|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Психотерапија - Прашања со МР. Ана Чучкова
28.6.2010 9:00:47   
beki RR
Наскоро на рр ќе ни се придружи психотерапевт кој ќе одговара на нашите прашања.
И кај нас психотерапијата почна срамежливо да се пробива.
Еве што најдов за психотерапија
 
Психотерапија претставува метод на лекување на психичките (емоционални, развојни, во однесувањето и психосоматски) пореметувања по пат на психолошко влијание што го врши психотерапевтот врз индивуа или група.   Вообичаено психотерапијата се изведува преку терапевтски однос, по пат на вербална  (зборување) и невербална комуникација (телесен став, интонација, телесни движења итн. )Терапевтската комуникација се одвива по претходно добро направен терапевтски план и процедура.  
Поради опасноста од повреда на психичкиот интегритет на личноста што се наоѓа во психотерапевтски треман, психотерапијата единствено смее да ја изведува претходно соодветно оспособен стручњак -психотерапевт.  
Главна цел на психотерапијата е да предизвика промена кај личноста или групата во вид на исцелување или самоисцелување.  

Психотерапијата постои откако постои човекот. Како организиран вид на дејност за прв пат се јавува со појавата на шаманизмот. Научната психотерапија започнува со појавата на Зигмунд Фројд и развојот на психоанализата во почетокот на дваесеттиот век.   Сегашност Во сегашниот момент постојат околу 150 правци во психотерапијата. Од нив научно се фундирани околу триесеттина. Воглавно се делат во три групи: длабинска психотерапија - психоанализа и аналитички психотерапии, бихеивиорална терапија и сродни правци, хуманистички правци во психотерапијата (гешталт, трансакциона анализа, Советувања-Роџерс итн.)  
Над 70% од пациентите кои се пријавуваат кај општите лекари и кардиолозите се лекуваат со анксиолитици од невротски, кризни и стресни растројства, како и од вегетативни дисфункции (психосоматика). Во најголем процент етиолошкиот третман за таквите случаеви треба да е психотерапијата.  
Клиничка примена
Психотерапијата како метод на избор се применува при следните психички пореметувања:

-          Анксиозни
-          Панични
-          Фобични
-          Опсесивно-компулзивни
-          Депресивни
-          Кризни (адаптациски)
-          Стресни
-          Пост трауматски стресни
-          Психосоматски
-          Психоимунолошки
-          Адолесцентни кризи
-          Кризи на идентитет
-          Развојни (детски)
-          Професионални инхибиции
-          Инсомнии (несоници)
-          Кошмарни (ноќни мори
-          Невротски реакции
-          Гранични  


Со одредени модификации психотерапевтските техники се користат како поддршка на индивидуалните, семејните и групните процеси во сите физиолошки развојни фази. Тоа е со цел превенција, но и оптимален развој на психичките потенцијали на личноста и групата. Се одвива низ специфични консултативни програми                





< Поракaта ја уредил beki -- 28.6.2010 10:48:48 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Психотерапија
28.6.2010 9:04:06   
beki RR
Ако вашето дете покажува агресија како на пример кинење на облеката, ја куби својата косичка, се удира по главата не чекајте и побарајте помош! Ништо не е непоправливо но детето ви испраќа сигнали за помош дека е збунето од околината и тоа што се случува во него.




< Поракaта ја уредил beki -- 29.7.2010 11:17:17 >

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Психотерапија
28.6.2010 9:10:15   
tereza
user posted image user posted image user posted image за оваа новост на рр,сигурна сум дека вакво стручно лице ќе биде од голема помош за сите рр-корисници па и за другите кои го читаат порталот.
Одличноuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Психотерапија
28.6.2010 9:13:58   
beki RR
Разговарав со психотерапевтот и не е проблем да одговара на сите прашања,не само за деца со псоебни потреби или некои развојни нарушувања.

Ана  моментално е докторант на универизтетот во Софија.Денес патува за Софија.Ќе ни се приклучи за 2-3 дена.Вашите прашања се добро дојдени.


< Поракaта ја уредил beki -- 28.6.2010 10:48:11 >

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Психотерапија
28.6.2010 9:34:39   
vezilka RR
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Одлична вест..Се надевам дек навистина ќе помогне..

