|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Македонски код
9.7.2010 23:31:13   
jovanka
Како прво обележје на Македонија а што треба да се случи во јули за време на Петровден е Галичката свадба.
Галичката Свадба или Петровденската Галичка (Се одржува секоја година на Петровден 12 јули) свадба е богата со многу оригинални, единствени и неповторливи свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните „од Галичник до Река“, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод. Тие придружници на печалбарите на овој крај на Македонија, секогаш ја најавуваат Галичката свадба која е со најмногу сватови. Галичката Свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите. Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од Галично семејство.
Обичаи
Секоја година за време на Галичката свадба, се почитуваат голем број на обичаи кои ја карактеризираат оваа свадба: чекањето на тапаните, свекрвино оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата „Св. Петар и Павле”, и други обичаи, кои полека изумираат но кои во себе содржат и кријат многу детали од животот на Галичанецот во минатото.


< Поракaта ја уредил jovanka -- 9.7.2010 23:32:20 >


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Македонски код
9.7.2010 23:43:05   
jovanka
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Македонски код
10.7.2010 16:43:39   
Anushka
ме воодушеви Јованка со убавиот пост!
Срцето ми заигрува од гордост! Немам ништо галичко во гените, ама... како би отишла таму сега!
Братучетка ми е ороводец од „Кочо Рацин“, сега, таму. Ќе ја замолам кога ќе се врати да стави слики тука.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Македонски код
11.7.2010 1:00:47   
jovanka
Фестивалот Охридско лето е основан во 1961 година. Првиот официјален фестивалски настан е концертот на оперската пеачка Ана Липша Тофовиќ на ден 4 август 1961 год.
Фестивалот се одржува секоја година во традиционалниот термин 12 јули-20 август. Фестивалот го финансира Министерството за култура на Република Македонија и спонзори од кои дел припаѓаат на Клубот на пријатели на Фестивалот. Покровител на Фестивалот е Претстадателот на Република Македонија.
Од 1994 год. Фестивалот е редовен член на Европската асоцијација на Фестивалите.
Во текот на изминативе 48 години, на Охридско лето настапиле многу домашни и странски музички уметници и музички и театарски ансамбли, а меѓу нив и прочуените светски имиња како: Зубин Мехта, Хозе Карерас, Енио Мориконе, Мстислав Ростопович, Џеси Норман, Викторија де Лос Анџелес, Гидеон Кремер, Максим Венгеров, Вадим Репин, Џулијан Рахлин, Хенрик Шеринг, Елена Обраскова, Катја Ричарели и др.
Големиот, односно, Златниот јубилеј секако дека ке претставува посебен предизвик за Фестивалот и луѓето што го организираат заедно со финансиерите, пред  се Министерството за култура на Република Македонија и сите други помагатели и пријатели, за да се реализира досега најквалитетното издание што ќе соодветствува на рангот и реномето на овој фестивал, а со тоа и достоинствено да ги презентира и уште еднаш ги потврди високите културни вредности на нашата држава, Европа и светот. Со особено задоволство Ве покануваме и ова лето да дојдете во Охрид и од 12 јули до 20 август заеднички да уживаме во прекрасната и чудесна магија наречена Фестивал „Охридско Лето“.


< Поракaта ја уредил jovanka -- 11.7.2010 1:02:28 >


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Македонски код
11.7.2010 1:17:18   
jovanka
12 Јули 2010  19:00 ч

Изложба

Сергеј ЦИНГУЛОСКИ

„УГОРЕ ВИСОКО, УДОЛУ ДЛАБОКО - ГОЛА ВОДА“

Сцена : Потпеш

12 Јули 2010  21:00 ч

Свечено отворање на Фестивалот „Охридско лето 2010“
Руски национален оркестар
Диригент: Михаил Плетњов (Русија)
Солист: Симон Трпчески – пијано (Македонија)
Режија: Иван Поповски
             Зоја Бузалковска

Сцена : Антички театар

13 Јули 2010  21:00 ч

Народно позориште Белград, Република Србија
Јован Стерја Поповиќ: „Покондирена тиква“
Режија: Јагош Марковиќ 

Сцена : Предворје на Св.Софија


14 Јули 2010  21:00 ч

„Европа сега, Европа без граници“ - Премиера
Македонски национален балет
Балетски групи од Грција, Италија, Украина, Португалија, Франција

