Mila na mama -> RE: Даунов синдром кај децата (26.4.2010 10:46:11)
|
Бисерите на момчето со Даунов синдром Промовирана збирка стихови „Бисери“ на Александар Матовски Александар Матовски и неговите најблиски во саботата имаа причина да бидат најгордите луѓе на светот. Цако, како што го викаат ова деветнаесетгодишно момче, родено со Даунов синдром, на сите луѓе им подари грст песни собрани во првата негова стихозбирка, насловена „Бисери“, од која блика бескрајна љубов, топлина и радост. Неговата порака стигна до сите присутни во преполната училница на Педагошкиот факултет во Скопје, кои дојдоа да му оддадат признание на младиот поет, но и на сите оние што помогнаа во неговиот развој. А, таа е дека децата со пречки во развојот не треба да бидат потценети и заборавени, туку дека им е потребна шанса да одат напред во животот. Александар е матурант во гимназијата „Кочо Рацин“ во Скопје, а почнал да пишува поезија пред една година, по смртта на дедо му кого многу го сакал. Тренира карате, а член е и на Специјалната олимпијада на Македонија и на Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Синоличка“. Неговата мајка Снежана вели дека пред деветнаесет години ниту на сон не можела да помисли дека може да се оствари вакво нешто и дека успехот на Цако покажува колку е важна поддршката од семејството, но и на сите оние што придонеле за неговиот развојот. Тоа, пак, на свој начин го кажува и самиот Александар, низ стиховите: „Сонот нека те води, и срцето нека ти го исполнува. Знај, твоето семејство те сака без крај“. За децата со посебни потреби во општеството постојат многу пречки. Но, доколку околината покаже поголемо разбирање за нив, и успехот ќе биде поголем. Или, како што порача на промоцијата Биљана Брауновиќ, која ги читаше стиховите на Цако, ако немате ништо друго, тогаш можете да подарите љубов. „А, љубовта не се става во банка, бидејќи за неа не можете да барате камата“, додаде таа. (М.Ј.)Извор: Утрински весник
|
|
|
|