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Психотерапија
28.6.2010 9:59:58   
bucko 1
odlicno bekiuser posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Психотерапија
28.6.2010 10:57:11   
nadica
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image  за тебе беки и добредојде за нашиот нов стручен соработник

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Психотерапија
28.6.2010 11:05:29   
beki RR
На родителите им треба помош, затоа е тука рингераја.Се надевам дека во иднина уште повеќе ќе ја збогатуваме рр ,така секој од нас ќе даде мал придонес за разубавување на секојдневието на дечињата и нивните родители.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Психотерапија
28.6.2010 11:37:41   
ivananin
Zdravo na site!

Zadovolstvo mi e da odgovoram na vasi prasanja svrzani so vasite najmili. Beki  me pokani kako strucno lice da odgovaram na prashanja  i navistina od se srce se izraduvav.

Ke probam kolku sto mozam pocesto da sum so vas na Ringeraja i so sto mozam da pomognam ili ednostavno da si porazgovarame :)

Ke pustam i interesni statii  sto bi vi bile interesni .

Pozdrav do siteee user posted image

< Поракaта ја уредил beki -- 28.6.2010 12:00:18 >

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Психотерапија
28.6.2010 11:56:30   
beki RR
Добро ни дојде драга наша ивананинuser posted image

user posted image

(Одговор на членот ivananin)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Психотерапија
28.6.2010 12:16:08   
Martins mom
убава новост user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Психотерапија
28.6.2010 15:56:25   
bucko 1
dobredojde sigurno ke si ni od pomos

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Психотерапија
1.7.2010 9:54:47   
beki RR
Драга ивананин ев некое прашање од мене.
како психотерапијате може да им помогне на децат со посебни потреби?
И како мене како мајка на дете со ПП мозе да ми помогне психотерапијата.

Поздрав до тебеuser posted image

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Психотерапија
1.7.2010 14:35:03   
bucko 1
dobro prasanje i mene me interesira

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Психотерапија - Прашања со МР. Ана Чучкова
3.7.2010 16:54:02   
bato
Пред се би и посакал топло добредојде на нашата мила Ивананин а потоа би и се заблагодарил на неуморната Беки што на било каков начин бара за олеснување на нашиот проблем.А за тоа дали би ни користел најзиниот совет е најмалку важно, доволно е што некој се понудил на било каков начин да помогне, па макар тоа бил и еден обичен цвеќар.
-------------------------ПОЗДРАВ ----------------------user posted image ------------------------

< Поракaта ја уредил beki -- 3.7.2010 17:04:25 >

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Психотерапија - Прашања со МР. Ана Чучкова
5.7.2010 12:56:54   
ivananin
Здраво на сите,

многу сум пријатно изненадена на топлиот дочек :)

Се надевам дека овој пат ќе ги испочитувам правилата на форумот user posted image

како и да е да одговорам на прашањето како психотерапијата може да помогне на децата со посебни потреби а посебно на родителите на овие дечиња.

Значи за деца со псебни потреби психотерапијата помага индирекно т.е. преку родителот. Што значи тоа?!
Родителите работат на својата личност со психотерпијата, работат на своите чувства што секако се нови за нив. На тој начин учат како пред се да го прифатат своето дете. Прифаќајки го детето можат сами да му помогнат. 
За жал кај нас во Македонија многу малку се работи со самите родители. од тоа што сум го видела и слушнала односот кон родителот е катастрофа. Чувствувам како повеќето да ги сожалуваат овие родители, сум слушнала многу луѓе да велат - кутрите- !  Нема како да ги променеме другите, нема како да го сменеме нивното сваќање но затоа родителот може со работа на себе , на својата личност со психотерапијата да научи како да ги решава на безболен начин проблемите.
Откако родителот ќе помине извесно време на психотерапија ќе почувствува како може да му помогне на своето дете а и детето ќе го почувствува истото.  :)

Постојат повеќе групи за подршка на родители со деца со посебни потреби.  Постојат во нашата земја психотерапевти  што можат да помогнат многу. За жал сеуште се малку  но сепак постојат.

