LoveableMe RR -> RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост (30.10.2014 15:27:08)
|
Здраво нинула123, добредојде и се надеваме на дружба со тебе на форумов![sm=bravo.gif] Мислам докториве се стварно за никаде. Зошто ти го велам ова? Прво, со висок ФСХ не значи дека не можеш да забремениш, туку дека можеби имаш намалена резерва на јајце клетки (пак велам можеби). Во тој случај не препорачуваат ИВФ и јака стимулација, туку напротив се пробува забременување со други методи (инсеминација, природно, блага стимулација и сл.) Второ, естрадиолов ти е низок или некаде под просек, што не е страшно и добро, зошто висок естрадиол заедно со висок ФСХ е проблем, што не е случај кај тебе. Докторот те пратил да испиташ АМХ, за да види колку јајце клетки имаш кај тебе вкупно за цел живот. Но и тој тест не е показател за забременување. Ќе ти пишам рецепт за намалување на ФСХ, кој помага: ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR 40 суви смокви во маслиново масло се потопуваат во тегла и се оставаат да стојат 40 дена, потоа се зема три пати на ден пред јадење, рецептот е добар за намалување на FSH и за зголемување на плодноста. Направи го рецептот, земај го и потоа направи пак испитување, почни да бидеш активна пешачи спортувај, исфрли шеќери од исхраната, повеќе овошје зеленчук, земи витамини пренатални од аптека и потоа пак пиши го резултатот. А во меѓувреме работи активно на случајот[sm=nosecka.gif]
|
|
|
|