Сцена : Антички театар

15 Јули 2010  21:00 ч
Концерт на македонски уметници

Сцена : Св. Софија

16 Јули 2010  19:00 ч

Завршен концерт на семинарот по пијано под раководство на проф. Борис Романов
Сцена : Св. Софија

16 Јули 2010  21:00 ч

Драмски театар - Скопје, Република Македонија
Вилијам Шекспир: „Хамлет“ - премиера
Режија: Дејан Пројковски  

Сцена : Центар за култура "Григор Прличев"

17 Јули 2010  21:00 ч

Емануел Пају – флејта (Швајцарија)
Светлана  Дејановиќ-Аврамовиќ – пијано (Србија)

Сцена : Св. Софија

18 Јули 2010  21:00 ч

ДЕН НА ЕВРОПА НА ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО
Барокен оркестар на Европската Унија
Диригент: Ларс Улрик Мортенсен

Сцена : Св. Софија


 19 Јули 2010  21:00 ч

Валцери за пијано
Петер Лаул – пијано (Русија)

Сцена : Св. Софија

20 Јули 2010  21:00 ч

В.Ф. Комисаржевска - Санкт Петерсбург, Руска Федерација
Вилијам Шекспир: „Сон на летната ноќ“
Режија: Александар Морфов  

Сцена : Предворје на Св.Софија


21 Јули 2010  21:00 ч

Хајнрих Шиф – виолончело (Австрија)

Сцена : Св. Софија

 22 Јули 2010  21:00 ч

Петрит Чеку – гитара (Албанија)

Сцена : Св. Софија


 23 Јули 2010  19:30 ч

Изложба

ЕЛИ АИНОСКА„ДВОЈНО КОДИРАЊЕ“

Сцена : Центар за култура "Григор Прличев"


 23 Јули 2010  21:00 ч

Албански театар - Скопје (копродукциски проект), Република Македонија
Хенрик Ибзен: „Пер Гинт“
Режија: Слободан Унковски

Сцена : Центар за култура "Григор Прличев"

24 Јули 2010  21:00 ч

Македонска филхармонија
Диригент: Саша Николовски - Ѓумар
Солисти: Виктор Третјаков – виолина (Русија)
               Наталија Лихопои - виолина (Русија)
Сцена : Предворје на Св.Софија



 25 Јули 2010  21:00 ч

Театарот на Армијата - Софија, Република Бугарија
Антон Павлович Чехов: „Галеб“
Режија: Крикор Азарјан
Сцена : Центар за култура "Григор Прличев"

26 Јули 2010  20:30 ч

Изложба
Жарко Башески „Линк“

Сцена : Центар за култура "Григор Прличев"

27 Јули 2010  21:00 ч

Продукција Јоана Поповска - Битола, Република Македонија
„Љубов моја“ - авторски проект на Јоана Поповска

Сцена : Предворје на Св.Софија


28 Јули 2010  21:00 ч

Пјер Омаж – виолина (Франција)
Мишел Бурдонкл – пијано (Франција) 

Сцена : Св. Софија

29 Јули 2010  21:00 ч

Улица АРТ 26 - Скопје, Република Македонија
„Децата на сонцето“, авторски проект на Петар Темелковски

Сцена : Центар за култура "Григор Прличев"

30 Јули 2010  21:00 ч

Џулијан Рахлин – виолина/виола (Австрија)
Итамар Голан – пијано (Израел)


Сцена : Св. Софија


  31 Јули 2010  21:00 ч

Ро Меџик Театар - Даблин, Република Ирска
Лорен Гауд: „Содома, моја љубов“
Превод и адаптација: Олвен Фуере
Режија: Лин Паркер

Сцена : Предворје на Св.Софија


01 Август 2010  21:00 ч

Николај Лугански – пијано (Русија)

Сцена : Св. Софија

02 Август 2010  21:00 ч

Младински камерен оркестар на Музичка младина на Македонија
Диригент: Саша Николовски-Ѓумар (Македонија)
Солист: Кох Габриел Камеда (Германија)

Сцена : Св. Софија

03 Август 2010  19:00 ч

Театар за деца и младинци - Скопје, Република Македонија
„Бескрајни соништа“
Адаптација и режија: Боњо Лунгов