Овде можам да ви напишам колку многу и како ќе ви биде полесно и подобро  , но тоа би било само напишано. Би сакала сами да се уверете дирекно  дека психотерапијата може да помогне.

Побарајте информации за психотерпевти во македонија и видете. Не ги проголтувајте чувствата што се во вас. 

Постојат арт-терапија, музико терапија, ритмологија , за деца со посебни потреби . 
Побарајте на интернет за овие техники  ќе научете многу. Постојат убави клипчинја на youtube  за овие техники.











(Одговор на членот bato)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Психотерапија - Прашања со МР. Ана Чучкова
6.7.2010 10:36:02   
beki RR
Ана, ти благодарам з аодговорт.
Сега ќе те замолам ако можеш малку да ни ја приближиш психотерапијата.Верувма дека на многу родители, меѓу кои и јас, не им е јасно како вие работите.Се работи ли во групи, како на филмовите што гледаме(на пример група алкохоличари), индивидуално или како.
Што всушност правитена еден третман.Мислам дека некаде читав за некакви тестиви за утврдување, стрес , депресија и сл.

Ќе може ли малку поопширно околу тоа.

Инаку потполно се сложувам со тебе, дека родителот треба да си помогне себе си за да може и на сопственото дете.Докторите велат, да не правиме од еден , два пациенти, и зато често ги охрабруваат родителите, на кои првото дете им со посебни потреби , да имаат и второ.


(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Психотерапија - Прашања со МР. Ана Чучкова
6.7.2010 10:51:46   
majka 79
ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Сега ќе те замолам ако можеш малку да ни ја приближиш психотерапијата.Верувма дека на многу родители, меѓу кои и јас, не им е јасно како вие работите.Се работи ли во групи, како на филмовите што гледаме(на пример група алкохоличари), индивидуално или како.
Што всушност правитена еден третман.Мислам дека некаде читав за некакви тестиви за утврдување, стрес , депресија и сл.

Ќе може ли малку поопширно околу тоа.






pozdrav do dr.ana,
jas bi sakala da prasam dali ovde nie roditelite moze da postavuvame prasanja za nasata psihicka sostojba,stresovite, stravovite...
bas edna moja poznanicka pojde na specijalizacija psihijatrija i jas i velam "ti na mene i na mojata psihicka sostojba moze da doktoriras"user posted image
koga i da ja nacekam ja opsipuvam so prasanja. ako moze i ovde da se postavuvaat prasanja SUPER!!!!!!!

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Психотерапија - Прашања со МР. Ана Чучкова
6.7.2010 11:00:05   
beki RR
Мајка 79 слободно прашувај , се што те интересира.Ако има интерес и од другите членови . Ќе отвориме и друга тема.

Поздрав.

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Психотерапија - Прашања со МР. Ана Чучкова
14.7.2010 5:58:16   
Bubuska
Ех, верувам си најдов колешка. Добро, јас уште многу бурек ќе јадам додека да станам баш колешка user posted image ама ќе прашувам за тоа што не го знам user posted image

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Психотерапија - Прашања со МР. Ана Чучкова
28.7.2010 10:57:13   
anedespo
Дали помагате на деца со дијагноза: Незрелост на нервниот систем, (особено во предниот дел на мозокот каде што е концентрацијата, вниманието и учењето) со изразена хиперактивност. Дали постои некој друг тип на терапија освен таблетска(моментално пие Гамибетал и Ноотроп)?

(Одговор на членот Bubuska)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Психотерапија - Прашања со МР. Ана Чучкова
29.7.2010 11:18:37   
beki RR
Здраво анедеспо,

ти пратив пп за друга терапија за АДХД освен медикаментозната која ја применувате.

Поздрав.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Психотерапија - Прашања со МР. Ана Чучкова
3.8.2010 9:49:32   
ivananin
Здраво анедеспо,

не разбрав точно за каква дијагноза станува збор , од напишаното гледам дека станува збор за хиперактивноста?!

доколку е нарушена внимание и хиперактивност би ти кажала дека постојат одлични методи што помагаат на детето да научи како да се справи со овој проблем. 

