niki -> RE: Наследство (12.7.2010 16:28:27)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka кога ги читав постовите не ми се веруваше дека се` уште важи старинското правило „женското е туѓа среќа“ и да се остава се` на синот!? Мислев дека е тоа оставено во минатиот век.... за жал... како може родителот различно да сака свои деца? Имам три, исто ги сакам.... Камо среќа да имам на три да поделам. Јас во дом ќе си одам. Имав јас товари од стари луѓе, поарно ќе се убијам, отколку децата со догледување да ги уценувам. Понекогаш си велам, можеби само така мислам, а на стари години да се сменам. Затоа им викам на децата, ајдќ јас да ви потпишам да не ме догледувате... тие се смеат. Кој знае како ќе биде, се надевам на здрав разум. Многу напред си отишла ти Анушке. И јас се трудам на вакви теми, ама пак незнаеш што ќе начекаш. Уште сега си имам ветено дека нема да потпишувам со свекрва ми договор за догледување бидејќи таа така некако си планира, но ќе видиме како ќе излезе на крај. Не дека не треба некој да ја чува, но тој услов за имот чување ми е одвратен. Па да речеш дека некој имот ќе ти остават да видиш некој ќар, вака само малтретирање. Туку памет за нас утре. Јас уште сега си се подготвувам на идејата да си остарам во дом, во некој како од американските филмови[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], што ќе му се товарам на детето, стварно е без врска моите старечки комплекси да ги лечам на млади деца пред кои е животот.
|
|
|
|