LoveableMe RR -> RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост (6.12.2013 12:54:08)
|
Trust, клик ОВДЕ имам напишано рецепт за регулирање на ФСХ. Но знај дека вредноста на ФСХ не значи дека нема да забремениш, не се оптоварувај многу со тоа. Јас денес бев на ендокринолог, за контрола на ТСХ, ми рече дека по ИВФ, кога е неуспешно, хормоните не се тестираат 3 месеци, бидејќи вредностите што ќе ги покаже се резултат на хормонската терапија и не можат да се земат во предвид, се дури организмот не се стабилизира. Ми рече да дојдам во февруари и да ви кажам ми олесна, бидејќи ми се смачи од доктори, тироидни пролактини и слични циркуси. Еве пишувам за другите девојки како мене да знаат за контрола на хормоните. Инаку, читав дека проблем со прогестерон може да направи проблем на имплантација на ембрионот и дека треба да се провери на 21-ви ден. Ние со ИВФ примаме сите прогестеронска терапија по трансферот/инсеминациите, но дали е тоа доволно или треба да се почне неколку месеци порано со прогестерон. Досега немам правено, бидејќи докторите викаат важно е на 3-ти ден, кога ми бил добар, а никој не ми побарал на 21-ви де. Што мислите вие за ова?
|
|
|
|