  НАРУШЕНОСТ НА  ВНИМАНИЕ И ХИПЕРАКТИВНОСТ Сигурно многу често сте го слушнале изразот “колу е хиперактивно ова дете, неможе  на едно место да издржи 5 минути” и “немирно дете”.  Дали навистина овде се завршува ? се помируваме дека овие деца се хиперактивни, таков е нивниот карактер и се прилагодуваме на нив? Во  МКБ – 10  постојат растријстав дефинирани како растројства на активноста и вниманието – со скратеници АДХД. Јас нема да зборувам за медикаменти и лекување на овие деца со истите туку ќе пробам од поблиску да ви претставам какво дете е всусност детето со нарушено внимание и хиперактивност.   Навистина супер е кога имаме околу нас развеселени и разиграни деца. Но дали таа развеселеност е еднаква со хиперактивноста?! Точно тоа  сакам да објаснам , да објаснам за децата што  имаат нарушено внимани и се хиперактивни.  Што всушност се случува во главчето на овие деца? Имаме дете на кое му зборуваме и додека му зборувате забележувате дека тоа шета на околу со погледот. Му го свртувате неговото вниманиe:”  – ме слушна ли што ти кажав, млад човеку?”    Тоа ќе се сврти и ќе ви повтори се што сте зборувале од збор до збор. Сепак обрнувало внимание. Но она што неможе да го каже е она  што и  самиот не го знае, а тоа е дека имало голема потешкотија, да ве следи, визуелно и слуховно. Што значи дека морало да избере едно  од двете во случајот слуховно бидејки премногу е збунубачко за него да ве прати комплетно.  Спротивно на тоа  имате дете кое постојано гледа во вас , но не слуша нити разбира еден збор што му зборувате. Зошто? Од истата причина погоре само што овој пат го избрал визуелното бидејки тоа сте го побарале од него. И по автоматизам реагира на команда. Ги казнуваме секако. Тоа е изразување на непочит но знајте дека тие неможат да се бранат и да ви речат:   – слушај мамо/тато имам тешкотија да го координирам визуелниот и слушниот влез !  - наместо тоа децата едноставно го примаат ударот , казната. За жал ваквото третирање и практикување на казни не се случува само со родителите туку се применува и од страна на наставниците,  педагозите,  професорите и слично, за на крајот сето тоа да му повлијае на нивната самодоверба. Децата во ваков случај биваат казнети за нешто што не го знаат дека го имаат, нити можат да го контролират.       За да можеме да му помогнеме на едно дете мораме прво да ги имаме следните информации. Да разговараме со родителот, со наставникот и со детето.   Овие информации се собираат прво од родителот, од учителот и од детето. Доколку ги исполнува сите симтоми  а то а се: Да продолжува повеќе од 6 месеци,  овие симтоми треба да се појават не покасно од седум годишна возраст.  Значи АДХД се дијагностицира од 5 до 7 годишна возраст. Невнимание:  не внимава kога му зборуваме, не успева да ги доврши работите, многу тешко се организира, избегнува работи што бараат по долготраен труд, ги губи своите работи и често заборава, многу лесно се расеува. Импулсивност:  брза да одговори, не може да го исчекува својот ред, ги прекинува другите Хиперактивност: постојано мавка со рацете и нозете, станува од местото во училиште,не може да си игра тивко ,Многу зборува   Кога  ќе ги собереме сите овие информации од околината на детето и од самото дете тогаш мораме да знаеме дека со ова дете треба да делуваме многу по внимателно.  Какви се овие деца всушност? Децата со АДХД всушност се многу интелигентни деца.  Но поради нивната хиперактивност тие не успеваат на тестовите да дадат добри резултати. Ако на едно вакво дете му оставиме повеќе време од вообичаеното и не го условуваме со време , тоа ќе го реши тестот  многу успешно. Неговиот резултат ќе биде дури и повеќе од одличен. Овие деца  имаат развиена креативност. Игрите во кој треба да вклучат креација, цртањето, редењето коцки  за нив е одлична релаксација. Преку вакви креативни игри детето може целосно да се изрази. Ќе се зачудите кога ќе видете едно вакво дете што може да направи од коцки. Обично овие деца ги нарекуваат и фантазери. Својата фантазија целосно ја покажуваат во нивната игра со коцки, можат да направат цел еден мини свет од коцки. Доколку не се обрне внимание на вакво дете проблемите во неговите подоцнежни години  стануваат многу  поголеми. Како дете се приближува кон адолесцентноста, кај него ке наидеме на се повеќе непостојаност во оценките и успехот. Тоа дете нема потешкотии во домашните задачи  туку води цели битки. Обично кај ова појавување е така затоа што биле зависни од родителите да им ги дозавршуваат работите и не биле оствени самите независно да ги завршуваат до крај. Во подоцнежната адолесценција согледуваме почести сообраќајни казни, зошто? Бидејки овие луѓе имаат потреба од себе пронаоѓање во лакот на тензија , а до него стигнуваат преку хранење со адреналин во случај на здодевни ситуации. Како на пример: возење на долг прав пат. Состојбата која никнува е наречена гас -педала, односно газејки ја гас педалата и забрзувајки со возилото тие се наогаат на нивото на тензија кое им е потребно . Возењето тогаш за нив станува не повеќе од видео играа. Може да се случе покасно и да имаат и ситни несреќи поради насочувањето на концентрација на се околу нив освен на она што го прават во случајот возење. Симтомот кој се појавува во покасната адолесценција е:  не продолжувањто на факултет или делумно завршување на истиот, не извршување и извршување на нештата, како и лажењето или полувистинитоста.  