Maca25 -> RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост (17.6.2011 0:18:48)
|
Ангелче, прво да ти посакам добредојде на РР. Јас го имав истот проблем како тебе, нередовна менстр. ( на 40-50 дена), висок пролактин ( но без микраденом на хипофиза) но со хипотриреоза. Пиев бромергон долго време и се среди мислам малце од малце, и бап тогаш забременив. Инаку пред 5-6 години имав еден пеколен месец со еден куп нервози, плачки, стресови и ми се деси да добијам и да крварам 35 цели дена. Бев во Германија и немав многу можности да одам кај повеќе доктори и да барам мислење, едниствено нешто што ми направија на гинеколог беше брисеви, крвна слика и преглед. Имав здбелување на матката и ништо повеќе. И баш се сеќавам дека ме прашаа дали сум имала некоја нереќа претходно, стресови и тоа крварење го препишаа на стресот. На слендиот преглед веќе се си беше ок. Така да не се секирај, не е ништо страшно. Само испитај и пронајди го причинителот. Кажи ми, микроаденомот ти се изгуби сам после терапијата?!?!
|
|
|
|