 саати додека мојата жена само останува дома. Сакам таа да знае низ што се поминувам, и затоа Те молам дозволи нејзиното тело да се замени со моето на еден ден. Амин." Господ со својата бескрајна мудрост, му ја одобрил на човекот таа желба. Следното утро, човекот се разбудил како жена. Станал, подготвил доручек за својата партнерка, ги пробудил децата, им ја подготвил облеката за на училиште, поставил доручек, спакувал ужина, ги однел на училиште, се вратил дома и ги собрал стварите за хемиско чистење, ги однел на хемиско, свратил во банка да подигне пари, ги платил сметките, пазарил, потоа отишол дома да ги остави намирниците. Го заменил песокот во кутијата за мачки и го избањал кучето. Тогаш веќе било 13 часот, па побрзал да го намести креветот во спалната соба, да ги испере алиштата, усиса, избрише прашина и исчисти во кујната; побрзал по децата во школо и се впуштил во расправии со нив на патот до дома. Им припремил млеко и колачи и им помогнал околу домашната работа. Потоа ја припремил даската за пеглање и гледал ТВ додека пеглал. Во 16:30 почнал да лупи компири и мие зеленчук за салата, да припрема свински шницли во презла и грашок за вечера. После вечера ја исчистил кујната, ги измил садовите, ја здиплил испегланта облека, ги избањал децата и ги подготвил за спиење. ВО 9 навечер бил исцрпен, а домашните работи сеуште не биле завршени, отишол во кревет бидејќи од него се очекувало да води љубов со жена му, што некако успеал да го направи без жалби. Следното утро, штом се пробудил клекнал покрај креветот и рекол: „Господе, незнам што мислев. Многу погрешив кога и завидував на жена ми што секој ден останува дома додека јас сум на работа. Те молам, дозволими да се вратам во своето тело." Господ со својата голема мудрост му одговорил: „Сине мој, чуствувам дека ја научи својата лекција, и ќе бидам среќен да се вратам онака како беше. Само мора да почекаш 9 месеци. Минатата ноќ забремени."
|
|
|
|