Поради појавата на адхд тие го користат лажењето како алат за некоја состојба на извлекување. Тоа е разумна тактика  во ваков случај на самоодржувае на адхд ова не с елоши луѓе а сигурно не се нити генетички програмирани да лажат. Замислете едно дете кое родителот не знае дека му треба посебно внимание и добива казни за секој негов неуспех, за секое негово заборавање, незавршена домашна задача. Ако ова се случува константно во неговиот дом, на училиште и со другарчињата ова дете станува многу несигурно во себе. Тоа веќе знае дека ако проба нешто нема да е добро, нема да го доврши. Ова дете како што расне станува човек кој што има самодоверба многу ниска. Возрасен човек со АДХД  постојано се дотерува, се гледа во огледало да се увери во својот изглед. На секое поле во животот тој претрпува разочарувања. Затоа изградил механизам кој го заштитува од критики. Обично овие луѓе зборуваат брзо, и изгледаат многу самоуверено. Но во нивниот живот постои еден огромен хаос што незнаат да го средат. Имаат многу започнати работи оставени незавршени.  Сакаат, разбират да ги средат работите но не успеваат. Неколку мисли што  ги има кај адолецентите со АДХД: Јас неможам да сметам на мене да го правам тоа од кое што имам потреба. Јас  се разочарувам себе си. Јас неуспевам, и секогаш нема да успевам во тоа што го работам Јас сум лош и дефектен човек Јас сум неспособен да ги разликувам важните работи во животот Мојот живот е секогаш хаотичен и избркан   Зато многу полесно е кога ќе им се  објасни дека имаат проблем со вниманието и хиперактивноста и треба да побараат помош. Искуството покажува дека откако е дадена дијагнозата работите почнуваат да се подобруваат. Постојат многу техники и вежби што даваат одличен резултат. Кај децата со АДХД  родителот и учитело мораат да пронаоѓаат игри што ќе му дадат на детето одреден ритам.  На пример игри со  тактично удирање со рацете.  Да се учи да свири на одреден инструмент. Тактот на свирењето ќе му даде и такт на извршувањто на работите. Од спортови е добро да се избираат спортови со топка,  тенис, пинк понг и слично За цртање се даваат боенки и завршени геометриски фигури. За поголемите деца многу успешен метод е  5 стапки- модел за самоструктурирање. СТОП Оваа стапка е тврда. Се запира дејствието за да си позборуваш со себе додека вашиот ум  е полн со емоции. Децата се учат да го мерат по скала од 1 до 10 напрегнатоста. Ако се увиде дека притисокот е 5 или повеќе од пет да започнат да го стопираат а не да чекаат да дојде до 10. Ако дојде до десет децата почнуваат да вриштат. Многу важно е да се научат да кажуваат стоп. Да почнат бавно да вдишуваат додека притисокот не се намали пониско од 5. Важно е да ја остават работата што ја работат за неколку минути да кажат стоп и откако ќе оценат дека притисокот е помалку од 5 да продолжат. За децата не е лесно да го научат ова. Тие имаат потреба од место каде што ќе бидат смирени, место каде што не го чувствуваат како казна. Многу е битно да сме смирени и упорни. Мораме да ги научеме овие деца да се одалечат од работ на неуспехот  а не да скокаат во него  кога ќе се покачи нивната напрегнатост. Друго и многу битно што треба да ги научиме овеи деца е да земаат свесно одлуки. Тие треба да знаат дека секогаш имаат избор. Нивниот избор е под нивна контрола. Како ќе го направам?  Ќе пробам да го направам кога ќе земам решение и ќе оценам од 0 до 10 колку добро сум го направил. Мали трикови за организирање на работите на детето. Заедно со детето  ги пишуваме овие трикчиња  на еден лист и го поставуваме на место каде што секој ден може да ги чита. -                      Прво рутинската навика- да стануваш и да го измиеш лицето и забчињата -                      Да појадуваш, да ги прочиташ домашните задачи да ја подготвиш училишната ташна. -                      Направи си аларм во исто време кога почнува времето за игра на компјутер, кога за учење. -                      Секогаш си давај награда кога ќе ги завршеш сите обврски што си ги запишал. Многу важно е задачите што ќе си ги постави детето да се едноставни и мали и да се за тој ден.  Наградата мора да е веднаш по завршувањето на задачата. Многу е битно родителот да го наградува детето веднаш по завршената работа. Не треба да му ветуваме некаква награда што ќе ја исполниме на пример за летниот распуст. Ова за детето не е мотивација. Значи наградата би била од типот. Кога ќе ја завршиш домашната задача ќе можеш да играш на компјутерот  цел саат. И слично. Порака за родителите -                      Радувајте се со детето -                      Секогаш гушкај го  и допирај го кога ќе играте или зборувате убави работи -                      Доколку на детето му е објаснето дека има проблем со вниманието , дајте му до знаење дека тоа не е срамно не е лошо и не го казнувате заради тоа. -                      Однесувај се кон детето како кон рамноправен партнер -                      Учи го на нови работи -                      Избегнувај ги негативните пораки, ако има потреба од казна, казнувај мудро и веднаш по направената грешка. Без закани. -                      Научи се да бидеш позитивен Доколку му се објасни на родителот за проблемот на неговото дете , на учителот и на детето работите стануваат многу полесни. Лечењето е фокусирано кон Детето – когнетивно  бихевиорална терапија- обука за социални односи-психолошка поткрепа и контрола Родителот- обука на родителот, консултирање, психолошка поткрепа, родителски тренинг Учители –изучување на методи што се однесууваат за поведение, и интервенција консултирање и модификација на училишната средина.
Би сакала да ви испратам и неколку кратки филмчиња  , се надевам во инина ќе можете да ги погледнете!


