Kvisko -> RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост (7.2.2014 16:10:06)
|
Еве го текстот за андростендион со превод: Андростендионот е стероиден хормон кој се претвора во тестостерон и естроген. Го лачат јајниците, тестисите и помалку надбубрежната жлезда. Кога се создава повеќе андростендион може да дојде до нерамнотежа на тестостеронот и естрогенот што резултира со раст на дојки кај мажите, а кај жените зголемена влакнетост, акни, аменореја па дури и промени на гениталиите. Зголемен наод се јавува кај: - хиперфункција на кората на надбубреѓната жлезда - синдром на полицистични јајници (ПЦОС) - хирзуитизам (зголемена влакнатост) Намален наод се јавува кај: - тумор на надбубрежната жлезда - anorexia nervosa - Алцхајмерова склероза Изворот е poliklinika-analizalab hr Затоа Andrijance90 не се секирај и не се нервирај. Како што кажав најмногу го лачат јајниците и може да биде зголемен на 3 ден во услови на намален естрадиол, бидејќи е прекурсор на естрадиолот. Мене сегашната докторка кога ми ги виде хормоните ми рече не немаш проблем со машките хормони, овој што е зголеме не ме плаши бидејќи е по потекло од јајниците. Мене додуше ми беше многу малку покачен (горна граница 3,5 мене ми беше 3,8). Ти секако одиш кај повеќе лекари ако имало потреба некој од гинеколозите до сега би ти изреагирал. Плус сега имаш терапија за ПЦОС (односно за инсулинската резистенција што е причина за ПЦОС), што само по себе би требало да придонесе за подобрување на хормонската слика. Само треба време. Затоа ајде на спремање свадба. Мисли на позитивни работи малку.
|
|
|
|