Jagotka25 -> RE: чести вечерни будења (2.4.2013 12:07:44)
|
Девојки ќе ве молам за совет, како ги успивате вашите бебиња? Вчера моето бебе одкако стана од 7 часот сабајле па се до 22.30 око не закопи, се измори, го успивав 100 пати ама не и не не сакаше да спие, не знаев веќе што да му правам, плачеше постојано, најаден, пресоблечен, избањат, очите му беа црвени одшто му се спиеше, го галев, го нишкав ама не бре брате не сакаше око да заклопи, па после од нервоза ниту во раце сакаше ниту оставен на кревет, плачеше ко да го колат и се исплашив едно време, си мислев да не нешто може го боли, а златното не знае да каже пошто ова прв пат ми се случува толку многу саати да не спие, рацете ме болат уште од нишкање и дуууури во 22.00 му направив млеко да јаде го изеде и јадејќи заспа, КОНЕЧНО и се арзбуди дури во 5.30, го пресоблеков, го нахранив и као нов беше, си гукаше, се смееше и после во 7 пак заспа до 9.30. После тоа си игравме еве до пред малку кога дојде време за јадење, 12.30 само што јаде и пак си заспа, сам без никакво нишкање. леле еден ден ме осатвија сама и полудев , не знаев што да правам, не јадев цел ден, не можев во тоалет да идам, лицето не си го бев мила вчера одшо не можев ни секунда да го оставам зверчето мало, врекаше како никогаш до сега, он плаче, јас плачам, не знам што му е.....офф :tmi: помина тој вчерашен ден, еве денес е малку поинаков, дај Боже да не ми се повтори вчерашниот ден никогаш веќе :x Вие како се справувате со спиењето на вашите бебушки? Имате ли некоја финта за полесно да заспијат? Јас немам веќе никаква идеја како би можела поинаку да го заспијам, ако имате вие кажувајтеее :call:
|
|
|
|