Сцена : Центар за култура "Григор Прличев"

03 Август 2010  21:00 ч

Камерен оркестар на Словенечката филхармонија
Солисти: Дарко Брлек – кларинет (Словенија)
              Ирена Коблар – пијано (Словенија)


Сцена : Св. Софија


  04 Август 2010  21:00 ч

Гала оперски концерт
Оркестарот на Македонската опера и балет
Диригент: Феликс Коробов (Русија)

Солисти од Македонската опера: Славица Петровска-Галиќ – сопран, Весна Ѓиновска-Илкова – сопран, Ирена Кавкалевска – мецо-сопран, Цветан Стојановски – тенор, Горан Начевски – баритон

Солисти од Бољшој театарот: Марина Шутова – мецо-сопран, Роман Муравицкиј - тенор

Сцена : Антички театар

05 Август 2010  21:00 ч

Трио Брамс (Русија)

Сцена : Св. Софија

06 Август 2010  21:00 ч

Градски театар - Истамбул, Република Турција
Озен Јула: „Место во средината на земјата“
Режија: Нурула Тунџар

Сцена : Центар за култура "Григор Прличев"

 07 Август 2010  19:30 ч

"ART POINT - GUMNO" ГО ПРЕТСТАВУВА ПАУЛО ГАИАД ОД БРАЗИЛ.
Сцена : Центар за култура "Григор Прличев"


  07 Август 2010  21:00 ч

Кирил Трусов – виолина (Русија)
Александра Трусова – пијано (Русија) 

Сцена : Св. Софија

07 Август 2010  23:00 ч

Владимир Четкар Квартет

Владимир Четкар, Гитара, Вокал и композиции
Хју Вајт, Клавијатури
Џонатан Харви, Бас
Бено Сатлер, Тапани
Сцена : Антички театар

08 Август 2010  19:30 ч

Изложба

КАТЕРИНА АПОСТОЛСКА„VIRTUelle“

Сцена : Центар за култура "Григор Прличев"


  08 Август 2010  20:00 ч

Изложба
Драган Спасoвки - Охридски
Мултимедијален проект:
„Резонанца“

Сцена : Елешец

08 Август 2010  21:00 ч

Хор „Св. Злата Мегленска“
Диригент: Летка Димоска-Полизова (Македонија)

Сцена : Св. Софија

09 Август 2010  21:00 ч

Турски театар - Скопје, Република Македонија
Илхами Емин и Јордан Плевнеш: „Сијах калем“
Режија: Владо Цветановски

Сцена : Центар за култура "Григор Прличев"

10 Август 2010  21:00 ч

ФРАНЦУСКА ВЕЧЕР НА ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО
Шопенова вечер
Четирите Балади на Шопен илустрирани од неговите писма
Жером Гранжон - пијано (Франција)
рецитатори: Мариел Ожоле (Франција), Фредерик Сунак (Франција)

Сцена : Св. Софија


  11 Август 2010  21:00 ч

Љубиша Кировски – виолина (Македонија)
Маја Шутевска-Кировска – пијано (Македонија)
Сцена : Св. Софија  12 Август 2010  21:00 ч

Рамзи Јаса – пијано (Египет)

Сцена : Св. Софија

13 Август 2010  21:00 ч

Квартет виолончела „Растрели“

Сцена : Св. Софија

14 Август 2010  21:00 ч

Македонски народен театар - Скопје, Република Македонија
Коле Чашуле: “Суд“
Режија: Љупчо Ѓорѓиевски

Сцена : Св. Јован Канео

15 Август 2010  19:30 ч

Изложба

СОФИЈА СЕМЕНПЕЕВА„МОЈОТ УНИВЕРЗУМ“

Сцена : Центар за култура "Григор Прличев"

 15 Август 2010  21:00 ч

Денис Мацуев – пијано (Русија)

Сцена : Св. Софија


  16 Август 2010  21:00 ч

Концерт на македонски уметници

Сцена : Св. Софија

18 Август 2010  21:00 ч

ЧЕШКА ВЕЧЕР НА ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО
Гудачки ансамбл со Вацлав Худечек – виолина (Чешка)

Сцена : Св. Софија

19 Август 2010  21:00 ч

Гудачки квартет „Кодаи“ (Унгарија)
Гостин: Никола Паскалов – пијано (Македонија)
Сцена : Св. Софија

