MademoiselleNina -> RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост (28.9.2014 16:14:37)
|
Здраво, еве ме мене повторно [sm=smiley1.gif] Долго време не пишував, бидејќи решивме еден период да искуллираме што би се рекло, да се прибереме психички и да започнеме одново со нови сили и полни со позитивна енергија. Нели сите ни викаа да се опуптиме и ние се опуштивме, ни лекари ни ништо, ни броење денови ни пазење на храна [sm=smiley1.gif] Но ни тоа не ги донесе она што најмногу го посакуваме. И затоа си почнавме со собирање на документи за Ин Витро преку фондот. Јас направив се што треба меѓу другото и хормони на трет ден од циклус. Интересно е што ги добив следниве резултати: FSH - 6,5 LH - 1,2 PROLACTIN - 9,5 ESTRADIOL - 47,6 TSH -1,53 Колку што јас се разбирам тоа LH - ми е пониско одколку што би требало. Референтна вредност во фол.фаза е 1,98-11,6 До сега не ми било волку ниско, секогаш ми било во границите на нормалата. Дали знае некој зошто е тоа така? Инаку со резултатот бев кај матичниот гинеколог и ми рече ич да не се секирам, дека кога ќе треба, ќе ми дадат инекција. Но сепак, не би рекла дека е сеедно што е понизок. И друго, дали ќе ми ги примат документите во фондот со волку низок LH? Но ете FSH ми се намалил: 2013 година FSH се движел вака: во март 7,12, октомври 9,9, во ноември 8,67 Инаку пред 4 месеци почнав да вежбам фитнес, и мислам дека тоа придонесе за намалување на моето FSH, можеби и нема врска, но ова е мое лично убедување, бидејќи не можам да ви опишам колку прекрасно се чувствувам после тренинг. Поздрав до сите [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|