Anushka -> RE: Наследство (12.7.2010 14:33:39)
|
иако сум едиствено дете во поширокото семејство, а потекнувам од високо-образовани предци со добар имот, судбината се поигра скоро ништо да не добијам. Навистина боли, кога дедовината ти ја крчми некој друг, дојденец во семејството. Но, со нашето поткупливо законодавство, со роднини чија суетност и себичност и` нема крај, се`, ама баш се` е можно. Затоа, за оваа тема низ животот ме водат две мисли: - пушти ги, нека земаат, на крајот зарем циглите во земја ќе ги однесат? - не ми треба ништо, се` самата ќе си создадам, со моите две раце. - сепак, дај ми Боже среќа и работливост, на децата да им оставам јас нешто.
|
|
|
|