(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Психотерапија - Прашања со МР. Ана Чучкова
3.8.2010 9:54:34   
ivananin
Здраво Бубуска,
бас ми е мило сто имам овде на форумот колешка  user posted image
па може и јас да прашувам.

сите мораме постојано да учеме , кој вели дека завршил факултет и сега знае се , се лаже :)

Отворена сум за соработка user posted image user posted image



(Одговор на членот Bubuska)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Психотерапија - Прашања со МР. Ана Чучкова
3.8.2010 10:15:18   
beki RR
Драга Ана, многу ти благодарам за прекрасниот одговор.
Искрено да ти кажам многу се изненадив од се што прочитав.
Можно ли е и јас да сум хиперактивнаuser posted image
Од кога знам за себе мрдам со нозете,на училиште дури не ме научија мислеа дека има земјотрес, истото се случуваше и на факултетuser posted image
А што е најинтересно се пронајдов и себе си во делот со адреналинот.Тоа сега не е така, но долго време сакав да правам работи кои го покачуваат адреналинот.А и некако успевав да направам жив хаос во сопствениот живот и си се чудев што ми е...
Сега пак Ана ме стави во ред.Не сум веќе љубител на адреналнот, а и животот некако го ставам некаков колосек.Само едно нешто не успавам да спречам, мрдање со нозете.Сеуште луѓето мислат дека има земјотресuser posted image

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?