20 Август 2010  20:00 ч

СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ
Народен театар Војдан Чернодрински - Прилеп, Република Македонија
Бертолд Брехт: „Кафкаски круг со креда“
Режија: Мартин Кочовски

Сцена : Долни сарај



_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Македонски код
12.7.2010 14:36:27   
jovanka
12 Јули 2010  21:00 ч

Свечено отворање на Фестивалот „Охридско лето 2010“
Руски национален оркестар
Диригент: Михаил Плетњов (Русија)
Солист: Симон Трпчески – пијано (Македонија)
Режија: Иван Поповски
             Зоја Бузалковска


Сцена : Антички театар

Рускиот национален оркестар е во постојана побарувачка од неговата московска премиера во 1990 година. За дебито на оркестарот на БиБиСи Промс во 1996, весникот „Евенинг Стандард“ напиша: „Тие свиреа со таква заносна убавина што публиката даде неумислена воздишка на задовослтво“. Првиот руски оркестар кој настапувал во Ватикан и Израел, РНО задржува активен меѓународен распоред на турнеи, појавувајќи се во Европа, Азија и Северна и Јужна Америка. Гости уметници кои настапуваат со РНО на турнеи ги вклучуваат диригентите Владимир Јуровски, Никола Луизоти, Антонио Папано, Алан Гилберт, Карло Понти и Патрик Самерс и солистите Марта Аргерих, Јефим Бронфман, Ланг Ланг, Пинкас Цукерман, Сер Џејмс Галавеј, Џошуа Бел, Ицак Перлман, Дмитри Хворостовски, Рене Флеминг и многу други. Списанието „Грамофон“ го нарече првото ЦД на РНО (1991) „восхитувачко искутство, ќе можат ли човечките битија да свират вака?“ и го класифицира како најдобрата снимка на Патетичната Симфонија на Чајковски во историјата. Аудио записот на РНО на симфониската поема „Петре и волкот“ диригирана од Кент Нагано и со нарации на Софија Лорен, Бил Клинтон и Михаил Горбачов, во 2004 доби Греми награда, со што РНО е првиот руски оркестар што ја добил највисоката награда на оваа индустрија. Како признание за неговата уметничка вредност, Руската Федерација неодамна го награди оркестарот со грант, кој е за прв пат доделен на невладин оркестар.
Михаил Плетњов е уметник чиј гениј како пијанист, диригент и композитор ги маѓепсува и воодушевува аудиториумите низ светот. Неговата музичка вештина поврзува силна техничка моќ и провокативен емотивен распон и интерпретација која го соединува инстинктот со интелектот. Во 1990 година, Плетњов го оформи првиот независен оркестар во руската историја. Ризикот од овој чекор, и покрај подршката од Горбачов, беше огромен. Репутацијата и посветеноста на Плетњов, го остварија неговиот долгогодишен сон. Делејќи ја неговата визија за нов модел на изведувачка уменотст, многу од најдобрите музичари од Русија, му се придружија на Плетњов во лансирањето на Рускиот национален оркестар. Како гостин диригент, Плетњов редовно се појавува со водечки оркестри како лондонскиот оркестар Филхармонија, Малер камерниот оркестар, Филхармонијата на Токио, Концертгебау оркестарот, Лондонскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Лос Анџелес и Симфонискиот оркестар на градот Бирмингем. Како солист на пијано и со свои рецитали, Плетњов редовно настапува во светските музички метрополи. Неговите снимки и живи изведби го докажаа како истакнат интерпретатор на опширен репертоар. Како композитор, неговите дела вклучуваат „Класична симфонија“, „Триптих за симфониски оркестар“, „Капричо за пијано и оркестар“. Неговите изведби на Концертот за пијано и оркестар бр. 2 и „Годишните времиња“, заедно со неговите транскрипции на „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“ на Чајковски беа избрани за антологијата „Големи пијанисти на 20-от век“ во 1998 година. 
Симон Трпчески се наметна како еден од најинзвонредните млади музичари кои се појавија во изминатите години, свирејќи со многу од светските големи оркестри и диригенти, воодешувајќи публики ширум светот. Во изминатите неколку сезони, Симон Трпчески настапуваше ширум светот, вклучувајќи настапи со Њујоршкиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Лос Анџелес, Симфонискиот оркестар на Сан Франциско, Сиднејскиот симфониски оркестар, Мелбурншкиот симфониски оркестар, Ротердамската филхармонија, Концертгебау оркестарот и многу други. Супериорен рециталист, Симон Трпчески настапувал со соло рецитали во Амстердам (на главната сцена на Концертгебау), Атланта, Билбао, Хамбург, Лондон, Милано, Минхен, Њујорк, Париз, Прага, Сан Франциско, Сиетел, Токио, Торонто и Ванкувер.  Доби многу пофалби за неговиот прв аудио запис за ЕМИ, со дела на Чајковски, Скрјабин, Стравински и Прокофјев, кој запис е исто така добитник на Грамофон наградите за најдобар деби албум и наградата за избор на уредникот. Следните дискови со дела од Рахмањинов и Шопен беа еднакво добро примени и во 2008 издаде уште еден диск со дела од Дебиси, кој беше одлично прифатен од критиката. Роден во Македонија во 1979 година, Симон Трпчески е добитник на награди на меѓународни натпревари во Велика Британија, Чешка и Италија и му е доделена наградата „Млад уметник“ на Кралското филхармониско друштво во 2003. Дипломирал во 2002 година на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што учел со професор Борис Романов. Симон во моментов предава на матичниот факултет.









