LoveableMe RR -> RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост (14.3.2014 12:58:59)
|
Во принцип треба таму да ти земат крв и да испитаат хормони, но не прават проблем ако веќе имаш резултати, докторката работи во среда во амбуланта. ТСХ да биде под 2.0 се бара за ИВФ, но не и за природно забременување. При редовна бременост, која не е постигната по вештачки пат, ТСХ не смее да биде на граница на 4.0 или над 4.0, зошто може да има штети на плодот, дури во некои случаи да доведе до кретенизам, тоа е она што ми е кажано од доктор. Така што бидејќи сеуште природно се обидуваш, уживај и не се замарај. Позз
|
|
|
|