_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Македонски код
23.7.2010 23:28:59   
jovanka
Во Крушево со зборовите на Туристичкиот манифест започна манифестацијата ,, КРУШЕВО ЕТНО ГРАД,, До 10 Август Крушево ќе биде центар на настани во кои ќе се слават историјата, традицијата, старите занаети, рецепти и ќе се пеат староградските песни а сите ќе бидат облечени како комити или а ла франка и а ла турка...
ВО КРУШЕВО ЗАПОЧНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА
,, КРУШЕВО ЕТНО ГРАД,,
user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Македонски код
23.7.2010 23:32:19   
jovanka
Крушевската Република 1903 г. траела само 10 дена и е најзначаен период од македонската историја. Затоа од 1967 г. па наваму традиционално секоја година од 1 до 10 Август се одржува манифестацијата “ДЕСЕТ ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА”. Цел на овие научно - културни средби е да се афирмира национално-ослободителната борба за слободна и самостојна Македонија, да се објават публикации и научни трудови, како и низ разни културно-уметнички форми, да се промовира македонскиот традиционален дух. Богатиот македонски фолклор и народната песна, традиционално е присутен во сиот свој раскош на звуци, бои и носии во оригиналните и стилизираните настапи на реномирани културно-уметнички друштва од Републикава. Во рамките на манифестацијата ДЕСЕТ ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА на Илинден, Втори август, традиционално се одржува голем народен собир, на Мечкин камен - бедемот на Крушевската Република, локалитет од каде што последните борци ја бранеа големата идеја на Крушевската Република и преставува симбол на херојство и непокорност на македонскиот народ.
user posted image user posted image user posted image
Ликовна колонија Почнувајќи од 1997 г. во Крушево постои ликовна колонија каде се презентираат делата на познати домашни и странски автори кои го сликаат Крушево и околината, староградската архитектура, прекрасните пејзажи и т.н
user posted image user posted image
Етно саем Во Крушево сеуште рачно се ткаат: јамболии и батании; се плетат и везат: перници, пердиња, милиња, чаршафи; кои се дел од традицијата, обичаите и културното наследство на ова поднебје. Вештите крушевски златари ја знаат мајсторијата и занатаот на традиционалната рачна изработка на благородните метали и со право се гордеат со рачно изработениот филигран, рачно работен и лиен сребрен и златен накит како и др. златарски производи. Крушевчани ги негуваат и старите занаети калајџиски, кујунџиски, казанџиски. Сите тие вредни рачни изработки на нашите мајстори можете да ги видите на едно место секоја година од 1-5 август на ЕТНО- САЕМОТ кој традиционално се одржува од 2003 г. под покровителство на Министерството за Култура на Република Македонија во организација на Историскиот Музеј од Крушево и граѓанските здруженија.
user posted image user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Македонски код
23.7.2010 23:34:02   
kromitce
ние веке планираме да го посетиме крушево следниот викенд. од претходната година имам чуено дека било доста интересно.
па ке видиме

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 9
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?